Тука сум Јоана, ама не знам кај сум уствари . За Минхен извештај нема, уште не сум тргнала во шетна. Сега засега сум само по наше маало што морам да испазарувам и дете да прошетам. Некако неосвестена сум. Уште сме со кутии насекаде, де до мк, де болни, роденден славевме, на работа тргна маж ми. И никако да се средиме. Важно балконот наместивме и таму се чила. А и најбитното, градинка од ноември . Уште побитно градинката на 5 мин пеш. Поима немам како добивме место. Мене не ми се верува, ама ете договорот е тука, уште да го потпишеме ние останува. Сакавме од денеска сезоната со езерата да ја почнеме, ама не бидна. Заврна додека се спремиме. Не знам дали постои друг град со толку многу езера за бањање наоколу. Уствари дојчовци, они и во бара ќе се избањаат. За деците ве прочитав и малку страв ме фати од се што иде. Стварно како растат, така и предизвиците се поголеми. Повредени чувства, скршени срца, се ќе треба да се помине. Времето лета. @Lianna Anna се надевам се ќе биде во ред. Ви посакувам многу сила .
Помина денот и баш ми е убаво. Бевме до Полска и успат застанавме на една плажа и седевме до вечер. Си минавме преубаво,дете се заигра со непознати деца,па се прскаа со пиштоли цел ден.Јас и маж уживавме под сенка Маж на одмор,јас последна недела со школо(не е многу 4-5 саата сабајле) и кога мислам после што ме чека на работа ми се темни Цело време си мислев што да правиме оваа недела кога и двајцата сме дома,излезе дека си најдовме занимација.Да се сретнеме со луѓе што од поодамна не се виделе.Синко на роденден кај братучетка му во сабота,да се види со другарчиња од школо и дошол одморот.Во недела летаме за Хрватска на една недела. Утре пак испланиран денот,требаше да оди кај другарче да плива во базенот.Само мајката не се јави. Мислам нема веза,она секако е болна и со антибиотик и реков дека не мора да се дава на зор,може и понатаму да се сретнат. Па спонтано видов еден точак за детето на ебау,па утре да одиме да го видиме.Малку е усвета,цел саат возење во правец. Мислам секако ми се исплаќа,нов точак со 7 брзини и сите тркатанци ме фаќа многу скапо,онака го земам на пола цена,а може и да и го уште намалам.Па пак го продадам исто или нешто помалку. Таму пак езеро во близина и му викам на маж одиме,таман пак на плажа. Овој мојот па одма се накостреши,е денеска плажа мора ли и утре.Му реков ако не ти се седи,ќе земеме точакот,ти врати се дома со јавен,секако е саат и нешто и со него возење,јас и детето ќе се вратиме со кола,оти ќе биде товарена. Го слушам му вика на синко,оваа мајка ти многу паметна Значи и он сака. Истата приказна ја слушав кога викав ќе букирам за Рим пред 3 години,вика седи дома да чистиме и белиме,кај ќе одиш.Му реков јас и детето ќе летаме,а ти можеш на раат да си чистиш и да го белиш станот. Па виде не виде,дека сум сериозна и магично се предомисли. Мажи... Е, не утре пак 30 степени јас дома ќе киснам,после ќе почнам да рмбам викенди и оп поминало летото. Затоа пак се засукав да спремам за утре.Ќе направам компир салата од вечер, таман имаме фрижидер. Не ми се јаде веќе готова(купечка) храна,овака купив овошје зеленчук,ќе изсецкам во пластики и имаме јадење за цел ден. Они денес на жешкото не се ни јадеше.И си мислам ние букиравме во Хрватска полупансион и сфаќам дека тоа е најдобра опција со оглед дека на 40 степени и алл инн секако нема да можеш да јадеш. @Jolene честито градинка,баш добро што си нашла во близина.Ние две градинки меневме заради преселба и двете беа на 3-4 км од дома оддалечени. @Lianna Anna пушта среќа побрзо да помине и да најдете добар доктор
@Lianna Anna не знам доктор, сакав само да ти дадам поддршка и да ти посакам најдобар можен исход. Добро утро Сакав да го пизмам комшијата, ама ај реков на поубавата тема. Ако сте во близина и околината Хесен, а особено Северна Рајна - Вестфалија и сеуште не сте биле во Вупертал во зоолошка е must!!! Онаа во Франкфурт може вода да и носи. На околу 20 км од Вупертал е, ама вреди секој км. Неверојатно убаво средена, огромна, со многу животни, има неколку места за деца, клупи насекаде за одмор оти е баш се обиделе да ги доловат природните хабитати на животните па има доста угорници/удолници. Таму е и најголемото живеалиште на лавови во Германија, има и џуниор зу и Индијана Џоунс авантура одење по мостчиња кои се нишаат, ама се целосно безбедни. Кој сака да прошета деца ќе бидат пресреќни. Сигурно требаат минимум 4 часа се убаво да се разгледа. Само изберете не толку топол ден.
Ние вчера бевме на базен малата пресреќна, од вода неможевме да ја извадиме . Денес врне нема излегување барем засега. @јolene браво за градинката честитки не сум слушнала некој во експресно време да најде стан во Минхен па и градинка . И јас морам да барам нова градинка за над 3 . Но некако нема можности сите се до 13ч. Или до 12 да ја земеш па во 14 да ја носиш до 16ч поголема глупост немам слушнато. А ја качија од Септември како да малку плаќаме ние во ВW.
Затоа секогаш велам дека некој кога ќе рече нема шанси стан да најдеш во Минхен, само речи му: гледај ме! Нас немаше кој не ни немаше речено да се вратиме Македонија јас и малата (1 год бебе). Стан немало шанси да најдеме. Градинка немало до 3 години (нема кој не рече, и никој во комшии не знаеше дека градинка постои за деца од 1 година од скоро). Сега сите ги запишаа вторите деца од годинка во градинка. За новава работа исто. Шефот рече за две недели ќе сум барала на старата да се вратам и колешките на секое гледање ме прашуваат дали сеуште работам. Кај нас требаше да врне и 23 степени да е и сабајле гледаме прогнозата нема повеќе дожд и 30 степени. Преку ноќ се сменила прогнозата.
Женски... Се дава нешто на учителките за крај на година? Во петок ќе им ги даваат свидетелствата и ќе ги испраќаат оние кои веќе нема да учат во тоа училиште.
Муабет за градинките го знам од роди нема градинки само над 3 год , има но треба да си платиш. А за стан бе место да помогнат сите сеир гледаат и коментираат. Да тешко е но не е невозможно.
Здраво. Не сум Германка ама во комшиите сум ви па мислам може да ми помогнете Август одиме Турција на одмор па ми остана уште нешто лекарства да докупам. Сируп за алергија (за бебе 20 месеци) и апчиња за алергија за мене (нешто слично на лоратадин) од кои зимате?
@Lianna Anna, биди силна. Со лесно да и помине. Сакам да преведам диплома од средно... Дали само дипломата ми треба, или и сведителствата? И каде може човек за поефтино да преведе диолома во Немачкава?
Мене ми ги преведоа во Македонија пред неколку години . Само дипломата мислам дека . Во Германија можам да ти дадам контакт од преведувач . Колку зема , незнам .. можеш да прашаш.
Занчи дипломата само... Оки, фала ти. Имам контакти иначе, ама фала ти во секој случај. Знам дека некој ми спомна некаде било поевтино, во некоја институција или здружение, па затоа прашувам. Ма да може и грешно сум разбрала.
Дај боже никаква ама ќе одиме за Турција па да носам нешто за секој случај. Порачав веќе од мк ќе ми донесат
За печат за некои работи ставаат во општина за 5 евра. Ако не е информиран вработениот на среќа можеш и за нешто што не ставаат да ти стават печат за 5 евра, мене така ми ставија наместо да плаќам 80 евра на нотар требаше.
И јас знам дека само дипломата се преведува. Какво е времето кај вас? Овде многу врнеше. Мислиш невреме ќе има.
Секој ден шетам по шорцеви, сукњи, гол стомак, шминка убава… и денес на 30 степени со фармерки излитени, стара блуза, една торба од школо, една торба од градинка, ранецот од школо од малава, шминка распадната… и ете ти го симпатијата од претходната работа. Прво реков отвори се земјо голтни ме ама ништо и мораше хало да си кажеме и да чекам сега 5 години да поминат да заборавам во кое светло ме видел. Не е можно значи!!!!! Текстов во свидетелствово е до толку глуп или јас очекував премногу. За се пишува дека знае ама некако знае да собира и одзема до 20? Не ми е јасно. До толку само треба да знае или? Знае она и повеќе ама напишано е некако, а не знам дали постои подобро од тоа. Јас не знам што треба да знае за прво. Повеќе како за градинка е напишано. Дека се дружела со децата, од почеток ги следела правилата на школото… се нешто така, без чувства напишано. И купив цвеќе и боици за свидетелството.