Еве неколку пати одиме за мк и гр. 3-4 недели не можам без кола да функционирам па авион за долу не ми е опција. Се распрашавме и за рентање ама никој не рента со плус седишта за децата. И не ми е опција без седишта да одам, а поскапо излага од авион. Имаме рутина веќе. Тргаме околу 6 попладне. Ноќе си застануваме на секои 3 часа. Деца се будат ќе се истегнат, на мочање, назад пак спијат без проблем. Стигаме во Белград следниот ден околу 2 ипол и таму преспиваме во истиот хотел. Ептен при крај почињаат да кенкаат и телефон давам само ептен кога згуснува. До сега сме немале проблем. Кога стигаме во Белград и тие се уморни, туш, дремнуваме па кратко на шетање, јадење и спиење. Следно утро за мк. Со две мали деца и не можам да се пожалам. Им изнакупив и овој пат тракатанци од Тему, апарати некои да сликаат тоа им е интересно сеа, следна недела и ние надолу. Не се секирај не мора да значи дека ќе биде тешко. Првиот пат бев многу успаничена како ќе биде, мали уште цицаше ама ок поминавме. Голем е твојот нема да имаш ич проблем. Со моиве најтензично е кога ќе влеземе во мк. После граница мислам дека веќе се презаситени од колата и им е предосадно и тие последни 2 саати кенкаат ама се преживува. И ги разбирам и нас ни е исто после толку саати во кола.
Цените на wizzair се забегани . За нас петорица ќе не фати над 1000 евра . Не се тачни. Со кола нема шанса да патуваме . Никогаш не сме ни патувале. Со новата електро кола сега па нема шанса . Ќе се утепаме чекајќи некаде да се наполни . И така, ќе гледаме за есен да одиме ако може . Во Јуни може и нова работа да добијам па одмор тешко да има. Летово ќе го поминеме дома.
Wizzair претераа и тоа ептен. Ние гледавме да си одиме во Јули, 250 евра е по човек во правец, и тоа само со рачен. 1000 евра не се ни доволни, и тоа само за двајца. Лудници. Јас ептен сакам да патуваме кола, здравје кога ќе купиме, ама сите ми викаат ќе сум се предомислила после првото одење со кола. Па ќе видиме. Тука, друго сакав да ги прашам оние кои бремености минаа во Германија. Дали пред останување бремени, уште во Kinderwunsch фаза, сте испитувале антитела за некои вакцини и дали сте се вакцинирале доколку било потребно. Гинекологот ми посочи конкретно за Röteln, па сега чекам резултати. Во меѓувреме читам и за неколку други дека би било добро да ги имаме пред бременост. Какви се вашите искуства на оваа тема?
Ние плативме за распустот во Ноември 900еу за тројца(околу 700еу лет и изнајмена кола 200 еу) Скапо е многу заради тоа и не сакам да одам за Македонија. Ама еднаш во годината мора, заради маж ми. До сега еднаш одевме со кола за Македонија и никогаш више.Многу пат е, а и ние сме од северот. Да сме појужно е поблиску.Спиевме кај моја другарка од Словенија. Детето искрено му давам нинтендо и има цртани.Еден ден ако помине пред екран не е страшно ЈБГ немајка. Не сум толку строга,нема екрани. Па што да прави цел пат.Ќе играме нешто со зборови,читаме и математика и после нека прави што сака. Дома кога е школо секако повеќе од еден час не може да седи било на тв или на нинтендо.Има два пати по 1,5 часа пливање во неделата.Сега петок му најдов курс за самоодбрана.Нешто како фри камф.Плус има кошарка во школо додатно. Деца имам постојано на гости и да сака нема време да седи пред тв. Кога ќе одиме за Амстердам пак ќе имаме 6 саати возење и заради тоа се радува.
Антитела не,ама хормони да.Јас имав проблеми со нередовна менструација.Инаку знам тука постојано испитуваат антитела.Сега и на мене комплет ми испитуваа,оти се повредив со игла на работно место.
Не да се забегани. Јас гледав за во август. Околу 2 000 евра ќе не фатат картите. Планираме и куфери да носиме. Затоа купивме кола. Поевтино е. Дознав информација дека на Визер веќе не добиваат субвенции и затоа ги покачиле цените. Фарбавте јајца? Јас не. Во сабота. Со маж ми се натегаме колку јајца да фарбам. Јас сакам 15, а он сака цела табла. А јас па што ќе им правам на толку јајца. Слабо ги јадеме.
Ако не се оди во шпиц сезона, сред лето или само штом почнале ферии може да е супер доживување. Ама ако си во сезона, една година дремевме 24 саати во гужва во Србија. Одтогаш никогаш веќе штом почне лудилото. Или два три дена пред ферии, или недела време после нив. Преноќуваме најчесто негде по пат Хрватска или Словенија. Одиме на споредни гранични премини и се јаде некако. И мене не ми се оди во мк. Идеално би било кога нашите би се нафаќале да доаѓаат на неколку месеци. Ама та нели и они се почит сакаат и како ако не инаку почит, отколку да отидеш и да драмат на домашен терен . ММР примав пред бременост, во киндервунш фазата, немав антитела. Тогаш ТОРЧ испитував исто. Тука е нормално да правиш освежување на вакцина на секои 10-20 години. Во бременоста ја примав оваа дитепер. Мај месец луѓе. Толку многу нешта имам да завршам и испланирам овие два меци. Поготово мај. И на одмор ќе одиме и за мк и преселба и да почнам со чек листи не е лошо. Важно умцугфирма се договори, дати исто. Пола мебел продадено, пола бебешки ствари исто. Денес може и количката ќе ја шитнам, па ќе купиме баги и приколка за точок. Да имав инстаграм профил слободно можев да ставам во опис сејлс менаџер/директор. @Chantal растур правам на клејнанцеијген. Ви имам ли кажано колку едвај чекам да се иселам . Толку многу ми треба промена, збеснав.
Можеби некоја е поупатена, за стручен кадар визите. Пример праќам Bewerbungen и добивам позитивен одговор. И работодавецот ја крева постапката за вработување. Јас што треба да направам? Дали да барам термин во амбасада? Или нешто? Апсолутно сум збунета на темава, прашувам за стручен медицински кадар
Виз и сите летови се покачени од Де ради новиот данок за летови кој е 20%.Нели еко држава сакаме? Нас и онака ефтините летови не ни беа ефтини.Не чинеа последниот пат скоро 1000 евра и кога ги сменив датите за порано платив уште 900 евра и така не чинеа како еден одмор.
Ги добив јас резултатите, имам антитела. Е сега ме јаде тоа што не испитав и за другите две. Не ми се малтретира пак. Или да занемарам пошто и онака само Röteln ми кажаа да испитам, и да се утешам дека по некоја логика би треба да имам антитела и спрема другите. За ТОРЧ ништо не ми спомнаа. За дитепер ти испитуваа пак антитела или задолжително се прима во бременост? Работодавецот не прави ништо. Прво треба да најдеш работа, по потпишување на договорот, ќе го замолиш работодавецот да ти го пополни формуларот за работа што ти треба за амбасада. Ти сама си правиш термин, и одиш со сите потребни документи.
Таман си е. За роетелн е проблемот, ама дојчланд немаат чиста вакцина за роетелн па се става ммр. Нема потреба за ништо друго да испитуваш. Торч испитував ради спонтан предходно. Дитепер се препорачува сега по ново во трето тромесечие во бременоста да се прима, за бебе да добие имунитет од тебе. Опушти се. Се е ок. Работете на случајот, уживајте и не си стварај притисок.
Јас да имам мало дете не знам дали би се нафатила со кола. Моето е поголемо па едвај издржа, една недела не можеше со храна да се среди, преморени од пат. Сега пак сака на лето ама мене страв ме фаќа искрено на лето патување. На Хрватска граница на 40 степени чекавме заглавени 6 часа. Кога видов дека не можеме ни напред ни назад паничен ме дрмна Сега не знам како ќе убедам дете на есен да патуваме. Инаку за занимација можете и едни како таблети за пишување да им земете, или табли за цртање. Ние бевме капнати ни таблети ни цртани ништо не не занимаше.
Здраво, Ќе ве замолам ако може некој да сподели искуство со.WIZZAIR?.Јас немам патувано со нив, и гледам имаат доста слаб /негативен рејтинг. Дали имате позитивно искуство или не? (главно многу лоша резенција е поради доцнење на летовите).. Благодарам за одговорот
Патувањето со авион до Мкд ми беше хорор .тегни куфери од дома со бус па прекачувај се со воз па пакк соо бус до аеродром возии се скороо 2 часа па чекај на аеродром пак уште два часа потоа лет скоро 2ипол часа до Мкд и пак од Скопје до дома уште два часа пат. Се на се пола ден патувам со АВИОН . А што да кажам кога се враќавме од доле па тука по среде ноќ бркај такси и плаќај екстра . Последната карта пред 3 г. Кога ја плативме за време на корона и не во сезона беше за нас тројцата повратна со куфери во два правци околу 300€. Сега за 300€ нема да ми стигнат за особа у правец. Додека сега пак минатата година патувавме 3 пати за Мкд со кола и дете од 7г. И супер поминавме синко обожава да патува . Е сега со бебиња ќе видиме какко ќе биде ова лето. Но ссега за сега и они уживаат на вожња. И да многу поефтино иапаѓа соо кола фамилијарно кога се оди за Мкд во шпиц сезона одколку ао авион.
Патуваме со виз секоја година и имаат до сега само еднаш каснето,оваа година дури и порано тргнавме па мораше на пистата да чека. За персоналот секој од своја гледна точка мене да ме прашаш за мене секогаш се фини стујардесите, за мм катастрофа се секое возење вели дека нареден пат со други ќе лета. Ние кога се враќавме последниот пат едвај преживееавме од турболенции .Толку долги турболенции не се сеќавам дека имало сигурно беа подолги од пола час. Мене почна веќе да ми се повраќа ,деца сакаа да слетаат .Мм беше позади нас и седеше со мажи ми кажуваше како они сите мажи биле бледи како дух. Не ми е јасно само зш пилотот не го спушти или не го дигна авионот на повисоко каде ќе немаше турболенции, се гледаше дека и тој едвај го држи авионот право.Срујардесите не можеа количките да ги возат.Стварно хорор беше. Ама и покрај ваков лет пак ќе одам со авион кола нема шанси.Ние како што сме малер да тргнеме со кола во секога држава граници ќе постават,сакам да кажам и ЕУ ќе се распадне.
Јас имам лошо искуство со нив. Кога идевме наваму, летот доцнеше. Прво го одложија, па после известија дека треба да чекаме. Дремевме на аеродром 4 саати. Зимава требаше да дојде еден роднина. Му резервиравме карта, ама не ја потврдија од Визер. Пишуваше дека не постои таква карта, а уплатено е. Пишав да ги вратат парите. Катастрофа. Уште еднаш нема со нив да летам. Христос Воскресна! За многу години празникот
Ние сега резервиравме за во јуни. Картите супер евтини. Околу 350 евра повратна вкупно за сите, од кои 190 се за куфер и седишта. Кога не е во шпиц сезона, се ок цени. Сега седиштата моравме да ги земеме еден до друг, да си ја префрламе штафетата за време на летот. Иако им е без врска тоа со седишта. Не се сеќавам друга компанија да наплаќа за таква услуга. Не ги сакам и јас визз. Ама не поради визз, туку поради некултурата од нашите патници. Генерално во сезона е напорно за патување. Дали со кола, дали со авион, секако се гужваш.
Јас сум генерално задоволна од визз, не дека не каснела не дека не менувале летови сум резервирала да бидам 1 недела во мк ми менуваат лет треба да си одам за 4 дена и тоа за свадбата на сестра ми не да бев нервозна, ама кога нема друга опција тоа е. Во февруари и октомври пример секогаш сум наоѓала џабе карти. На времето за 10 евра се преселив плус багаж околу 25 евра беше. Со Рајан ер еднаш летавме уствари авионот и персоналот беше Лауда е тоа беше страшно стјуардите едни неубави со крш англиски оние нашите во визз барем сите се пристојни и не сум слушнала баш лош англиски. Еднаш годишно и со кола одиме и не е страшно имам поминато и цел пат натака навака без таблет и телефони, ама и кога гледа не ми е страшно, па не е секој ден и не е цел пат, границите ми се најстрашни, лани прв пат заглавивме 5-6 саати. Обично темпираме септември кога се распустите при крај ние надоле одиме, ама од годинава со прваче ќе сум па изгледа ќе се префрлиме многу повеќе на авион зошто по граници да киснам во најголемите гужви ми е пострашно од скапите карти. Спиеме обавезно на пола пат плус на југ сме. Да сум на север мислам никогаш не би со кола.