Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.025
    Допаѓања:
    36.330
    Пол:
    Женски
    Со мене имало букви и бројки што не знаат, азбуката не ја знаеја, и сите што не знаеја односно имаа 2ки за колку да пројдат се запишаа медицина. Ние што имавме добри оценки Гимназија.

    Инаку тука и градинка се повторува последна година нели?? Ако не се спремни за во школо, одат уште една година во градинка? Затоа и ги тестираат во градинка.

    @Ava.84 Дојди романот да си го допишеме. :rofl: Утре симпатијата е и колешката што нему му се свиѓа ќе биде. Ќе биде интересно значи. Џокерче eifersüchtig ]:)
     
    На mal.ecka, Ava.84, SummerGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  2. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.025
    Допаѓања:
    36.330
    Пол:
    Женски
    Во пензија. :cash:
     
    На Ava.84 и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  3. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.565
    Допаѓања:
    8.017
    @Chantal знам дека ти е тешко,ама мисли позитивно.

    Синко кога почна во школо немаше никој познат,освен едно дете од градинка,ама од него се плашеше некако(сега тоа дете му е бодигард и го штити од другите).
    Во градинката беше ептен затворен,оти ја менувавме еднаш заради преселба и му дојде како шок.
    Колку ли само непроспиени ноќи имав,си викам што ли ќе биде со него.
    Па и учителката кога ми кажа дека се двои од групата и вика треба да работиме со него да не биде аузенсеидер,мислам на плачење ме тераше.
    Ама со тек на времето се среди,си најде двајца подобри другари,еден германец и еден хрват.
    Со мајка му на хрватчето си заживеав и приватно многу.
    Во градинката се дружеше само со две деца,ама сега немаме контакти.
    Со едната се дружев приватно,ама ме нервираше се го воздигнуваше син и.Маж ми не можеше пак да ги смисли двајцата и се викаше овој не му е другар.Имаше многу иксови пред комплетно да пресечам.Последно е што имавме контакти за време на прво оделение и ме изнервира кога го видов синко како стиснат го земам од другар му.
    Обично не збори и не раскажува што се случило на картата веке поминало,ама овој пат се отвори и ми вика дека другар му му кажал да застане пред него.И он застанал оти мислел дека ќе го слика,ама овој го снимал видео и го удрил со клоца меѓу нозете.
    Леле мене кога ми се стемни и се јавив на мајка му и викам види си ги видеата на телефонот на син ти.
    И она кокошка една ми се јавува и ми вика па не е толку лошо,јас полошо замислував,они си само играат.И реков епа треба ли шише во глава да му тресне да изгледа полошо и она па син ти треба да има самодоверба да каже што му смета и да се пожали на мене.
    Е, дури тогаш ми се споија жиците и и реков ти со овој став он нема да дојде да ти каже,оти како што сега на мене ми пред малку кажа моето и тепано и пак е криво.
    И прати демек порака за извинување и дека му забранила јутуб.
    Ама пресеков и викам поубаво без ниеден,него ли со ваков другар.
    Овој му ја бутал самодовербата,ама мене ми требало време да го сфатам тоа.
    А, мајка му ќе се изедеше за школото на синко.
    За малку ќе тужеше демек и син и да отидел во истото школо,ама адвокат им кажал ќе тужиш ама тешко да добиеш.Ние сме еинзугсгебит.
    Јас пак се утепав нервирајќи,како Шантал,нема да биде со другарите и нема познати.
    Во класот на синко се збирски деца и на пола и више клас не им е школото еинзугсгебит,ама се влезени со врски и пари.Сите се богати според мене.Кој има еден ресторант,кој цела зграда осигурителна компанија,кој ланец ресторани.Таа една што ја мислев дека е вработена како хелфер на шалтер(си викав те колешка од медицината), се испостави дека е хно доктор со пракса(facepalm)
    А, јас па викам ти нели си мфа.Она зборувала за нејзините вработени,
    еднаш се сретнавме во трговскиот и пиевме на иста маса пијачка.
    И заклучив јас и маж ми сме работничката класа:P

    Сакав да прашам ги праќате децата по летни кампови?
    Кај нас не е баш летен во Септември е,преку пливачката школа.Многу убава група на деца се.Машки и женски и супер си играат пред пливање додека чекаат да почне часот.

    Инаку ништо од натпреварот не освоивме ништо,ама супер за искуство.Добро е што барем 2 дечиња од неговата група освоија медали.Да е поттик за понатаму.Имаше камери на стартот и многу дисквалификуваа заради грешки.Еднаш и синко го дисквалификуваа не го допрел ѕидот истовремено со двете раци.
    Ама многу чекање цел ден утепавме таму,преку 800 души беа учесници.

    Само да пишам за зојгнисите.Јас су задоволна,ама може малку повеќе да посветиме внимание на германскиот.Татко му не беше задоволен баш со оцените.План е со комшиката,синко и преку лето да иде кај неа да чита.
    Заклучив тука нема скрозодлично дете.
    Во Македонија па сите се скрозодлични знаел не знаел.Затоа тие од Македонија со факултетски дипломи ќе бидат шефови на нашите од Германија-тоа преска се зафркававме со другарката.

    Туку да си легнам утре иде другарче на гости кај нас(waiting)
     
    Последна измена: 19 јули 2024
    На Gosh, Chantal, MacenceEna и 2 други им се допаѓа ова.
  4. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.842
    Допаѓања:
    40.121
    Пол:
    Женски
    Да да , во Македонија сите имаа петки . Со мајка ми на крај на годинава и кажувам за децава за оценките. Дека синко покрај тоа што на сите тестови единици вадеше , германски му ставиле 2ка. Зашто ракописот не му бил добар . Ликовно исто 2ка и спорт 3ка заради пливање.
    На мајка ми и викам , што прават капацитетите ( на братучетка децата ) го донесоа ли сите 5ки?
    Значи нереално се оценувани и од ракав се ставаат оценки .
    И после истите ќе завршат факултети, со знаење , без знаење .. колку да се рече .
    Овде барем се оценува реално .

    Летен камп по фудбал, една недела на крај на распуст ќе оди синко .

    За другарување , децава од година во година ќе менуваат пријатели , некои ќе останат подолго време , некои сами се селектираат. Посебно кај женските , кога влегуваат во пубертет . 12 , 13 години , се менуваат скроз .
    Не е страшно , не се венчани за нив . Низ тек на животот ќе сретнуваат нови луѓе , со некои ќе се здружат , ќе останат долго пријатели . Некои за кои си мислел дека ќе трае подолго , ќе се увиди дека нема да трае долго .

    @fairy88 убав пост си пишала . Со кафево те исчитав . :inlove:
     
    На Gosh, Ava.84, danichap и 2 други им се допаѓа ова.
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.205
    Допаѓања:
    36.674
    Пол:
    Женски
    Моите јунаци од септември ќе учат во редовна паралелка. И во друго училиште. Среќа што во исто училиште ќе учат. И бесплатна автобуска карта ќе добијат. Од одделението на помалиот син само едно дете ќе оди во истото училиште. Се надевам дека што побрзо ќе си најдат другарчиња. На помалиот криво му е што ќе си оди. :( Јас мислев дека ќе учи во училиштето кај што е брат му, ама немало место таму. А поголемиот е префрлен во истото заради брат му. Тука кај што учат нема толеранции. Некои деца ќе повторуваат дојче класе затоа што не знаат доволно германски.

    Уште наредната недела часови и после распуст. Едвај чекаат. Во август одиме за Мк. Скоро цел месец ќе седиме. И на одмор ќе одиме. :D

    Маж ми е за ќотек. Постојано му кажувам да учи јазик. Кај и да оди јас се влечкам со него. Преку глава ми е дојдено. :x
     
    На Gosh, Tajnaotrovna, Ava.84 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.842
    Допаѓања:
    40.121
    Пол:
    Женски
    Брат ми живее овде веќе 6 или 7 години , јазикот онака да се поздрави само, нешто знае да каже ама за толку време живеење овде не научи многу . Ама како ќе научи , кога живее во зграда со Македонци , работи кај македонци , дома со снаата слушаат и гледаат само балкански канали . Нема самиот желба да научи .
    Снаата живее исто година дена овде , ај малку време е . Ама им се чудам на паметот , да не се заинтересирани да научат јазик.
    Се наоѓаат некој кои им помага при документи пополнување.
    Веќе дигнав раце , и не му зборам да научи германски , да може подобра работа да најде
    Не се мали деца .
     
    На Gosh, mal.ecka, Ava.84 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.205
    Допаѓања:
    36.674
    Пол:
    Женски
    И маж ми нема желба да научи. Работи со балканци. Му викам Еден ден ќе ти треба за работа. Он ми вика Тогаш ќе мислам (facepalm)

    Јас не знам сто посто, ама можам да се разберам. Повеќе на англиски комуницирам. Документи јас пополнувам. Маж ми не знае. Му викам Гледај и учи. Еден ден ќе треба сам да одиш. Ми вика Тогаш ќе барам некој за тоа. (facepalm)

    На една пријателка маж и не сакал да научи јазик, ама му дошла потреба и научил. Му требало заради работата. Самиот кажува дека многу му е полесно. :D
     
    На MacenceEna, Chantal и fairy88 им се допаѓа ова.
  8. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.565
    Допаѓања:
    8.017
    Па затоа викам дека тука се реално оценува.На синко другарче(хрватот) е капацитет.И изразување и читање и пишување,решавање исто.
    Ама социјална компетенција е полош него ли синко,за спорт исто не го бива.
    И баш зборевме со мајка му,вика нема дете што за се го бива.

    Во Македонија,да не се навреди некој ако е со факултет тука:?:,
    многу е полесно за оцени.
    Има стварно учени и капацитети,ама 20-25 % нека се.Не може со сите петки цела паралелка.
    Гледам по братот на маж ми.Има 3 девојчиња исти клас одат.
    На едната и стварно оди школото,другата некаде средина и третата има проблеми со изразување и памтење(нешто слично на син ми не е навреда,туку вистина).
    Ама сите се со сите петки,и сега која е мотивацијата на првата кога сите добиле исти оцени.
    И верувам дека сите ќе завршат факултет.Само знаењето нема да е исто кај трите.
    Така е во Македонија тато адвокат и дете адвокат,мама доктор и дете доктор.

    Тука сфатив е нормално да се повтара година ако не те бива,ако 2 пати не положиш завршен испит,нема диплома и ќе ти пропаднат годините што си учила(една германка не положи завршен два пати за сестра и сега е помошничка).

    Маж ми научи германски да се разговара нормално.Од тогаш не работи за балканци и се спасивме од збрки и проблеми од такви луѓе.
    Пишување не му оди,од оваа година пробува да пишува,ама користи гоогле транслејт.

    Вчера ме насмеа,место schön Abend, гоогле преведе Schön Abendessen.
    Вика па дебел е одговара му...
    Му викам вакви ли мејлови и праќаш:rofl:
    Битно се труди,кој сака ќе научи.
    И моето пишување беше далеку од сјајно на почетокот.Сега е во ред.
     
    Последна измена: 19 јули 2024
    На Gosh, Ava.84, danichap и 3 други им се допаѓа ова.
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.205
    Допаѓања:
    36.674
    Пол:
    Женски
    Маж ми е во втора фирма. И на првата фирма газдата беше балканец. Подалеку од балканци. Сите се исто ѓубре. Затоа го терам да учи јазик за да може да работи во германска фирма.
     
    На Gosh, fairy88 и Chantal им се допаѓа ова.
  10. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.684
    Пол:
    Женски
    Прво да ви кажам малце се смирив, ќе биде со Матијас. Искрено не ми толку важно за девојчето но ете сметам дека не е вер сите добија кој напишале само моето дете не. Плус ја прашав мајката на Матијас рече не напишале него усно кажал маж и да биде со синко. И ќе се нервирам уште деновиве знам ама гледам пред него да не покажам вчера среќен беше.
    Друштвен е ама имаме проблем со спортот, ај што почнува се откажува почнаа другарите негови на игралиште да играат фудбал и кога ќе играат дудбал го викаат ама он не сака се лути и седнува кај мене или плаче или седи лут, се плаши да проба зошто некој му кажал дека не знае да игра фудбал ( има деца кој што баш добро играат, ама има и деца што нзнаат воопшто па играат). Ајде и тоа ќе се надмине.

    За јазикот јас со години си терав со англиски, српски -хрватски околу мене. И се преселивме подалеку не знаев никој прашај за англиски никој не знае и морав да почнам германски и многу ми е поубаво и пријателите ми се многу по погодени кога не ги бирам на база на тоа кој јазик го зборат. За пишување пишувам по вацап со други мајки и со шефицата, а за важни мејлови го чекам мм се уште.
     
    На Gosh, Yowannty, Ava.84 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.025
    Допаѓања:
    36.330
    Пол:
    Женски
    Имаат и оценки прво одделение или само напишано со зборови?
     
  12. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.842
    Допаѓања:
    40.121
    Пол:
    Женски
    Само текст .
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  13. joana18

    joana18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    802
    Каде е @јolene ја нема да даде абдејт од Минхенот ? :D
     
    На Chantal му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.051
    Пол:
    Женски
    Цело време не мотаа од доктор на доктор, ништо не, ова е, она е. На први симптоми да одиш и да те мотаат месец дена. Сами на грешка го најдовме проблемот кој е пресериозен. Пошо сами баравме да се испитува она или ова, уместо матичен да не препраќа и уште на крвна слика и анамнеза да процени што поточно да се испита.

    Ние да гугламе и да глумиме доктори и да се сомневаме во дијагноза која сите ја игнорираа, а реално постои. На жалост, бевме во право. Многу е болна мајка ми, а тие ни дијагностицираа депресија. Во трка сме со времето и не знаеме уште колку може да купиме.

    Не знам како ќе го поминам ова, многу е лоша прогнозата. Претешко ми е!

    Некој ако знае добри, екстремно добри онколози во Скопје, пишете ми. Сеедно е дали приватно или државно. Денес сме на дигестивна. Ќе мора биопсија. Не можам да поверувам што се случи. Не можам да се соочам, во шок сум!
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.298
    Текст.
    Се сеќавам лани другарка ми го прати текстот кој го добија за син и.
    Беше толку двосмислено, толку тешко да протумачиш што сака наставникот да каже.
    Буквално во секоја реченица имаше скриена маана/критика:D.
    Се сеќавам пишуваше извежбани текстови многу добро ги совладува и чита. Јас и викам види, супер.
    Вика не, значи нов текст не знае да чита и е слаб:rofl:.
    Еден куп вакви имаше:D.

    Кај нас петок ќе даваат. Наставничката им е премногу строга :(, последниве недели правеа три писмени математика, две германски и една ХСУ. И нормално дете утна една, лесе пробето, возрасен ќе се скрши под толку притисок, не дете.
    И после не сфаќате учење сериозно, а писмена врз писмена:@.
     
    На mal.ecka, Ava.84, MacenceEna и 2 други им се допаѓа ова.
  16. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.565
    Допаѓања:
    8.017
    Е, на ова мислам.
    За другите земји,не зборам само Македонија,Либија ,Мароко,Турција и дритланд што викаат германците,се ставаат оцени од ракав.И се факултетски образован народ таму.Тука пак фали ваков персонал и од таму увезуваат.

    Јас кога бев на курс германски,сите беа доктори или инжинери.Сите преведоа дипломи.Битно имаш шајн што викаат германците.

    Тука не ставаат толку акцент на студирање.Се водат по девизата не може сите да бидат факултетски образовани.Таква е и земјата,каде факултетското образование не е предуслов да успееш во нешто.
    Во сиромашните земји и вклучително Македонија,без факултет тешко да успееш.Затоа и се форсира.

    Не може некој да ме убеди дека германците се прост народ,оти они изградиле држава која е појм и пример за другите земји.
    Дека на многу им фали амбиција, тоа е точно,оти и со обична работничка плата имаш нормален живот.

    П.С.Една пријателка вика во Германија децата ѓи дресираат како кинески кучиња:rofl:
     
    На Gosh, danichap и Chantal им се допаѓа ова.
  17. Masnickaaa

    Masnickaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2011
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    933
    Пол:
    Женски
    Здраво, би сакала да прашам, дали сте ваделе млечни заби на дете со целосна анестезија? Или сте успеале некако да го одложите вадењето?
    Страв ми е од целосна анестезија кај дете.
     
  18. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.298
    Немаме вадено.
    Големата, на возраст помеѓу 3-6 три пати беше под целосна, малата на возраст од 6г беше под целосна. Имаме супер искуство.
     
    На Masnickaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    5.651
    Пол:
    Женски

    Ние имаме вадено така , поназад имам пишувано , бев скрос паники како ќе биде успана ама се помина многу добро , од анестезиологот презадоволна , имаше доста расипани заби па болки еден тон често , на ќерка ми со тоа и олесна се среди и сега убави забчиња има.
    Си беше под целосна анестезија и поправија , извадија 4-5 заби , круни и ставија на 4 а средија скрос , беше 45минути до час под анестезија , кога се разбуди пола саат беше малку зашеметена само, ништо друго ни болки ни проблеми немавме , за брзо почнаа трајните забчиња да излеваат и супер си тера све , сега доле и се клаца еден млечен ама малку ни дадоа време да не ќе и падне сам , ако не треба да а однесиме да и го извадат они , оти смета на новиот заб што треба да излезе , ама тоа сега ќе биде брзо и со спрејче само .
     
    На Masnickaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.803
    Допаѓања:
    33.747
    Пол:
    Женски
    Мајка ми пред 12 год имаше рак на матка.Само со хемотерапија и зрачење се излечи.За неа најдобра докторка е Славица Силјановска на онкологија во Ск државно.Мајка ми не е 100%сигурна за името.

    Ви пуштам сила и многу среќа се да биде добро:hug:.
     
    На Gosh, mal.ecka и Chantal им се допаѓа ова.