Ја сум општ доктор, не сум педијатар. Ако сакаш пиши ми во приватна порака за која болница станува збор. Па јас ќе ги контактирам.
Podgotvi dobro cv, motivaciono, drugi dokumenti sertifikati i slicno, preporaki, praksa i slicno. I sostavi ubav voved vo mailot. Pocni so pogolemi kliniki vo Minhen, Stutgart, Essen pa prodolzi so drugite. Nema sansi da ne najdes za dva do tri dena, samo treba dobro da gi sredis dokumentite ako nemozes sama pobaraj pomos ima luge sto toa specijalno go pravat.
Јас појма немам од медицина. Ова не се болници само педијатри има. Работа треба да бараш на граница во Швајцарија затоа што платите во Швајцарија се огромни и сите што живеат на граница со Швајцарија работат таму и затоа тешко се наоѓа персонал во Германија ама секаде би те зеле ако е на самата граница. Види на Гугл кои градови се на граница и во тие болници барај.
Не знам сеуште да означам некого, не научив тоа на форумот. Фала ви девојки на сите што одвоивте време да ми одговорите на прашањата!!!
@Selena01 Барај работа во Реха Клиники, таму имаш најголеми шанси. Не знам каков Ц1 имаш полагано општ, медицински или ФСП. Мислам дека со македонска диплома без ФСП не можеш да најдеш работа затоа што не можеш да добиеш дозвола за работа. Без дозвола за работа никој не може да те вработи. Почекај ги резултатите од Ц1 и после аплицирај во Реха клиники. Види кои се условите за работа во републиката во која што сакаш да работиш. Мислам дека со В2 можеш само како хоспитант да најдеш место во болница. Тоа не е воопшто лошо ако имаш финансии. Затоа што ќе добиеш контакти и може после ќе те вработат. И многу е важно мотивационото писмо.
Мајки што учат овде децата во прв клас? Ние од август почнуваме, па многу ми е страв како ќе се вклопи, дали ќе разбира.
@Selena01 мој совет барај по села или мали населени места.Во реха, не по акутни клиники.Во град е тешко да добиеш место за хоспитација.Таму бараат искусни доктори со средени документи.И за фахарцт е некогаш тешко по клиниките.Јас зборев со асистентите и искрено многу малтретирање ми се виде.Не можеле да работат теилцеит и една ми викаше се надевам по специјализација ќе ми понудат место да останам на одделението. Доктори нема,ама од друга страна местата за специјалисти им се пополнуваат брзо. Еден доктор само што специјализиран не му понудија место како оберарцт(тораксхирург-една од поспецифичните специјализации и ја нема како оделение на секоја клиника),албанец ама вреден и му разбираше главата.Местото го дадоа на германка што заврши 1 година после него.Виде не виде се откажа и се пресели во друг град,оти таму нашол работа.Нема врски и јбг друг ја доби работата,ако имаше цело време слободно место.Ова зборам за Берлин.
Сакав на ќерка ми да и ставам златни обетки, ама ми кажаа дека не правеле дупки на деца помали од 6 години. Да не знаете случајно дали може да и ги дупнат ушите во тие арапските или турските златарници?
На комшивчето мое тука, има година ипол, па и ги дупнаа ушите и стаеа обетки. Мислам дека баш германец ја држи продавницата, така ми кажаа. Најверојатно би можело и по турските доколку ги имаш во околина.
@everyone На педијатар во некои покраини е после 6 години. Кај нашиот педијатар може кога сакаш. Во златара кога сакаш тогаш. Златари кај нас само од Турци има. Арапи сеуште не знам да препознаам. Германска златара сеуште немам видено.
Девојки, била ли некоја на одмор во Италија со превоз со кола од Германија? Ние лани бевме во Римини, сега сакаме пак во Ит ама на некоја друга дестинација која е не толку далеку од Германија (во нашиот случај Баерн) а добра за одмор со деца...
И педијатар ли дупчи уши? Ние пробавме во мк , но не сакаше . Несакаавме на сила , тој во златарата вика една 100% ќе ставиме за втора е проблемот многу си одат само со една обечка . И не ставивме.