@Yowannty отиди му и кажи за ситуацијата со кантите . Дека тие се за сите станари а не само за него . Да се има осет со полнење. Дека е стар , мисли дека може да прави што сака (гледам по нашиве стари како се понашаат) , % нема да те послуша . Јас да сум има да испринтам листови , што смее а што не смее во био кантите . Грмушки и друг зелен шут се носи во отпад , каде напомени е бесплатно . Дрва, не ни смее да фрла во тие канти . Сега видов дека уствари смее да фрла дрва и слични само не е фер да ја наполни цела канта со нив . Две канти се за толку станари . Соберете се сите на еден состанок и зборете на оваа тема .
Ама кажано му е. И нему прво, видовме нема промена, па на газдата му кажав да му каже, пак нема промена. Што е најтрагично тој не ни живее во иста куќа со нас, комшија е во соседна куќа си има и тој огромен двор. Ама секој ден е во двор кај нас и само чачка нешто. Моментално состанок со другиве станари не е можен. Едните не се тука до средина на Октомври, другиве исто не се моментално, не знам кога ќе се вратат.
Притисок ми се дигна . Што мајка бара во вашите канти , нека ги трупа неговите. Јас да сум има кантата да ја истресам пред негов влез па нека собира . Мораш да инвестираш време и да гледаш кога се шутка надвор да му отидеш два збора да му кажеш. Или маж ти прати го . Аман од вакви старци
@MacenceEna можеш да замислиш мене колку ми се дига притисок кога денеска е испразнето ѓубрето, попладнето одам да фрлам, пак кантата полна, а треба 2 недели да не служи. А знаеш колкави огромни бинови се. Нема фајде од зборење со него, не знам што друго можам да напраам.
И кај мене има еден таков шо само прате шо фрламе . Ама јас фрлам ѓубре во црни вреќи, ќе види ку*ац. Кај мене има 3 контењери, само проблем е шо немаме за стакло. И стаклото си го фрлам со другото ѓубре. Имало канти за стакло кај куќите подоле, ама како да одам да фрлам тамо, ќе ме избркаат .
Немате ли опција да ги преместиле кантите? Ништо кажи му на газдата да му се јави уште еднаш и дека не се толерира повеќе. И ич не се секирај што ќе го замараш газдата, поинаку нема да те земе за сериозно. Во најпрвиот стан кај што бевме, се додели еден што не го вадеше ѓубрето кога беше на ред и не рециклираше. Ние на одмор, се враќаме после 3 недели, ѓубре во дворот на сите страни, се собрале глувчиња. Се сликав и пратив на газдарица, се појави уште истиот ден, изнесоа ѓубре они, исчистија канти и крај, од тогаш се можело да се рециклира. Така да слики и пожали де дека немате услови од комшијата. Да видиш како ќе се реши. Стаклото е за сите, за цело маало/ улица не само за тие куќи. Сегде е така со стаклото.
Па и да ги преместиме пак ќе се негде низ двор, а тој цело време се матка низ двор. Беше газдата пред некој ден, се видов и поразговаравме кратко, ама скроз забораив да спомнам сеа ми е криво. Ама вчера вечер едвај ја истегнав кантата надвор пукав од нервоза. Стар е не се разбира од збор, искрено не верувам дека ќе се смени, а не знам што можам да преземам. Ќе зборам пак со газдата, дур не ми пукне филм и да одлепам па нему директно да му се раздерам. А стар вампир е, не му текнува некогаш кога влага во двор да ја земе кантата и да ја стаи на место откако ќе ја испразнат ус пат му е. Ама затоа знае да ја земе и да ја влечка позади низ двор, а имаме огромен двор и да ја полни со гранки и да ја тегне тешка. Не можам се нервирам значи.
Девојки дали некоја од вас има одено до аеродромот во Берлин. Ми треба итно инфо од Berlin Brandenburg Airport до Берлин Hbf како би можела да стигнам? Претпоставувам има бус, u Bahn, S Bahn. Но дали се во близина на аеродромот?
Ова би било најидеално и мене ми има текнато, ама би требало да се сложат и останатите станари. Во прва прилика ќе зборам.
Понуди се да го набавиш катанецот и копија од клучот за нив. Мал трошок за тебе ама мирна глава и ќе бидеш сигурна дека ќе прифатат. Инаку повторно одобрување од сите за соодветен катанец, па делење до центче за трошковите околу истиот. Германска работа, ќе цепидпачат.
@Yowannty Колкава е кантата за сите станари? Нели секој стан треба да си има своја канта? Порачај си канта само за тебе со катанец. Кога си видела дека е тешка треба да ја оставиш и да си купиш кеса за такво ѓубре 9 евра е мислам сега (4ипол евра беше кога купив последно пред 4-5 години) и твоето ѓубре во кесата па он нека полни покрај канта наредни 14 дена. Тука не се разбира туку дипломатски се постапува. @Adidas888 не беше ти што те советувавме катанец да купиш? Во претходниот стан имавме канта за секој стан ама понекогаш некој фрлаше во нашата и го вадев од канта и на под го ставав. Не е фер иста канта за сите станари. Можеби некој на 14 дена ја празни некој на 28, а на секое се плаќа. Може некој во вреќа од 9 евра сака да изнесува. Порачуваш канта од Амазон и во неа ја ставаш вреќата. Еднаш сметав како е поефтино ама заборавив. А вие сериозно фрлате ѓубре кое каде што треба? Кај мене се оди во едно ѓубре во црна канта ама кај мене е Müll schloss така се вика мислам и куцаш картичка и фрлаш 400-450 евра имаме за 2024та година @Selena01 пиши на Гугл и ќе ти покаже од што во што се прекачуваш. Ние еднаш менувавме 2-3 пати воз автобус во еден правец според Гугл мапс и се точно беше. Ќе ти покаже точно кој автобус па колку минути пешки на каде па кој воз итн… Мене значи овде менталитетот изгледа ме нервира. Малиов со пенкало се шкртал на рака уствари јас го видов и го оставив и ете ги сите леле што си направил нема таков во градинка да те примат ќе те караат во градинка… На малава телефон и давам и викаат леле како го држиш пази ќе го скршиш, викам е ако де нов ќе купиме ако го скрши ама го држи како што треба. И богами тука сите се смрштени и подгрбавени свенати стари, а не во Германија. Во Германија и старите од 90 години се насмеани, позитивни, дотерани, со парфем, свежи, ведри. Штом и децава разбираат и викаат дека едвај чекаат да се вратиме, што да кажам друго.
Симни си апликација jelbi за целиот јавен превоз ти е плус и карти можеш да си купеш преку апликацијата.Можеш и од каде до каде одеш да пишеш и се ти излегува.
@gjoker4e големи бинови се, не се мали канти, не знам како се викаат ни на македонски ни на германски. Сите куќи овде имаат такви. Таман ни се за сите во куќава. 5 имаме, жолта за пластика, зелена за хартија, црна за се и сешто и две малку помали од овие за био. За сите нас во куќава ни се доволни. Ама комшијава црната и двата био ни ги полни со гранки цело време.
Сега проверив, @Jagoda123 била во јануари 2021 година ама мислењата и муабетот до толку ми се свежи што мислев сега скоро било…