Денес имав два телефоски разговори, еден по друг, и ни еднаш не се почуствував посрамено поради германскиот, па дали и што ќе кажам, па како, зборував чисто и разбирливо, све разбрав што ми се кажа... И си седам и си мислам колку уствари огромна разлика ми направи курсов, иако три недели само го одам... Која разлика и од првиот пат, каде бев пасивна, ништо не разбирав, професорите беа срање. А тука пишувам домашно секој ден, се разбирам, активна сум, се интересирам, прашувам, сакам да читам, да одговарам, си зборам со колегите без срам и стегање... А па да не правам муабет за професорката, совршена е. За една недела ќе оди две недели на одмор, а уште од сега ми фали. Колку посветено, планирано и детално си ја работи работата, колку е мирна и сталожена, па и начинот на кој се носи и облекува... И колку и јас сум поинаква особа од тогаш, пред четри години... Јес да и стресот си го правеше своето, ама и јас гледам дека многу работи и проблеми сум ги надминала, и поминала. И малце ко да сум си горда на себе.
Овој народ овде недотеран, па термин кај фризер ко за на забар да закажуваш А за на забар, ко да букираш лет за Марс Иначе, дојде лето и кај мене. Прв ден 30 степени, еве не, одвај дишеме. Крај не ни се наоѓа
Аирлија лето. Сега како што е влажно од дождот, сигурно е сауна. За забар, имам врски . И среќа сум што го имам забарот оти стварно си го бива. Ако сакаш да елаш у комшии, нема да згрешиш, ќе ти направам термин. Кој беше Џоки, она не се разбираше со нејзиниот, ја со мојот среќа се разбирам. Еј фризер најдов еден што го биваше у Штутгарт, заборавив да ви се пофалам, ама готово толку беше. Кај не го најдов порано. Сега и неишишана да додадам на списокот. Овој у мое село, многу е популарен, гужва е нон стоп, ама немам време ко порано, да закажувам месец однапред, не ми е толку битно повеќе. @Gosh и ние сме горди на тебе .
@Gosh и да бидеш горда на себе . И јас некогаш си мислам , како до сега сама работите си ги терам. Некогаш ќе било невозможно, сега искрено сум повеќе самоуверена . И сум и јас горда на себе . Прееска на лекар, ми правеа ЕКГ на срце . Некако деновиве имав чудни неритмички отчукувања. Па ме фати страв . И се тоа доаѓа од стрес . Го прашав докторот , дали може нешто да ми препорача , некое лекче Ама млада сум била , лековите ќе ме направеле зависна . Па да пробам со јога , медитација и слично
Ние сме Ауслендери во Германија и германци во Македонија.На моменти се чувствувам дека не припаѓам никаде Ама како иде времето Македонија ми е добра да ја видам две недели,ако седам подолго ме фаќа криза и ме нервира. Јас косата дома ја фарбам,имам тука супер фризерка од Македонија-кога имам потреба,нокти не смеам да правам заради работата.Од козметички третмани правев порано депилација,па сменив на ласер и раат видов. Се утепав пари давајќи за депилација без некоја огромна разлика.Сега треба да одам на еден третман пред одморот и завршив за оваа година. Македонија строго ја бојкотирам кога иде козметички третмани.Одев кај една да ме депилира и ми вртеше селачки муабети како она за чабе ме депилирала(со користен восок,што ми се згади и ми се идеше да откажам,ама ајде од срам) и од тогаш не одам. Не бива јас цела година одам со влакна за она да ме депилира. Бев на фризер еднаш,ама ми се уништи косата,оти не ми го знае влакното и после година ми требаше да ја оправам.Може да одам да ме фенираат,оти сум со 2 леви раци кога треба да ја средам косата. И од тогаш решив да не одам. Заболекар и доктори строго тука.Една пломба ме кошта поскапо,ама кога дојде ред си платам и не склучив зусатзтзверсихерунг оти многу скапо ми иде со осигурањата.За се едно нешто имаат осигурување.Последно направив пред еден месец за адвокат,оти имав немила случка со колата и кога израчунам едно 1500 еу не фаќаат осигурањата годишно.
И јас така се чувствувам дека не припаѓам ни таму ни ваму. Може ли искуство со ласерот ? Колку третмана требаше да направиш колку кошта дали си задоволна ? јас одам на фризер и шминка бидејќи секогаш имаме свадба , на фризер заборавив да одам да се шишам така да тука ќе се шишам. Нокти правам секогаш сама тука и кога си одам мк одам да ми ги прават . Лани чистев заби овој пат немав време. Всушност заборавив на многу обврски што сакав да ги направам . Сега ми се оди на море но оваа година дали ќе видиме море тешко . Инаку треба да одам да испитам крв на моменти ми се многу врти лошо се чувствувам . Може железото да ми е ниско. Но сега сум болна планорам наредната недела да одам кај матичен.
Девојки имам една молба, некој што е со фамилијарна виза да ми објасни која е процедурата после доаѓање во Германија. Јас ја земав визата во Германија сум во моментов, ама не знам дали прво во општина треба да идам или во Landratsamt. Фала ви.
@joana18 ласерот беше околу 130 еу по третман.Правев интима,нози комплет и пазуви.Комплет цело тело беше мислам околу 200 еу по третман. Имав едно 5-6 третмани,они викаа секој месец да идам.Ама јас чекав секогаш да почнат да раснат убаво влакната па ќе одев на третман. Јас топло би ти го препорачала ласерот. Или можеш да си купиш Лумеа ласер и сама да си ги правиш третманите дома. За вечно не е вечно ништо,па така и ова.Ми рекоа се додека си жива ќе ти растат влакна Па од прилика еднаш до два пати годишно треба да го повторам третманот. Многу е важно да не си била во солариум или да не се сончаш пред и после третманот.Пред оти кожата е потемнета и лошо се разликуваат влакната и после оти кожата е многу исушена од третманот и е осетлива. Јас ако правам треба до крајот на месецот да се средам,оти наредниот месец одиме на одмор и поминало времето за депилација. Инаку сега растат влакна ама се многу меки и нежни,а претходно имав ептен цврсто и црно влакно. Да едитирам додека имам време.Не сум одела на ласер од лани зимото и сега почнаа пак да растат нежни влакненца.
Дали знаете некој што работи како Steuerberater да ми препорачате или е некоја од вас, имам некои прашања во врска со платните листи. Последниот работодавец мислам дека ме има зафркнато. Мислам дека има прикривано данок. Ми уплаќал 1000е месечно оданочени а остатокот како додатоци.
Офф, не знам, ја сама си уплаќам, па не се разбирам баш... Али можеш кај било кој сметководител да прашаш, или па прашај на Фејс во групите, многу луѓе искачаат во сусрет, се разбираат... Иначе, која е најдобра банка, освен Шпаркасе? Мене ВолкБанк ми ја зборат... За дебитна сметка ми е, ништо посебно...
Кај мене од 1ви Април само на росна ганџа мириса... Иначе, нема парфем од липа... Нит па вие пијат чај од липа, а врие цела Германија липи.
Linden се вика на Германски, парфем не верувам да има, можеби некое масло или свеќа. Чај има во секој случај, мене омилен ми е пораснав со него. Во дворот имавме липа, мирисот во детството ме враќа.
@Dancewere, јас никогаш не сум нашла чај од липа, изгледа требало кај медицинските да барам... Секогаш од Македонија тегнам, омилен ми е.
А бе цела германија ви е липи не ви текнува да наберите некој цвет и да го оставите да се исуши на прозор? Фала и на вас.