Е тоа со станот го изумив, пошто ние од почеток сме заедно во се пишани. Ама нели може, па евентуално и треба и тебе да те пише во договорот за изнајмување? Така некако најчисто ми се чини, папиролошки.
Да и тоа заборавив и јас , двајцата најчесто се потпишуваат во договорот за стан. Првиот што го имавме само мм се потпиша пошто приватен беше на блиски луѓе , а сега преку агенција најдовме стан и двајцата се потпишувавме на договорот. Али како и да биде и само сопругот да се потпише тој ги наведува состанарите со лични податоци. Најважно е станот да е соодветно голем и во општина да може да се пријават доволно личности колку што им треба.
Може ли и од Али експрес да се порачува јас пак некаде имав прочитано дека се царини доста , па не стигало незнам што , и не ни гледам , а во Мк порачував ситници чуда од Али. Сега само од Тему , баш пред две недели некаде ми стигна ламбата и турпија електрична , али никако да се решам да ги пробам , @Yowannty твоите се добри како за почетник јас сигурно ќе бидам трагикомедична
@Poppins, нема никакви царини, барем јас ко што знам. Последно што читав е дека ќе воведат царини, оти премногу се нарачува. Никогаш ништо не сум доплатила, работите стигаат за недела до две, и плус Тему почнаа и Пејбек бодови да имаат.
Аман веќе секој месец 10 дена пред да добијам си го преиспитувам животот. Најстрашното е што не ми штима нешто. Ама не знам која верзија од мене е реалната, овие 10 дена или таа наредните 20 дена што ќе е? Ми се плаче ама сакав да ви се пофалам нешто. Би требало да е од вежбите за газ. Стомакот многу ми се смали и вчера мм пак вика ептен ми е рамен и ми текна дај да мерам ректус диастазис и мерам 3 прсти!!! 4 ми беше скоро 5 ама викам ај 4 ќе мислам дека е отсекогаш 5тиот не влегуваше цел. Сега е точно 3 прсти. Сега јас малку и луда што сум со паметот си викав за гз ќе вежбам ама со тоа и ректус диастазис ќе се смали и поврзував мускули со мозок Мислам сигурно има некој што ме сфаќа во светов ама некој ако не ме сфаќа сепак да знаете дека функционира. Важното е дека 3 прсти ми е сега.
И јас правам нокти сама дома, гел лак порачувам од Али тие на борн претии беа добри беа по 1€ сега се поскапи. Ги правам многу долго сама но се уште не сум задоволна . Имам електрична турпија и стварно штеди на време и јас за еден саат сум готова. Но сега сакам да купам и гел да ставам. @gjoker4e те мислев зашто те нема , а ти вежбаш напорно. Што се случи со симпатијата ? Зошто не ти е веќе симпатија?
@gjoker4e, сори али што е тоа ректус диастазис и кај си ги ставаш прстите? За лакчиња, овие ги користам, мали се али покриваат од прва и трајни се, гел. Не се сушат одма и можеш да корегираш, за разлика од Есенс... Глеам сеа и ги поскапеле...
Не не , тоа се мускулите на стомакот. Се легнува на под и прстите се ставаат на стомак инаку вчера баш се разочарав ме одбија од две работни места , добро немав ни квалификации за таму но ми падна жал. Не се знае на колку места испратив бевербунг . Таму каде што можам да аплицираам бараат на волл зеит , мене тоа не ми одговара. Изгледа ова барање на работа ќе потрае подолго.
Не се смеј мури, ја се секирам за тебе, еее... @joana18, ок, значи не е толку страшно ова.... Па името нешто ректус му е, што да помислам друго. Иначе, нема можност да подлажеш на CV-то?
Јас имам родено, ама немам појма баш што зборите Мислам знам отприлика, ама не баш. Не ми треба уште една чудна дијагноза, арно ми е живот во незнаење
Мори Гош ме пресмеа. Во кола те прочитав мислам сите на семафор што чекаа ме слушнаа. Ова со лаковиве ми изгледа прекомплицирано или јас сум многу несмасна. Да ја отворам вратата од колата утрово, ми лизна раката и ми се прекрши ноктот од показалецот. Мислам сите светци ги видов. Толку сакав да изнапцујам ама морав да се праам дека се е во ред оти со децата бев. Истече и крв. Го чував прстот надвор низ прозор во кола, ради ладниот воздух па да не ме боли. Ми помина болката за среќа. Се вративме дома, дур му миев рачиња на малиот, ноктот од другата рака го набив по втор пат во болниот. Како ми иде да ги истружам и више ич да не ставам. Налет и мерак и се. Леле леле сеа кога ќе ми поцрне прстот од горе ко аутомеханичар ќе бидам во рацеве. Јас имам. Малиот има скоро 2, не е нешто многу заинтересиран, ама ја гледа сестра му па се труди. А ќерка ми скоро 5 многу ја сака кутијата. Особено кога имаме нова приказна. Ама таа и така од 1 година си вртеше книгички, многу ги сакаше иако ниту збореше ниту разбираше си мрмлаше по бебешки и покажуваше со прсте во книгите. Иначе топ е и за јазик учење мене ми го препорачаа. Искрено, јас го планирав за навечер да слушаат пред спиење, ама веќе си имавме облаче со приспивни мелодии, што секое легнување без исклучок мора да се пушти и не сакаа да го заменат. 20 минути свири и се кома уште првите 10, па ниту јас не инсистирав повеќе.
@Yowannty, па баш за несмасни е... Прво ставаш дехидратор, али можеш и со ацетон да се поминеш. Второ мачкаш база за подолго да држи. И трето ставаш од лепакот на ноктот, и на типсот, го лепиш, го печеш, и имаш готов нокт. Само да се налакираш. Ма да сега купив и полигел, па и во боја се, па да не морам ич ни да се лакирам. Ова мислам е најпогодно за по дома. Како ти е прстот? И јас сум трапава, па кратки ги носам...
Овој поли гелот го меркам некое време ама се чудам со што се остранува и на што ти личат ноктите после него?Ти сметаат ли ноктите при ставање на леките? Ќе ме нетерате и јас за се разлепшам.Нокти не сум правела со гел од пред 10 години. Кај кинезиве не ми се оди оти ги експлоатира некој за 300 евра месечна плата. Јас исто немам веќе симпатија њма во потрага сум по нов.
Јас се лакирам со Есенс лакови. Најубави ми се. Имам два Елцурина (ги има во Норма) и уште два од Росман што ги купив. Нивна марка се. Денес се лакираш, а утре се лупат. Гелни нокти еднаш ставив и никогаш повеќе. Едвај си ги вратив моите нокти во нормала.
@Ava.84, исто се острануваат. Ги кратиш ноктите, и потоа ставаш памукче со чист ацетон и замотуваш со алуминиумска фолија , и ги оставаш да се киснат едно 15 минути до пола саат, зависи колку дебели си ги направила. Можеш и да ги истурпијаш првин со обична или електрична турпија, па пократко да треба да стојат во ацетон. И после со тоа едно како стапче или со тоа за кутикули стругање само ги стругаш од ноктот. Станува гелот како течен лепак, и лесно се вади. Еве еден туторијал, имате се на ЈуТуб. Леќи не ставам, имам наочари. Како бе работат за 300 евра? Па тоа плата ли е?