Имаш различни,најдобро напиши на гоогле Ausbildung mit 6 Monaten и ќе ти излезат опции. Јас ова го најдов,ама сигурно можеш да најдеш повеќе ако не ти се допаѓаат. Во Германија се има премногу опции за учење,само ако се сака. Јас правам моментално Weiterbildungen на полно работно време со траење од 4 месеци. Е, проблемот е да се организираат и финансиите.Најлоша опција е да работиш и ако сакаш да учиш нешто ново што не е поврзано со работата,треба сама да си плаќаш(работодавецот нема да те финансира) и евентуално треба да намалиш на работа-што автоматски значи помалку пари. Под јоб центар е супер,се плаќаат и си бираш што сакаш да учиш. Германија е рај за унапредување и учење,ама за тие што знаат да го искористат тоа.
@fairy88 мене заради ректус диастазис ми рекоа дека не треба да имам трето дете и дека треба операција. И мојата операција е 7-8 000 евра ама кога ќе се решам ќе го затворам со вежбање. Само уште се немам решено. Два дена пробувам вежби за тоа ама толку се досадни мајко мила немам јас живци за толку спори вежби. Газот битно почна да ми се познава после отприлика две недели вежбам мислам. Цело време во огледало се гледам. Едвај чекам убаво да ми се познава. И некој да ме праша Џокерче вежбаш? Па тогаш пак ќе имам повод за славење кога ќе примети некој дека вежбам. Денес ем не беше симпатијата на работа ем денов за никаде ми беше. Дали што одам со таква енергија и се лошо ми се случува. Катастрофа едвај чекам да поминат 5 години за да го заборавам денов. Утре сум слободна. Среда конечно и симпатијата работи ама и шефицата што сме така скроз различни, исти уствари ама некако против мене е таа, а и јас против неа сум, жена против жена јебига, може е само до тоа жени што сме двете.
Кај нас има можност за онлајн да поднесеш јас почнав и кога стигнав за документи ми се слоши оти бараа од кита sprachentwiklung , флегеверзихерунх за децата и баталив.Додека собрав ми остареа документите како потврда од работодавач и ми е срам пак кај шефицата да се молам. Нерви и ќе успееш.А ова што веќе 3 год го зборат ќе ги намалеле годините, условите ќе биле полесни до државјанство дрн дрн они немаат капацитети да ги обработат веќе почнатите државјанства. Да најважно ти треба одма 221 евро за возрасен и по 50 и нешто за деца.
Нешто одеднаш не ми е добро психички. Некој витамин д3 да немам после овие два месеци дожд и облаци. Сакам само да лежам, мислам дека толку од моите планови и цели, дека ништо нема да ми успее, дека секој ден катастрофа ќе ми биде… Немам витамин д3 дома, немам ни сила денес до аптека да одам. Сонце којзнае кога ќе видиме. Откако сме дојдени ова е прв пат толку долго да е облачно и сиво, почнувам да се гушам, ми се плаче, како излез да нема, како само надоле да ќе одам. Дали и ќе вежбам денес, дали германски ќе учам… утре слободна сум можам таман да потажам дома на раат.
Џоки дај немој вака.Слушај има и полоши работи замисли да си на одмор и да ти е такво времето, такво ни беше на нас 2 год по ред .После дожд сонце доаѓа.Кај нас вечито е облачно . Денес одам накај работа и прв пат изгубив желба да одам на работа.Радиото што го слушав имаше вести и пак најавуваат штрајкови и не сакав да слушам и го сменив со друго радио. На ново одбраното радио почна You can leave you hat on и одма се најдов во мислите во бар со мартини во раката и тука некој ептен згоден типац ми се соблака. Леле за секунди се освестив и се чудев кој пушта ваква музика во 7:30ч сабајле.Така разочарана отидов на работа и наместо мартини морав кафе да пијам и да се задоволам со едно морген од намрштен симпатија.А каков само типец си замислив во главата , веројатно ради овие твоите Џоки што ни ги покажа јас почна да мечтаам за стриптизер во 7:30ч. Им кажав одма на кол ми рекоа да си слушам вести и да не мењам станица друг пат.
@gjoker4e кај мене не беше толку оптимистичен хирургот.Кас стасав еден период и до консултација. Вика некои работи се поправаат со вежби-некои не. Јас имам голем дијастаз,сега е малку повлечен,ама нема шанса со вежби да го снема. Оно е нормално после пораѓај,сите го имаат,ама зависи колку е растојанието,кај мене беше преку 5 см на најширокото место,оти синко беше стварно голем,плус имам попочни кила. За кожата ми кажа,тоа е како гума за џвакање.Растегни ја и после пробај пак да ја врнеш во првобитната форма.Само ако ја пресечеш ќе ја поправиш. Ама, ми беше ветил дека ќе проба да ми направи голем дел да ми го покрие касата,му кажав дека и јас работам во медицината Купи си една ламба со сончева светлина,ми ја додоа во рехата.Добра е за зимото,кога си нерасположен и малаксан,помагала против зимска депресија,заради недоволно сонце.Треба по 10 минути после станување да гледаш во ламбата,нема ув зраци и не е штетна.Мене ни помагаше. @Ava.84 и јас треба да поднесам за германски пасоши,ама ова што слушам ми иде да се откажам уште не почната,немам желба да се замарам со бирократски процедури. Не ни е јасно зошто бараат толку документи и за децата. Чекам го детето да излезе од курсот и се досадувам.
Спојлер: Се излечив хаха Одиме во маркетот до нас по сладолед и гледам ме гледа книгава. Викам готово се ми пројде. 19:43 Треба 10 минути да вежбам па 10 минути германски да учам Фактички да ја ислушам лекцијата, се веќе без знам и без курс, значи сакаш не сакаш и без курс ќе научиш ама ако работиш, се дружиш со луѓе со кои мораш германски да збориш, телефонот ти е на германски, читаш книги на германски, слушаш музика и… … Симпатии Германци наоѓаш Смрштени, немаат навика да се смеат, насмевката нивна се појавува толку често колку и сонцето во Германија, само за работа знаат, работа работа и работа, да не се знаело да се ужива еј, цело време во истата облека, штедат, некогаш сакам да ги прашам за што штедат и колку заштедиле на толку штедење… и така ама пак симпатија ми е де Туку и во среда слободен се сменил, а во градинка стомачен вирус има па идеално би било среда и четврток да имам стомачен вирус, па петок е и тој на работа. Е така супер неделава ја креирав.
Затоа ќе си бараш турчиња симпатии барем нив лесно е да ги препознаеш. Црнички, убавки, насмеанки, дотеранки, намирисанки.... муабет ти праат на кој сакаш јазик ти, на тој И лесно е да го заведеш, кажи му, не ми беше доста шо не ебевте 500години, дојди уште малку
Турчин никогаш не би ме привлекол. Ниту пријател би можела да имам. Не дека имам нешто против нив туку едноставно но гоу ми се. Имам јас симпатија од Куба ама никако да се сретнеме. Тој е тој што јас додека сфатив отиде возот. Заедно работевме и секогаш беше добар, љубезен, на шпански зборевме, слушавме латино, па дури и еднаш сами во лифт се погодивме ама јас само зборувам и пишувам, а знаци не давам, да му дадев знак сигурно ќе се заглавеше лифтот
Абе никогаш не вели никогаш . Мене првиот симпатија во животот ми беше турчин. А појма немав оти е турчин. Во мк живееше, од ист град бевме, збореше македонски, плав, плави очи, бел како снежана... и оп, дознав оти турчин бил . И го одбив . Будала Адидас.
Гумени бонбони немам никогаш јадено, не се ни сеќавам како дете да сум јадела, и пред некој купивме, цело време ми вика малава ама викам дека малиов мал и плус нездраво и секогаш ги прескокаме и ајде сега купивме, толку ми се здослади ја што пола пакетче јас го изедов, значи едно ако пробаш готово е, и сега толку многу и чудно ме боли стомак како некој предмет да имам изедено кој не може да се разгради во цревата и смета…цело време за стомак се држам ко трудна. Си викам ајде може од самата помисла те боли стомак ама не стварно ме боли многу ми е тешко во стомакот…
Ја сум убедена дека еднаш специјален поздрав ти имам пратено со гумени бомбони, пошто си ги зборела ама ете Мислам дека се од некое сало праени, нешто као благи чварки рачунај
Пребарувам на лупата април 2021 сум јадела гумени бонбони Ама не можам рвоето мислење да го најдам Сум пишала сакам да имам 36 години, 3-4 деца, маж, швалер и шкаф со гумени бонбони на добар пат сум богами
Две имаш. Тек триесет си. Таман уште за две. Имаш машко и цура ко што разбрав, значи тамам за алишта нема пари да даваш. Нека се износува. Исто овие ќе ти пркнат ептен, па ќе ти ги гледаат малите. Абе твоето ептен е реалистично. Симпатија имаш, давај знакот. Децата не е важно од кој ќе бидат. Шкаф на ибеј цум вершенкен ќе најдеш, а ние сите понекое пакетче ќе ти пратиме со гумени бонбони. Луѓе штети големи од дождовите. Поплави. А идиотите важно парите за војна ги издаваа. И сега аш аш. Да ти пиип политики. А и колку пченица ќе се роди годинава е? За леб, ко за злато ќе си плаќаме, не ми се верува до кое дереџе ќе сме. Ај белки грешам со проекциите .
Женски, да ве прашам вас што работите мини џоб. Денеска отворив боледување, ме интересира треба ја да го дадем/испратим боледувањето како копија или преку слика до шефот така? После он треба нешто некаде да го испраќа или? Лекарот кога ми го отвори боледувањето, испраќа ли он електронски до АОК? И дали за оваа недела, ќе биде исплатена платата регулар, или ќе биде одбиено за оваа недела? Стварно не знам ништо во врска со боледување во поглед на мини џоб.
Исто не се мој тип карактерно.Ама колку турски филмови изгледав на нетфликс. Мене ми се случи со еден колега да се возам со лифтот и лифтот наместо на први за да излезе тој , не застана туку така направи што потскокнавме и двајцата .Застана на втори за мене.Двајцата се уплашивме иако како млада тинеџерка со другарка во лифт ги плашевме непосакуваните удварачи.После чекав да видам дали ќе застане на први.Од тогаш колегата штом ќе ме види се ми вика со тебе никогаш во лифт. Идеално би било да сум со симпатијата и да се заглавиме ама сигурна сум дека тој пак ќе избега од мене или јас од него. Гумени бонбони не јадев ни како мала.Не се нешто за мене.Како мала ќе си ги лижнев берчињата и си ги лепев некаде на ѕид,лист,кревет ама не ги јадев. Стомак може да те боли од нив оти ствараат запек.
Читам на интернет ама единствено што сфатив е дека ќе ти е платено ако работиш повеќе од 29 дена на мини џобот… Ти дадоа боледување на рака? Им кажа дека ти треба за работа? Ако ти дале однеси за секој случај една копија кај шефот една до АОК. Ново е да се испраќа електронски на работа ама некои фирми сеуште го немаат тоа направено и сепак треба да се однесе боледувањето на работа. За најточно прашај на работа што треба да правиш. Плата обично е букирана уште на 20 во месецот за наредниот месец па сигурно цела ќе добиеш. Заборавив да кажам писмо ми стигна им требало потврда што сум правела во периодот од јули 2022 до декември 2022. А 2024та е.