Ја од постоиве разбрав- ќе имало војна, со злато, сребро да се испирсаме Не баш. Јас сум мотивирана, ама све е тешко упм Еве, утре во 7 треба да станам- ич не е лесно. А мотивирана сум стоо. ..
Ја па мислам се пирсаме сите у Немачка, оти тука е тоа нормално. Никој нит ти сере, нит те гледа попреку, гледаш луѓе околу тебе, од младо до старо со пирсови, тетоважи и добиваш некако инспирација, не оти средовечна криза те фаќа... Јас летоска се видов после 5 години со една другарка што ептен се дружевме, и она е као опенмајндет по сите прашања, буквално... Ми рече здраво, и одма со пак ли во црно си се облекла, скапа у црно... И ја ко шо ме дал долниов, одма и реков уште здраво не си ми рекла, одма со малограѓански муабети. И едини луѓе кои ми серат до ден денес и тука се само наши, никој друг нит патка го боли која боја, па зашо не си носела шорц, или сандали, или па прерамки, па ова, па она. Па зимо зашо шал, па зашо панталони не носиш, па темен ти бил карминот, на женско не личиш. Абе сјашете, аман. А за тетоважи, не ми треба значење, сакам естетски убави, може и досадни ќе ви бидат. Минималистички линии, да го обележат телото симетрично... Али наредната година тоа. Иам уше некое пирсче да доставам. И тоа од увек сум сакала, па немав пари, па дојдов Немачка, и таман се намерачив, фати Короната. Сакав МК оти стварно поевтино беше, али сеа веќе нема везе каде, и така...
Јас никогаш не сум помислила на пирс. Ова на ушите во златара не го сметам како пирс. Кога нешто не те влече не те влече. А на носот десно баш кај што треба пирс да стои имам едно дупче, најверојатно од некоја акна ама не се сеќавам не знам баш дупче дупче е. Па таман да го прикријам би можело. И одма прашањето како ќе оди тоа со пирс на нос и пудра? Не смее пудра одреден период? За тетоважи имам, нит сум спомнала дома, нит тие спомнаа нешто кога ме видоа отпосле. Знам кои тетоважи, знам каде, само не знам кога. Симпатијата ми рече многу убав мотив за тетоважата не знам дали ви кажав. А он е целиот со костури и цвеќиња дека од дете слушал некоја музика и со Tod почнуваше ама од преголема возбуда и шок појма немам што ми кажал. Може знае некој тука која група е тоа или што е тоа? Со Tod почнува и уште збор два. Верувајте ми да гледав телевизија и филмови ќе имав симпатија од таму. Ама ТВ ви кажав сто пати од штекер е изваден, од екрани само фемина и инстаграм користам. Па затоа симпатија од реалниот живот имам.
Ќе го прашам сега. Планот остварен. На пауза сум сега. Го прашувам дали му било подобро на старото место или тука и вика тука и вика зошто викам онака. Вика а тебе старото или тука, викам кога си ти тука тука ама кога си слободен старото. Епа и ова му е знак мислам колку толку. Да му напишам на лист ли. Има разлика кај мене мотивацијата. Сабајле на првиот аларм станав и летав накај работа.
Мајки предлог што се подарува овде во градинка како за крај , завршеток на градинката. Овој месец завршувме со градинката, од август во школо па дали овде воопшто подаруваат. А за првиот ден во школо имам видено носат цвеќе на учителката, или пак не....? Нззз
Прв ден школо никој ништо не носеше. Последен ден во градинка ваучер 10 евра од Thalia или персонализиран чаша, пенкало, нешто околу 10-15 евра симболично за благодарност. Да не е многу скапо дека не смеат скапи подароци да примаат. Јас мислам дека книга ќе им дадам ама ќе видам до крај месец што точно моето ид малите оди во група кај големите па за тие од групата само.
Баш ми е убаво што последната година од дел од школување се подарува нешто симболично. Ништо големо и помпезно преку година за да те “запамтат”. И учителите им даваат на сите дечиња по нешто ситно ако/кога си одат. Баш како што личи за спомен. Деца комирани од 8, а и ние преморени неделава, си легнавме од 8 ипол. Да ѕирнам што има по инста и ќе се одјавувам за денеска. Денеска имаа забава во градинка. Во дворот. Сите дечиња во бели маички, секоја група на свој подиум со своите учители денсаа. Многу балони и конфети. Некогаш мислам дека сум единствена со солзите во очи кога ја гледам мислам дека можам во тој момент да се разрикам колку што ме држи глас, од убавини, од милина, од гордост, емотивност или глупоќа речете еве не знам. Ама кога и да ја гледам во некое такво издание едвај ги задржувам солзите. Аман кажете ми дека не сум единствена. По денсањето продолжи забавата со скара, пица и вафли. Весело. Сликање и снимање не беше дозволено. Секако тоа не им беше проблем на украинките да ја снимат целата фешта. Разбирам да сакаш да си го сликаш детето ама па ни срам ни перде цел евент со телефонот во раце го снимија, иако опоменати.. еве не знам… Ми пратија во пдф од биро за странци покана за термин. Истата испечатена, слики (кои стоеше дека можам и таму да ги направам) и двата пасоши да ги носам со мене. Толку. Се си мислев повеќе документи ќе треба. А на термин отпечаток треба да оставам повторно претпоставувам?! Што друго ви бараа? И картичката што ја даваат таму за да се плати. Да си носам со мене извод и венчаница за секој случај?
@Yowannty, чим одиш со покана каде е наведено што треба да носиш, мислам нема потреба да носиш ништо друго. И јас така со сите документи одам, па никад ништо не бараат. Едино тие платни листи, а се друго не ми побарале. За плаќање не знам, тука плаќам со картичка директ кај службеничката, ко на каса. Или па ќеш на автомат. Кај вас не знам како е И да, ќе треба отпечатоци пак да дадеш.
Така е. Ама се прашувам сега да не згрешив што изумив да напоменам за каква виза се работи, дека е фамилијарна ма да сигурно имаат увид, ама ми падна чудно што не ми побараа венчаница нели сешто може да се деси во меѓувреме. Се тегнам меѓу да им пишам пак и да се објаснувам или да седам раат. Се препрочитувам сега и значи стварно си комплицирам безпотреба.
За обнова на виза. Или како и да се вика, не верувам дека е продолжување.. ради промена на пасош. Сите податоци веќе ги имаат нели… што друго се прави на термин?
Околу 40 евра, слики и стар и нов пасош. И децата ако и тие имаат нов. И боја на очи ме прашаа од децата и висина.
Пиши си меил, да си сигурна, ма да процедурата за менување пасош и продолжување е иста. Еве и @gjoker4e вика не треба ништо друго. А и да треба, како и да е они ќе ја започнат процедурата, па друго ќе им пратиш по меил или пошта. Не се секирај.
Слика ти треба и новиот пасош.Мислам друго ништо не треба во писмото што ти пишува тоа. Еднаш на големата престојот и го сменија со тоа што и го шкртнаа стариот број и го пишаа пази со пенкалот новиот број и и ставија печат од аслендебехурде. Ама имавме уште од книжните престои.Овие електронските ептен комплицирани и за подигање термин треба ама досадни се.
40?? 67 евра стои. А се ми се врти дека 80 или 90 платив минатиот пат. Од ракав ли си тресат цифри? А зошто децата да ги носам? Едит. Децата ми се со грчки пасоши. Не подлежат тие на овој процес.
Ептен се изнервирав од украинките и иако не бев таму .Да бев ма имаше да им кажам и на украински и ќе им ги треснев телефоните. Мене најмногу ме нервира кога сме на македонски роденден и без да ме прашат ќе стават слика од ќерките на стори. Иако не можам да им кажам не сепак се нервирам што се без осет.Јас од моите не ставам слика па треба да почитуваш.Сликај си твое дете и ставај си. Во мк кога бевме, бевме на детска приредба во градинка во кој беше и градоначалникот.Сите беа со телефони и после истата престава на неколку профили ја видов. Ние на раб кога имавме цсо присутните потпишаа согласност дека дозволуваат да бидат сликани во групни слики кои ќе бидат за наши цели користени . Ние се сликавме со колешките и сликите не се ставени во јавниот диск во кој пристап имаат сите колеги, зошто немаме потпишано ваква согласност. Ми истече времето за редатирање