Женски да ве прашам, пред да се запишете тука јазик т.е курс интеграционен, сигурно ви барале да видат кое ниво со јазикот сте , па ме интересира резултатите од проверката ги праќаат по пошта или системски преку компјутер ги праќаат до местото каде што ќе го учиш јазикот?
@IronLady Тестот го правиш во школото, и они таму си го проверуваат, мене во две школи одма ми ги кажаа резултатите. Тестот е ко за забаваче, имаш сликички од леб, од точак, па да ги именуваш, и уште некои прости работи, не се сеќавам. Ми предложија да почнам од А2, и јас така сторив. И се заебав... Боље почни си од почеток, ништо не е голема разлика еден месец повеќе во школо и 100 евра поише да дадеш, за знаењето што ќе го добиеш.
Ние кога дојдовме отидов во школото каде го најдов курсот што ми следеше.Имав почнато во Мк и мислам дека требаше со А1.2 или А2.1 да продолжам и ми рекоа да те тестираме може си повисоко ниво реков не ова сакам да го запишам и не ми правеа проблем.Тогаш немаше толку голема навала како сега.
Не е морално да прескокнуваш нивоа, можеш да си почнеш од почеток... Тоа е твој избор. И така се вклучуваш во истата група во која и ќе бидеш, само подоцна... Нив како и да е не им смета, ќе си лапнат повеќе пари.
Го направив тестот , гледав да се праем колку што можев дека не знам, за да можем отпочеток да почнем. Само што таа што на крај ко интервју што ми правеше, не ја разбрав за резултатите дали по пошта ќе ми ги испрати или директ системски во школото кај што треба да идем ќе се. Сепак фала на споделеното искуство.
Бетер од заљубена тинејџерка сум. Не сум заљубена. А не сум ни тинејџерка. Еднаш во трета година средно ставив маска со квасец и белка од јајце на лице и утредентна во школо сите се чудеа колку ми е убаво лицето што сум правела. Па… вчера пишав на Гугл како да се подмладам и Гугл вика маската од квасец подмладувала за 10 години. И ставив пак. (Маж ми вчера вика сега како 40 сум изгледала). Му викам сабајле ќе се вифи ефектот кога ќе се нашминкам. И стварно се гледа. Чудо е маската, сите црнки излегуваат и лицето облекува, помладо изгледа. Еден свеж квасец и една белка од јајце мешаш да отстои 5 минути и па на лице 20 минути. Јас и малку топла вода додадов ама не знам дали треба ама си викам за да се активира квасецот. На интернет има различни маски квасец со млеко, квасец со мед, со лимон… Па денес отидов 3 маски купив, ретинол, витамин ц и не знам која е третата. Утре или помладо ќе изгледам или ќе треба кранк да пишам ако останам без кожа. Барем на 28 да личам па и 29 еве нека се ама кого и да прашам викааат дека на 30 години личам. Не знам дали некој се чувствувал како јас откако наполнив 30. Дури и морков јадев сабајле, јадела некоја Јапонка на инстаграм секое сабајле дека подмладувал, и на 63 изгледа како 30-40 години да има. Не знам дали ми е лесно или не ми е. И вежбав 5 минути цели. И пешачев денес 14 000 чекори имам до сега, не знам дали да правам уште една рунда со деца. Сега уште две репчиња само напред горе да фатам да видам дали ќе изгледам помладо. Пробна фризура за утре.
А каде ти го правеа тестот? Не ми е јасно баш... Ако не си го правела во школото, тогаш ќе им го прати на нив 100 посто, а може и на тебе...
Дали на некој му направиле проблем ако нема повратна карта. Бидејќи ќе се враќам со кола не знам дали би ми правеле проблем. Летам до Меминген и вработените таму претходниот пат ми побараа целокупна документација, каде одам, колку дена останувам, повратна карта и да ги покажам сите пари што ги носам.
Како да кажам дека сум со средна стручна школа? Јас на СV имам запишано Berufsgymnasium, и потоа Abitur по тоа и тоа... Што не ми звучи баш правилно, али па никој до сега не ми рекол ништо... Исто така, дали треба да ја преведам дипломата од средно за да запишам Ausbildung? И каде можам да сторам ова? Мора во Мк, или може и тука?
За преводи, зависи од институцијата. Пример бараат често да е преведено од тамошен овластен преведувач. И мислам тоа ти е најбезболната варијанта
Не мора во Мк, ама мислам подобра опција е тука да ги средиш документите, ама да, поскапа исто така. За аусбилдунг мора превод од овластен преведувач и потоа анеркенунг на дипломата. Ако не се лажам, можеш овие информации да ги добиеш од џобцентар, па дури и термин да направиш за истово. Тие ќе те упатат во сите чекори за процедурата. И што е најбољи, за ова не земаат пари. Аусбилдунг иначе ќе ти плаќаат. Ако правиш за работно место во фирмата каде што си моментално, ќе превземе џобцентар, а остатокот го добиваш од фирмата. Значи ќе ја имаш истата плата. Други опции не ми се познати. За другово, не знам. Јас имам гимназија средно и во cv ми стои Gymnasium abitur.
А јас секаде пишувам Gymnasium ohne Abitur. Ова дека ако правиш Аусбилдунг во фирмата во која што работиш и земаш иста плата точно е? Знам дека ако аусбилдунгот е 3 години, а ти работиш 4ипол години, тогаш може директно да полагаш. Ако го работиш тоа за кое што сакаш аусбилдунг да имаш.
@Lianna Anna, не смеам испод џоб центар, испод агенција за вработување сум. Почнувам со курс Б2 за месец дена, али мислам дека како и да е ќе ме советуваат. Фала ти, не знаев за ова. @gjoker4e тоа ти е weiterbildung, фирмата твоја поднесува барање до Агенција за вработување дека сакаат да те школоваат, и агенцијата им ги враќа парите за аусбилдунгот (од 1000 до 1400 евра месечно, зависи која година си, и колку плаќа фирмата) а работодавецот ја плаќа разликата само, со што ти си ја зимаш истата плата... Е сеа не знам за тоа колку години ти се признати, и дали можеш одма да полагаш, оти за повеќето аусбилдунзи ти треба Б2. Напрај си термин во Агенцијата, или па види онлајн кај нив, све пишува што нудат.
Едно девојче ја покани мојава на роденден ама не отиде дека јас бев на работа баш тоа време, а маж ми дома со малиов, и ако треба да ја земеме од некоја причина нема да може мм да оди со малиов и дека јас на работа не можам да мислам дали е се во ред со неа. Роденденот беше во друг град и не сите родители ги пазат децата како мене и не можам со сите ја оставам. Можеби делува премногу заштитнички ама според мене правилна одлука. Поклон за роденден дадовме. Девојчето е немирно да речам и кога беше кај нас го турна малиов за малку со главата во ќош не удри. И лонг стори шорт проблемот ми е што малава не сака да го покани девојчето на роденден. Вика нејзин роденден, таа одлучува кого ќе покани, кого не. Ај јас што немам карактер ама она има и повеќе од цврст. Не сакала да ја покани дека била немирна, ја удирале, викала не сум твој пријател ова она… ама мене многу ми е незгодно од мајката. Треба да го поканиме девијчето или не? Во ист клас се. Со мајката се гледаме само на земање носење ама денес видов не и е сеедно и изнервира на е.
Да, на агенција за вработување уствари мислев. Таму се ќе ти објаснат. И за документи и за институции. Мораш да полагаш Б2 или сакаш самата? Пошо имам колешка од Босна, она ако иде на аусбилдунг не мора да полага Б2. Ако не оди, Б2 и е услов за визата и работното место. Мислам, секако е подобро со црно на бело за јазик, ама и од аусбилдунг се учи, ако истиов не ти е услов, а имаш шанси да убрзаш процедура рецимо. @gjoker4e точно е 100%. Може има разлика од фирма до фирма, ама апсолутно земаш плата колку што си земала, а уствари учиш. Нормално, ако сака фирмата да те школува. Е сега ова прв пат слушам искрено, за директно полагање.
@Lianna Anna, не морам ама не знам што сакам, а највеќе што ме влечат се со Б2... Друго, германскиот ми е слаб, и си барам учење. Школото каде завршив Б1 беше благо речено катастрофа, никаква основа. Јас разбирам, али граматика катастрофа. Курсов е бесплатен, трае 6 месеци, боље за мене да си иам Б2... Мене една година плус ништо не ми мења, и така ова непланирано го одлучив... Да не речам таков ми е хороскопот...
Zdr dali nekoja od vas raboti vo market tuka vo Germanija potocno vo Netto, znam deka sekade e razlicno i kako ke ti se pogodi ama bidejki mi e privremeno za nekolku meseci si velam sig nema da mi bide poloso od tamu deka bev do vcera vrabotena potocno od zlobni kolegi i premnogu stres na rabota