Можеш прво во дежурната аптека да прашаш, се разбираат и тие. Ако ти речат на итна тогаш оди на итна.
Џоки овој прв пат го гледам.Прво ми изгледаше добар е, после продолжив да го гледам и ми изгледаше на ботоксиран или незнам нешто ми е преидеален , за накрај после 30мин да го баталам и речам многу е егоцентричен. Јас би со тебе ама далеку си ми.
Јас сама си се вратив. Уште еднаш колку не ми се свиѓа тука. Ај демек да не главиме со кола, со убан. Ај по пат свашта, де унфал, де воз касне, де се тепаат на станица. Ај стигнавме до болница некако, абе сите излези затворени, човек да црке додека дојде кај што треба. Се осетив како во некој хорор филм, кружи, кружи никако да стигнеш. Се затворени излези. Персонал што не зборува германски. Поима нема да ти каже како. Ај после саат време некако, дојдовме до правата врата. Е таму кога ги видов сите клапнати дечиња, повенати и бледи, моево со нозете нагоре у количка и пее. Си се свртев надзат и се вративме дома. Ми е криво за двата саати што ги изгубив по градот, можејќи да ја чилам у природа. Ќе ја носам утре на педијатар. Ама не покажува знаци дека ја боли. Јаде, пие. Најверојатно не е херпес, туку се изгребала со нешто, ама пак, да полудиш од грижи што ќе прочиташ на нет. И кај мене човек ништо не може да заврши на брзинска. За до аптека да идам или до продавница, мин саат време се губи. Па како и да го вртам, што и да му правам. Без разлика пешки или со кола, толку е.
Неможам да те тагнам, незнам зошто . За каков херпес станува збор? Си можела да почекаш до утре , да отидеш на педијатар . Јас на итна носам само ако ептен е нешто акутно. Кога падна по скали малото , па го болеше раката. Мм се противеше дела ќе сме оделе на клиника, ама кога почна докторот сам да паничи , дека не е за операција , туку со гипс . Па не праќаше на детска клиника, увиди дека не е за џабе одењето . Вчера пак тресна по скалите. Овој пат ништо не му било , ама се држеше за рака . Децава и скалите. Посебно малото ќе ме полуди.
Оти ми е шашаво името. ј е мало и кирилица, другите се на латиница. Така мислам беше. Сигурно кога сум го правела акаунтот, несвесно сум сменила тастатура. На уста од горе. Не знам дали е воопшто. Нема или не гледам со око такви меурчиња, ама е црвено. Вади заби. Може и се изгребала. Само што на нет стои многу опасно за новороденче и бебе. И сега она веќе и не е бебе, 11 месеци е, ама ај де. И уште стои дека треба најскоро да се види од лекар. И така малку паника ми направи, оти само уште тоа ми фалеше. Нема температура, бара да јаде. Сега се караше со мене оти пробав да ја успијам без да и дадам млеко . Вајда дете што го боли уста нема да бара шише и потоа шнулер нели? А и сама си заспа после млекото, си се сврте и чао. Да намалам со паники нели.
Беше во аптека? Ќе ти кажам тие таму дали е херпес. На итна си требала да прашаш само дали треба да чекаш или може да чека до утре. Сега и мене ме стави на мисла. Ама од каде па херпес да се пренесе на бебе кога ни симпатија немаш. Überfordert сум ќе пукнам
Не бев, оти сигурно ќе изгубевме уште саат време додека ја најдеме која е денеска. А не праашв оти толку многу бев нервозна и ми се мочаше, што не ни мислев веќе. И некако страв ми беше, да не фатиме од децата нешто, оти редицата за на шалтер не беше мала. Избрав погрешна клиника кај да одам, отидов во гратската, а сите одат таму очигледно. НЕ знам ни јас од каде би било, очигледно некој ја бакнал како за беља некогаш. Ако е воопшто. Утре ќе и пребае матичен. И јас полека сум преоптеретена. И ко ми текне саму усто колку време ќе живеам во хаос и картони, ама тоа е. Која рече сака да дојде да ми зачисти низ дома, ќе си платам поштено, не можам веќе, кое каде капнало таму останало, а немам желба со прст веќе да мрднам. Инаку газдарица од минхен, ангажирала пуцфрау и цел стан го изгланцала пред да се вселиме. Е така прави прав газда, не дека ние нема сега се лом да направиме, ама самиот чин е фала и. Бар прозори нема одма да морам да мијам. И уште посреќна сум, оти има хаусмајстор и се грижи за чистота и распорд за ѓубре. Штутгарци може да научат нешто, а не само со нивното кервохе да ме замараат. Уште 10 дена, еј уште само 10 дена. @Dancewere Кога?
Сакав да ти кажам да не се мрцварите за џабе ќе фати во болница нешто поопасно и плус под 4 ч чекање нема да бидете, добо што сте се вратиле .Утре полесно ќе завршите кај матичен.
Продавам телефон на ебау. Неќна еден ми пиша доцна вечер дали може да дојде да го земе , маж ми вика нема шанси во оваа темница дека мош ќе плати со фалсификат пари. И ете од тогаш ме е многу стра. И вака кога продавате нешто ја пишувате ли вашата адреса или се наоѓате некаде ?
И нашиот го чистеше чистачка од газдарицата пред да се вселиме и стакло беше. Сега после скоро 4 години е пред распад. Ѕидови врати се исшкртани, течен лепак и салотејп по сидови врати и шксфови… Ама децата се богатство. Никако по темно. Ако е облека можеш и дома. Ако е телефон надвор. Најдобро е секогаш надвор. Слушалки блутут надвор продавав, лизгалка за деца дома. По темно никогаш. Зимно време пред 16:00 мора значи.
И полани продавав телефон надвор пред куќа. Мислев дали е во ред да дадам адреса и да биде пред куќа. Полани не ни размислував дојде мајка со дете му го купи телефонот. Беше многу жешко украинци беа. Сега нешто страв ме фати .
Кажи нели. Се нешто треба или да средиш по нив, или да купиш. Стварно чинат богатсво . Кажувам кај сум, ако им одговара да дојдат пред зграда. После маж пуштам да носи доле. Ама ја бебешки работи продавам и не толку скапи. Тие за количката дирекно пари на пејпал префрлија. Последните два пара и дома во ходник ги викнав, трудни беа женските.
@јolene еве те тагнав. Подобро што сте се вратиле . Што би ти рекле и таму . Да е херпес , нема што да му направат на детето . Освен што ќе чекате, ќе ви кажат дека не е ништо . Да купиш од аптека некоја маст за херпес и толку . Последно од итна кога бевме со малото кога си пикна корнфлекс во нос , во чекална на хирургија имаше една фамилија после нас со две деца . Едното имало мала изгореница на раката . Му пукнало тоа и дошле на итна. Детево со таа рака , го избриша цел под . Испофаќа се живо , диво . Збеснаа со сестра му . Се бркаа низ ходниците, беа гласни. А беше 22 часот скоро . Ми се качија на нерви . Можеле дома да ја превијат раката со завој и ајт . Ама не интересно е на итна . После нас доаѓаат деца , цели повредени , со крвави лица , скршени раце . За грев. Нашето во тој момент беше итно , зашто корнфлелост беше тро длабоко пикнато во носот . Мораше на хирургија да се вади . Дома не успеав , само подлабоко го почнав во носот.
Ситно броиш ајде . Што убаво хаусмајстор , а не овде мкни канти па кај нас во куќа сме толку неодговорни па нема кој да ја изнесе. Како е во минхенот со кириите ?
Абе порано не ми пречеше. Ќе измиев и скали и канти. Еднаш на месец. Ама сега и те како би платила некој да не морам да го мислам и тоа. И им реков. Ми рекоа ко уживај, нас вака ни одговара. Е вас да, ама мене ми е незгодно. За колку ќе е 20-30 евра на месец? Еден саат работа е, ама да го имам. Дома, дома не можам да стасам бар малку, зграда па уште помалку. Трсобен варм 2000 просек. Горе доле зависи од местото, ама нешто посолидно тоа е. Ако си уџум може и некоја стотка помалку. Ама не драстично. За да најдеш нешто за 1600-1700 варм, треба да се испотепаш со конкуренција. Станов што го најдовме е во супер населба и локација. Не таму кај што првично сакав, демек сакав поблиску до работата на маж ми, да не губи време, ама нели пишував, не бидна со тој првиот газда, па овде се погоди. И подобро пошто буквално птици слушаш како пеат од спална.
Многу скапо. Трособен со паркинг, келија, горе шпајз, просторија за сушење алишта, балкон; плаќаме 960 евра откако се поскапи гасот. До пред една година отприлика 850 плаќавме. Минхен поголеми се платите па да може човек стан да плати?? Морам да додадам дека скренав. Од досада не знаат што прават. Не дека дома седиме ама веќе 7ми ден без градинка/ школо и полудеа. Плаче малава не сум ја сакала дека не сакам сега во 19:16 на сладолед да ги носам. Малиов се ја имитира и он плаче дека не го сакам. И сега отидоа во кујна и без да гледам веќе знам дека ми цртаат цртеж со скршено срце, солзи и натпис дека не ги сакам.
Скапо е Џоки. Платите не се до толку многу повисоки. Оти не се дупли да речеме. И самиот град за јадење, пиење, приватно услуги кај доктор и сл. се е поскапо. А за станови и со таа цена има огромна конкуренција. Не знам како, ама има. Газдарица рече дека добила 200+мејлови. Само се надеваме ќе ни биде по ок, ако не пиши ми кај си, ќе ти дојдам у комшии . Јако мери ќере твое љубов. У сладолед . И ја би. И сладолед и пица и пиво. Ама нема. Преморена сум луѓе. Едвај чекам да си легнам. Прашање колку сте анонимни или мислите дека сте анонимни на форумов? Ја вака што си парапурам, знам дека некој ако го чита, ќе ме препознае доколу ме познава. Ама па и немам други социјални мрежи, така да евентуално некој од мое село ако му текне.
Јас се трудам да бидам анонимна. Мои слики не ставам. Освен во темата Што последно си купивте. Не пишувам во детали. Не верувам дека некој ќе ме препознае. Денес убав ден, а јас си останав дома. Ми дојде циклус и сум како утепана
Neznam kolku sum anonimna sliki nemam, kontakti nadvor od forum isto ama ne pisuvam kojznae sto strasno taka da i akl bidam otkriena nisto strasno ne sum nekoja famous person.