Ние од Хесен лани бевме во ИТ поточно во 33054 Lignano Sabbiadoro, Удине, Италија . Значи топ за со мали деца плитко е и супер ние бевме кратко но син ми уживаше. Сега оваа година би оделе пак но за жал со две бебиња од 3м не ми се трга наредната година здравје.
Ние избираме хотел и директно букираме. Ете сега баш добив понуда од еден хотел 1.666 еур за 6 ноќи полупансион. За истите услови во истиот хотел преку TUI цената е 1920еур.
Може некоја да ми објасни кога се трга во школо овде? Знам дека се почнува на 6 години, со тоа што тие што се родени во Јули и Август можат да почнат една година подоцна. Разговарав со градинката и не знам дали правилно ги сфатив. Ќерка ми сега во август прави 5. За наредна година со полни 6, ми рекоа дека менува група во градинка и ќе биде претшколска. Јас мислев дека тоа е во склоп на школо а не градинка. Фактички ќе и се рачуна како малтене сеуште да е во градинка?
Со 6 години наполнети во август, од септември ќе е Schulanfänger и сеуште ќе е во градинка ама ќе ја спремаат за во школо со тоа што на пример еднаш неделно во школо ќе одат сите Schulanfänger. Во таа година посетуваат полиција и се возат со полициска кола на пример, па пожарна и ги возат со пожарна и ги качуваат во вис на тоа од пожарната и слично. Од школото доаѓаат во градинка и ги проверуваат дали се спремни за школо, за секое дете имаше посебен термин, без родител. Со полни 7 септември ќе почне во школо. Од 5 до 6 е mittlere Kind и нив ги шетаат малку подалеку барем кај нас. И да од 6 до 7 ќе е во градинка. Мене само ме интересира дали од 6 до 7 се плаќа градинка? Не е фер за второво дете (дека е роден во Јули) да треба да плаќам градинка 12 месеци од првото повеќе? Сеуште има 4, а ти за школо мислиш. Додека наполни 6 може и да сменат нешто.
Па мислам дал ќе можам да ја вадам од градинка без проблем за шетање уште една година или две?! Се зезам. Мислев дека со полни 6 ќе почне школо. Значи официјално прваче ќе биде на 7 години.
Најверојатно со полни 7 ќе почне прво . Биди среќна. Ќе можеш да ја вадиш за шетање , штом почне во школо нема веќе шанса . Ќе морате само за распуст а тогаш е најскапо. Нема потреба од брзање за школо. Моиве се родени март , април и почнаа до 6ипол . Додека беа во градинка , кога сакав ги носев за Македонија . Уживанција беше
Во школо ако е ќе е или прваче или Vkl klasse , кај тебе ќе си е во градинка предшколска група. Ќерка ми е во мај родена , лани наполни 6 ние не а пуштивме прваче туку почна во Vkl klasse , и сега од септември здравје ќе биде прваче . Ни беше подобро да е во таа паралелка пошто ние бевме нови да се каже тука , нецела година во Германија , немаше многу комуникација на германски она , и оваа паралелка и дојде добро да се вклопе во средината , и со јазикот и баш добро ги спремаа цела година , научи доста , и вака мислам сега полесно ќе и е прваче , оти како што гледам имаат доста материјал. Пробавме и во градинка ако може да оде во предшколска група ама не а примаа , па среќа имаше доволен број на деца во школото за оваа Vkl klasse и си почна во таа , е сега малце е хаотично што се странци сите и различна возраст од 6-9год. ама некако а истеравме годината , за отсуства ако е повеќе од 3-4 дена треба потврда да приложиме со причина за отсуството , за ден два доволно и емаил да пратиме е само. За шетање има многу можности , повеќе дома слободни се одколку нашколо секоја втора/трета недела некој распуст имаат
А што ви значи ова дека кога ќе почне во школо нема вадење за шетање? Не разбирам некако нешто. Кај нас само прв ден после распуст и последен ден пред распуст не смее да отсуствува без оправдување од доктор. Секој месец скоро е школото затворено една или две недели. Јануари е една. Февруари две. Март април две зависи кога е Велигден. Мај е пак две. Јуни не е. Од крај јули до почеток септември е шест недели затворено. Септември не е. Октомври е една недела. Ноември не е. Декември една недела. Vlt klasse е само за новодојдени или деца од 7-8-9 години што сеуште не можат германскиот да го совладаат. Фактички кога сакаш можеш да кажеш дека 2-3 дена нема да оди дека секој ден имаш по еден термин. И имаш одма одмор од среда до недела. Или јас нешто не разбирам? Уствари јас секако имам само шест недели одмор на работа па не ни имало потреба да ја вадам за подолго ама пак ќе речам секој месец е затворено недела две и плус и ако е некој ден помеѓу празник и недела или сабота го спојуваат и тој. Во градинка не ги спојуваат. Во школо и нив ги спојуваат за да не ни е досадно на ние што работиме и немаме деца кој да чува. Јас цела 2024та година ја имам организирано за градинка и школо кога се затворени. Значи после 5 години Немачка научив и цела година да организирам. Тоа не личи на мене. Знаете дека до 2023та обавезно заборавав и термини и се.
@gjoker4e нема да можеш кога сакаш да одиш на одмор , туку само за време распуст , за викенд и слично . За термини секако дека смееш да го извиниш од школо , ама сепак ќе гледаш да правиш термини после школо освен ако мора да се отиде од сабајле за некој битен термин .
Не ми е јасно најверојатно дека ние ниту од градинка не сме ги ваделе за одмор. Кога се во градинка/ школо ние сме на работа. Кога се на одмор и јас и/или мм сме на одмор. Ние демек толку многу пари имаме во Немачка за одмор па и покрај оние 12 недели што е школото затворено па ќе ги вадиме и плус од тоа.
@gjoker4e епа за време распуст види колку се билетите за Македонија пример . Затоа сме оделе кога имало ефтини летови а децава биле во градинка . Никогаш за време распуст .
Мислам дека често вадење по два три дена нема да дозволат , само зо збор дека се има термин , ќе бараат потврди. Или за одмор повеќето аеродроми прават проблеми доколку сакаш да извадиш дете надвор од држава за време на школо. За паралелкава не е само за новодојдени Vkl , бар кај нас е така , кај ќерка ми има деца што баш добро разбираат германски , и се долго време тука, ама ги вратиле назад во оваа паралелка од други причини , па у тек на годината ги пуштаат по соодветните паралелки , некои и ги преместуваат скрос , а некои си се враќаат пак во vkl. Пр познаваме и лично едно моме добро е вклопено и разбира јазикот но и од септември нема да а пуштат во соодветен клас туку ќе си биде во vkl пак , па ќе а следат уште и во тек на годината ќе добие премештај. Малце им прават хаос со шетање лево десно по паралелки и на децата , али валјда гледаат подобро они таму. Внуците мои дојдоа исто ко нас , тие си почнаа директно во паралелка соодветна , им дадоа месец два време да ги следат , се покажаа добро и си останаа во нив . А од германски ништо немаа знаење. Кај нас скрос подруго , секоја покраина различна политика со училиштава
Има ли некој купено кујна од икеа? Колку бргу одеше испораката и они ли монтираат или мора сам да си бараш некој? Или некој да има набавено кујна до 5000еу од друго место што е ок и е задоволен?
Ама мене не ми е јасно, градинката е затворена шест недели и ние имаме шест недели одмор на работа и мора во тие шест недели. Само ако едниот е невработен и ги чува децата дома тие шест недели па другиот да може да земе одмор додека е градинка/ школо отворено. Или двајцата ако се невработени. Двајца вработени родители нема шанси да одат на одмор додека е градинка/ школо отворено. Не знаев дека некој на аеродром би контролирал тоа. Кога ќе ми текне дека Мк е преку ден 40 степени, а навечер има комарци… јас се оболев месецов од помислата дека ќе одиме. Не знам како да го сменам штимунгов. Ова сериозен проблем е што некои зборови веќе не знам на македонски да ги кажам. Некогаш му кажувам нешто на мм, му прераскажувам фактички на германски дека на германски се одвило нештото, а он не знае до толку германски и вика ништо не те разбирам кажи на македонски, а јас не знам на македонски некои зборови. Не ми се веруваше дека ќе дојде вакво време, а отсекогаш се нервирав кога некој не знае да каже некој збор на македонски и го кажува на англиски ако е преселен Австралија на пример или на германски. Ама цело време зборувам на германски, единствено со мм и децава македонски дома.
Мене ме интереира како го организирате времето кога градинката / школото е затворено за време на распусти? 6 недели одмор секако не се доволни. @gjoker4e ти спомна дека цела год ти е организирана па ме интересираат мислења секако и од други. Велиш не сакаш во мк да одиш па зошто не одете некаде на море мора ли во мк да се оди за време на летниот одмор ? Мислам веќе кога имаш промени во расположение и се. И јас не сакам да одам но има свадби блиски што мораше да се оди. Секогаш кога си одиме имаме некои дешавки. А секако дека кошта многу кога одиме во мк потоа и на одмор …
Градинката е шест недели затворена и јас имам шест недели одмор. Додека беа и двајцата во градинка сме немале никаков проблем. Школото е затворено 12 недели и јас имам тие недели одмор од понеделник до четврток, а мм секој петок сабајле е слободен за да може да работиме и двајцата. Од понеделник до четврток обавезно еден ден е празник па ми остануваат денови. Ви пишав еднаш како совршено ги изделкав и распоредив моите шест недели одмор низ цела година. И пак имам три цели недели сега.