Оваа година во Мај уште не беа почнати, си одат овде околу секој петок попладне, ама лани Август/Септември, секое одморалиште по автопати го имаа окупирано, повеќе ги имаше него стандард коли. Парови, друштва и семејства. Цела ноќ застанувавме и многу беше живо, кој спие, повеќето надвор, околу. Ја би сакала еден ден така.
Одиме стално во Хрватска на едно место, што уствари за кампери е, ама имаат и куќички што се изнајмуваат. Ние нормално најмуваме куќичка, пошто тоа е најмногу што јас можам до камперство. Не можам бе. Мене ми треба и саглам кревет и тоалет и туш во секое време. А и на терасата џакузи има . Ги набљудуваме стално. Свашта носат со себе. Перални, машини за садови, шпориња, цели кујни надвор монтираат. Пензионерите мислам со месеци остануват таму. Врие од дојчовци и австријци. Ама... пак ќе кажам, како филм ок, не за мене. Ќе те заврне, ќе ти намокри надвор. Ќе се угрее тоа лимот од сонцето, ќе се свариш. Ладно некогаш.... Полни вода, бањај се и тоалет кај што сите одат. Се ок, повеќето плацеви нудат и приватни тоалети, ама среде ноќ. Добро некои имаат и внатре, ама нема вајда нон стоп тоа да го користиш. И вонмобил и тие приколките чинат по стотици илјади евра. За приколка ти треба и супер јака кола, нели да влечеш. Баш ги сметав еднаш, дека со тие пари можеш олинклузив да тераш доживотно. Е сега кеф си е кеф. Кој сака и оди, од мене алал да ви е. @gjoker4e казната ти е генијална . Баш така ни треба.
@Jolene не сакам приколка. Сакам баш кампер возило. Знам колку се, ама ако е користено што да не. Мене ми изгледа многу убаво. Поблиску до природата. Е сеа.. немам искуство и веројатно пред да купиш, си треба рентање за да видиш дали и колку ќе можеш така. Во секој случај е авантура. Не се сметам за посебна пахуљица и да барам специјални услови ама секако постои шанса да не го бендисам. Дојчовци во секој случај знаат што праат.
Според тоа која и инвестиција се, и приколките и плус големо СУВ што треба да ја влече, дефинитивно е стил на одмор и ќеиф. Сестрава на мм имаат, цел живот така тераат. На мојов не би му паднало ни на крај памет да го побара за еден одмор да истераме. Уствари со четири деца не дека ќе не собере де, ама ни предходно не беше фан а знаејќи го никогаш не би. Инаку да частам. Купивме двособно станче. Кујната ќе биде од нолте, малку плус од тоа што првично планирав, ама се смени планот. Првен мислевме да го рентаме, сега сепак свекор и свекрва решија да живеат таму, па не штедам на нив , убаво да им биде . Летен одмор нема за нас. Мм заминува на терен, сама со сите четири.
Јас кога си одам за Македонија, првата недела ми е интересно и убаво ама како што почнува втората веќе се потсетувам и сфаќам зошто сум се отселила од државата и едвај чекам пак да се вратам назад во нормала.
Прееска викаат памперс дали му е сменето на детево. И сите цело семејство секој по еден коментар, па ваљда му сменила, изгледа како да не му е сменет, може не му е… а јас тука и ќутам како намќор. Од толку муабети на светот они за памерсот се фатија од малиов. Сакав да речам слободно одете и сменете му ако мислите дека не сум му сменила. Па јас ќутам и овие дојдоа до заклучок дека не сум му сменила цел ден! (А му имав сменето два пати до тогаш) и мм ми вика цел ден ли не му е сменет. Ама упорно ќутев до сам крај. Па одам да му шепнам на мм дека има сладолед од лубеница ама да не слушнат децава и ете ги сите прашуваат што што. Па да сакав на глас ќе кажев нели немаше да одам екстра до мм да се доближам и тивко да му кажам за да не слушне никој. Колку што сакам посебно на лето кола во двор се заклучува ако живеат мали деца дека на таа температура ако влезе во кола и се затвори е опасно ако не го види никој некое време. И отвориле три коли и играат жмурка. Јас чадам. Најлошо и најстрашно е кога повеќе луѓе чуваат едно или повеќе деца. Као демек една особа ќе го чува и го наоѓам малиов сам во двор бос, а оси има многу. Сто пати кажав не смее бос во двор може оса да згазне. Јас па не гасам боса дека многу оси има. И кажав дека не смее сам да се остави дека тој што го чува ако има еабота да го предаде на друг. Тој што го надгледува фактички бидејќи има отворени коли, базен, оси… Јас сама слободно можам уште едно дете да чувам, значи вкупно три. Ама еден да ми се замеша во чувањето не можам ни едно дете да чувам. После се прават бељи, епа се прават. Не може базен и дете само во двор! Не може отклучена кола во двор во лето, а камоли отворена! Не може босо дете, а куп оси! И крај! А малава па колку ми ги следи сите правила дури страв ми е. Прееска ми вика само што и текнало да кажела нешто и почнала и и текнало ауу мама рече тоа не треба да кажам. Конечно тим сме откако наполни 6 години. Сега на 7 уште појак тим. Ама од друга страна чудно ми е, си велам да не грешам, да не не биде своја после, да не сака да ми угоди само за да ја сакам…
Те разбирам потполно . Како за нова година кај нас гости 3 ца возрасни сите во дневна на телефон, јас и маж ми во кујна правиме кафе. Одам во дневна има што да видам дете (бебе) од година ипол отворило шкаф и брка по влажните за под што се, ја истурила таа вода може и лижнала незнам. Јас кога спискав . Па и коментираат што е тоа , демек таму ли се чува. А таа никогаш немаше пипнато во тој шкаф , но ете баш тогаш и текнало. И многу ме нервира од толку луѓе баш да мора со телефон или телевизор да ја анимираат. Кога бевме мк прашања милион , да не и се спие , да не и се јаде…. Што и е зошто плаче. Сега де најјаки преку камера знаат. Или пак пази да не падне преку камера внимаваат подобро од нас. Инаку и овде е празен градот(не дека многу народ имаше) сега уште толку. Игралиште празно, коли, пешаци се осеќа многу.
Уште со никој се немаме видено инаку првото што го викаат дојди телефон ќе ти даде дада тета баба… треба на време да смислам што да речам дека во моментот од нервоза се блокирам. Или само НЕ за нив треба ама не разбираат што значи не. Треба да им речам дај ми го јас ќе ти пуштам тебе нешто. А дете заиграно цело време наоѓаат нешто и немаат потреба од телефон.
@gjoker4e јас не се жалам од Германија. Супер ми е овде. Другиот викенд одиме за Мк. Јас не би одела, ама имаме некои обврски таму. И на одмор ќе одиме. Знам дека ќе ми биде досадно. Од таа причина не сакам да одам. Во Росман имаат акција на цел асортиман козметика. Го продолжиле рокот до петок. А требаше до денес да биде. Секој ден си купувам по нешто. По интернет нарачки веќе не. Откако се зафркнав последните 2 пати, ми дојде памет.
STABILO фирма за школски прибор, квалитетни се? @SummerGirl Колку време си тука? После 5 години обавезно се жалиме мислам дека веќе сме се заборавиле. Јас на сите апликации активирав купони (иако не сум таму нели ама навика ) и гледам до 02.08 Россман. Немав време ништо да купам. Ден пред да дојдеме од дм пак дека до мене е. Туку стопени чоколади што имале млеко во нив ок е да се јадат?? На нив не пишува да се чуваат на некоја температура. Ги чувавме во едно што лади ама после одредено време преостанало да лади и се стопиле сите чоколади.
Тука сум година и еден месец. Брзо се навикнав. Дали знаеш како иде со поените во ДМ? Не можам да ја симнам апликацијата, а често ми бараат пејбек картичка. И ДМ имам во населба. Росман ми е преку улица. Стабило квалитетен прибор е, ама јас купувам Бик. Поевтино е. Само во Волворт има. Остатокот од приборот го купувам од Мулер.
Ние гледаме само на лик да и се свиѓа на малава, самата избира што ама сега видов од работа дека имам 30% попуст на се во STABILO. dm апликација имам на телефон. Зошто не можеш? Многу попусти има, потполнуваш профил за тебе и за деца и цело време имаш купони за такви производи. Сега скоро добив меил колку евра сум заштедила со апликацијата за 5 години ама не можам да се сетам на сумата. Јас сум некој што го купува само тоа што ми треба па така и немам многу потрошено во дм, а голема беше заштедената сума.
Телефонот не ми е наместен дека сум во Германија. Ретко одам во ДМ, а на сметките гледам дека даваат малку поени. За тоа што го купувам 1 до 3 поени. Чоколадите може да се јадат.
Дека не ти се активирани купоните. 2 евра е 1 поен мислам. Ама имаш купон на пример 40 поени ако го купиш тој шампон и купиш 3 шампони имаш 120 поени односно 1,2 евра назад. Купони за поени има, купони за попуст и купони гратис подарок за роденден на пример. Последно за 80 евра купивме и имавме околу 600 поени- 6 евра назад и 8 евра искористив и сметката од 80 на 66 и плус памерси марамици и други некои работи со отприлика 20% попуст.
Апликацијата на DM е најдобра според мене кога се работи за купони за попусти. Јас секогаш имав купон за пелени и марамици од 20% до 25% што не е малку на месечно ниво. Минатиот викенд имав купон за Sonnenschutz производи од Nivea, и наместо 21еур платив 16 . Јануари традиционално имаат 10% цел месец на прехрана. За роденден исто имав 10% на се' цел месец, така искористив да земам три електични четки за заби и заштедив сигурно едно 15-20еур. Има различни купони, ти си активираш тоа што ти треба. Може да се поврзе со Payback картичката и автоматски ти се впишуваат поените на неа.
Мене најубаво од сето ова со купони, попусти, подароци… ми се сетовите за пораѓај. Кога сме кај муабетот многу е скапо тука бе. Германија дм е џабе. Па во еден маркет да отидеш е поефтино. Јасно ни е уствари веќе ама не можам да се помирам како може толку скапо да е. Rosmann испадна поефтино од dm. И erstnings Family купував пред да дојдеме и исто за џабе облеката, имаше попуст на попустата и облека купи 3 едно гратис. И плус секоја 100та сметка во цела Германија е гратис.
Во Росман е поевтино со купоните. Два пати начекав Ленор омекнувачи 3+1. Пудрата што ја земав со 24% попуст ми излезе евтино. И со тој купонот од 10% се исплати. Од ДМ земам ако поминувам од таму. Или ако Росман е затворен (до 19 часот работат). И во Лидл се начекуваат попусти. Ја имам апликацијата и од Реве. Ама со додавањето на тие поени никако да се научам @gjoker4e скапо е во Мк. На пример.... Шампонот што го купив од ДМ го платив 0.65е, а истиот во МК е 65 денари. И со другите производи исто е.
Да не сакаш да споделиш нешто со другарките . Две години како не одиме мк во сред лето и многу ми е арно. На предходната работа бев врзана со одмор и морав во август, кога почнуваа фериите. Ај на најтоплото, ај во гужва, ај најскапо кај и да букираш. Сега златнен септември и јуни. Додека пак не најдам работа де. За градинката женски. Вчера на шпилплац сретнав мајка, нејзиното скоро 2. Од секаде ја одбиле. Јас не знам по кој услов ќерка ми ја примија. Дали некоја квота исполнуваат, демек интеграција, странци бла бла, а уствари сме бели и ќере е дојчовка, или среќа сме имале. Поима немам. Исто една друга мајка предходно се жалеше, на крај во приватна. Мене не ми се исплаќа во приватна искрено, 900+ се на месец. Јас нема да работам, додуша и предходно не работев фолцајт. Ќе треба се што ќе заработам за градинка и опрема за дете да давам. За градот. Убав ми е, луѓето се пофини, маалото ми е малку снобовско, ама знам и јас сноб ако треба . Имаме посоцијален контакт, оти во близина повеќе луѓе имаме. Детево гледа деца почесто, досега одлуката е правилна. Сега уште работа да си најдам. А градот, градот е преубав за шетање, само што уште не сме почнале. Ама пошто во млади години, поминував и месеци овде, знам кај и што. Полека се средуваме, се гледа крајот веќе. Преселба со дете, не било лесно. Да видам само уште колку ќе ме држи да не се местам.
Пред короната идев преку зима една недела Мк, а преку лето две-три недели, али акната негде у планина, да не се трауматизирам и посттрауматски синдроми да иам, па да го јадат рандом луѓе без причина. Без заебанција. У Короната не бев скоро три години, и еве задњава година ипол само по една недела, значи две недели годишно. Доста е. Секој ден со по некој кафана, кафе, по дома со моиве и другарка ми црева што сме си, и доста е. Кога ќе слета авионот тука, си викам си дојдов дома конечно. А па да не праам муабет возот у град коа ќе ми стигне, си се радувам оти со трамвај за 15 минути дома ќе си бидам. Иначе за попусти, Росман, Дм, Мулер, цело време исти попусти ги вртат, а кај едни ќе заврши, кај други ќе се отвори. Симнете си апликации, собирајте си поени. Исто и тие купони хартиени,од Дм важат во Мулер, и обратно. И еден мал мрч, да не пукнам - МРАЗАМ со турчинки да работам, да не речам да ми мрчат како да работам, додека не работат ништо. Мех.