И тоа што викаш. Ко небива којзнае што да пишуваме и правиме. Тоа луѓето на денешницата уште гаќите носени не си ги покажале, ние тука што муабет што чудо..не сме ни атракција. Досадно сме. Која колку работела, друга кај ќе се селела, кога ќе си одела, која за дете болно, која плинско ќе купувала. Бабетини, ама со симпатии!
Четврток Мене еднаш и ми пишаа дека ме откриле тада Каде на одмор? Сакате за цени муабет да си правиме
Бива. На одмор бевме, ама не одморивме. И малку беше..сега јули, август и септември ќе се оди локално по езера веројатно. Цени што да кажам. Поарно ми е да се правам дека не знам да собирам. Цела моја годишна заработка ќе отиде во помалку од месец.
Јас без симпатија Ама сандалите ми стигнаа. За кај ќе ги носам е друго дваесет Значи многу битно приватно инфо- имам нови сандали, може ќе ги вратам Имам едни други сандали, Пиколинос или како да се викаат-шпански. И ич не се носени и од стоење ѓонот се распаднал бе. Овие овде неспособни се да сменат ѓон, ми вика канта. Ама во мк сум сигурна дека може нов ѓон да ми стаат. Нели?
За одмор ама без цени. За цени само сиромашни прават муабет. Јас ни за одмор бидејќи со мали деца не е одмор одмор. Кога 24/7 треба да пазиш некој не знам како би одморил. Само на инстаграм/ фб ќе изгледа ко одмор. За мене одмор е ноќе од 2:00 до 3:00 со симпатијата да се најдеме. Ме праша дали можам од три Ти реков да ако дојдеме во два Одма сфати колку е саат Изгледам ко невина Спротивно зрачам Ах колку сакам во твоето бмв да се качам Симпатијо моја без џип Не си мој тип Но секоја вечер заспивам со прашањето Дали да ти дадам знак Или да држам растојание пак
Од самата помисла дека треба со четири деца да се влечам до плажа и назад, дали сите се облечени, намачкани, со опрема за пливање на нив, со сите тракатанци и дрнгулашки во торбите… Па таму, кој сака во длабоко, кој во плитко, еден во веце треба, друг помес бара, очи отварање бебе да не развило љубов песок да јаде… Назад туширај, пресоблекувај, мачкај кој кај изгорел, додека бебе вришти, големи се караат, мм гарант веќе со сончаници и сериозни изгореници од сонцето. Не бре, дома ќе си седам. Апропо симпатија, си најдов, конечно.
И Константин Миладинов на поезијава ќе ти завиди. Дали ме познале даааа, Џоки, братучетка ми (јас ја имав претходно година познаено ама не и кажував) за други не знам ,не ми кажал некој. Си имам некој членки со кои си пишувам на инста и приватни пораки, со една немам разменето контакти и на двете ни е одговара така.Друга јас ја знам од инста ама таа секогаш ми пишува пораки кога ми е најтешко за подршка.Гушки мила ако читнеш ми значи твоето држи се многу. Има полно што сум ги нашла на фб инста.Тоа е ако знаеш една и сите ги дознаваш, ама јас немам желба за контакти.Сум ги видела и толку не ме интересираат да ги демнам. Единствено го демнам симпатијата мој, Што не ми дава ни инста ни број. Дали ќе дојдеш утре на работа Тоа е прашање што ме мачи. Или пак сакаш негде во сабота на само на глава да ми се качиш. Ај да одам да спијам оти без тебе ќе почнам да пијам. Ех симпатијо моја Никогаш нема да бидам твоја.
Ја мислев знак си му дала и на крајот пак заврши со прашањето дали да му дадеш знак, ич не знам да читам меѓу редови . Спојлер: Да ви шепнам и јас имам симпатија
Јас некои членки ги препознав на фб. Ми се појавуваат како предлози за пријателство. Ама не сум им пуштила понуда, нити сум им пишала лп. Убаво ми е вака.
Нели. Ама зависи колку е оштетено. Само тоа долното сум менувала/лепеле некоја гума да не се лизга. Ремчиња ми менувале. Кај нас се можеше, дали уште е така не знам. Ќе ги носиш ли стварно ако ги поправиш или ќе стојат пак негде? Лани правев чистка на облека и кондури. Сега пак оставив на улица три пара и збрав цела вреќа да носам у контењерите за облека. Колку имам само не облечени, де тесни ми се, де незгодни ама убави. Среќа што ја надминав фазата да купам нешто само оти ми се свиѓа. Сега ако не ми е згодно, колку сака нека е убаво. Е и затоа само у патики и широко се шетам .
Колку се оштетени- цел ѓон е испукан. Некоја глупа самораспадлива пластика. А многу се убави, кожни, неносени. Беа во пензија дури акав со мало дете по песоци и игралишта, сега баш би ги носела јер порасна детето, не морам да се шљакам со песоци. Дури не ми отидат нозете во пензија
Јас си ги чувам, си ги редам во шкафот, во подрум. А ми се неудобни, не ми се свиѓаат веќе, не дошле на ред, си викам што ќе фрлам, за некоја година момите ќе ги носат. Имам може сто пара обувки, ниту кинам ниту фрлам.
Јас два пати годишно полнам во три категории; за фрлање во ѓубре, за носење во контењерите за облека и трета категорија е или продавање на ибеј или чување за второ/ трето дете. За второ чував ама машко па ништо сеуште седи облеката горе за трето. Уствари не сакам трето, ама па ни второ ни прво не сакав уствари. Веќе ако сум бремена сакам близнаци да се ептен. Комшивката со близнаци се породила завчера видов. Голем стомак имаше ама и мојов со едно беше голем колку нејзиниот со две. Имаше две, сега има четири деца. Многу убаво. Не сум јас за дома. Отворам инстаграм сега кај претходниот симпатија и гледам сите слики со жена му ги избришал. Скоро ги имаше бришено, само една слика имаше оставено со неа, а сега ни таа слика ја нема. На овој симпатија и јас сум му симпатија ама јас додека сфатив отиде возот. Многу убаво ме гушкаше, и секогаш за косата ми коментираше колку убава и ми ја пипкаше, кафе ми носеше и се ама чудо да не укопчам јас. Кога дадов отказ рече и тој ќе дал сега и стварно даде одма после мене. Еднаш несакајќи во лифт заедно ама си реков не е животов шпанските серии што ги гледаше ко дете остани мртва ладна воздржи се иако сакаш лифтот да се заглави. Ништо, се враќам на овој симпатија, и онака овој сега ама ич не ми се свиѓа, може вода ми носи. Абе нема ни да го погледнам веќе, не растојание туку не знам што. Не знам што да правам сега, моментално ми фали опцијата ‘боцни го’ на фб што беше ама не знам дали има фб ќе проверам сега. Едит: нема фб, му лајкнав една слика на инстаграм, сега најпаметно е да спијам
За препознавање, искрено не ми е сеедно, али па и нема кој да ме препознае. Не сум многу позната осоПа ја, ко привидение им се појавувам, сад ме видиш, сад ме не видиш. А и на форумов, само мрчам, многу зборам, ништо не кажувам. Барем ја така сметам. Иначе, сабајле ми е прв ден курс Б2, ваљда ќе си најдам нов симпатија за сериозно... Последниот Србин без муда да ми простите, шо се криеше позади стубчиња, и другарите го зезааа за мене ко у осмо одделение , го прогласувам за умрено.
Ти ма, шо мајка со Србин бараш, Србија нема море. До кога да те учам? Леле-курс по германски, не знам зошто само на Турци ме асоцира. Дали дека мрза бев па попладне одев, ич не памтам како беше, само памтам многу турци, и со никој на ниеден јазик не можеш да се разбереш . Ее, тогаш имав ваљда симпатија на последно, го најдов единствениот швабо шо учеше германски јер се родил и живеел по бел свет- не памтам шо како, ама бар ко луѓе се изнамуабетивме англиски . Ај со среќа
На интеграциониот курс ми беше учителот изгледа и јас нему.Во тоа време курсот беше со косовар,полјак, унгарец толку мажи беа, се беа жени.Ептен убава група бевме и ептен се дружевме.Беше некаде од Казастан учителот.Заедно се возевме од курсот до дома.Тогаш бев 28 год без деца.Еднаш бевме сами да јадеме и се ќе беше убаво додека не ме праша дали ќе сум си ставила копфтух.Ма мрш у три п.м.Јас сум потомок на Калеш Анѓа будало. Од тогаш не ми беше веќе. После на Б2 беа Сирици повеќе ама бев бремена и ништо не ме интересираше.Ц пак не се сеќавам веќе дали и мажи имаше.Си имав една унгарка само за децата се жалевме.Се на вечерни курсеви одев оти работев.