Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.803
    Допаѓања:
    33.747
    Пол:
    Женски
    Мора да ги има и двете на таа возраст.
     
    На Dea85 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.023
    Допаѓања:
    36.324
    Пол:
    Женски
    Го пратиле во Швајцарија, ние таму во амбасада одиме и во амбасада викаат дека нема шанси да направат таква грешка и и на крај од приказната рекоа дека е не е нивна грешка (ама и не рекоа дека грешката е во мвр). Додека пак во мвр рекоа дека 80% од пасошите од амбасада завршувале како нашиот (останати, а требало да се пратат или пратени, а требало да останат). По целава приказна испаѓа дека грешката е во мвр ама додека не ми го покажат списокот и на него стоиме ние не можам да кажам 100%.
     
    На јolene и mal.ecka им се допаѓа ова.
  3. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.803
    Допаѓања:
    33.747
    Пол:
    Женски
    Ова вашето испадна нервоза не одмор:hug:.Пријавите го за изгубен и направете нов по брза постапка ,друг совет не знам:|.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  4. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.565
    Допаѓања:
    8.017
    Како сте народе?
    Кај мене лошо.Се вратив демек од одмор и одморот на нос ми излезе.Уште не можеме да се оправиме.
    Хрватска беше многу убава.Имавме супер време со другарката,ама не подредија болести.
    Прво синко, последниот ден, поврати 10 пати.Вика ајде ќе се оправи,утре рано летаме.Па да издржиме до дома.
    Ама од тоа што планирам ретко нешто се погаѓа.Па во сред вечер завршивме на итна во болницата.Детето два пати ќе се тупосаше на земја,од што беше дехидриран,дадоа инфузија-чекавме резултати дали е за антибиотик.Хрватите дрски до немај дека,па што не си го донела порано и не знам дали ќе можете да си одите дома.
    На крај направија крвна слика,вирус било,ние во меѓувреме докравме куфери во брзата помош.Кога дадоа зелено светло директ од болница на аеродром.
    Само што викам заврши маката,гледаме на лентата еден куфер фали и тоа баш тој со новата гардероба што ја пазарувавме пред одмор.
    Па моравме за изгубен да го пријавиме,викам барем живи се вративме другото вака така ќе се среди.
    Утре дента ми се јавија,го нашле,па ми го донесоа дома.

    Викам ајде сега завршија проблемите,ама гадно сум се излажала.
    Маж качи температура 40 степени и пролив,не може да стане од кревет. Еден ден на работа и одма боловање отвори за цела недела.Заврши на антибиотик,Сега е малку подобар.

    Јас почнав од четврток на работа.
    Дојдов дома јадев и си легнав изморена од работата.
    Станувам ми е глупаво на стомакот.Вика ајде прв ден,стрес,можеби многу јадев од што бев гладна и заради тоа ми е вака.
    Гледам не се подобрува.Се јавив вечер на работа и кажав дека ми е детето болно.Знам дека кратат пари за болно дете.Ама викам подобро така отколку да земам јас болна за еден ден(кај мене е дозволено 3 дена боледување без доктор),ќе испаднеше дека лажам само што почнав да работам после 5 месеци и немам бок за работа.Викам ајде викендот ќе си одам нормална смена.

    Ама и тука марфи заплети конци.Седев до 1 вечер ту ми се гади,ту ме тера на повраќање.А, јас па се се,ама ич не можам да повраќам.
    Детето е похрабро од мене,ќе застане и ќе се исповрќа.
    Маж вика ако нема страв од повраќање ќе било човек од него(демек ќе му треба за понатаму кога ќе пие(facepalm))

    И видов не видов викам синко не се плаши,ај и јас да пробам.Три обиди и ништо не биде.
    Е,на четвртиот успеав,ама тогаш го видов пеколот на земја.
    Додека повраќам ме стегна и пролив.
    Па седам на шолјата главата во умивалникот-еден до друг се.
    Од сите дупки излегува;(

    Кога почнав да викам,разбудив цела куќа.
    Маж вика ти си ептен заникаде,прв пат те гледам да повраќам,освен еднаш кога бев мортус пијана како тинејџерка,па он ме трезнеше.
    Повратив едно 4 пати и пролив 7-8 пати.
    Пробам да пијам вода- се излегува од мене.
    Па некако заспав и стасав до доктор,замена нашиот бил на одмор.
    Ме примаа прва.Ме улегна вика сакаш ли вомекс во бут,викам давај оти ако ставам чепне пролив,ако се напијам повраќам.
    Ми стави ми даде инфузија преку оние металните пеперутки што ги користат за крв земање,не мрдај да не ја изместиш иглата.Викам се ќе направам, јас у болница несакам.
    Жената ептен фина излезе,ми даде уште една ампула за дома да се боцнам во бут,ако ми е лошо.
    Па качив сабајле температура.
    Почнав да пијам по малку течност.
    Видов невидов се пишав цела недела болна.

    Доста новости ви накажав,одам да спијам пак ќе качувам температура.
     
    Последна измена: 9 август 2024
    На Ambitious и јolene им се допаѓа ова.
  5. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.023
    Допаѓања:
    36.324
    Пол:
    Женски
    И јас тоа најпрво помислив ама можеби некаде покажува дека е во амбасада и ќе знаат дека лажеме. Друга опција е што никој на граница ниту еднаш не погледна колку луѓе сме.

    тоа е па друга приказна. Хрватска ни вратиле три пасоши само, мојот го заборавиле. Е тоа не стигнав да кажав. И стигаме на српска граница и гледаме само три пасоши и викаме сигурно еден не ни вратиле па не пуштија со полиција од другата страна ама за назад вика пак мора да ја чекате истата колона не можеме никако да ве пуштиме. Пасошотр еден во друг ги даваме отворени и не приметивме дека еден фали ама среќа што не беше на 600 км оддалеченост. И кога се вративме таа вика ааа да на детето ви го заборавив. Мм вика не на жена ми. И вика епа овој друг е значи и на некое дете заборавиле ама нњ е ни чудно дека четворица беа во кабината и збореа се смееја.
    А сега една во мвр да подигне пасош влезе со три различни сока и три различни благи.
    Самата држава не тера да не ја сакаме.
     
    На TutiFuti, јolene и Ava.84 им се допаѓа ова.
  6. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.803
    Допаѓања:
    33.747
    Пол:
    Женски
    Тоа значи ќе разговарате со некој од МВР оти пријава на пасош за изгубен е малку покомплицирана работа.Ќе прашате дали може тој што не знаат каде е да го пријавите за изгубен, причина сакате да се вратите назад ,а без пашош нема да ве пуштат и немате 3 месеци одмор.

    :rofl::rofl::rofl:
    Тие си собираат пасоши од луѓето па си менуваат со другите граничари(facepalm).

    @fairy88 :( побрзу да оздравеете:hug:.
     
    На fairy88, јolene и gjoker4e им се допаѓа ова.
  7. joana18

    joana18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    802
    Оф леле вие со @gjoker4e ептен патешествие сте имале.
    Енаш ќе отидеш на одмор и на нос се ќе ти излезе. :hug:
     
    На fairy88, јolene и gjoker4e им се допаѓа ова.
  8. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.618
    Допаѓања:
    7.216
    Пол:
    Женски
    Идам ја да помрчам малку. Ги прочитав @gjoker4e и @fairy88 па ми станаа минорно моето.

    Женски држете се.

    Џоки твоето, ко да имаше ти осет. Кога човек ќе напне на нешто, а не треба. Е тоа е тоа.
    Ем не ти се одеше мк. Ем пасошот уште не готов, па вошките пред тргање. Мислам оти ќе го запаметиш одењето.

    Ми се случувало и мене така. Не контретно волку, ама знам кога ќе се зареди, најдобро е, да оставиш и ништо да не правиш.
    Е кај вас сега мора да најдете начин, како да се вратите надзат. Да се збира на пари само, батали нервоза.

    Чекајте сега ја малку. Да не ми е за џабе де. Кажете после која има искуство.
    Дека не е се сјајно. Досега комшијата од горе ми се симна три пати, да се жали оти сме многу гласни. Последно малата лазела прегласно. Да сме постелеле нешто, не знам што бла бла.
    Он работел од дома, само ноќна и сакал да спие од сабајле, она станувала од 6 и била гласна.
    Дали сме толку гласни, не. Дете не се дере, не плаче, не треска тек ќе доаѓаат погласни фази.
    Му реков ок, ќе ја држам до кај 9 на другата половина од станот, после спие она и ќе пробаме така.
    Е третиот пат кога се симна, кога лазеше прегласно у ходник, за да го испрати татко и на работа, ми рече демек не е воопшто потивко. Да сме си постелеле дебели матен у ходник.
    Е ми ги спои жичките. Он да проба два саати да анимира едногодишно дете у една соба, да и зготви и нахрани и преоблекува и да е тивко. Па од горе не бил негов проблем.
    И така му реков дека ќе постелам тепих, не дебели матен, оти е голема веќе и ќе го јаде, башка не се добри за моторички развој. Им треба цврста подлога. Дека она има право да биде активна исто колку и што он има да спие. Дека руе Цајт е задржан од наша страна, а он да си купи тампони за уши и да проба со бели звуци.
    После и пишав на жената што беа пред нас тука, истото го правел и кај нив, а едни други комшии до него се иселиле дури од зградата заради него. Сите со деца.

    И така. Законот вели дека во зграда со деца, право имаат секогаш децата, дека гласно и тропање им треба за моторички, физички и психички развој. Не смее да се ограничи дете во движењето и се додека не е пре пре гласно, комшиите можат да се сликаат.
    И сега го чекам пак да се симне па да го отерам у три лепи.
    А не сме гласни луѓе. Малата оди во кревет помеѓу 8 и 9, станува меѓу 6 и 7 сабајле. Нема плачење и трескање. Да некогаш ќе фрли нешто, ама ништо драматично. Излезени сме по неколку саати на ден, спие по два пати на ден, значи сума сумарум е многу тивко, освен насабајле нормално, кога ќе се разбуди возбудена да ни каже и покаже што има научено додека спиела.

    И сега ќе пишам на газдарица да ја известам за случката и предходните дешавки. Па да им пренесе натака на фервалтунг. И така мислам интересно ќе биде. Ние не планираме секако да останеме во станот со години, ама во следните неколку сигурно. Малата доби место тука во градинка, не сум будала да се местам во следните две години барем. А најверојатно толку и ќе седиме де, пошто поради би давала 2к за кредит, него за кирија.
    И така ајде убав викенд, ќе носиме дете на езеро. Детево откри дека сегде кај има вода може да се брцка. Па сега сме во река, на фонтана, во езеро. Штета што нема време за море. А во мај бевме, не сакаше. За пар месеци која разлика значи. Лудница.
     
    На Chantal, Ava.84, mal.ecka и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.624
    За вас што имате деца, во Гунзбург отвориле Пепа Прасе забавен парк.

    peppa-pig-park-in-günzburg-ein-neuer-freizeitpark-in-2024.jpg
     
    На Masnickaaa, TutiFuti и Ambitious им се допаѓа ова.
  10. Dancewere

    Dancewere Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    16.814
    Пол:
    Женски
    Ау идиот, а кога ќе почне да оди ,да скока и да зборува што ќе прави!? Ако не да го врзиме детето за еден стол и селотејп на устата.
    Тој бара разбирање оти работел навечер, каков апсурд е да бараш разбирање кога немаш разбирање ти за мене и моето дете! зошто мене би ме засегал твојот дневен распоред… Па да ми се појави уште еднаш пред врата ќе му кажам дека ќе го пријавам за вознемирување! Се изнервирав.
    И за @gjoker4e се изнервирав.
    @fairy88 се надевам дека сте подобро сега.
    Ние денес одиме на одмор се надевам ќе се вратиме читави.
    Каде е ова Гунзбург? мислам дека е некаде во Северна Германија, далеку ми е за жал.
     
    На fairy88, Chantal, јolene и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Kaley

    Kaley Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    1.306
    Допаѓања:
    3.037
    Пол:
    Женски
    Мајки што ми предлагате да земам за децата за патување сируп/таблети. Кој? Ќе одиме со кола до МК па незнам како ќе поминеме со нив 2 и 4 год се :/
     
  12. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.023
    Допаѓања:
    36.324
    Пол:
    Женски
    Што може од аптека за уринарна инфекција за дете во Мк?
     
  13. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.618
    Допаѓања:
    7.216
    Пол:
    Женски
    Носи на доктор. Ако е уринарна мора антибиотик, да не се прошири накај бубрези.
     
    На gjoker4e и Chantal им се допаѓа ова.
  14. Dancewere

    Dancewere Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    16.814
    Пол:
    Женски
    И ја неќам да те плашам ама за антибиотик е, ќерка ми од уринарна инфекција температура качи и фибер крампф имаше па и во болница си останавме неколку дена.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  15. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.618
    Допаѓања:
    7.216
    Пол:
    Женски
    Му кажав дека ми прави стрес. Дека ќе се потрудиме поради добри соседски односи да сме потивки до кај 9, ама мора нешто да и он направи.
    Сакав да се информирам прво пред да почнам со мајки шајки. Да се осигурам дали сме по некој начин заштитени во ваков случај и дали и предходно имало вакви дешавки. Пошто ќе се запраша човек, дали стварно сме толку гласни.
    Арно ама сега, кога веќе знам дека не му е прв пат, и не е само кај нас и дека правно е законот секогаш од кај децата, воопшто нема да му се замарам.
    Ама мислам дека и он знае уствари дека законски не смее да се жали, па иде вака директно.
    Е ама не може цела зграда да му ќути оти он одбрал да работи ноќе. Е ај па да не дишаме погласно.
    Следн пат ако дојде, да мрмчи, ќе ја оставам у 7 сабајле у ходник со дрвени коцки и капачиња од тегли. И ќе тргнам и теписи и се. Дур тогаш ќе види он добрососедство што значело.

    Кај на одмор?
     
    На Gosh, Chantal и Selena01 им се допаѓа ова.
  16. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    5.787
    Sekoja cest na onie sto koga odat Makwdonija uspevaat da odmorat....Jas sum poleka na prag na ludilo.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  17. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.023
    Допаѓања:
    36.324
    Пол:
    Женски
    Што е тоа фибер крампф?
    Нема температура и од време на време урината има чуден мирис, не е баш на риба, можеби е не знам, ама онака јак мирис, и може е од неродовно одење во вц. Истово беше пред да дојдеме, па сега пак. Не можеме вц да и погодиме, сака чисто да е, убаво.
    А на пример ако трае една недела и не крене тт значи не е за антибиотик?
    Дека повеќе пати сме носеле урина на педијатар и никогаш не е за антибиотик ама еднаш ни дадоа и рекоа цел да го испие за секој случај (Германија секако :D), Германка е педијатарот ама не е воопшто како вие што пишувате дека ништо не даваат. И бубрези се проверени и на педијатар и во клиника ли не знам што специјално за бубрези во голем град. И тука на педијатар на приватно сме биле и буквално сите исти одговор имаат: дека сите проблеми ќе исчезнат кога ќе почне редовно во вц да оди. Германија одеше ама сега дојдовме тука и пак е истиот проблем. Фактички треба да е само нашиот стан, нашето вц.

    Да носам пак урина или и без тоа антибиотик да ни дадат и кој или да чекам температура да крене?

    @SanelaS доаѓаме за да се видиме со родителите и браќата. Сестри немаме. Едвај чекам да се вратам да одморам. Едвај чекам аларм за на работа да ми заѕвони. :D И кога ќе ме праша некој дали сме се навикнале на страна, кажувам дека од прв ден, дека Мк цел живот не сум се навикнала ниту ќе се навикнам, ама не ме разбираат некако. Едвај, едвај чекам да се вратиме.
    Инаку на граница никој не погледна колку души сме па крајно малиов ќе го скриеме доле. Единствено и најпаметно решение и гајле ми е.
     
    На јolene, Biljarkata и SanelaS им се допаѓа ова.
  18. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.618
    Допаѓања:
    7.216
    Пол:
    Женски
    Носи ја Џоки. Не чекај температура, не е обична и наивна инфекција. Ако дојде до температура е веќе сериозно. Мора да пие многу, чај од брусница, ама не знам дали смее.
    Мораш да ја убедиш да мочка. Не е добро штом мириса. Може и не е ништо, ама проверете.
    Инаку секој доктор без разлика каде и да е дава антибиотици за инфекции на бешика. Не третирано може да биде многу опасно.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  19. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.023
    Допаѓања:
    36.324
    Пол:
    Женски
    Ок, ќе дадам антибиотик. Ама секогаш до сега и уринокултура се прави, ги праќаат некаде и за 5-7 дена резултат, и секогаш се е ок.
     
    На јolene и Chantal им се допаѓа ова.
  20. Dancewere

    Dancewere Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    16.814
    Пол:
    Женски
    @gjoker4e
    Fiber krampf се вика фебрилни конволузии мислам на македонски. Се добива од нагло кревање или спуштање на температура. Трае кратко ама е прилично трауматично за мајката или тој што е со детето. Ќерка ми јас во рој момент мислев дека престана да дише, ептен се олабави,немаше никаква реакција и се тресеше. Тогаш мала беше мојата година и два месеци во пелени беше и не приметив никаков симптом дека има инфекција.

    Инаку одмор на Родос.
     
    На јolene и gjoker4e им се допаѓа ова.