Леле јас сум како свекрва ти. Мислам тамам си е, те разбирам. Кај моите се готви секој ден, ама кај нас ретко се фрла јадење. Ние па намерно готвиме по повеќе, да имаме за два дена или да смрзнеме. Мене готвење толку многу не нервира и така и јадење што стои и по четири дена у фрижидер, се притоплува и со салата се јаде. Доста ми е за дете што мора по три пати дневно, мислам цел ден сум во кујна.
Јас па неможам да јадам ни за вечера тоа што е било за ручек и секогаш готвам само за еден оброк. А и јас до годинка многу се замарав за малата се посебно по три пати на ден , за нас тогаш ретко готвев. И од кога почнав да готвсм за сите заедно или на неа и ставав посебно без сол во мало тањирче видов колку многу сум комплицирала . Сега па друг проблем има порано јадеше се , сега бира па не сака да јаде . Во мк скоро и ништо не јадеше.
Едвај чекам да јаде како нас. Три дена парче леб џвака, ептен ми е веќе напорно. Знам дека ќе научи кај и да е, ама моментално освен што готвам, нудам и раскревам од храна за нејзе ништо друго не правам. Затоа и велам, ако сака секој ден исто нека ми ставаат на маса, само да не морам јас веќе. Туку малата ми е топла. Не знам дали од вакцината или ја настинавме негде. Аман значи. Минатата среда беше ммр и варичела. Препишувам на вакцина. Кисне веќе неколку дена. Напорно и дојде. А одењето за мк уште понапорно ќе и е, со температурата во мк. Ама нели височествата не ги поштуваш, ако не се измалтретираш до крај. И ние и децата нели. Не знам како си замислуваат дека дете ќе си отишло дома. Краставици ќе е дете дома. Дете е дома, кај што се мајка му и татко му дома. На ко што сум лута, може и да ги подберам, па после очи да не сакаат да ми видат .
Јас веќе не се осеќам ко дома а не па бебе, добро ние кај маж ми не ни живеевме дојдовме тука како дечко и девојка и останавме овде и неможе тоа да ми биде дома. Како што вели свеќи барај зимај што сакаш ова е твое дома , не неможам да барам ако нешто не ми е на видик тоа ми е како да претурам по туѓи работи. За бебе ти држам палци да се опорави побрзо бидејки мк е многу напорна , ни со клима може ни без клима искл жешко укл ладно. Секако темп за 3 дена ќе помине . Може е од вакцината може и на неа и дошло многу. А и нели во мк сите сакаат бебе да видат па и ако тоа плаче тие се упорни . Јас на сите им реков не и зборите, а сите упорни мислат таа веднаш ќе ги засака па ќе се стрча во нив. И многу повеќе ми плаче таму дури хистерично. И секој си дава за право да каже кога доеше зошто уште дои , зошто спие со нас, памперс треба веќе да се тргне, гладна е … сите повеќе знаат од мајка.
Поздрав до сите и се надевам во најскоро време да се приклучам на групава поактивно. Ме фаќаат некои паники и грижи. Веројатно бидејќи сум уште Мк и оттука се ми изгледа невозможно. Ќе споделам конкретно за што станува збор. Мм е со виза Германија и секако планира да најде стан во најскоро време. Јас сум со Бг пасош. Моето прашање е како најекспресно да го повлечам детето? Секако работа, три платни листи. Тоа ми е јасно. Читам стан на свое име исто би требало. Доколку мм во меѓувреме најде стан дали е можно на тој начин да приложам дека имам стан? Секако нели два стана нема да изнајмуваме ваљда. Ако некој е запознаен нека пише тука или во лп. Фала.
Чекај малку, јас збунка. Каква врска има ти со бг пасош и што стан на свое име? Детето не е семејство со мажот ти или како? Мислам ова со два стана ме збуни. Не дека е лоша идеја, чак што више многу добра е...ама не гледам каква улога има во процесот. Освен ако детето не е полнолетно, појма немам кој какви деца има.
Детето е заедничко секако. Ме расположи со постов. Во смисла дека јас како Еу граѓанин сакам преку мене да оди процедурата и да го повлечам. Инаку детето е 9 год.
Па не, ни јас не сум живеела кај свекрва, така што никој пат нема ни да ми биде дома. И кај моите не ми е повеќе. Си створуваш свој дом, со свој ред. Не може да ми биде дома, ако цело време треба да кажувам што следно ќе направам. Или да одговорам на прашањето каде, кога и да се поместам. Мене ме гуши таквиот однос. Не дека го прават намерно, далеку од тоа, ама ете не ми е комотно. И е баш тоа. Туѓо. За малата сме согласни и двајцата, ако не и е добро, не тргаме. Денес стварно и е тешко. Не може да спие. Сака близина постојано. Има некоја глупа температура цел ден. Не е за парацетамол, ама не и е добро. И кај нас ќе е така со плачките знам. Она свекрвите не ги ни познава. Моите е последно во февруари ги виде. Секако нема да трча по нив. Свесна сум за се, ама ајде. Нека ја видат.
Ама нема што ти да го повлечуваш детето, тоа си иде со тебе едноставно. Ти во моментот кога ќе решиш да се селиш, односно кога ќе се створат услови, доаѓате овде, се пријавувате сите на истата адреса и тоа е тоа. Праќаш документи за киндер гелд, запишувате дете во училиште, поднесува таткото за фамилијарно здравство и тоа. Нека ме дополни некој, ако треба уште нешто. За тебе дури и полесно, ни виза за ни јазични сертификати ќе ти треба.
Во принцип, тој што работи има платни листи, изнајмува стан... и после не знам, доаѓате ти и детето ваљда. Ти како ЕУ граѓанин уствари имаш право на престој, а детето твое исто, јер е дете на ЕУ граѓанин. Ко ќе се доселите во рок од 2 недели се регистрирате дека сте жители и тоа е тоа. Види овде , негде кон крај на текстот https://www.make-it-in-germany.com/en/living-in-germany/housing-mobility/housing-registration Наоѓањето стан е покомплицирано отколку твоето и на детето преселувањето, инаку од прв ден може да бидете преселени заедно.
^ Од искуство на преблиски мои, сопруг со ЕУ документи, сопруга со 5г виза, дете мораше да прави бг пасош затоа што беше одбиено за престој. Имаше право на престој 3 месеци само, откако се среди со пасошот за околу пола година отпосле се средуваше здравство и се останато. Добро распрашајте се и во амбасада затоа што и тие мислеа дека фактички дете мора да добие престој, се изненадија. Доколку се прекорочи рокот од 3 месеци следуваше казна, ми кажаа и износот ама во тој момент не ми беше баш важно, се гледаше што побргу со пасошот да се среди.
Имаше врска нешто кој како дошол овде. Ако тој со виза дошол посебно од тој со ЕУ документи, па после се споиле вајда. Како прво си се пријавил дека си дошол. Оти после изгледа не можеш да смениш статус. Ама овде има куп членки до ЕУ пасош еден родител, а друг со мк и мислам дека никоја не вадеше за дете виза. Нека се распраша. Идеата нејзина е ок, фактички дете го приклучува кон семејството на ЕУ граѓанин. А сопругот ги пријавува сите на иста адреса. Може со еден мејл до ауслендер бехурде па и да добие одговор, евентуално ако им се замара. Или еве во амбасадата германска.
Морген @Gosh црните ми беа благо речено катастрофа. Уште учам ама многу тешко ми оди да не ми се разлеат повеќе од страна. А дека црни беше поочигледно. Вчера ги скратив и ги шлакнав пак одново бледо розе, не се познава толку кај светлите. Кажи некој типс & трикс. Ми беа прилично долги и пошпицесто истурпијани ама 3 нокти ми се превиткуваа лошо на средина до срце ме болеше. Дури и при најмал притисок. Не знам дали е нормално и покрај база па два слоја лак и топ коат сеуште да не се толку цврсти и да се превиткуваат? Нешто можеби правам погрешно… Вчера ги скратив и заоблив повеќе и подобри се сеа и иначе ме болеа ептен. Таман ќе пркнат пак за две три недели па ќе се пробам пак со долги. Сподели што лакчиња користиш. Мене дека Росман ми е ептен блиску од таму земам на Семилак, ама ако има поефтина варијанта кажувај. И како го вадиш гелот? Имаш електрична турпија? Јас имам една што ми е за децава ама многу време треба пошто е за бебиња и деца и е слаба неам појма каква да купам. Не се за покажување уште ептен аматерски се и дебели Спојлер Уште не знам правилно ни убава форма да им дадам, со левата рака особено сум лоша. Сеа ми се кратки, сум изгубила осет за со долги скроз, а многу сакам бар малку подолги од ова.
Времево не знам како е кај вас овде врне Кога ке почне летово не знам Мм е со бугарски јас со Мк ама немаме деца така да незнам како е за деца,немам искуство со такви процедури. Јас никако не се осејќам дома кај свеки,не сум живеела воопшто таму ние сме гости таму,ама и кај моите сум вејќе гостинка ништо не е исто.
Јас сум дојдена преку маж ми. Другиот месец имаме термин за офентал. Една пријателка ми рече дека тоа е спојување ЕУ со нон ЕУ граѓанин. Поедноставно е со европски пасош. За помалиот син најверојатно треба да вадиме Бг пасош, затоа што е роден по добивањето на државјанството на маж ми. Полесна е процедурата за разлика од тие со виза. Времето овде ужас
Еве пример ние , мм со бг пасош е ја и децава со мк пасоши , дојден беше пред нас работа се тоа одма почна , па и ние стигнавме после некое време ( седевме кај свекрвата два месеца ) и во истиот ден како потпиша договор за стан , отидовме во општината не пријави на адреса и поднесовме за виза и одма ни а одобрија мене и на децата на 5г. Најважно е стан , договор од работа и платни листи 2 или 3 они идат као доказ нешто дека финансиски си способен за семејството. Само не ја разбрав @Tajnaotrovna дали и детето има бг пасош , ако има без никаков проблем ќе се пријаве на било која адреса на твојот или сопругот име да е неважно , битно да е соодветна големина станот. Ама ако е со мк пасош детето и станот е на твојот сопруг име он тогаш ќе го пријави на адреса па за виза , Ќе закажите термин во општина или директно одите ако се има среќа и одма може ќе влезите зависи од општина , и се тоа ќе се подаде во една ден , само имај си ги сите док спремни преведени да не се замараш , другото ќе си оде без проблем одма ќе добие документи пошто ви е ваше дете и е малолетно лице.
Ние на пример кога рентаме стан, на договорот за изнајмување двајцата стоиме и двајцата се потпишуваме. Ако мислиш дека тоа нешто ќе ти донесе, можете и вие така. Оти ти реално можеш кога сакаш да дојдеш и колку сакаш да седиш, имаш право на тоа.
@Yowannty, јас со гелХ типсови ги правам, кога ми е добар денот и за саат време завршувам. Секако си бара време да се уходаш, али многу поедноставно и не е напорно. Ми траат до 3 недели, евтини се и лесни за ставање и вадење. Се вадат така што ја прво го стругам само гел лакот со електричнава турпија ( со години ја имам, има се) и после им ставам памукче со ацетон да се киснат едно пола саат, и се одлепуваат сами од ноктот. За лакчиња, нарачувам од Али по едно евро, али и Есенс се добри за цената. Користам само гел лакчиња. Види ако ти се свиѓа, ќе ти пратам што се треба да си купиш, па ти размисли уште еднаш.
Процедурата ЕУ со нон ЕУ членови на фамилијата ми е позната и сум се распрашувала конкретно и во Ausländerbehörde. Знам точно што бараат за фамилијарно спојување. Кај нас испадна таква ситуација, на мм му одобрија виза и замина. Колку може побрзо ќе најде стан. Наскоро планирам да се приклучам откако ќе има стан. Околу станот најмногу ме бунеше да не ми бараат евентуално при поднесување документи за детето стриктно да е на мое име. Ама ете има варијанти и за тоа. Фала @јolene ќе го имам и тоа во предвид.