Форумџика на годината

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.909
    Допаѓања:
    177.224
    Пол:
    Женски
    Не знам колку литри се, ама се доста големи.
    Имаме само распоред за цела година кога кој камион за кое ѓубре поминува. Вади канти кој како ќе стигне. Никој не се буни. И околу дворот исто. Кој како ќе стигне, кој кога може шиша трева, зачистува, засредува наоколу, никој за ништо не се буни. Сосем ок ни е на сите. Лани газдата пушти меил дали сакаме да ни откаже една био, оти имаме две демек и помалку да плаќаме, сите рековме ќе ги задржиме и двете. Ама не е фер на крај да плаќам за тревите и гранките што комшијата ми ги полни, а да немам место за мое ѓубре. Затоа се нервирам. Речено му е дека нема проблем, пред земање на ѓубрето нека стаи што сака и од кај него ако сака нека донесе колку што има место нека дополни. Што е во ред, ние и без него знаеме ако има нешто низ двор да го фрлиме. Ама не. Тој толкави бинови ги полни истиот ден кога ќе ги испразнат.
     
    На Gosh, fairy88, MacenceEna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.196
    Допаѓања:
    36.643
    Пол:
    Женски
    И ние имаме проблем со фрлањето ѓубре. За хартија имаме 2 канти, една за пластика, една за храна и две за останато ѓубре - гранки, трева, стакло, и др. Во куќава има 3 стана. Ние сме на поткровје. Комшијата од приземје мисли дека кантите за хартија се само негови. Едната канта ја полни со големи картони. А кажано е од газдата тие картони да не се фрлаат таму. Тој ден ги испразнија кантите. Се симнав околу 10 саат да фрлам хартија. Ја отварам едната канта.. До врв полна. Па го фрлив ѓубрето во другата канта. И хартија кога фрла цела канта е полна. Треба да има осет дека има и други комшии. Му реагирав на газдата. Му реков да донесе уште една канта и за секој посебно да има. Исто е и со кантите за стакло/гранки. Маж ми вика Не се расправај. Се нервирам. Еднаш маж ми остави долу голем картон и го наполни со наше ѓубре. Господинот од приземје и таму фрлаше ѓубре (facepalm)

    Купил гуми за колата и ги оставил во влез. Многу лоша миризба. А газдата не доволува да се оставаат во влезот делови од кола. :x
     
    На fairy88 и MacenceEna им се допаѓа ова.
  3. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.802
    Допаѓања:
    33.746
    Пол:
    Женски
    Ние неаме проблем со ѓубре по улуците ,по тротоари кој кај стигне го фрламе, див запад за џабе не го викам:D.Преку тараса доле во парк:$.
    Проблем со ѓубре може да се намали ако добиете една канта плус ,а ама тоа се плаќа плус.
    На нас една(heidy) ни доаѓа на тараса и ни ги кине вреќите посебно во зима.Ама толку се убави што ни е жал да ја скараме па и ставаме ореви и кикиритки.Децата ги обожаваат,па доаѓа на врата ни тропа и чека :inlove:.
    Кај комшиите има вашбер во ѓубрето и ставиле знак пази да не се уплашиш.До сега не сум видела вашбер по улица ,а во маалово ги има.Ама лисици има полно:x.Еднаш ја оставив големата малку подалеку од школото оти беше бауштеле и кога ја видов лисицата па кога се уфилмав леле ако ја нападне ,леле ова ,леле она:worried:.Ама ако се опасни нема да ги има.Диви свињи има исто(facepalm).Зш во Мк нема вака животни?
     
    На hello-kitty.90 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  4. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.842
    Допаѓања:
    40.121
    Пол:
    Женски
    @Ava.84 многу шуми има овде и нормално е да има и многу диви животни.
    Ние живееме во место опколени со шуми и од сите страни имаме опасност да кога возиме ни излета некое животно. Срни има многу , лисици исто . Диви свињи многу има . Секојпат кога одам накај работа возам со страв да не ми излета некое животно .

    За кантите , е искалкулирано по станари колку канти треба да има.
    Неможе да се порача повеќе , зашто ќе треба да се плаќа повеќе за ѓубре.
    Во кантите за хартија се знае што треба да се фрла . Голема картонажа , треба да се однесе на посебен отпат . Ако секој станар земе да фрла големи картони , за една недела ќе нема место за нормално ѓубре , хартија . Треба да се има осет дека не се живее сам.

    Многу се нервирав кога живеевме во станот . На кој му текне , да го расчисти подрумот , ќе ги наполнеше кантите до врв и после немаше место за обично ѓубре .
    Исто и со хартија . Фрлени картони , целосно , ни свиткани ни ништо.
    Ние плаќавме за хаусмајстор, да коси треба , да се грижи за кантите и слично .
    Сега живееме во куќа сами . Сами се грижиме за ѓубре , градина и слично . Раат сме .
    Кај нас е проблем што има комшии што имаат гаражи ама полесно е да се паркираат на улица и неможе да поминат две коли , и ако некој сака да помине од едната страна го користи нашиот дел од тротоарот. Го направиле сол. Се рони веќе дел од него . Плус колите паркирани пред нашиот влез за куќа. Ако сакаме да искочиме со кола , треба со маневри да се вадиме од двор . Имаме паркинг за три коли пред куќа , порано свекрва ми имала салон за шишање и требало паркинг. И комшиите имаат секој своја гаража ама од удобност се паркираат на улица . Планирам и јас мојава да ја треснам на улица само за да видам реакција .
     
    На Gosh, fairy88, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.022
    Допаѓања:
    36.324
    Пол:
    Женски
    Јас не можам да функционирам да делам нешто со некој.
    И плава канта имаме наша 40 евра годишно. Ниту еднаш не сме ја изнеле ама битно ја имаме. (facepalm) Ни требаше кога се преселивме ама додека стигна кантата комшијата Германец сите картони во приколка ни ги зеде и однесе некаде бесплатно кај што носеле четврток и сабота.

    Јас со мм ред би направила кој кога, а не пак со комшии. :D
     
    На SummerGirl, TutiFuti и mal.ecka им се допаѓа ова.
  6. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    34.011
    Пол:
    Женски
    10 часот и веќе 30°С.
    Пукнав...
    Проблеми за ѓубре немам имаме 3 жолти контејнети 4 оние црните рест мул и 3 зелени за хартија и две мали био канти .
    Но ние живееме во зграда со повеќе станови сите 3 влеза ги користиме еднаш една баба ми се дрзна требало да се дели и реков кога имам време тогаш делам. Ако има вишок време нека повели и нека сортира. Од тогаш никогаш никој ми нема преречено.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.802
    Допаѓања:
    33.746
    Пол:
    Женски
    Реков дека треба да се плаќа повеќе.
    Ние имаме 4-5 црни контејнери, 2 жолти, 1 плав и 2 кафени.
    Имаме и зелен за стакло изгледа.
    Маж ми се бави со контејнерите и маките ѓубрарски. Ќе дојде изнервиран ќе мрчи мрчи јас ќе го чуам со едно со друго ќе го заборавам и тоа е. Не ми е приоритет ѓубрето.

    За тесни улици не збори и накај градинката и накај школото ми се со една лента абе живци да искинеш.
    Пред еден месец кога ми се дурна еден ѓубраџија, како сум била на кривината паркирана еве ако сега се запали градинката што ќе прави противпожарното возило.Јас се задржав вкупно 2 мин трчав со дете.
    Ама толку не ме бива да се карам што заборавив да го прашам ,а што ќе прави тој ќе лета ли|(?Пошто две коли не можат да се разминат ,а за два камиона не ни можам да претпоставам.

    Срни имаме и ние на ридот:inlove:.
     
    На hello-kitty.90, fairy88 и MacenceEna им се допаѓа ова.
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.196
    Допаѓања:
    36.643
    Пол:
    Женски
    И кај нас е исто. Сите комшии имаат своја гаража, ама повеќето паркираат на улица. Маж ми вика Имаат право. Јас му реков Треба да имаат осет.

    Ние немаме паркинг простор во куќата. Само комшиите имаат. Исто и некои од комшиите од другите куќи мора да се паркираат надвор.

    А за чистота во влезот што да се каже. Кога видов со какви комшии си имам работа, се повлеков. Чистам само кај мене пред врата. И скалите на нашиот спрат. За другото не се замарам.
     
    На Ava.84 и MacenceEna им се допаѓа ова.
  9. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.617
    Допаѓања:
    7.212
    Пол:
    Женски
    Јас селектирам ѓубре. Што знам поубаво се осеќам така. Исто и картони и шпер мул или пријавуваме да дојдат, си плаќаме да го соберат или возиме до центарот за рециклирање. Во Минхен ги нема жолтите кеси/канти за рециклажа, како што има во другите градови, ама има до контењерите за стакло посебни контењери за рециклирање амбалажа, па таму носам преку ден. На 200м ми е, секако правам рунда со количка надвор минимум еднаш, па носам и ѓубре до таму. Био, рест и картон имаме. По 1100л се кантите :lol:. Хаусмајстор фала богу, па ни метам, ни макнам канти. Фала чика Владо, алал да му се парите, тротоари, тревници, влезови, подземна гаража, абе свети. Не знам кое средство го користи, кога мие врати три дена мириса на убаво.
    Инаку подземна гаража закон еј. На топлото не ти е угреана колата, на дожд не те врне. Да имаше само и лифт до гаражата до станот супер ќе беше. Ама нема, ниски се зградите, на два ката. Не планирале тогаш дека лифтови ќе се потребни.
    Ме боли глава, нешто ми е тешко, малата ми предаде вирус изгледа. Утре неработен ден во Бајерн, ќе пијам тајлолхот вечер и ќе спијам у дневна. Да одморам од овие што рчат по цела ноќ.
    Жешко и кај нас. Вчера дожд и град. Сега спарно и така.


    Леле а друго дојдов да прашам бе. Арно ми текна :tmi:.
    Како со јазиците. Нели ќе оди малата од ноември во крипе. Дома на мк постојано, ама сега пробувам и на германски по малку барем да не е ептен шок и изгубена. Не сака баш да комуницираме на германски она. Се лути.
    Ама нели за јадење ќе ја прашам магст ду брод хабен или слично, за колку толку да научи барем клучни поими. Знам дека се учат на брзинка, ама сум била и во ситуација каде доаѓаат деца што не го знаат јазикот во училиште и сум ги гледала како им било тешко што не се разбираат. Исто на игралиште со децата на пример што се од екју, стално ќе не заслушаат и доаѓаат да ме прашаат каков хрватски поинаков јас зборам.
    Какви се вашите искуства? Она си брбла со нас на некој нејзин јазик, ми е страв да не престане да ни збори после. Да не и дојде многу?
     
    Последна измена: 14 август 2024
    На Gosh, Chantal и mal.ecka им се допаѓа ова.
  10. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.565
    Допаѓања:
    8.017
    Ние па сме немале проблеми за ѓубрето до сега-исто го селектираме ѓубрето,освен еднаш кога еден будала ја наполнил до горе портокаловата канта со стиропор.
    Ама ние си имаме аждаја од хаусмеистор,па одма беа поделени листиви по влезовите со известување дека пријавил во фервалдунг и дека ќе имало консеквенции ако вака продолжи.

    Кај нас се се стари луѓе и се мали ќесиња ѓубре фрлаат.Половина од нив или се постојано на одмори,а другата половина летно време не се вртат дома и живеат по гардените.

    Вчера се гоневме со детето по зелената површина кај нас,со водени пиштоли и се прскавме.Минат комшии и се смеат.Не видов друга будала до сега како мене мокра до гаќи да се прска и да се гони со детето,ама баш ме гајле.На синко му викам ти не знаеш што зборам,ама да ти кажам радански пат не ни е рамен:rofl:

    Не гледа хаусмајорот со неговата пријателка и ми мава раци да дојдам.И викам сега овај сигурно пак ќе најде нешто што грешам или што се прскаме или ако ја нашол знатната рипка ја погребавме пред нашиот прозор пред 3 дена.
    Ја гледам откопана дупката,а неа ја нема.Му беше омилена и затоа ја закопавме,другите одат во шољјата.Знам дека тоа е тука забрането.
    И така правам фаци и одам накај него и ми вика не се секирај де ништо лошо не викам.
    Вика ти кажа ли детето дека зборевме пред некој ден.Викам па не баш.Па вика јас те поздравив,а викам тоа знам.
    И го пофали дека многу добро воспитан бил и многу почитувал и го поздравувал.Ми кажа како го поздравил пред некој ден кога одел до продавница да купи леб.Истото го потврди и неговата пријателка.
    Па,малку се смирив и убаво ми дојде на душата.Викам добро е не е за рибата,може некое животинче ја изело:whew:

    Мене ме удри дамла од жешкото денес.Здрав бев за спорт,за работа уште не сум:P

    Ми стаса одма писмо од гесундхатсамт да сум им се јавила да им кажам од кај сум закачила норо вирус.

    Друго нема ново,да одам да готвам,па ќе шетаме до трговскиот.Си порачав една фен четка да ми стаса во филијалата на Сатурн.
    Па можеби посредена ќе одам.
    Во сабота сме на роденден,петок ќе викнам дете на преспивање кај нас и така.

    Од недела свечено на работа:lol:
    Бев еден ден на работа и право болна цела недела. Белким сега ќе нема друго да не стрефи.
     
    На Ava.84, Chantal и danichap им се допаѓа ова.
  11. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    1.305
    Зборувај си македонски и понатаму со детето без грижа на совест. Така треба. Децата се како сунѓери, неверојатно брзо учат јазици .
     
    На Gosh и јolene им се допаѓа ова.
  12. joana18

    joana18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    802
    @јolene со јазикот јас не ја спремав пред градинка , таму учи . Дома само македонски. Зборови што кажува повеќе на германски. Но многу мал фонд на зборови имам за разлика од Германските деца овде или па македонските во мк. На пр. Кажува тато, кажува и папа значи тоа се два збора, е кога почна да му се обраќа и со daddy го исклучив Телевизорот скроз. Цуцла тргнав, тв нема почна да има некој напредок.
    Инаку вчера бевме во Штутгарт, леле луѓе колку се имам одвикнато од гужва од сообраќај… Значи јас во голем град не би можела да живеам.
     
    На Gosh и јolene им се допаѓа ова.
  13. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.617
    Допаѓања:
    7.212
    Пол:
    Женски
    Ти не најде да дојдеш во штугито додека бев таму. Ни една не дојдовте. Ама сообраќајот во Штутгарт е лудница, еве во Минхен не е до толку, а поголем град е. До штутгарци е. Сега кога си помислувам, само едно флора и фауна, кафулето ми фали. Ептен ми беше до газ, за бранч и кафе ми беше ептен погодено.

    Како се одучивте од цуцла? Она цуца само за спиење, не преку ден. За преку ден ли мислеше?
     
    На Chantal му/ѝ се допаѓа ова.
  14. joana18

    joana18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    802
    Да да лудница права. Па што знам со бебе не ми се шеташе, а всушност со бебе било најлесно , оди шетај сега со тодлер нема шанси.
    За цуцла всушност беше само за спиење, но како растеше цело време ја зимаше и сама си ја ставаше. И почна да ме нервира цел ден само цуца вика и ја става .
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    8.682
    Пол:
    Женски
    Цуцла на 17 месеци беше многу навлечен на цуцлите па купив поголеми тие 18+ и старите ги тргнав оваа голем му беше и сам ја плукаше и многу брзо се одвика.
    За јазикот го научивме да каже дека е жеден, гладен и дека мора до тоалет. Другото таму учеше, ама да тешко му беше знам еднаш ни се пожалија дека ги туркал децата што ги познава од игралиште и заклучок беше дека сакал да си игра ама не знаел како да каже. Ама брзо се навикна твојата уште помала е па и полесно ќе и биде.
    Мојот зборел три шпрахе: дојч, енглиш и наше шпрахе( и нема поима кое е наше шпрахе, додуша и јас незнам зошто он има еден микс од мк-хр со по некој германски збор).
     
    На Ava.84, Biljarkata и јolene им се допаѓа ова.
  16. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.617
    Допаѓања:
    7.212
    Пол:
    Женски
    Епа тоа де, баш ваше шпрахе. Арно си кажува детето.
    Колку беше малиот тогаш. Колку се поголеми, толку потешко. Точно е тоа. Да деца се, примаат како сунѓери, ама не е исто. Може поскоро ќе почне да разбира, ама дека одма исто ќе и биде не верувам. Јас им велам на тетка и, па и на нашите пријатели, братучедите што се овде со деца, секако зборат германски кога ќе се дружиме нека ги децата да зборат на германски. Нека слуша. Бар ќе се навикне постепено, нема да е толку непознато барем. И да тоа ќе се трудам јадење, пиење, спиење, играње, дојди да ги научи барем како поими. Па после со децата таму ќе се учи.

    За цуцлата и мојата кога ќе ја види ќе иде и ќе си ја земе. Па јас ја кријам после станување, ја кревам на високо. Она само за да се успие и после ја плука. Ама да подобро е од сега да ја одвикнам, оти ми се страв дека ако ја земе во градинка ќе си ја носи постојано таму. Инаку најголемата големина ја користи веќе, таа што е наводно да се одвикне. Од курапрпокс тие сами три големини се. Е она иде малку поголема, и ние веќе ја зедовме таа, ама освен што ќе и падне кога ќе спие, друго нема разлика.
    @joana18 ти како ја тргна. Скроз престана да ја даваш или?
     
    На Ava.84 и Chantal им се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.115
    Допаѓања:
    180.793
    @јolene твоето нели е малечко, зар знае да збори веќе:o
    И мојата ваљда толку имаше, година и нешто ко тргна- не мислам дека посебно ја учевме. Се сама си научи и уствари никогаш не научи македонски. Ама затоа граматика, падежи, барата овдешни, појма немам како. Ќе го усвои јазикот на кој се социјализира најмногу и тоа е.
     
    На Chantal, Gosh и јolene им се допаѓа ова.
  18. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    5.784
    Nie zborime samo makedonski, 4 ipol e zbori dobar makedonski so germansko R I dobro gramaticki se izrazuva.Iako e od 13 meseci vo grqdinka germanskiot ne go vladee kako makedonskiot i obicno koga zbori germanski mesa zborovi makedonski.
     
    На јolene, Ava.84 и Chantal им се допаѓа ова.
  19. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.617
    Допаѓања:
    7.212
    Пол:
    Женски
    Не збори Билко, ама разбира бе по нешто. Нели така иде. Прво разбираат кое што е, па после почнуваат да зборат.
    Ама ја осеќам кога сме надвор и кога збориме германски или англиски, се лути менува фаца, чудно и е и после некое време се расплачува. Е сега пошто почесто збориме на германски, веќе не се стресира толку многу, ама на англиски плаче уште. Поима немам оти вака. А кога збориме на наши, брбла со нас нешто. Нешто ќе повтори.
    И сега си велам да не и дојде многу непознато, па да не сака да зборува после. Вака барем да ги разбере клучните зборови кога ќе и кажат што следува.
     
    На Chantal и Biljarkata им се допаѓа ова.
  20. joana18

    joana18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    802
    @јolene и јас ја криев на високо , но некогаш заборавав, а некогаш знаеше и скриена да ја докачи или да најде друга. Еден ден несакајќи ја фрлив позади кревет и таа неможеше да ја најде , пред спиење имаше плачки но тоа траеше 3 дена . И читав книга измислував приказни и така ќе заспиеше. Вториот ден си ги ставаше цуцлите од бебињата кукли, ги фрлив и тие . А третиот имаше највеќе кризи постојано ги бараша. Издржав таа недела . Сега ќе и текне но само ќе и кажам нема веќе. Да знаев дека вака ќе биде ќе ја одвикнев заедно со цицањето. И спиењето и е подобро, незнам дали е до цуцлата или веќе почнува да се стабилизира. Се буди но не толку многу. Во градинка има посебна само за спиење и ја даваат но овој месец не оди па треба да кажам да ми ја дадат. Сакав да ја одвикнам и од пелени додека е дома но тешко не е подготвена. Не се секирај за ништо во градинката ги дресираат не е како дома. Незнам како стоите со јадење, ако не јаде сама можеш да ја учеш да јаде самостојно да ти биде полесно за спремање. Докторката ни рече дома само македонски на градинка германски, сега ги разбира и двата јазика но многу малку збори.
     
    На јolene и Chantal им се допаѓа ова.