Не не, ми дадоја баш тој розевиот лист arbeitsunfähigkeitsbescheinigung , со код со се дека не смеам да идам на работа. Баш после ќе го барам шефот, вчера видел боледувањето на whatsapp, ама ми немаше вратено ништо. Лекарот ми рече дека чим сум мини џоб мора ја да им кажем лично на работа само да им пратим како слика, без кодот.После они од работа демек на АОК треба да пратат.
Боледување на миниџоб плаќаат само за тие денови што те има на план за работа. Ако те нема на план, нема ни пари.
Која македонска страна да ја барам за да пуштам имејл? За амбасадата зборам? Живеам во Келн, која би ми била најблиску?
Сакав брат ми да го изненадам и да му купам карти за европското. Арно ама ми текна у 5 за 12 па на официјалната страна на уефа се распродадени. Имате инфо од каде може да набавам, освен пред стадион?
Ќути, све сум платила...освен, леле, сега ми текна- ѓубрепараси Леле кој ќе се објаснува сега. Треба да си памтам, не праќаат сметка- и како да им објаснам дека не сум приметила дека е јуни, мислев април е уште
Ние го плативме данокот. Имаше опција да се плати на рати, ама со маж ми одлучивме наеднаш да ги скратат парите. Кој ќе мисли и за данок понатака. Вака цела година ќе бидеме на раат.
Ние до сега само еднаш требаше 200 евра да платиме дека бев во елтернцајт најверојатно. Инаку 4 години земаме. За оваа сеуште немаме поднесено. Парите за ѓубре се најболно мислам 300-400 евра оваа година. Во мое село ѓубре се фрлаше во дол. Во Скопје во контењер. А сега плаќаш ѓубре што фрлиш еј! утре не е симпатијата и ич не ми се оди на работа. Може не ја сакам работата туку симпатијата ама фактички работата ја сакам и симпатијата ми е јаготка тоа на шлагот ама вез него ич не ми се оди на работа. Му викам прееска на мм да му речам на симпатијата отказ дека ќе давам што ќе рече и мм вика ќе рекол ок. Најмногу што ќе те праша е зошто ама можеби ни тоа нема да те праша. Ќе блефирам значи и ако е ладен ќе спремам отказ. Мене ми е страшно досадно значи. На новава работа кажав најчесто е 4 дена по 8 саати и имам повеќе време од претходната и плус без мини џоб и во темава здосадив. Јас сум многу брза по природа и се правам многу брзо и време на претек имам. Некогаш легнувам во 00:00 а станувам во 4:00 и ми текнува на @Bubce38 кога еднаш на времето имаше пишано дека маж и брзо спиел и си викам е ова е сега тоа треба брзо да спијам овие 4 саати Позз Бубче со не спиењево мое многу често те помислувам со брзото спиење и си се смеам самата со себеси
И за контејнерот во Скопје се плаќа, ама не си знаела Ќути, бар за дожд што врне не плаќаме уште, прочитав во Канада и за тоа плаќале Сдк барај си друга ветена земја
Се штрекнав коа се видов тагната во темава за Германија Си помислив : научија Германците дека маж може да оди во пензија веќе и сега ќе го бараат таму на работа Он сеуште си спие набрзина И синко го поднаучи така Поздрав екипо Ве читкам и овде често
Еден update од мк, многу жешко пеколно. Незнам зошто но сите ми се многу жални ги жалам и млади и стари . Сите се со свои проблеми и некако мислам дека само тонат надоле. Секој си кажува што го мачи, а неможеш да му помогнеш. И секогаш кога си дојдам знам дека ја направив вистинската одлука што живееме во ДЕ. Некогаш сум многу осамена но многу ми е подобро.
Помина распустот, раат наредниве два месеци. Писмени направени, прегледани, сега со нови сили за нови теми. Значи апсолутно права одлука што го отпишав детево од огтс. Ај што пола беа асоцијални и силеџии, туку и одма на сите три последни писмени подобри резултати. Стаса и шултутето за идното прваче. Ранец, шултуте, персонализирана маичка и зајче имаме. Уште листата за прибор да купиме што треба и играчки за шултутето. Е сега две шултутиња ќе има, едно и во градинка ќе правиме, па двете ќе треба да ги полнам. Уствари и ново фустанче ќе зедеме. И така. Догодина ќе имаме прваче, второ и третоодделенец. И Конте доби место во градинка од октомври. Што би јас со себе од 08.30 до 11.30. Притисок ми се крева од муабетот за данок, кузнее што ќе не огрее.
Ние со куќа , плаќаме за дожд што врне на нашиот плац . Незнам колку ама знам дека некоја сума плаќаме. 450 евра сите три месеци имаме давачки за вода
Чекај, ај објасни. Како тоа плаќате, за што плаќате? Кому плаќате, на господ ли шо ви пратил дожд? Оно треба да ви плаќа, на ваш имот врне, не дека вие сте го викнале Као дел од водарина ли е? Да проверам, можда и ја плаќам а не знам
Постои нешто. За испуштање на водата од дождот во канализсција. Така ќе му дојде на нашки изгледа преведено. Ама маченце, стајте си цистерна и збирајте ја, па за наводнување. И после парите директно за Украина се донираат . Долгорочно мислат ептен. Се е зелена политика . И јас ептен се радувам кога стига данокот. Си доплаќаме ние редовно, па дури и унапред си плаќаме за следна година. Изгледа ни проектираат оти многу ќе спречалиме. Ама ќе ми се фатат, сега сум невработена . Леле а нашата куќа тука како што се ажурни за небен костен, ќе ни стаасаат сметки за пелените во 2030 . Денес вакцина ммр. За допакување уште 3-4 кутии се само. Утре треба да не пренесат. Во сабота и ние си одиме. И не ми се верува дека уште едно поглавје заврши, а друго ќе почнуваме.