Можеш и на бг пасош. Маж ми излезе од Мк со македонскиот пасош. Во Бугарија влезе со бугарскиот. Немаше проблем. И кога идеше за Мк картата му беше со македонскиот пасош, а излезе од тука со другиот.
Ова за со авион ли? Зарем даваат така? Знам за луѓе шо за една згрешена буква ги враќале а не па за ова. Абе знам на границата како е, ама за во авион незнам. На границата и мене ми правеа проблем зошто пробав со другиот пасош да излезам. И кажете ми чекирањето на карти со пасошка контрола нема врска или? Треба да ги дадам и двата пасоша или како?
Со тој што ќе ка чекираш картата тој ќе си го носиш и покажуваш мора да се совпаѓа со картата. На пасошка обично во Герм ги вадат сите бугарските , а мк македонските пасоши. Ако ти е со мк пасош картата вади си го секаде само тој , некаде ги бараат и двата заради престој или друго некаде само едниот што ти е картата чекирана , во Мк еднаш извадивме бг пасош на пасошка кога идевме наваму па побара тој и македонскиот да го видел. Се зависи од тие на контрола. Носи си ги и двата најдобро
Нема да имаш проблем. Маж ми немаше. Ама зависи и од тие на контрола. За чекирањето овде маж ми го даде бугарскиот пасош кога идеше назад. За секој случај го носеше и македонскиот.
Ааа сега ми е јасно. Иначе ќе ги носам и двата. Еднаш бев патувала со мм, и не памтам шо правевме тамо од многу страв. Ти благодарам.
Во што е разликата дали ќе направиш на мк или бг пасош? Мислам дека на кој сакаш ти на тој можеш да направиш. Или истечен ти е едниот?
Не ми се истечени, туку нели сакам во мк да влезам со мк пасош, а од германија ќе морам со бг пасош да излезам па мислев дека мора картата на бг пасош да ја напраам. Мислев дека ќе мора и во мк со бг пасош да влезам чим картата ми е на бг пасош напраена.
@Adidas888 бар кајј наас на Хан аеродромот така поминувавме не ни бараат карти за да видат со кој пасош е купена картата.
Картата од Гер за Мк ако ти е чекирана со Бг пасош, тогаш на аеродром во Гер го покажуваш Бг пасош. Кога ќе слетате во Мк го покажуваш мк пасош, тука нема врска со кој пасош ти е чекирана картата, можеш и со мк лична карта.
Јас се сликав крај на декември, го земав крај на март. Сега незнам дали е малку растеретено но тогаш скоро сите 3 месеци чекаа. Јас вадев онлине од Росман и ги подигнав лично, исто и слагалица направив од една слика и задоволна бев.
А шо празник е денес? Ништо не работеше, а јас се спремив, фатив воз, дури до молот во центарот стигнав кога видов дека сите решетки се доле.
Да многу е штама темата . И ние наредната недела одеме мк . Денес времето многу лошо. Многу ме нервира подготовката за одење дома си мислам какви чоколади да купам. Нешто купив но според мојата пресметка малку е . Вие какви купувате кога си одите ?
Коа идам Јануари, им зеам од Линдит зимските што се лимитед едишн, преку лето идам у Кауфланд или Едека имаат интересни вкусови што ги нема во Мк. Давам 2 3 евра за чоколадо, оти само и тоа им носам реално, не планирам да се килавам по авиони. Сум носела и од домино коцките со марципан, лебколачиња со портокал, медењаци... За деца гледам нешто со цртани ликови, или интересни гумени бонбончиња, од големите Киндер јајца ако уште ги има, и ги зиам на попуст коа се.
И јас носам чоколади највеќе, и понекоја играчка за блиските деца. Ние на пат за мк сме, кај свеки на поседок, чоколадите ќе се истопат. Пукнав од досада тука, вчера беше интересно едвај чекам да породолжоме накај мк.
Купувам и јас Линдит од бомбоњерите 3-4 што се еве моментално се на попуст во Кауфланд 6€, но реално неможам на са сите да купам такви . Децата се релативно мали но ќе земам гумени бомбони и некој интересни за нив. Мене ми е за големите деца проблем
Кога ве читам блиски и далечни, ми текна дека кај нас никој нема деца, ниту се женети ниту мажени, па се натажив. Па ми текнува дека ставот ми е кој како сака така, а не како бабите што тажат ако синот не бил женет или внуче немале. Па викам календар да погледнам, 21ви. На 28ми треба да добијам па ете од каде емоционалноста за сенешто. Четири карактери имам. Нај нормален е оној после завршување на добиено и трае една недела. Една недела пред да добијам сум тажна. Една недела пред таа една недела се некој ми се свиѓа и ме привлекува. А најмногу си се допаѓам 3-4 дена пред да добијам кога сум многу лоша. Рековте темава штама, значи смеам да си ломотам. До работа бев сега, за да се сменам петок со некој, ме сменија одма, си го видов симпатијата кој што денес ама ич не ми е симпатија. Си викам јас тебе треба да сум ти симпатија, а не ти мене. Рацете ми се здебелија некако па вчера вежба за раце најдов од една Јапонка Кинеска ли за послаби раце, секоја вежба 40-50 секунди, јас ни 20 не можев, рацете ме скинаа. Од новата теретана до нас се убија пишувајќи ми кога сум сакала да отидам. Гратис ден сум добила. Учествував во наградна игра за 6 месеци бесплатно членство. Ама еден од симпатиите во другата теретана ми оди. Изгледа се кажав.
Леле и јас треба да добијам на 28 ми . Кај нас сите се женети мажени со по едно дере некој веќе и второ . Имам многу деца и на тие поблиските им купувам по нешто .