Здраво мајки, во градинка ми бараат потврда од доктор. Ние при запишување го дадовме вакциналниот картон од мкд но ни бараат од доктор тука. кажете ми треба да направам термин за преглед кај педијатар? И дали само општ лекар или и на забар. Не ми е јасно каква е таа потврда што треба да ја побарам од лекар
Истото прашање ме мачи и мене. Имаме веќе картички од АОК а немаме сеуште матичен. Каков е тој преглед кај матичен и што треба да однесам освен картичката АОК и вакциналниот картон од Мкд?
Ја со ѓубриња проблем иам само со комшииве шо не знаат дека со факинг универзалниот клуч што отвараат и влезна врата, и врата од заден влез, и врата од подрум, и од соба со саати за струја, и од перална и сушара, и од нивниот стан, дека можат и кај ѓубрето да влезат! Три згради сме на еден паркинг, имаме од огромнине контејнери, и плав, и црн, и жолт, и био, дури и картони и електроника и мебел фрламе во заградениот простор со метална ограда на паркингот, па фирмата за одржување си викаат комуналец да си собере, али дебиливе у задње време ќесите преку ограда, па им се закачуваат, па им се кинат и се цеди све под земја. А па да не праам муабет шо картони у хартија фрлаат, па нит ги склапаат, фрлаат све у жутите контејнери, не у црните, и најгадното, шо ми е смрт и на мене, а можам да замислам на комуналците - биото упорно и упорно у пластични ќеси го фрлаат! Значи иде факинг упатство за употреба со слики еднаш годишно, и распоред имаш мме, па кај нас и жолтите ќеси ко за идиот со сликички е објаснето шо се фрла, а па да не праам муабет дека ни се бесплатни, моеш у било кој Амт да одиш на информации, ќе ти дадат. И кај Градоначалникот да одиш ќе ти дадат, или ќе си најдеш по згради оставаат пакети да си земеш. Цел реферат за ѓубре...
Џоплин мојот на 3 и 2 месеци тргна корона време беше што ни одложуваа не вртка. Ако и пушташ ТВ можеш да почнеш на германски тоа јас почнав повремено цртани на нетфликс на германски.
За ѓубрето да не ме разбравте сучајно дека ние фрламе ѓубре секаде?Не мислев за нас, таков гаден град е нашиот и баш дива лига.Спер мул во парк ,колички за пазарење во каналот со вода,пикафци на секаде.Кај што се контејнерите не се влегува од ѓубре. Сега ново игралиштата од бегалциве кои не работат се ѓубре, немаат време да идат до кантата ,а се како крлежи се повеќе и погрозни.Не ми се шета низ паркот од нив сум дебела.А децата им се насилни. Ама ние пазиме на се оти имаме камера кај каните- една баба.Не дека нешто е некогаш рекла. Заборавив како се вика ама пред да тргне на градинка максимум една недела пред да тргне ,обичен преглед и ти даваат потврда дека е здраво.Потврдатата се плаќа ,цената зависи од докторот.Заболекар не бараат.
@joana18 Не е мало твоето? Моиве: прво дете до 4-5-6 години (имам заборавено ете) мешаше македонски и германски; второво (заради првото што збори без престан) од 2 години знае одлично македонски и германски и не ги меша! Во градинка се чудеа кога слушнаа дека македонски зборува со мене. А вие фактички жолти канти имате? Ние имаме жолти кеси. Црна канта. Плава канта за украс. Био немаме (чат пат по некое цвеќе од домаќинкава вредна во црна канта оди). Дома само македонски зборуваме секогаш. Со децата исто само македонски. Кога и да сум сакала на германски они сепак на македонски ми враќаат само. СФАТИВ дека колку и да се објаснуваш другата страна сепак останува на она што го мисли. Знаев отсекогаш ама сега го сфатив она онака убаво дека баш така е тоа е тоа. Дека на децава еден збор лош да им се каже скокам одма!!! Колку и да изгледа минимално! На малиов му викаат глупав и шутрак дека ако му речеле паметен на очи ќе го фателе и ќе плачел после! Среќа па малиов појма нема што значи глуп, глупак, шутрак па никако и не реагира и сега за сега не ги ни употреби тие зборови. Да бе дете на 3 години на очи ќе го фатат и ќе плаче ете го. Како не му реков јас гомна да ги викам и кога ќе речам не е добро тоа кој те научи така да речам еее нејќе на очи да ве фати. Ама и наредна прилика не ми е касно. Што на ум тоа на (не знам кој збор следи друм ли ). Каснам ама секогаш враќам. Стигнавме де. Деца пресреќни. Ние исто. Не можам да ви опишам кое чувство е. Прво кафе со вртоглавица испиено.
Ние кога се враќаме од мк, секогаш си оставаме уште по мин 3 дена слободни, пред да се вратиме на работа, да одмориме од мк и да се порадуваме на раатот. Како ти е малата? Знам дека муабетот со децата и јазиците милион пати е правен де, фала ви на сите за споделеното. Нормално секој на озбилно ќе го земе кога му доаѓа на глава. Порано и јас сум си викала, абе деца ко деца ќе научат, а сега од друга перспектива ми фуфка. Не сакам да сум хеликоптер мама, а се фаќам дека сум. Треба нов телефон да си купам. Овој откажува. За телефони сум многу скржава значи нема до дека. Како за џабе фрлени пари ми се.
@gjoker4e па и не е толку мала пуни 2 има , некои деца на оваа возраст реченици сврзуваат , а таа не сака зборови по нас да повторува. А и многу е инат уште од сега пр нема шанси нешто да и облечам ако не сака. Мора таа облека она што сака. Што направивте со пасошот како поминавте по пат? Да убаво е да си дома , на раат без галама.Јас кога си одеме мк на раат неможам да се облечам. Зошто не оставаат приватност па мора да се влезе во соба? Зошто ако е тивко мора да се влезе и да провери дали спиеме? Па ете мене тоа ќе ме разбуди и неможам да заспијам . Колку заостанат народ сме ејј. Па и на дете да му се вика глупав .
Мојата на 2 години зборуваше многу малку скоро па ич, само некои зборови. Нормално е. И зависи од многу фактори и од самото дете.
Има ли некое средство, отров за пајаци? Секој ден ги убивам и пак ги има. Ми го преполовија станот, неможам џам од нив да отворам. Сега еден ми падна на фаца додека зеев во телефонот, ајде мал беше и го убив. На терасата има многу, обично навечер ми се појавуваат, и ситни и со средна големина, црни. Врвот беше некни, кога на сред бел ден во ходникот од зградата видов еден кафеав пајак голем шо се вика како дланката, арно маж ми беше со мене па го уби. Прв пат видов толкав пајак, голем беше како тарантула. Телото помало му беше а нозете ептен долги и дебели. Знам дека се безопасни, ама луѓе, неможам да ги гледам, премногу ми се одвратни и creepy, добивам панични напади кога ќе видам пајак, цело тело почнува да ми се кочи. Ти ебам и лето и се, ајде нека заврши, нека дојде зимата па да изумрат.
Кај тебе се парите. Не ги убивај. Јас пак знам на ладно дека се појавуваат пајаци и пајажина. И ако се чудни може и опасни се или? Цела моја фамилија знае дека во станов имало премногу животни: муви, пајаци, црвите од пред некоја година , не ми текнува друго што… децава се превозбудени од секоја бубачка и кога ќе фатат и прават кревет со перница и ќебе и јадење и носат и се ама со саати се занимаваат. Додека пишувам сфаќам дека ни фали маче, куче, зајак…
Никако зајак. Прави ѓубре и мириса. И кога ќе го пуштиш од кафез, кака и моча насекаде. Ние чувавме зајак по инсистирање на маж ми. Едвај го убедив да го даде.
И ти ко маж ми. Не ги убива туку ги вади надвор. Го прашувам зошто и вика дека пајаците значеле пари. Ма јебале те пари ако треба јас да се тресам секогаш кога ќе видам некој закачен во некој ќош. Па и овие надвор, едни со средна големина, црни, со напупан голем газ ала Ким Кардашијан. Иначе во зима немам видено пајак, само летото мене ми шетаат.
Мрежи на прозорците да пробате ќе се намалат во голем процент.За што служат мажите-за тепање на пајаци.Кај нас во подрумот има такви големи. Мажи. Некој кажа тел му треба нов не му се дава пари.Така и мене телефонот вадејќи го новчаникот ми падна од ташната и се скрши со дупка долу инаку беше целиот здрав.Ми се случи 2-3пати тачот да не му функционира и едно сабајле му пишувам на мм меил од раб оти не функционира и да ми купи успат некој.Ме прашува каков сакам - Смарт, не смарт,самсунг, ајфон и колку пари да биде.Боја не прашува. Викам купи ми го најпростиот и најефтиниот по можност од 100 евра.Не ми се даваат пари за глуп телефон што пак ќе го скршам. Ми праќа скрин шот порачал -пари 159 евра,боја жолто златен. Дупло подебел од стариот.Му велам зш толку ефтин па ти кажа , не е ефтин на попуст го најдов 5Г е . Перформанси 5 г.Да му бев швалерка сигурно малку повеќе ќе се потрудеше.После жено ќе се видуеме ли оваа вечер море мрш таму 159 евра. Мажите служат за нервози.Сега си имам жолта мене повеќе на зелена ѕигла ми личе.
Ја сум таа со телефонот. Да има како уште таа нокиа лумиа ќе си ја користам. Ама нема, не и прават апдејти веќе. Еден скршив, т.е екранот му го скршив пред 4 години, уште си го користам, сега за бели звуци ми користи. Овој од маж ми го зедов, со на пола скршен екран, едно 6 -7 години стар. Ама толку е. А ми треба само да се јавам, порака, мејл календар да видам, слики мутави вади ептен се, тоа може сега за со дете не е лошо да се има некој со поубава камера. Карта еве за градскиот транспорт што ми е на телефонот, вибер, вацеп и Фемина. А не ми се купуваат од многу аспекти, нормално прво пари што давам, а второ кој бизнис е, не траат повеќе од 3 години, после блокираат, не прават апдејти, нема меморија и се нешто им фали. А батериичките мали колку ѓубре прават едно чудо. Се отиде у неповрат. Наххалтиг жими она, секој за профит, секакви ѓубриња се продаваат. Секоја година се нови и нови серии се помодерно, се појако бла бла бла. Се угушивме. Што друго да кажам, дете уште рашмркано, од секрет кашла. Сакам да одам малку на шопинг, немам ништо што да облечам, две години ништо не си имам купено, освен два пара труднички палтолони што и сега си ги носам. Не дека сум толку дебела де, туку да не стојат така, а многу ми се згодни. Амазон дали приметивте дека само ѓубре продава. Сакам да идам до град малку, да идам и до инголштад ќе видам ќеќе што ќе рече на мои идеи. Морам со татко и заедно, за да ја анимира, инаку ништо не можам да видам. Работа бе луѓе, работа треба да си барам. Ја уствари сега до октомври сум на елтернцајт и после невработена. И уствари да не заборавам да се пријавам за осигурување под маж ми, инаку маф. И во агенцијата за вработување. Ова да си запишам тука, да ми влезе во мозок. На дете треба пасош да и вадам, денска и да ја сликаме дома, па у Росман ќе ги направам. Ако биде, ако не на сликар. Дојчовски деца кој има рече, за колку време даваат пасош. Ко демек се помирив нема да ојме на одмор, ама сега барам кај е топло во октомври, ам да не е многу далеку за малата. До кај 3-4 саати макс. Ако не ја и у бања можам де, не е проблем, само дома да не сме и вода да се брцнам. Мислам Турција или грчките, Тенерифе ама и пари не ми се даваат многу баш. Од горе погледнав, ама скапо бе за во октомври. Па ако тогаш се толку, сега колку се? Кога скокнаа цените за одмор толку многу. Лани само не бевме. Или ја многу барам, па скапо е? И некако ко и за дете се брои, за ол инклузив или можеби оти од телефон барав. Врска немам. Ајде да правам втор доручек. Како хобитите сме. Двапати доручек, сто пати јадење, само тоа па тоа. А пајаци имам и јас тука многу. Ама и многу природа наоколу, не ми пречат. Мрежа имам на два прозори само, а се оставам отворено. Топло и спарно е, не може човек да дише. Секој ден да шмукаш џабе, пак ќе има. Ама не се замарам со нив. Ако ептен ми излезе на пат и ми пресмета. Не се плашам ни од пајаци, ни од скакулци, а и такви имам, ни од бубачиња разни. Не ми е језиво ништо, се додека не е змија, со се друго сама се справувам.
Почни да бараш уште сега работа , пријави се и во АА, јас еве се уште барам абе ни на интервју не ме викаат , само повратен мејл дека ги проверуваат документите и некои потоа ќе пратат дека не сум во потесен круг. Не се знае на колку места аплицирав, моментално се по одмори па ни огласи нови нема. Може кај тебе полесно ќе биде дека поголем град . Почнав да размислувам и за некој умшулунг може кога ќе сум со Германско школи ќе имам поголема среќа. Ете јас сум од тие што немаат среќа воопшто. Ќе се шекнам веќе дома оваа монотонија ме убива . Секој ден излегуваме но на исто место на шпилплатз . За одмор леле колку ми се одии на море , но реално ни требаат пари. Им љубоморам бе во мк секој викенд се грција охрид , ние ем во Германија неможеме да си дозволиме. Се нервирам веќе.
Mnogu guzvi po granicite za vrakanje vo Germanija, haos neviden Bez zezancii sega sto e dozvoleno a sto ne da nosam so kola.
Ние многу брзо поминавме. Мак Срб 30 минути, Срб Хрв саат и 20 минути Не знам што смее што не, ниту еднаш не не провериле до сега, носиме обавезно турско кафе, друго чат пат