Јас не ни прашав што е најинтересно Несмеам да ризикувам . Ми фуфка . Ај ќе пише може уште некоја мајка која пробала у машина. Туку ти кога ќе одиш за МК? Може ќе се сретнеме некаде
25ти јули Јас во Мк сум во тешка депресија во соба и само го чекам денот да се вратиме Кога ќе сретнеш некоја смрштена таа сум Пасош нема малиов Може со кола без пасош? Не може уствари Во амбасада ни рекоа да си го смениме планот за октомври дека до тогаш нема да излезе оссошот дека трае сега
Мене ова со пасошите ужасно ме нервира се си мислам дека кој што чини ние правиме пасош.Што се две години не разбирам.Само пари да се фрла.
Тешко без пасош да смее да патува. Ние за бебињата вадевме патни листови сега у Бон и доле ќе мора за сите по брза постапка пасоши да правиме Она смрштена не сум ни јас поарна . Мене не ми ссе ни оди но оти мораме малите да ги крстиме и уште некои работи да завршиме инаку не би мрднала . Како сега година и 4м што немам одено доле.
Патниот лист нели 30 дена важи. Кога одите вие? Од една страна си викам уште поубаво ако не излезе пасошот па и капак на се ми е да трпам 40 степени без клима
Ние наредна недела ако е здравје ќе одиме а кога точно нз . Иначе минатиот понеделник бевме по патни листови . Таман еден месец има време. Иначе товари си од овде една клима кога може мојте роѓаци да тераат столови по бус што да не една преносна клима у кола.
Јас ранецот го перев на рака со сунѓер и млака вода во када. Преживеа лани,оваа година истото го чека. Му давам живот уште една година,почнал да попушта на рабовите.Викаат има гаранција 3-4 години.Јас купив еден на Скулмоод исто 200еу. Лани прашав дали може да ми пратат екста ремен,оти едната страна на ременот за гради се откачи и синко го изгубил. Одговор им беше од невнимание и дека они не одговараат.Барем ги исперкав и реков дека тоа е детски ранец и дека синко го носи само до школо и дека воопшто не е издржлив.Затоа оваа година не прашувам ништо.Си го купив ременот екстра. Од четврто здравје ќе му купам нормален ранец,а не ваков куфер како што го има сега. Јас денеска се најадев Суши,за маж грав.Синко јадел пица на гости,се врати во 7 вечер. Има уште грав, па утре нема да готвам,ќе јадеме додека не го изедеме. Јас сум при крај со школо и уште од сега ме фаќа страв од работа Секогаш викам домашна работа и работа на работа се милион различни света. Кога ќе слушнам познаничка колку им е тешко дома,сега видов колку е тешко и затоа не ми се трга на работа Само уште пари да даваат за дома седење и ќе беше петка. А, ситно се брои.Друго е да чуваш деца дома.Ама ако одат децата на школо/ градинка имаш време за се да распоредиш и за чистење и за да си одмориш. Мене телото ми заздрави овие четири месеци,а немаше коска што не ме болеше.Желудникот да не зборам.Кафе не можев да пијам.Од кога почнав редовно да јадам се магично исчезна. Ама се што е убаво кратко трае Сега треба да си барам нова работа со нормално работно време Ај да не ве замарам со мои проблеми и да се одјавам.
Подобро ти е дома отколку на работа? Јас едвај издржувам дома. На работа немам никаков проблем. Сабота и недела едвај чекам понеделник да дојде и понедленик сите на работа потечени и смрштени само јас среќна.
Ти оти имаш симпатија. Решив да интегрирам вистински како секој германец и од вчера одам смуртена како нив.Денес сум бетер
Да ти кажам не ми се оди.Ако имам доволно примања не би помислила да работам.Не сум нервозна и избувлива како порано и здравјето ми се подобри. Ама мислам влијае и тоа што цел живиот нешто правам или учам или работам.Ама ако треба да бирам од овие две работи,тогаш ќе се фатам попрво за книга него ли за работа.Така беше и овие 4 месеци,имам онлајн предавање секој ден и испити на 2-3 недели. Да седев долго време без работа,можеби и јас ќе посакав да работам.Баш рачунав од моја 21 година постојано работам,претходно во школо. Во Македонија по пекари, конфекции,заболекари,фабрики и што ли не.Тука исто.Прво како болничарка,па сестра.До сега 15 години стаж
Добро утро мајки. Би ве замолила да ми кажете што би направиле вие во мојот случај. Ќерка ми има 4 години, 1 година оди веќе во градинка. Веќе цела година не секогаш ама некогаш кога влегува внатре, почнува да плаче, и нејќе да влезе. На почетокот мислев дека станува збор дека уште и се спие, или пак сака со мене не знам. Дури денес после една година открив што е проблемот, иако секогаш и таму и дома ја прашував што е работата но таа не ми кажуваше. Денес кога ја однесов едно дете викна по нејзиното име и јас тогаш и реков ајде мама те викаат но тогаш детето кажа уште нешто но јас не го разбрав само го слушнав воспитачот дека викна по детето и му кажа дека тоа не е убаво, и ќерка ми почна да плаче. Ја прашав дали ја закача, или нешто друго таа ми кажа да. Има страв од тоа дете. Е сега што да направам ја. Дали треба да се пожалам и каде? Бидејќи ќерка ми сака да оди во градинка, си има другарки, си игра со децата од нејзината група. Јас не се гледам често со нејзината воспитачка бидејќи јас кога ја носам таа не е тамо, туку други вработени ја примат. А после кога треба да се земе детето таа е таму, но мојот сопруг ја зима. Дали да му кажам на него да реагира или како? Бидејќи не знам тука како идат тие работи. Однапред ви благодарам. Убав ден.
@Tinkerbell11 ќе разговараш прво со нејзините учители и ако не наидеш на разбирање и ако не се смени ситуацијата ќе разговараш со главните. Јас за нашиот проблем не наидов на разбирање од страна на учителот, разговарав прво јас со него, потоа и маж ми, тој сметаше дека тој е во право и после напраив термин и разговарав со одговорната и магично се среди ситуацијата. Следна недела имам термин во ратхаус за нова картичка. Дали додека новата е во процедура на изработка ќе смеам да патувам?
Пошто ве читав пред некое време дека сами си ги правите дома ноктите и ја се решив. Имам почетнички сет од амазон и се направив како што треба, и еве веќе за 5дена почна лакот како да ми се лупи и да се оделува од ноктот. Каде е грешката а ставив прво басик кот ,па печев, па гел лакот двапати и на крај топ . Каде ли погрешив, да траеше барем две недели?
@gjoker4e како бе подобро на работа , него дома ? Јес да и дома знае да ми падне таванот врз глава, ама на работа да ми е поубаво Јас искрено се радувам за распустов . Нема станување рано , нема носење по термини . Нема домашни , нема тестови Уживанција
Ја па мислев дека не постои некој на којшто му е убаво дома. На работа си раат, нит чистиш нит готвиш нит переш нит некој вика мама без престан. Гледаат пепа пиг маливе и името на мојот симпатија го има. Викам леле и телевизор пуштив и од таму ми излезе. @Yowannty смееш со кола и со фиктион бешаинигунг ама фиктион не ни бараа никаде не знам зошто. Изгледа смееш и само со пасошот, а фиктион е за ако треба да докажеш дека имаш регулиран престој тука. @Tinkerbell11 Можеби и не е до тоа. Откако си одиш се е во ред? Ќе зборуваш, не мора со нејзината воспитувачка туку со таа на која го предаваш сабајле, па и мт кога ќе го земе. Има некои лоши деца па после одат во друго школо. Ако е претерано одат и во посебна градинка. Зборувај и дома, нека ти нацрта што ја мачи. Нормално е. Мојава не сакаше кај една вработена да оди. Сега малиов е друга група и истата вработена е таму ама сеуште се нема пожалено. Не секогаш ќе ни одговараат сите. Кажувај и секој ден да не се плаши и одма кажува на вработена и дека има лоши деца ама не смеат лошо да и прават и дека тоа нема ништо со неа. @fairy88 леле јас кога изброив12 години до сега работам и тоа првите четири години една смена факултет една работа. И две паузи со двете деца. Да можеше без престан да се работи и на трето би одела. Ама да паузирам од работа намерно нема шанси. Само ако непланирано се случи.
@gjoker4e јас не сум воркохолик,ама не сум и мрзлива. Знам и за забушава на работата,ако ми се пружи шанса. Работата за мене е извор на пари и ништо повеќе.Сум работела оти таква е ситуацијата. Секогаш викам за било која работа ние сме како крпи,добри сме кога си ја вршиме работата.Кога не не бива одма ни најдат замена. @Tinkerbell11 и јас би разговарала со воспитачката да се види што е проблемот.Лошо е кога децата мораат во градинка,а мораат. Сигурно ќе најдете некое решение.
Мораш да ги стругнеш твоите нокти од горе. Ја додека ставав така гел одма ми се одлепуваше. Ги истружив маме им е*ав и стојат. Ама ми требаа два месеца на неколку дена да ги праам дур сфатив како. И на краевите да гледаш да е што потенок слојот, оти ако е подебел исто брзо воздух пушта измеѓу. Јас сум моментално хаос во ноктиве. Сите до еден ми се испокршија и ги скратив. Реновирање и генералки не одат со нокти заедно. Сега ќе ги чекам природно оти многу се оштетени поради стругањето и сакам да пробам со последниот предлог на Гош пошо колку што разбрав не мора да се стругаат така… @gjoker4e а за со авион? Ќе ги прашам секако следна недела, ама не ме држи место.
So fikcion moze da patuvas samo na fikcion imas tamu pozadi tri nabrojuvanki na toa tretototo mora da ti e stiklirano za da mozes izlez.i vlez da pravis.
Јас добив фикцион, а после една недела добив и термин за офентал. Исто и за децата. Во четврток имаме термин. Конечно и тоа дојде на дневен ред. Изгледа има некој вирус. Малиот е втор ден со температура и со црвено грло. Не знам дали да го носам утре на лекар. Не верувам дека ќе му дадат нешто.