Да не сум куса. Додека спијат овие уште да искористам две минути мир, со кафето оти до четврток толку ми е спиење. На курсеви одев постојано интензивни и од сабајле. Беа од 8-12 така нешто, не работев, немав обврски други, ме финансираа и на брзина ги изодив сите. Во рок од година време сите ги поминав. Е на такви курсеви идеше младилеж од цел свет, па Балкан и Ајше немаше многу за моја среќа. Се разбирав скоро со сите и од сите курсеви, ми остана по некој со кој уште контактирам повремено. После запишував уште попладне, ама не е тоа тоа. Мене навечер мозок не ми функционира, после работа преморена, ништо не научив. Секоја чест на сите што со деца и работа и курсови и дообуки. Јас не можам. Особено ако не сум наспиена, на автопилот сум. За обувки и јакни, чувам неколку за малата, ама може во трето одд ќе и се точни. Некако висока оди и со долго стапало. Добро не дека јас сум мала, ама с број дали ќе и биде не знам. Мали се да, ама пак е повисочка од децата на нејзината возраст. На татко и цела е. Да му скисне на човек да слуша веќе. Е арно де, на кој да личи. На комшијата. @Gosh ај не се глупирај со Србите те молам. То исто ко најтежок патриот од мк за симпатија да ти е. Ај да не генерализирам, ама не сум била изненадена до сега. Барај нешто според тебе. Најчесто еднаш бира човек партнер, бирај умно. Сите аспекти треба да се земат во обзир, колку си пооформен карактер, толку потешко е, оти знаеш што нема да толерираш. Не прави компромис за битни ствари, не е за еден ден. А и поштувам карактер. Во друг стил да пишуваш нема да си ти ти.
Од работа има едно за Weiterbildung за тие што се помлади од 29 години. А јас само што наполнив 30. Не е фер значи. И без тоа ќе си се вајтабилднам јас ама се изедов што немам 29. Дискриминација! Не е важно кој колку години има на хартија, важно е кој како се чувствува. За прв пат во Германија морам и јас да се пожалам од времето! Значи толку долг временски период да е облачно и да врне па не било до сега. За инат од времето и јакните ги кренав вчера па сабајле малиов без јакна и ќебе во количка. Значи јуни ене го! Мај не се предава и не се предава. Оваа пролет три пати кревам јакни и ги враќам пак ама овој пат нема назад. Има утра кога една шолја кафе не ми е доволна. Сабајле со аларм се разбудив 7:30 дека малиот во градинка треба, школото и оваа недела е затворено. Градинката е таман затворена, шест недели, јас шест недели одмор имам, никаков проблем. Школото шеесет и шест недели е затворено. @Gosh ја замислувам само со некој покрупен, стабилен, богат, постар 7-8 години од неа, со златна обетка на левото уво, од Куба. Тренира веќе 10 години и има викендица и јахта.
Ima li nekoj iskustvo so Entbindung der Schweigepfligt testiranje vo gradinka i prevzimanje na ponatamosni cekori
Значи луѓе, се врнаХ. Од сите тамо, ја најбоље зборам и разбирам.... Е сеа дали е тоа добро или лошо, ќе видиме. Граматика они па се знаат, ја тутуле бале, нишо ново. Симпатија нема, не се секирајте. Турци нема, едино еден Сириец, неколку Афганистанци, али брате све сме се собрале доктори, инжењери, правници и еден Казахстанец што има работено пуно години у најголемата нуклеарна централа у Украина, и пребегал ради војната. Чоекот е гение, седи до мене. Само ја сум со средно... И еден пациент од оние пешки шо дошле шо завршил основно само, и четри години демек учел германски, се спремал пеш да дојде... И еве 8 години е тука, од кои 6 испод ЈобЦентар, не знае да каже као се вика. Исто така има и една Индијка која исто е испод ЈобЦентар и работи у Индија онлајн, додека тука државата и ја лади, па само што се вратила од одмор од факинг Малдиви, маме и ебам. Од друга страна па, има едно младо дете 21 година, ко кукла убаво, со сестра му 14 годишна тука е сам дојден пеш пред неколку години и приватно шминка и нокти прави, ми покажуваше слики како ја шминкал сестра му, и она лепотица, талентирано дете, сака Бау да прави аусбилдунг, таму биле парите. И многу интелегентен, се надевам до крај на курсот ќе успееме некако да му влијаеме да најде друг пат, греота, има потенцијал детето. Па и една србинка, со три деца, фулцајт и миниџоб, и плус курс... И учела дома сама до Б1, само полагала. Вика среќа асален маж имам. Заврши курсот, истрча за на работа. И ја почнав да се мислам што да правам за понатака, дури на мисла сум и Ц1 да запишам, АКО положам В2. Али морам, едноставно тоа е. Кај мене нема одам само да видам. Едноставно завршено е, чим сум се запишала, исто ко да сум положила. Наставничката стара жена, опасна. Германка родена у Румунија, таму учела на Германски и се вратиле таман за студии у Германија. Знае Румунски, Англиски, разбира Српски, и еве учела Шпански на Дуолинго. Има внука 3 месеци, и две ќерки мажени за Американци у Немачка. На времето имала со муж и салон за пролепшавање, он праел педикир и маникир, она шминка и третмани на лице. А да, и еден пешадија дуктур педијатар, кој работел кој знае како и неколку години гинеколог кажа дека не сакал деца, да не речам мразел... И наставничкава го прашува дали си женет, и овој вика не, не сум глуп. Не сакал да се жени оти жените многу ги фаќало хормони, многу лапрдале. И ја, ко шо ме дал долниот, да не ме тужат ако го прашам Why are you gay, му реков дека сеа живее у Немачка, и не е забрането и срамота да се омужи со маж. И така сите слатко си не насмеавме, освен он наравно. Дебил. Кој прочита, прочита романов. Ако не се пишуеет националности и јазици со големи букви, кој ве врти. Идам да пишам домашно и да јадам. Сите што сте ме цитирале, ќе ви пишам после, не се лутете. Т'чузле
Ништо @Gosh повеќе среќа на следниот курс И не бери гајле, ние овде сите сме избеглици, појма немаме што се пишува со мала што со голема буква
Оваа Србинката јас да не сум И кај мене среќа е што маж ми е ко што е, а јас што правам, симпатии бркам убаво викаат ако му дадеш се на човек ќе си го добиеш. Гледам и со децава така е. Демек на одмор се и се правам за нив и тие вчера вечер плачат не сум ги сакала дека не сум им купила сладолед и излеговме вечерта 19:30 по сладолед на невреме тие со чадор јас без дека сеедно ми беше и трамвајот дали ќе ме згази, а не пак дождот дали ме врне. И јас знам македонски, српски, англиски, шпански, германски. Следно француски ќе учам. Учам по некој збор ама многу е тешко за изговор. Германски е значи прелесен во споредба со француски. Почнаа сите да ме нервираат. И некако се луѓе што на се негативно и лошо гледаат. Еве не знам што сака Универзумот да ме научи со тоа. Се откривам ама оваа лекција никако. Сабајле две колешки од претходната работа. Едната ме прашува дали сеуште работам кај што работам. Викам да. Абе на секое тоа ме прашува. Другата ми вика дали веќе не одам на мини џобот. Викам не. И вика Ich glaube dir во смисла дека нешто не штима па уште и на мини џобот да одам. А уствари само далеку ми е мини џобот од новата и не би да одам до таму. Претходно ми беше на една минута од старата. И сега во градинка една разведена што се гледа дека таа била кривата и стално ме гледа од глава до пети и ми искоментира нешто лошо за мојата работа. Ми идеше да и речам ти уште малку здебели се и позјапај во сите по малку па и во моето секси мало стомаче. Ме гледаат дека зрачам откако почнав на новата работа и само ми дофрлаат нешто негативно што всушност и воопшто не постои. Јас и на претходната зрачев ама на оваа уште повеќе.
Ovaa @Gosh otide na eden chas I na Site im napravi Profil . Mala jasno ti e sto ti lezi neli? I da ne se zamaraah so nemash diploma, voda mozat da TI nosat. Splet na okolnosti ti bilo sigurno, glavcheto e bitno sto to fakja. Kolku I da TI e dosadno Sega, odi ke se smeni. Ke nauchish sekako mnogu, sigurna sum. *Telefonov Sam Mi pravi golemi i Mali bukvi. Me mrzeshe da menuvam. I onaka postojano me poprava. I toa me mrzi da isklucham. Jas dete ke banjam uste malku. И ништо не завршив денес. Освен што со педијатар се допишував и до дм. И сестрата ме искара оти не сум се јавила прво да и кажам дека порака ќе и пратам . И дури таква voice message ми пратила на WhatsApp . И пишам од доле се извинувам, нема веќе да ми се повтори. А колку убава порака и пратив само. Како и секогаш де. Мене затоа дојчовци ме сакаат. Многу ги поштувам писмено . Ама ко ќе и одам следна недела за вакцина и ко ќе и однесам чоколадо за чус, ќе и е криво што ми рекла така. Дете доби бепантен за нос и очи. А има нешто на уста. Уште не знам дали е херпес или се гребнала. Најверојатно се гребнала. За херпес друго даваат..ова за слузокожата да и се обнови побрзо. Само што она се јаде и нон стоп лигави. И кремата ќе ја изеде. Маж беше кај педијатар по рецепт, и не прашал што било. И после го фати дожд и наместо да си дојдеше за пола саат, остана саат и нешто. А го пратив него побрзо да заврши. И тоа. Да му скисне на човек од дождов.
Луѓево од држави у ЕУ, особено мажи, еве пример Хрвати, ја ни еден не знам нит сум чула дека идел на курс. Не им треба. Муж и ќор и сакат ќе најде работа, жена маста ќе ти ја извадат за еден мочан талцајт ако си без факс. Нејсе, @Biljarkata он ми беше најубав, сигурно у овулација ми се засвиѓал. А и висок беше. @јolene знам, у право си. И ова шо го пишуеш го пројдов веќе, го попушив, не планирам пак. Али досадно ми беше, аман разберете луѓе ја симпатија еднаш у сто години иам, никој не ми се свиѓа! Спојлер: срамотно Се палам на интелегентни мужи, али она интелегентни интелигентни. Не вија стрипери од горе. И не им напраив профил, него сами си кажаа. И баш се осетив ко алапача коа си го прочитав мислењево за сите раскажав, а за мене ништо... Шо да работам, профајлер? @gjoker4e , и ја со таков се замислувам... Само уште да излезам од дома и да го најдам... Треба да барам некој аусбилдунг кај што има шугар дедовци... Ми вртат некој муабет и во Агенција за вработување, и во школово да сум работела во биро, правна канцеларија, па и во администрација... Имам другарки што работат по администрација низ Немачкава, не бие добар глас. И по облекувањето така ми личи, па и една културна и воздржана осоПа што сум, да ме сретнете на улица нема да погодите дека сум ја ваа шо пцуе ко кочијаш на форумов... А и ја од увек сакав адвокат да бидам, да терам правдини де, али никад немав пари за факс. Може така требало да биде, сега ми дошол редот...
На мужи не им треба јазик да се интегрираат, они со пиво се интегрираат. Ќе се најдат срби, пољаци, украинци, ќе пцујат сите по полски ,,курва,, (курва е универзална пцовка) и интегрирани се. Нас ни требаат зборови и зборови за да се ,,одразиме,,. А иначе да, за работа ваљда е така. Погоди кој има најмногу школо и најмала плата. Со години се токмам да им дадам отказ, никако да се наредат ѕвездите. Кој беше по ѕвезди да каже, кога ќе бидат наредени, да пуштам сиви
Во наредни десет години немало да се редат. Последно 2023та се редеа. Јас не сум јас ако не мислам така. И јас сум без курс дека мм има бг пасош и не мораше на курс да одам. Кај мене секаде можеш да се вработиш без јазик дека има огромен недостаток од персонал буквално секаде и на “лоши” и на добри позиции. А пред неколку месеци укопчав зошто е тоа така… дека сме на граница со Швајцарија и сите школувани работат преку граница за поголема плата па затоа тука секој може да се вработи и без школо и без јазик. Туку баш сакав да ви кажам нешто, за да не испадне дека баш СЕКОЈ може. Дојде нов на работа кај мене од Албанија, правеше нешто што не е ок и му викам немој така земи тоа и тоа, тој ми вика не сакал тоа сакал друго, викам и јас сакам ама во моментов нема и мораш така. Не само тоа туку мислеше дека може како во Албанија да се понаша и по нецел месец доби отказ. Сакам да кажам дека најважно е да си човечен, многу го ценат тоа, по неважно им е школо и јазик. Е сега за болница сигурно би требало школо за хирург нели ама тие помошници што се може било како се додека се човечни и се гледа дека ќе го научат јазикот. Морам надолго и нашироко за да не бидам погрешно разбрана ама секако ќе сум по некад. И мојов телефон де одзема зборови де ги дели ама некогаш ме мрзи да поправам како е така напишано нека стои. Шефот со сите разговара после 3 месеци само со мене не, а јас самата тоа си го гледам како демек совршена сум па затоа нема потреба што да разговара. Јас значи со виткана коса сум страшно уфилмана. А денес со пуштена и затоа толку многу луѓе ме изнервираа, намирисаа дека не сум на арните денес.
Остани мистерија до крај и не откривај за себе ништо . И ја се палам на паметни мажи. Таков и најдов, ама уште побитно ми е да не е вообразен оти е паметен и е свесен за тоа нели. И тоа го ценам најмногу кај маж ми. Може знае некој пат да се занесе, ама му улетувам со клизечи и така. На работа нека паметнува за тоа и го плаќаат нели. И јас делев ум на работа, и за тоа пари земав. И сега се осеќа оти ми фали, па тука малку повеќе ве оправам . Се извинувам. Што им фали на тие по дојчовкска администрација за работа? Мислам каков глас ги бие? Не разбрав баш оти не тоа? Инаку што знам, на пример некој хр може да бидеш. И таму имаш микс од право и оценување карактери. За сите знам бе, само за мене не знам. Ќе се сликам што ќе работам сега у Минхен. Та нели едина Бундес република што не признава дипломи од трети земји. Мислам имам неколку опции, ама не сум сигурна шо сакам и јас. Што аусбилдунг така нешто интересно има, ама да не мораш со луѓе? Не можам со луѓе веќе. Не им се погодува никако. И плус тука ми скисна од кисливите дојчовци и остали што се права имаат, ама заборават на обврските. Па кога ќе ги потсетиш, одма си агресивен. Арно не џитнав некој од трети спрат сега вака ретроспективно .
@јolene не мислев ништо лошо. Сакав да кажам дека знам повеќе наши жени што се имаат вработено во Администрација во Немачка, и дека не држи добар глас како народ. Добра опција ми е тоа. Еве ти листа на сите аусбилдунзи, разгледај си.
Е супер е листава. Фала, ќе ги разгледам подетално. Сега читам уште еднаш што си пишала. Укапирав. Абе свашта, гледам ама не догледувам. Читам, ама не дочитувам.
Јас скоро секоја ноќ го сонувам. А штом го сонувам тој ме мисли нели? На прослава сме биле некоја и одиме накај дома и тој уште еден им викам чао убава вечер и он ми вика само фала и ме гледа и после вика и тебе исто. И јас одам накај дома и си викам како не му реков само толку ли и може тој ќе ми речеше па што сакаш и јас викам па да речеш заедно некаде да одиме сега. Мозоков ми е 24/7 на overthinking Инаку не знам дали знаете дека јас скоро па ич не зборувам. Посебно па со жени не. Со машки зборувам ама исто како нив само тоа што мора. И така еден ден му пишувам на мм реферати на вац ап и вика ќе те барам за 5 минути за да не пишувам не можел да чита да збориме и ми се јавува и викам и, вика епа кажи сега, викам па ништо. И склопивме толку беше па секако продолжив после со реферати те. Затоа и изгледам како се да ми е подмирено во животот, а јас всушност цело време мислам на нешто, на убави работи, и сум насмеана зрачам, а немам потреба да зборувам бидејќи молчењето е злато. Претерав ама на одмор сум што да правам…
Да од логопед. Лигопедот бараше да зборува со градинката за развојот на синко и двете установи потпишаа таков договор. Schweigepflicht. Синко уште не оздраве . Аман . Веќе две недели како беше дома , вчера во градинка и денес пак тт. Од работа само втора смена ме ставаат и тоа ми оди на нерви . Предност имаат самохрани мајки. Имаме една колешка и само таа смее да оди од 9 до 14ч. Јас со три деца сум исто ко самохрана мајка , мм на работа е до 17 ч. Кој ќе ги пречека децава што се враќаат од школо во 13ч , кој ќе го земе малово од градинка. Незнам на нерви ми одат сите колешки веќе .
Само мини џоб си ти и еден ден работиш нели? Фактички само еден ден втора? Колкаво ти е најмалото дете? И кај мене прво предност имаат самохрани мајки, и на претходната и на оваа работа и работат од 8:30 до 11:30 децата им се од 8:00 до 12:00 во градинка. После тоа имаат предност колешки со мали деца. На пример јас дека малиов има 2 години. Па после идат со поголемите деца од 7-8 години па нагоре ама што имаат постари браќа сестри. Не знам колкави ти се децата ама кажи дека и ти треба прва смена да одиш или пиши кранк после две недели втора. Па после има кај мене луѓе што сакаат само втора смена да работат. И преостанатите работат и прва и втора.
@gjoker4e само мини џоб, да . Ама два пати неделно сум ставена на список од 14 или 15 часот . Како да го организирам денот ? До 14 часот да средувам низ дома , ручек да направам да се замирисам. А станувам од 6. Ќе се преморам до тогаш . Па ајде на работа . Денес имам интервју за работа . Со хумано работно време до 14 часот . Држете среќа да ме примат. Малото е 3 ипол . Тоа во градинка не спие никогаш . Ако остане до 15 часот е преморен зашто не е наспан. Другите две се големи , можат сами да се снајдат , не е проблем . Ама неможам да малтретирам јас секоја недела два пати некој да го чува него . Ме нервира таа колешката , плус она е 20 годишна . Детето и е исто ко моето . Она доаѓа во 9 , во 14 часот веќе е замината. А јас почнувам од 14 часот . Само она со бенефиции , јас иако сум со години таму немам .