Немам личнo искуствo нo имам на близoк. Се рабoти за мк, француски, англиски и српски jазик. Дететo мнoгу каснo им прoзбoре, нo oд старт беа сoветувани дека нема прoстoр за паника. Сега ги врти сите jазици пo ред без прoблем.
@FreeMind сѐ додека зборувате дома само и исклучиво на македонски, нема да има проблем. Доцнењето во говорот е можно, но не и неизбежно. Ќерката не доцнеше воопшто. Со 12.5 месеци се преселивме тука, со 13 тргна во градинка. Баш учителката нѐ предупреди да зборуваме исклучиво на македонски дома, за уште во сам старт на детето му се олесни во диференцирање - дома македонски, во градинка германски. На почетокот, не се свесни дека се 2 различни јазици. Но како ќе се развива говорот сѐ повеќе, ќе сфаќа сѐ подобро, и ќе почне да разликува. На почетокот искрено, во игра, си зборуваше на нејзин јазик.. што е нормално. Тоа е во фаза кога нѐ гледаат нас и сакаат да зборуваат но немаат капацитет за фонд на зборови. До кај две и пол знаеше да меша. На почетокот мешаше, а како растеше, сѐ помалку мешаше. И германски и македонски зборува супер. Нема меко "л" кога зборува македонски, има кога зборува германски. Еден од двата јазика ќе ѝ е главен (доминантен). Тој е поважен во однос на развојот. На педијатар нѐ прашуваат кој сметаме дека ѝ е Hauptsprache, и развојот на центарот за говор се гледа од фондот на зборови на тој јазик. Е како некој "недостаток" од сето ова е што на самиот почеток германскиот ќе ѝ е нешто "полош" од аспект на дефиниција на родови, der/die/das, бидејќи децата на германците и дома комуницираат на германски па членовите побрзо ги совладуваат. Исто како некои глаголи во партицип што се различни, знаеше да ги утне, т.е. да ги конструира како регуларните (пример ich habe gemacht und ich habe geschlaft). Ама неколку пати ќе ја коригирав, и ќе се поправеше. Со тек на време и членовите се учат. Јас лично не го сметам за недостаток, затоа што по цена на тоа, учат уште еден јазик. Многу е важно само да може да ја направи разликата дека во градинка е германски, а дома македонски. Особено во време кога прозборува и кога не знае дека се 2 различни јазици. Ќерка ми успешно се префрлаше од еден на друг буквално во моментот кога ја земав од градинка. А цртани гледаме на англиски. Имаат и native speaker во градинка, па по нешто подучуваат. Гледам разбира и англиски, иако во моментов не ми е нешто важно да зборува.
Zdravo. Vo koi prodavnici ima poevtin ama kvaliteten mebel? Ke treba dago opremime prviot nas stan ama neznameme od koj prodavnici da pocneme
Здраво . Би ви била благодарна доколку некоја од вас ми помогне ако имала сличен проблем . На ногата помеѓу прстите ми се направи жул и незнам дали во аптека како во Македонија се продаваат фластерчиња за корнење на жуљ и ако има како се викаат . Уште не ми е излез,ена картичката од аок за да побарам совет од доктор . Ви благодарам .
На доктор можеш и без картичката. Оди само со тој листот што ти го дале или пратиле по пошта од АОК. Или спушти слика од гугл и покажи им во аптека што ти треба. Ако можеш да го преведеш тоа на гугл, преводот пиши го на гугл и до него apotheke kosten за да провериш дали го има и по која цена.
Дали секој автоматски има или како/ каде да направам за стан? actuelles Schufa auskunft и selbstauskunft Како најлесно и најбрзо да најдеме стан? На еден оглас пред некое време пишуваше дека нема да одговора на барањата што ќе содржат граматички грешки во пишувањето.
Има изнајмувачи кои прават сами .Вие си ги давате сите документи тие ја прават шуфата и доплаќаш нешто. Имаш и на интернет www.meineschufa.de Најбрзо да најдеш стан јас не сум од тие среќници што лесно најдоа стан па така немам советАма ако добро зарботувате сигурно брзу ќе најдете
Ни тоа не помага. Зависи од местото колку побарувачка има за станови, пример во Минхен што сакаш биди стан не наоѓаш. Каде што живеевме порано во северен Баерн становите беа ем ефтини ем лесно се наоѓаа. Овде јужно баравме 7 месеци стан и најдовме еден крш околу 60 квадрати по цена од 1000 евра месечна кирија. Тоа се фрлени пари во воздух. Најпаметно е ако имаш средства да си купиш зошто она со изнајмувањето е болест.
Каде барате стан? За Friedrichshafen, поточно Uhldingen-Mühlhofen јас можам да помогнам. Во мојата зграда еден стан го напуштаат, од февруари е слободен. Кој има потреба, нека ми пише слободно. Киријата за ова место е и повеќе од поволна.
@FreeMind На нас во градинка ни рекоа,дома да си зборуваме на мајчин јазик,а германскиот ќе си го научи кога ќе почне таму.
Ај да прашам тука, пошто нешто дебатираме. Вие што сте мажени со македонско презиме во странство, дали презимето ви завршува на -а или на -в, -и, итн? Пример, дали сте Марија Николова или Марија Николов? И дали има нешто дополнително што се приложува за да се докаже дека е истото презиме ако сте Марија Николова, а не Марија Николов? Што е попаметна и поедноставна опција?
Јас сум -ска маж ми е -ски.Се смета за две презимиња различни.Поедностано би било да сум -ски, ама мм е со бг пасош па е напишан според бг правила за првата буква па и да сум била -ски пак ќе сум била со различно презиме.Дека сме во брак венчаница интернационална приложивме. Нив не им смета различноста за кое и да го одбереш за нив нема пол во презимињата.Така мм кога оди на др со ќерка го викаат -ска.Господин -скаСмешно за нас за нив чудно дека дете и татко имаат различно презиме, а истото е само -и е различно.
Дузи јас сум со презиме што завршува на ВА, досега никаде не ми направиле проблем, ни па некој ме прашал оти едниот е на ОВ, а другиот на ВА. Добив дозвола за престој без проблем. Кога било потребно да докажеме дека сме во брак секој пат ни барале интернационална венчаница и нам. И за дипломи мои што преведував, исто со венчанцата докажуваш промена на презиме. Деца немаме и не знам како би било во тој случај.
Јас сум Марија Николов. Посигурно ми беше така. Кога ни се обраќаат ни се обраќаат со Фамилија Николов. За да докажеш дека сте маж и жена треба само интернационална венчаница. Има многу наши насекаде па сигурно веќе научиле зошто едниот е Николова, а другиот Николов. За да бидеш раат најдобро ти е Николов. Детето е исто Николов иако е женско.
Јас сум ска а маШ ски,исто кај деца Никогаш по институции не ни направиле проблем И за децата кога се вадеа изводи никој ништо не праша