Srga vo edna grupa na fb kaj sto sme nie pisaa majki deka na sportski program gi perat 20min mene mi e strav da go peram ama ke probam racno da go iscistam.
Како ранец што го става на земја, го фрла,црн да го перам во машина за садови, а после па садови да миам и од нив да јадам.Никогаш. На мојата е розов и досега трипати рачно сум го перела во када.Таа не го сака веќе и јас исто , самата си посака обичен ранец и за 3то ќе добие лесен ранец ,а не ова чудо што дете се искриви цело. Знам нормално дрка шопската салата е балкански ама интересно ми е дека кол германка ја знае салатата од баба и која немала интернет и е Ози т.е затворена во источена Др.
Никаде не пишуваше каков ранец треба.Ама кога ќе кажеш школски ранец тие се огромни и тешки не практични божем анатомски.
Исто е како патики да переш во машина па после тоа гаќи и прслуци. Па као демек мора ама многу деца имаат лесен ранец од 50 евра и никому ништо. Од овој и мене рамото ме боли што го носам од школо накај дома. Сабајле мм го носи на едно рамо од дома до школо. Као демек ќе се скине тој од 50 евра ама до сега на ниту едно дете се нема скинато сите се сеуште со истите ранци и на рамо си ги носат. Тешките ранци родителите ги носат. Значи од септември ќе купам лесен ранец да може малава на грб да го носи и малиов таман без количка ќе оди и тој со ранче на грб и таман полесно да му е и на мм. Само јас ги возам децава во количка до 3 години и памперс носат до 3? Кога ќе идеме Мк тешко мене кога ќе видат дете од 3 години со памперс леле стварно ќе ми се стемни на првиот било каков коментар. Мм ми кажува едвај издржувале дома 40 степени било и јас сега ќе одам на одмор демек да се варам таму и комарци навечер да не јадат никакво средство не плмага ау цело време се нервирам од одењето
Да додадам. Многу често мислам дека нашиот мозок е така програмиран и да кога е нешто убаво и/или добро изрекламирано е автоматски продадено на нас. Ранецов реално го носат од пред школо до училница на грб. Кога одат некаде носат обично ранче. Е сега ако оди детето само пешки од дома до школо и назад па да го носи подолго. Во ред е да купи некој ранец од 250 евра од мерак. Во ред е да се купи ранец од 50 евра. Лидл претходната недела имаше ранци 50 евра. Исто изгледаа како ранец од 250 евра. А и се е квалитетно од Лидл до сега што сум купила или од Алди. Нашиот е 120 евра од Müller. Не знам дали до 4то имаат повеќе книги? Во прво има само по една или две книги во ранец и фактички ништо не тежи колку самиот ранец. Значи најверојатно книгите во школо ги чуваат. Толку значи знам леле. Појма немам колку и какви книги има.
Да. Имам пријателка која така прави. Разликата е ако попушти нешто после тоа ќе приметат и не важи гаранцијата. Ако се чисти со сјај и со вода важи. Инаку има многу голема разлика меѓу ранците за школо. Овие конкретно ергобег се најдобри затоа што најдобро лежат на грбот, ја распоредуваат тежината правилно. Ако траат 4 години се исплаќа. Има многу кои купиле од поефтините и потоа пак ергобег.
Ава и тањирите не ги јадеш. Некад ме има, некад ме има малку повеќе. Сакав да кажам колку сум среќна што останав доследна на вежбањето. Уште околу една недела ќе се околу ТРИ месеци вежбање. Интересно е што сега ги вежбам тие 10 минути и некако не ми е доволно и продолжувам некогаш 5 некогаш 10 минути плус. Е сега за некој можеби звучи смешно што вежбам само 10 минути на ден ама па ПОМАЛКУ е ПОВЕЌЕ! Ако почнеш со еден саат може никогаш да не почнеш. А 10 минути се многу малку и нема шанси да најдеш изговор за нив бидејќи поминуваат како секунда што се вика. Резултати има и радосна сум што самото тело ми зголемува на 15-20 минути. Туку само 2-3 дена до сега јадев само здраво и стомакот ми беше страшно рамен. Значи само штом изедам леб, мафин стомакот ми се дува како трудна и најверојатно нешто не поднесувам ама моментално немам време да приметувам што е тоа или испитувања да правам ако постојат. Утре знак ќе му давам на симпатијата.
Децава 4 години ги носеа ранците , јас ни еднаш не ги исправ Само ги испразнив на крај на година , да не останала некоја кутија со јадење . Протресов што имаше ѓубре и толку. Не се замарам толку за нив . Сега ќе ги треснам на таван и завршена работа. Инаку имаа од step by step . Синко завршува утре 4то. Големата завршува 6то . За малото ќе мислиме кога ќе дојде време за ранец . Кај зборевте за болести , ве исчитав сите , и синко се истури повраќајки цела ноќ Се прејаде благо и после зема данок . Децава се радуваат за распуст . 6 недели раат од рано станување. Спремање јадење
Шопската е балканска во право се Германците. Секоја балканска земја ја прави, ама името Шопска е бугарско, даено по некоја нивна планина. Ние место да ја викаме поинаку, ќе преземаме па после ќе се расправаме кое е чиво е. Што е ханд мунд фуз? Ќерка ми само што се разбуди и одма се направи утоп во повраќаници. Не можам да видам креветот во каква состојба е, син ми спие. Перницата ќе ја фрлам, другото дал ќе успеам убаво да исперам и уште поважно дал ќе се исуши за може да спие таму утре. Најважно… дал ќе излезе смрдеава некогаш?!
Ние македонците зборот Шопе го користиме за татари.Во струмичките села Шопе се луѓе што живееле во планина поточно Беласица на македонската страна за време на војните изгледа.Па мислам дека од тој народ е оваа салата .Значи народ кои живеел /живее во мк. Ханд мунд фус е вирус кој се појавува во вид на осип на раце,уста и нозе кај деца во градинка.Децата само квичат и трае една недела со тт или без.Не се третира и се појавува во пролетниот и есенскиот период.Детето пред да добие осип 2-3 дена е плачливо ,после плака од осипот и лошото е што може секоја год да го фаќа. И кај нас беше интересна вечер. Побрзу оздравување
Два пати менував навлака на душекот , два пати го пресоблеков. Ама навикнати сме, малово често знае да исповрати. Па секогаш стои едно пластично до кревет во случај да треба . Имаше едно видео со совет, се става кеса во неа се става за мачки песок и така нема мирис и лесно се чисти . Многу вируси има , како да е есен/зима.
Јас морам пак да прашам во групава. Дали случајно сте виделе некоја болница во близина на вашите градови да бараат доктори? Пошо упорно барам и се наоѓам на absage. Уште сум јас во мкд со сертификат и со документи со се. Ако знаете некоја болница пишете ми слободно порака, би била многу благодарна!
Прв пат слушам за ова шопе. Може и од таму да е. Се спаси креветот само една точка на него, толку не можам мирис на повраќаници да поднесам го спремав за да го запалам во двор. Колку беше цела утоп по неа и косата мислев којзнае што има напраено по него, ама се беше на неа и на навлаката од перницата, па така и перницата се спаси. И хелоу кити со кое спие кое ќе го фрлев ама ме виде па отиде во машина. Прошла ноќ како се чини се се спаси од фрлање. Неа до носот и е. Затнат е скроз и ако се закашла не може да диши преку нос па се и излага низ уста. И спремам сеа топла бања за инхалирање, косата и смртка, во 1 по полноќ само со вода и ја исплакнав. Со лесно и на вас и на сите други што дежураат ноќе.
Nemam raboteno vo bolnica, samo shto diplomirav lani, imam B2 sertifikat, cekam momentalno rezultati od ispitot C1
А дали имаш апробација за работа како лекар во Германија? Доколку немаш, треба првично да бараш место за хоспитација во некоја клиника, каде што обично даваат и смештај кај нив бесплатно или за многу мала цена и оброк во болницата. Во меѓувреме поднесуваш документи до ärztekammer зависно која покраина ќе бидеш, за да проверат дали може директно да полагаш за да добиеш апробација или ќе ти фали нешто.
Дада знам. Јас баш и пишувам за можност за хоспитација па потоа да поднесам документи. Знам дека секако нашата програма не се совпаѓа, мора да се дополага.
Прашувај за хоспитација на било кој оддел да може да почнеш, небитно што сакаш понатаму да специјализираш. Инаку многу од мк ги најдоа ,,дупките" тука и добија термини за полагање без нешто да се дополага, дека во МК нели скоро ,,се" од документи може некако да се обезбеди.