Јас после два обиди и два пати по два дена ги извадив хеликс и тие подоле како беа. 25 евра во златара платив за едно Два ноќи не можев да спијам и многу ме болеше и толку е мојата толеранција
Ова на човек да му се одмили ко чита. И мерак и се, ама многу досадно е . А изгледа многу убаво, особено некое нежно такво округло. Е не сум знаела дека под агол се дупчи, ама има логика. Мене уште не ме фатила средовечна криза изгледа, немам време за неа. Инаку пред да се породам бев решена да средувам околу очи . Значи за некој месец ќе ме удри пак на голема врата . Ви имам ли кажано дека маж ми е помлад од мене и тоа оти мора чекор да држам со него . Помлад е де, ама не е ни три години, не е многу . Времето и денеска е тиња, ама ајде ќе пакуваме, тоа ни е целта за викендот.
Да одам јас да видам да не ми зараснале дупките на ушите… е до толку не се тинтрам. Ќерка ми исто нема уште дупнати ушиња, комшиското девојче една година е поголемо од неа, лани ова време изрази желба за обетки, па ако ми зараснале заедно ќе си правиме дупки со ќерче.
Тоа баш е слатко, баш доживлјај со ќерка ти да се пирсате. Па моеш и уште едно дупче де, да бидеш кул мама. Па ако купите и исти обетки, па па па... Инаку сакав да ве прашам, не знам како се вика оној накит што нема копче за закопување, туку директно во златарата ти го заваруваат или затвараат на рака... Епа тоа сакам, сребрено. Чокер, алка и алка на нога, али не знам колку е практично. Има некоја искуство со ова, или па некоја баба на стринка?
А ја да прашам од каде купувате купен или торта, ама од денес за утре? Или ете имаме макс 3 дена однапред да нарачаме? Од бекерај?
Да видиш во турските слаткарници ако ги има тамо кај вас. Тука кај мене има многу, и многу убави торти праат. Незнам за цена оти немам нарачано.
Имате ли искуство со гранулом на пупак? Значи живци си скинав од бабицата . Се беше ок и да заработиме гранулом на папочињата. Веќе месец до 5 ќе направат какко им испаднаа и сега беља работа упат за хирургија добивме. Вчера со нитрат ги мачкаа на еднното има ефект малку на др скоро ич. Со што би можело да им помогнамм домаа?
Бидејќи се многу мали само со нешто што ќе ти каже доктор! Ако ти е страв појдите до итна, дека бебиња одма ќе ве примат нема да чекате. Кај нас петоците има педијатар што работи до 21:30, може има и кај вас, јави се на 116 117 мислам беше да прашаш што да правиш.
Бевме вчера на педијатар. Во понеделник пакк ќе појдам нека ја третираат пак со сребро нитрат . Па ќе закажеме и на детска хирургија . Бидејјќи било мртво ткиво и не ги болело .
Кажете бе нешто. Од времево главаме боли, ама озбилно. Притисокот незнам кај ми е, волку денови по ред ме изремети скроз. Јуни е, а грејна сезона уште трае. Имам уште 10-15 кутии да допакувам. Време нема да имам да се видам со некои луѓе, за да се поздравам. Купишта ствари се исфрлија, уште толку поклонив. И пак дома ми е хаос. Балконот веќе година време како складиште се користи, а подрумот е како пештера некоја. Која рековте на плажа ќе оди?
Шо да кажам, се смрзнав ко пи*ка, парново си го пуштив. Ја демек ќе одев на езеро де, четри дена слободна бев, али ќе врнело. Па ај со една другарка наредна Сабота ќе сме оделе, жими таквото. Ако и тука не се поплавиме... @јolene викни тие луѓе дома, ем да се видите, ем да ти помогнат со пакување.
На кој начин може да се дојде до подобра и поплатена работа, освен да се работи по струка? Да се знае јазик е клучно, но дали можеби има курсеви, програми?
Има, али тие се само за невработени бесплатно. Моеш сама да си најдеш, да си платиш. Аусбилдунг исто, ако немаш струка или сакаш да мењаш.
Колку време е потребно да се вложе во тоа додека се почне со работата или е различно зависно што ќе одбереш? Каде се бараат тие курсеви? Во самата фирма или?
Ај здраво од мене Помина викендот,па да кажам доста напорно.Малку се преценив во силите изгледа. Требаше да земам деца на спиење,ама излезе од петок до недела се со деца и на крај бев мртва уморна. Прво зедов едно другарче на синко ми на спиење во петок,сабота дојде негово братче кај нас да си играат,па останаа до сабота вечер.Па ги испратив нив,зедов две деца на едни пријатели,да излегле двајцата на концерт. Е, проблемот е што јас петок си легнав касно, а децата станаа пред 7 сабајле. Кога дојдоа децата на пријателите,они биле научени да си легнуваат покасно(по мои стандарди прекасно).Ама не се мои и за еден ден не ми смета да ги погледам. Кога сме сами со синко,се знае 9 саатот најкасно на спиење,ако забележам дека е изморен сабајле,вечер може и во 8 и пол да го легнам.Викенд може и до 9 и пол/10 да поседи.Станува во сабајле 7 за училиште. Ама малото било денски одспано и оти прв пат спие кај нас,па вечер седеше до 1(инаку е мислам околу 4 и пол години),а поголемите за среќа во 10 и пол заспаа. Ама сабајле уште во 5 стана поголемото детенце и оти уште од вечер беше нефит и со нос како чешма,поврати на два пати шлајм во 5 сабајле. Не ѕвонев одма на мајка, и оти знаев дека се вратиле касно сабајле,а и тоа меретиско беше на другата страна на градот.Ама кога чукна 9 саато пишав порака и ги зедоа. Мм вика овај месец да не видам деца да си земала на преспивање или гости Му реков добро,ама не знае дека не знаев дека ќе имам толку "забавен" викенд,па договорив на 14 да земам друг другар на син ми на преспивање. Комшии само гледат и само прашуват да не славам роденден.Ние село весело,пред зградата им правиме занимации на пензионерите. На почетокот имавме само проблеми со хаусмајсторот,сега и него сум го врзала.Нема проблеми.Имаше по некоја забелешка децата биле гласни. Му реков па и ти си гласен со косилката у 9 сабајле под прозор,а јас мора да спијам по трета смена па не се жалам.Ден е и нека најдат начин како да преспиваат. Ми се извини и од тогаш нема проблем. Утре термин за колата да сменеме гуми,треба да ја носам и зимам,синко да го носам на пливање.Му ставија термин плус,2 пати задолжително,ама по можност и 3 да оди на пливање.Еднаш оди на курс за борење и многу ми идат со термините. Желба за пирс/тетоважа не ми се јавила.Можеби ќе сменам.Еден период сакав пластична операција на стомак,оти по пораѓајот имам вишка кожа и дијастаз,ама докторот вика,почекај уште си млада,ако се решиш за второ чабе ќе платиш 7-8000 еу. И така си чекам ни дете ни операција. Ама секогаш викам ако родав второ директ одам под нож,не сакам да имам торба напред,па колку сака нека кошта... @Brave*** зависи каков аусбилдунг ќе избереш.Имаш од пола година па нагоре.Ама секогаш колку повеќе вложиш,толку подобро и поплатено работно место ќе имаш.Се зависи од твојата лична ситуација и мотивацијата да научиш и постигнеш нешто. Познавам личности што по 5-6 години се маваат под јоб центар,се платено,ама демек дете имале не можеле да учат. После ова време,не се стасани уште до б2 ниво,ни па завршиле аусбилдунг.Сега работат за нешто над минималец. Мислам дека мотивацијата е на прво место,ако сакаш да постигнеш нешто. Само треба прво да го совладаш јазикот до б2,пред да почнеш со школо. Лека ноќ,досста беше за денеска.
Hallo Mädels, eine Frage. У Виз колку течност е дозволено у рачен горе? Конкретно, дали 100 мл парфем би поминал? Друго, дали некој у скоро вадел германски пасош да ми каже од прилика шо како? Сакам конечно да почнам процедура.
Тука све ти пишува, немам на македонски, сори. https://www.wiwo.de/politik/deutsch...oerigkeit-kommt-am-27-juni-2024/29640790.html Знам само дека бараат нов извод од раѓање, не постар од 6 месеци мислам. За Визз 100 милилитри , у ќесичка 20 на 20 од литро.