Да прашам нешто и јас, вака се интересирам дали може без да одам на интеграционен курс да полагам директно А2 и каде да ми биде се тоа признаено .. нова сум па ништо да речам дека незнам што и како е тука, учев до пред месец дена курс во МК А2 па би сакала само да си полагам тука ако има таква опција
Иначе јас се истото само се мислам, тука сме скоро месец и ние сме во Бајерн, нема и тука Македонци, и јас сега со Германски до А2 сум, децата ништо незнаат од јазик поголемкото ми е веќе 5 години се мислам како ќе се вклопи во се на училиште ќе треба за 1 година, во меѓувреме сакаме да го запишиме во градинка ако се успее да го примат барем малку да види како е, одбива да гледа Германски цртани, несака ништо да слуша на Германски си бара на Англиски ... и јас се плашам за него како ќе му биде, помалата е 2 и пол па си велам има време за таа додека да дојде на училиште да оди..но сите велат деца се тие брзо ќе се навикнат ќе научат брзо и јазик па тоа малку ме теши, но незнам исти мисли како тебе ме мачат
Нема само македонци или генерално нема странци . Ако е второво пиши ми кај сте, одма идам . Ја пошто поголема германка, од германците . Јазични испити директно може да полагате во кое било јазично школо, треба само да се пријавите и платите. VHS најчесто организираат. Времето тиња. 13 степени макс дневна температура. Ме шашнува искрено. Еден ден ок, друг ден дожд. Парно нормално уште пуштам. Во понеделник шпермул пријавенено. Се осеќам полесно кога фрлам ствари од дома. Ама моментално не се знае кое кај е. На ибеј исто милион ствари за поклон објавив, ама се безобразни значи. Сакам да го дадам на некој што му треба, а демнат такви некои кои нит знаат што е, ни ѓаволи, ама да дојде денес да го земе. Ненормално. Друго многу сте тивки иле кај вас сонце грее, па надвор негде сте.
Фала ти на одговорот многу, супер значи ќе може да полагам без да учам повторно на ново курсот. И ние уште парно пуштаме многу е ладно, децата ми збудалеа само дома неможе да ги извадам надвор, тука цело време само врни веќе неколку дена Иначе нема македонци тука во местово кај што сме, а странци си има како не
Ништо тогаш. Ја па мислев негде има место кај што помалку странци има. Чисто од љубопитност да видам како изгледа. То сигурно и има, негде во некое селце по источна Германија. Најди си на нет модал тест од испитот што сакаш да го полагаш, па ќе добиеш претстава како е. Има курсеви за подготовка за испит, скоро за секој има. Траат најчесто два три дена макс. Може и такво нешто. И на јутјуб има на пример како изгледа усен дел. Е сега сигурно има по инстаграм и сл канали уште, ама ја од старо време сум, немам такви канали, па не знам. Инаку имаш и купишта страни за он лине вежбање граматика и вокабулар. Доволно е да напишеш Deutsch Grammatik online lernen. А и да за секој испит има и книги за подготовка на баш тој испит. Во било која книжара или од нет може да се нарача. Ја одев секогаш во книжара, таман ќе ја разгледав и видев дали би ми користела.
Абе како подготовка, ти го презентираат како изгледа тестот и се вежба само тој тип вежби. Ама тоа е повеќе колку онака, не дека нешто ново ќе научиш. Туку претстава да добиеш и прилика да пробаш, да си повториш. Vorbereitung Kurs auf Prüfung и името на испитот напиши и твоето место. Ако има ќе излезе.
Грее сонце со облаци жешко спарно. Мене ми одговара што помалку сонце па нема алергија да добивам. Бев да се пирсам хелекс сакав 3 ама пирсерот ме виде без ниеден пирс ми рече нема шанси еден само ќе ти става ќе доеш за месеци и пол пак и ќе ти ставам втор па после трет. Така Ава во скоро 5 децанија пирс си стави.Сакав и тетоважа одма да ме истетовираат ама имаше многу со термини и еден тетовираа моментално. Колку се плашев , а уствари ич не болело.Ние сме со искуство колку инекции сме изеле ова беше смешка. А му велам на пирсерот толку видеа јутуб изгледав никој не плачеше ама изгледа јас ќе бидам прва. 10 пати ме праша добра ли си јас се смеам велам заб да поправам повеќе боли.
Ова изгледа фаќа некоја криза на 40-50 Колешка моја пирс на стомак стави сега ич не ја болело рече, 45 години има, две тетоважи на рака и една на стомак
Абе со кој си таков си. Мојте колешки имаат пирсеви и само ги манијачам.Младата има на јазик лани си го стави ,на папок ама сега оти е трудна го извади и хеликс.Постарата има по 5-6 од страна.Вели јас и на нос имав ама кога почнала да работи нели ние во друго време бевме млади морала да го вади и и зараснала дупката. А јас не се сметам за стара може и на 90год ќе направам нешто ако сакам . За мене годините се бројка јас на оваа возраст во се уживам ептен си ги сакам годините и не би се менела со никој.
Нема поента да полагаш А2, за ништо не ти врши работа дипломата, само ќе се искешираш 100 и кусур евра за џабе. За државјанство, работа, аусбилдунг треба интеграционен т.е. Б1 и Leben in Deutschland. Или учи до Б1 сама, па иди само полагај, или па иди на интеграционен, ќе те пуштат од Б1 да тргнеш ако знаеш А2, два месеци макс. Ем ќе платиш четврт цена преку БАМФ, ем за тестот нема да плаќаш. Иначе на темава лето, ќе има ваа година или слабо... Кај мене 13 степени макс, жардињериве месец дена вода не сум им турила оти врне, шетам по кардигани и Мартинки... Едит: Сите тестови од Б1 до С2 ги имате онлајн и на ЈуТуб...
Лол! Леле прејако. Немам симпатија и треба само за мм да го тупам. Не е играта фер. Ај може ќе си најдам некој у скоро. Еј, се важат фиктивни ликови? Такви иам пуно. Така некад има периоди кога ме нема или ме нема. Лол. Ништо страшно, си доаѓам јас аб унд цу. Б1 евентуално Б2 полагај. А2 е скроз основно ниво и не знам баш каде и колку би ти бил од корист за работа. А вака за основна комуникација по продавници рецимо е ок. Иначе можеш било кое ниво да го полагаш без курс, можеш и сама да го учиш јазикот ако не сакаш интеграционен. Ама зошто не? @Gosh не е тоа социјална помош. Ама сепак, најфино е да си прашаш директно у Бамф.
Ако е со европски пасош таа или маж ќе и врши работа и А2 дека ќе пише во бевербунг дека А2 ниво има и моментално учи Б2. Подобро нешто отколку ништо. @Ava.84 не знам што е Хелекс или хеликс Јас денес одам на работа и го гледам симпатијата. Слободен по план. Многу убаво ми рече морген Среќа што бев убава инаку кога е слободен за никаде сум ама денес дека петок викам па ајде и за секој случај да не му текне да дојде на кратко Повод за славење имам денес правам шест месеци на новата работа Колку е важно значи да си ја слушаме интуицијата, срцето, душата, што и да е Многу ми беше тешко отказ да дадам, но понекогаш мораме против емоциите да одиме. И следејќи ги знаците на Универзумот се вработив тука А за една недела ќе славиме шест години во Германија му викам на мм и шесте илјади евра на страна го знаете оној риил на инстаграм, првата година во Германија 0 евра, после пет години -10 000 евра
Најарно на пирсер, под агол ги дупчат, а не право ко со пиштол... Затоа мене на првите дупчиња од дете што ми се не ми стојат големи или округли обетки, ми штрчат од фацата буквално ко клемпави уши! Иначе не е скапо пирсање у Немачка, кај нас е од 25 до 30 евра со пирс, 5 евра поскапо од Скопје, буквално. И да се пофалам, ја сум една од ретките шо хеликсот и задраве после 3 месеци, а не после 100 години. Пукнете, душмани! @Lianna Anna проверив, не е. Фала сепак. @gjoker4e не мора да плаќа 150 евра да си пише А2 на CV, и онака никој не проверува...
Јас мислев за 2недели заздравува кога ми кажаа 9 месеци ми се слоши.Значи ли дека јас 9 месци нема да спијам на таа страна? Сама ли си менуваш накит по заздравувањето?Си стави ли од овие микродермалните те почитав во др тема дека сакаш? Кај нас нема испод 40€.Кај што бев оти ми е на 5 мин од дома и добри бевертунзи кога ми рече 25 евра се избенадив и му велам ај пак кажи вика 25 евра. Мене вчера големата ме удри по пирсот ѕвезди броев 5 минути .После гледам крв ми пуштила и сега не знам да не треба да идам до пирсерот да ми го види.Го исчистив убаво ама не знам.Сега ме боли повеќе од пред тоа. Џоки се е пирс не е важно како си го добила.Мене на 3 години обечки кога ми ги дупеа со игла беше.Се сеќавам дека многу болеше и плакав и затоа страв имав до ден денес. Киндатаг што ќе правите?Купивте нешто на децата?Јас сега ќе им избастам по едно срце(како ѕие на мене) и ќе им пишам те сакам на мк нека вежба големата. Почна сама да учи да чита ништо не можем да скријам од неа.
Да, сама си менуваш. Ма да можеш и кај пирсер да си платиш. Иначе ништо не ти е, ако крвари. Само редовно чисти со солен раствор, и стави еднаш, два пати антибиотска крема ако имаш. Или ако имаш антибиотик, изрони малку прав, помешај со солен раствор и со чепкалка за уво стави кај дупчето и од двете страни. Јас дупнав 4 од еднаш, хеликсот најмалце болеше за пирсање, ама болеше при спиење едно недела дена, па ни толку. Ќе се поднаместиш, ќе си најдеш позиција. Јас после два месеци уште имав лимфа од хеликсот понекогаш, а од другите дупчиња на мевцето и лимфа и гној, со совршена хигиена, не знаев што да направам, сакав да вадам се. И на крај решив задњо сребрени обетки да ставам и за два дена ми заздравеа сите, и немав никаков проблем понатака. Така да би ти препорачала чим видиш да е дупчето оформено, одма ставај сребро или злато. Моеш и на нет да прочиташ, луѓе исто препорачуваат. Ако сепак не заздравува, значи телото ти го одбива, и најарно да го извадиш. Подкожни не ставив, сакав на образ, али не ми е сигурно оти цело време шминка носам. Сакав и меѓу гради, и на зглоб, али имам колешки што имале, и викаат лесно се откорнувале од кожа, и се решив не.