Нее, не сум. (Ако пишам трудна одма стомак ќе ме заболи ) Стареам наназад. Време ми е за симпатии. 28 години имам Дојчовци не знаат дека ако викаат дека нема дека стварно ќе нема. Кога дојдовме за малава ми викаа дека 2-3 години ќе чекам за градинка, дека градинка до 3 години немало, а јас одма најдов градинка, пред 2 години отвориле за деца над 1 година ама неинформирани ете, сега сите ги запишаа вторите деца кај малите одма. Сто пати кажав до сега де. На работа ме изнервира една колешка, ми паднаа 5 евра и вика ако имаш од вишок дај, и викам нема проблем Ich bin Ausländer ние не штедиме ко вас Германците, и ми вика ааа како така ќе преживеете не знам што ова она. А они стиснати, шефот и шефицата купуваат кафе и секој своето го плаќа по 1 евро. А ние сме што сме странци ако се најдат две особи одеднаш плаќа тој прв што е, а не посебно. Добро е што не зборам толку многу колку што пишувам. Уствсри ич не зборам, само по потреба. Ама многу си ја сакам таа моја особина. Уште да престанам да пишувам сва и свашта и супер ќе биде.
Не нема бидејќи 3 саати ми беа потребни да откријам каде треба да го подигнам пасошот. Главата ми пука. Сега уште утре да е таму и супер ќе биде. Решени сме дека наредно лето нема шанси да дојдеме. Па да видиме. Толку е се тешко и комплицирано мајко мила. Еден се јавува на трет, трет на петти, никој не знае каде е пасошот, а готов е.
Што не ми пишеш мене да средиме работа. Ако е у нашиот град пасошот наште беа по итна постапка готови за викенд петок сликани понеделник земени и лични карти заедно се .. Инаку луѓе колку пари потрошив овде толку горе трошам за 3 м. Значи овде мн е скапо. Инаку топло премногу 5г немам осетено лето ова е прво лето после 5 г. И да настинавме од најмало до најстаро сите сите. Сите сме на антибиотик дури и бебињава. . Лето веќе не сум во план да доаѓам и јас поарно некаде на море да се пржам отколку вака по базент дома.
Сакаа подарок да и купат и викам Mäppchen за во школо полно во книжарата беше 700 денари видов и они отишле спроти кај играчките 1200 денари. Ми иде да одам и да го вратам. Колку е скапо значи страшно е. И ние исто. Со овие пари подобро на море некаде.
Оо таму секогаш е поскапо. Син ми лани штом го видеше од улица го викаше да оди да си купи нешто . Оваа година се прави дека не ја слуша и оваа се откажа повеќе не го вика .
И ние многу пари трошиме кога одиме во мк . Сакаме и на море да одиме и секако во мк да се видиме со нашите а и секогаш имаме обврски , нети пасоши , свадби, крштенки… и така отиде цела заштеда … А и таму не седиме многу една недела две максимум.
Od Noemvri dobivme mesto vo gradinka ( fala Bogu ) prasanjeto mi e , so edna doza MMR dali ke ne primat?
Зависи колкаво е детето.Мора двете дози да ги имате, ако ве примаат ќе ви барат да однесете Impfpass кога ќе го вакцинирате.
Каде треба да се жали пријави за проблем во мвр? Едните ја префрлаат вината на другите ама само со еден потег може да се исконтролира дали мвр се виновни. Треба само списокот да го покажат и да видиме дали нашиот пасош е на списокот и така ќе знаеме чија вина е Знае некој???
Мислам дека до таа возраст мора да ги има двете дози. Првата се става околу наполнување на една година а другата една година после.