Баш сега читав. Би требало да ни одобрат. Ама кога ќе се вработам јас Деца испратени во школо. За еден саат ќе одам да ги видам. Ќе имаат прослава за крај на година и дозволено е да имаат гости. Едно прашање.... Сакате гости? Јас не. Поубаво ми е надвор да се дружам.
Оваа година Hunkenmöller.Прекрасни се и на попуст.Јас си купив две целосни,денеска имам тест,кога ќе завршам ќе излезам пак и имам намера да купам уште еден дводелен.Квалитетот и моделите топ.Попуст 60% до 70% Имам купено претходно од Њујоркер,ама на моето тело не ми одговараат.Па долниот дел го шиев и преправав,оти ми беа на задникот широки. H&M исто ми имаат добар квалитет и немаат чуден крој.Исто и таму беа на попуст. Баш вчера со тоа се занимавав.
Девојки,вие што користите kinderzuschlag , ме интересира дали овој додаток влијае некако на визите? Немам кого да прашам, околу мене се сите со Еу пасош и сите користат, а за визите нема конкретен одговор. Некаде имам прочитано дека влијаело за продолжување на визите.. А сакам да поднесам за тој додаток.
Јас вака знам. Треба да имаш дозвола за престој за да имаш право да поднесеш. Комшии од Мк живеат во Германија и им рекле да почекаат. Во декември ќе поднесат за дозвола за престој. Комшијата е скоро 2 години овде. Нека ме поправи некој ако грешам.
Избришав мислењето, грешно пишав. Киндерцушлаг ( исто вохнгелд и арбетлосенгелд 1) не ти влијае на ништо, оти НЕ е социјална помош. Ама ако земаш социјална помош, немаш право на државјанство ако си со работна виза.
Македонки во Германија или во август месец може да се преименуваме во Германки во Македонија, секоја чест на исклучоците… ви љубоморам на флексибилноста. Купачи си купив Дона Каран од тк макс, супер ми се мене. Сакав jorts да си купам, ама ми текна дека имам едни фармерки со скинати колена, еднаш при облачање ногата наместо во ногавицата во дупката ми отиде (кажете ми дека не ми се случува само на мене ) и толкав процеп се направи па не можев веќе да ги носам. Е тие фармерки ги исеков и супер испаднаа, баш како што сакав, jorts за ич пари имам сега. Денеска беше последниот крипе ден за ќерка ми, после распустот оди во киндергартен. Каква прекрасна воспитувачка имаше, не издржав да не се разлигавам и пуштив некоја солза додека и го давав поклонот. Добив и место од септември во хорче за џуџиња, од градинка ми кажаа дека била родена ќерка ми за бродвеј , па да и го поддржам талентот. А добив и понуда за работа на струка, и пак нешто фали и најверојатно и оваа нема да ја прифатам. Ама ок барем имам надеж дека ќе биде. Имате ли некоја апликација преку која правите повраток на данок што би ми ја препорачале? До кога беше рокот..? Ај чао, се слушаме од Македонија
Ако имаш ФБ заследи ги граничи пријелаз Маљевац, даваат абдејти цело време каде како е. Баш сега кај нив видов дека кај караванки е баш голема гужва, генерално гужвите се почнати па сега како ќе имате среќа. Мене за фингстфериен они ме спасија по коментари прочитав на која граница да одиме и пробавме за прв пат и воопшто не наидовме на гужва.
@Dancewere, рокот е до 2ри Септември, а за апликации многу ги користат ТaxFix и SteuerBot. Нека каже некој ако има подобар предлог, ја лично не би знаела оти сама си уплаќам. Имате да ми препорачате сим со роаминг? Пробувам да си активирам преку А1, али симов не сака да ми се фати на мрежа... Не знам шо му е...
@Yowannty бидејќи си ми у близина, мислам дека во Касел беше, препорачај некои местенца за шетање, за седнување.
Следниов период ви е топ за доаѓање на 2ри Август почнува фестивал Жизел ќе трае неколку дена. Се одржува долж Фулда, има туристи од секаде, многу јадење, пиво, кобасици и музика. Ние едвај го чекаме панорамското. Ќе има многу настани, забава, кајаци по реката, настапи на различни музичари и различен вид музика. Лани времето ич не се погоди, се надевам оваа година ќе е подобро. Типичен уличен фестивал. Ако доаѓате недела бергпарк е must. Преубави водопади и природа што остава без здив. Си треба малку качување ама горе е волшебно. За седнување јас ради децава баш и не седнувам често повеќе сме во природа, ама ја имаш на центар најпознатата библиотека Талиа, на втор спрат има кафуле. Исто на центар кафуле Alex, ако доаѓате порано таму има и отворено бифе до 12 за бранч и се е многу вкусно. Оранжеријата е позади за прошетка. На центар молот city point, има горе по некое ресторанче или за сладолед не ми текнува како се викаше местото (ама едно е за сладолед таму) а има во него и храна и кафе. Поретко одиме на центар, не е ништо посебно центарот. Одиме обично кога има некој фестивал, кога ми треба нешто да купам и за крисмас маркет. По Фулда има ресторанчиња има и грчки, ама особено моето омилено Café Siebenbergen Фантазија е. Карши е островче, остров на цвеќињата. Се плаќа во кафичов нешто ситно 2-3 евра влез на островчето. На бебе плац има исто кафулиња ама имиња не им памтам. Се подалеку од центар е поубаво. Е Rondell е убаво, биргартен. Повеќето предлози ми се на различни места на Фулда. Толку ми фали вода. Музејот на браќата Грим и кафиќот под музејот. На 5 мин надвор од град има голем мол Dez. Има италијанска џелатерија Cristallo, феноменално џелато и разни слатки. И топ ајскафе. Зависи од која страна би доаѓале може ќе ви биде и на почеток пред градот. На пат до молот има предобар ресторан Тимберџек. Крај на Август одприлика ќе има фуд фестивал на центар.
Не сме. Ама многу се радувам оти се ферии, па градот полупразен. На раат човек да се прошета, да разгледа, да види .
Кај мене ич не приметувам разлика иако низ град само на поминување со кола сме, ама сообраќај исто гужва, пешаци исто… Ама леле бе кампериве по автопат ми се толку пријатна слика. Некогаш и јас се замислувам така.. Кога сум овде да промрчам, нема и стојам позади тоа дека нема по арогантно створење од велосипедист. И самата возам точак, ама човече недај боже да не им даеш предност или да им пресечеш пат, крај на свет е. А пред некој ден, на црвено за него, сепак ни излета пред нас ни рака да крене ни бутур.
Јас сакав во фб групата од градот да прашувам дали важат некои посебно правила за велосипедисти ама викам да го формулирам дипломатски прво за да не се најде некој навреден. Сто пати на пешачки точак ќе не удрело. Со кола на кружен ќе сме удреле во точак дека не ги чека возилата од лева страна ама на крај пак сигурно ние ќе сме криви. Мислат дека летаат, а не точак дека возат по земја. Ретко некој саглам да има. И нели на пешачки мора да се гура точак ако не се лажам и на еден пешачки во еден град редовно има полиција, тука и воз поминува, и цело време казна на тие што возеле точак на пешачки. Не сум грешка дека точак на пешачки се гура, така?
Точак на пешачки ако го вози право на првенство има колата, ако го бутка право има пешакот со точок.Ретко кој го почитува и знае ова правило. Мене исто ме нервираат едвај чекам зима ама кога ќе видам на снег со точок крај. Тука децата полагаат за точок и ги учат правилата во 4 то одделение. Добиваат и возачка. Кај нас се осеќа дека е фериен помалку пешаци и коли има. Кампер ми е шефицата редовно со маж и си прават тури ептен им е интересно и убаво и добиваме нон стоп слики каде одат. Да изнајмиш еден вонмобил е исто пари како хотел да платиш, па не знам дали се исплаќа.Се изнајмува најмалку на 1 недела.
Јас мислам да воведеме правило во групава, секој кој што ќе се пожали од Германија (и јас секако) да мора да оди 7 дена во Македонија! Стварно човек заборава или не знам како да го наречам, ама се навикнуваме на новото и почнуваме и од тоа да се жалиме и забораваме како било. Па чисто за да потсети човек. Уште не влезен човек прво гледа сообраќајната “култура” како се менува и после се по ред. Само бројам денови до назад. И секако секогаш треба да напредуваме, цел живот. Ама најчесто се жалиме за нешто што тука и не е подобро па затоа казнава 7 дена Мк. Благодарна сум што два пати во еден ден преживеав на пешачки со маливе. Малиов има 3 и не оди толку брзо и двајцата за рака ги држам, а некој кретен вози 200 на саат кај што сигурно 30 е знак не погледнав ама населено место многу луѓе мора да е 30 па и 60 еве нека е.
Веројатно го плаќаат искуството и авантурата. Ама не мислам на изнајмување, на купување мислам, онака си летам со памет понекогаш ние кола уште не сме одлучни каква да земеме, далеку сум од камперка. Кај мене гледам по комшии секој трет има. Ама се многу подлежни на крадење. @gjoker4e велосипедистите имаат многу права. Скоро секоја улица има велосипедски патеки или цела улица е таква. Мојава улица баш пред куќа е fahrradstraße, што ми е ок, оти за коли е 30 и не ми шибаат, баш е мирно, ама кога ќе ми текне туркам количка со бебе што кенка и дете и не ми дава предност, па мајку му. Недај боже да им пресечеш пат. Мислам не ги рецкам веќе, ама почнав да приметувам дека тоа не важи тие кога ќе напраат некој прекршок. Иначе ретко некој да турка точак на пешачки. Не дека и тие не праат грешки ама се многу арогантни и не ни признаваат.
Абе и јас летам,ама скап е и да го изнајмиш и да го купиш. Инаку е искуство кога шефицата раскажува со сите клетки на мене ја слушам од љубопитност и да дознаам што повеќе правила.