Кај нас на југ од синоќа и утринава требаше со 160 километри на час да не помине со Минхен заедно али немаше ништо такво. Кај нас до вечер треба да помине гледам дожд почна ветер нема веќе. Ќе оди накај Минхен сега.
Мене ми пиша сабајле мајката која е во советот на родители дека градинката е отворена и ги однесовме. Инаку де врне де дува де сонце грее....
Кај нас ништо страшно.Јас ниту видов ниту слушнав.Имаше испаѓани гранки по улицата.Моментално грее сонце ама колшката вика дека ќе имало вечер пак. @Chantal леле колку страшно било кај вас штом толкаво дрво дигнало
Мене не ми личеше толку страшно, мислам дека пред неколку вечери многу повеќе дуваше. Ова сабајле се случи, кратко траеше. А еве цел ден дува ама ништо страшно и сончево е. Ќе видиме вечер како ќе биде. Туку да си прашам тука. Во план сум да барам mini job, ама и си планираме шетанција од две недели во Април и три во Август. Дали дозволуваат одмор неплатен кога ќе побарам или не баш?
Зависи од работата, шефот... На мојот мини џоб се дозволуваат. Отсуствував две недели во август, две јануари. Најдобро е да го кажеш тоа на самото интервју за да си раат.
Дечки Netflix или Amazon Prime? Некој ако имал Amazon Prime да ми каже дали има доволно избор на филмови?
Нема. Сум ги имала двете и не сум задоволна. Амазон прајм си ги доплаќаш новите филмови бесплатни се само библиски филмови од 91ва. Нетфликс си дава само своја продукција ако си фан на серии имаат добри боље нив избери ги. Ние си купуваме фактички секој пат кога сакаме да гледаме. Не оти често гледаме да се разбереме ни се исплаќа.
Јас имам Amazon Prime, ама искрено не сум многу задоволна. Нема голем избор на бесплатни филмови и серии, и за поновите филмови мора да се плати плус.
Синко ептен беше неспијач затоа немам уште ништо , ама нешто подобар е како расте па можеби ќе имаме време да гледаме нешто понекогаш . Како што кажувате изгледа Netflix ќе одбереме. Фала
На судски преведувач во мк и после заверено на нотар. А зошто. Затоа што се глупаци. Се јавив во управа за водење матични книги, и ги прашав за документи. И децидно прашав дали изводот интернационален со апостиле е ок, или треба да го преведуваме. Ми кажаа дека ако е името исто на латиница и кирилица тогаш не треба. И после - оп.. одете да го преведите на судски преведувач и на нотар да се завери преводот. Одма се завршува тоа во МК, не е фрка, ама снимка имам од разговорот со УВМК и од такт се извадив кога побарале превод. -- Кај нас е ок денес. И вчера беше ок времето. Во неделата мислам најстрашно беше, баш оскарите кога беа (не видов, иначе ги имаше на ProSieben). Освен искршени ролетни, нема ништо посебно во моја околина. Работат градинки, сѐ е ок.
Кај анс во Офенбах општо Хесен мислам дека школите и градинките само понеделник не работеа. Сега дува пак ама мене ми е нормално да си дува тука . Туку слабо не беше нешто многу страшно неделата и понеделникот тука. Мене ми се чинеше дека вчера беше повеќе страшно вчера повеќе дуваше и де сонце де дожд де падна снег малку ама се тоа на облак додека пак маж дури бил на автопат кажа дека од силен ветер колата му ја занесиувало десно лево ... можеби на отворено повеќе се е осетувало кај нас не. Само има испаднати гранки др нема штета и да на комшиката саксиите летаа од тераса пластични среќа празни беа.
Ова го пишувам овде да не ви е познато. Кај 20и30 ми ѕвони некој број покажува од доле од Минхен пишува, за некакви анкети. После тоа не функционира телефон ми покажува внеси пин па го снемува... Цел ден ми останала вклучена локацијата па и тоа страв ми е... Да го фрлев телефонов и да имам некое чипичанче без локација и камера и пораат да си бидам. Денов и онака чуден ми е... Како може после 20:00 да ѕвонат?
Здраво . Би ви била благодарна доколку некоја од вас ми каже како тука да побарам во аптека прополис капки и некаков пробиотик за стомак или медицински јаглен . Со германскиов јазик ми оди тешко
Пробај со Propolis Tropfen, Kohletabletten (за медицински јаглен) и Probiotik.Ако ти треба за пролив Tabletten gegen Durchfall. За деца ако ти е не даваат пробиотик.
Која штоер класа е најдобро односно подобро или најпаметно да се биде? Која штоер класа сте вие? Јас бев петта па трета и единствената разлика што можам да ја воочаам е дека како петта ми одземаа данок, а како трета не ми одземаат. Па сега размислувам да бидам четврта класа.
Ние со мм сме 3 и 5 мислам. Ама што слушам најдобро било да се биде 4/4 класа. Нек кажат поискусните подобро.
И мене на работа ми рекоа најдобро е 4/4. Ќе се ставиме така сега па ќе ја видиме разликата. Ме интересира дали само разликата во данокот е разлика или има и нешто плус.