Ајвар смееш. Месо и сирење не. На пример зготвено месо за по пат смееш, ама не сирење вакумурано, кашкавал, урда... Сигурно за мало парче по пат нема да ти прават проблем, ама за поголеми количини да. Ние порано кога возевме зимо/есен сме носеле и месо смрзнато, канта сирење, урда исто смрзната. Не не проверувале. На ризик . А и реално ретко проверуваат, особено ако не си сомнителен. За ракија/вино по две три шишиња сме носеле, цигари не пушиме, поима немам колку е лимит. Тоа. Овошје и зеленчук мислам дека не смее многу, ама сме земале по нешто. Е сега кога е топло освен ако не е зготвено, може да ти се распипе ако заглавиш на граница. Грав, ориз обавезно и јатки, лута сол, тоа и со авион се товарам . Не излева селото од мене, што да правиш. Џабе.
Fala bitnite raboti mi gi opfati ajvar, jatki, luta sol . I jas na pocetokot kanta sirenje Berovsko nosev, ama sega drugi ss vreminjava.
Она што е зготвено не е проблем. Ако прашаат, а нема, можеш да им кажеш дека е зготвено и вакумирано домашно. Мед сме носеле исто, по 2 кг од човек ми се врти беше, ама не ципизарат толку. За сирење и месо вакумирано мислам беше како сувенир, значи по едно парче може без проблем.
na toa deklaracijata da taka pisuva po 2 kg med po licnost moze . Si mknam raboti od tamu navaka sega i nataka ama nekoi raboti nemozat po vkus da mi se sporedat
Дали може некоја да ми каже дали Државјанството и Изводот од матичната книга на родени треба да ни бидат преведени? Мислам да, ама да си прашам за сигурно...
Изводот треба да е интернационален. Не знам дали има и интернационално државјанство. Ама нели има разлика од вработен до вработен и од покраина до покраина па некаде треба да е и преведен, па со печат од нотар, печат од општина, апостил…
Кај сте бе женски. Леле два дена врне, како двеста ми се чинат. Ова ако не го извадиш на шпилплац деца да гледа, ќе не изеде еј. Ме полуде денес. Јас психички не сум спрема да му кажам чао на летото и се радувам што пак ќе стопли неделава. Денот се намали ептен, веќе е темница надвор. И тоа ми фали, да ми биде ден до покасно. Бар до 21ч. И сега ми текна, дека кога бевме по северно, денот беше подолг отколку овде, таму имаше денови кога до 22 часот си беше светло, ама баш светло. Адел има концерти у Минхен, јас тек некна разбрав бе. Колку поима немам што се дешава, дури срам ми е. Не дека ќе можев да отидам, ама ме нервира колку малку иницијатива има во мене во последно време. Што се дешава ново, дај кажете нешто убаво и позитивно, да стоплиме срца малку.
Само да ви кажам дека ако некој ве праша во кои држави освен Германија се збори Германски јазик како мајчин, Аргентина НЕ е политички коректен одговор.
Еднаш преку Унгарија и веќе никогаш. Окапавме 10часа на граница . Се вратив во реалноста и во својот дом . Каде се осеќате дека сте дома? Тука во Германија или долу во Македонија? Јас тука каде што сме сите ние на купче.
Дали може некоја што е расположена за објаснување и живее во Германија да ми пише, ми треба мала консултација. Фала многу
Многу сте чекале. По групиве има и по 20 саати што чекале викендов. Ние за 16 саати вкупно бевме дома преку Хрватска италија 1800 км. Германија. За жал. Отсекогаш сум ја мразела Германија и сакав да се се селам Австралија, Австрија или Швајцарија ама на крај испадна само по себе Германија. Од кога сакам да кажам дека германскиот јазик отсекогаш го мразев ама сега англиски не ми е убав кога слушам. Од Мк се вратив остарена, здебелена, никаква, ни шминка ни облека ме покрива ама малку да потажам па после собирам сила и се враќам во форма. Ама за секој проблем морам некако прво неколку дена да си потажам.
Како е сега процесот сега за добивање фамилијарна виза, се аплицира за виза прво чекаш термин или сега е поинаку?
Ако некоја во скоро време поминала низ процесот на земање виза за квалификуван кадар дали може да ми одговори на некои прашања. Конкретно за доктори. Дали за плава карта можам накнадно да однесам BE/FSP? Пошо јас сум туристички тука, и нема шанса во рок од 80дена да добијам се тоа. А не би сакала да ми пропадне договорот за работа. Дали со договорот да одам директно во амбасада и да прашам за каков тип на виза можам да се пријавам?
Море капа ви симнувам што се нафаќате со деците до мк со кола. На сите! Јас мислам дека завршив со тоа поглавје. Купивме кола помала во мк и ќе се лета. Гужва по граници и збеснато дете, не не. Мемоарите мои за потрага по дома ги знаете сите секако. Не гнавам со тоа. Мислам дека кога ќе си купиме наше, ќе сме дома. Вака сега никаде не сме. Што вика Џоки наша, ја и во мк кога бев, не можев да се привикнам, оти во погрешна држава бев. Овде ми е поарно, ама ете фали некогаш да ни се блиску родителите. Идеално вајда никаде нема. Не и давам на носталгијата да ме изеде. Туку бев со сабота во центарот. Не знам дали ви кажав. Нема врска еве пак. Или ја сум остарела или градот остарел, не знам. Маж ми па ме зеза, ко демек пред 20 години, други очите ми биле, а и џебот. Демек ко сум имала пари за само едно кафе, максимално сум го уживала и романтизирала. До душа, може и у право е. Гужва, гужва хаос. Сите си зјапат у телефони, се влечкаат, с -бани каснат, не е веќе така чисто, ама тоа само дека на Мариенплац свртев. Може околината пак убава си е. Ама затоа денес супер си поминавме на кафе на едно мало плоштадче. И торта јадев, шеќер у вис после, ама ако де. Малото дреме, ја лежам до неа, оти мајке ми ако не се доспие, ќе не збудали. Сабајле не се наспа, поима нема кај тера таква хиперактивна, па користам да ве позамарам малку. Дај кажете нешто ново бе.
Здраво. Треба да почнам на училиште во осмо одделение тука во Германија се преселив пред 2 месеци. Германски знаам само А1. Англиски В2. Ќе можам да се снајдам ли само со англиски на почеток ? На пример да прашам во која училница треба да одам дали би сакале да ми одговорат на англиски ? Читам дека не сакаат да зборуваат Англиски па ме плаши малку.
Јас пак сабајле болна, нос затнат и глава ме болеше,исто имав малку внатрешна температура. До сега се оправив ништо не ми е. Му кажувам на маж ми,а он па лежи одмарај ништо не фаќај по дома.Вика немој пак да им се пишеш болна.И стварно,ако се пишам ќе биде ептен претерано. Битно вчера запнав се исчитив по дома,ако осеќав дека не сум добро.До душа и детето ми помогна.Он менуваше постелини,јас расчистував,па заедно метевме,бришев под,машини 3 пуштив што се собрало. На крај отидовме на базен,ама дека посвежо и сум заспала додека се сончав на травата и мислам тогаш се зафркнав и настинав. И вие ли ѓи терате децата да ви работат по дома? Јас на моменти како немајка се чувствувам,ама па се не се постасува Денеска требаше документи да средам и перална да купам. На крај направив само неколку курсеви што ми се битни за работа,се научив дома да ги решавам,а не за време на работно време и да си пишувам саати.Се собраа 5 саати до сега. Баш му реков на шефот,дека е невозможно да читаш,се концентрираш и решаваш тестови од тоа што си го научил додека работиш и ти брчат во позадина.Па он ми даде линк за дома да учам. За перална се мислев дали да купам некоја со комбинација сушара,ама не се многу фалени по интернетов. Друго переш 9 кг во неа,а сушиш само 6 кг алишта. И така уште ја терам расипаната,барем душата до крај да и ја извадам. Телевизорот и он заебава оти и он тера 10 години,па пред некоја недела му купив стик од амазон и од полусмарт,сум го направила ептен смарт,дури и на зборење одговара.Додека душа не испушти и него не го менам Темата со кола за Македонија, еднаш отидовме и не ми се допадна.Не чекавме ич по граници,многу ми е временски. По пат во двата правци спиевме кај другарка ми -некаде на половина пат се фаќа. Да одам 3-4 недели може така да појдам.Ние одиме максимум 2 недели па овој начин на патување не ми се исплаќа.Губиме многу денови во пат. И ние како @Jolene се мислевме да купиме помала кола за да ја возиме по Македонија. На крај направивме пресметка и видовме дека не одговара.Доле се голема фамилија и таа кола нема да стои во гаража.Цела година ќе се вози,а поправки и регистрација ние ќе плаќаме оти е официјално нели наша.На крај ќе ми излезе ѓавол и пол. Па секоја година си рентам кола за две недели и чиста сметка долга љубов. Јас одам да го потсетам детето да си легне,се загледа во телефонот. Па да си ја пуштам Очајни домаќинки.Ја гледав како девоче,сега ова ми е втори пат
Сестре по скржавост и јас гледав стик. Викаш функционира? Да нарачаме и ние тогаш . И нашиот е стар веќе и не зеза. Де ќе се пушти, де нема да уклучи Амазон или нетфликс, а нов не ни се купува моментално оти мадам е у фаза да фрла кое каде стигне, и ќе трае. Па вака нека иде додека иде, па и да го скрши да не ни е мака. За колата и јас не знам зошто ја купи. Не ни треба, оти и кај нас сега свекорите ја возат. Ама не вреди да се нервирам, па со здравје да си ја вози. А не си ни одиме толку често за мк. Свекор ми има кола, татко ми и он. Ама он да не завислел од другите, да не ги молел, да не им менувал планови, па сакал нешто поубаво и така. Да јасно ми е, ама постои и опција рентање. Практично е, не дека не, ама не мораше. Немајка не си. Детево уште од сега го учам дека мора да се средува и нема сто пати различни јадења. Е да видиш кој е немајка. Ако не јаде сега од тоа, истото ќе и го понудувам за еден саат пак. Неможам ја само да готвам и нудам. Почнувам да и викам да средиме играчки, ама не разбира. Јас ќе соберам она ќе растури, ама еден ден ќе сфати, а јас не знам кога ќе биде тој ден и затоа уште од сега кажувам . @Andzelka23 зборат англиски скоро секаде. Секако настава на англиски нема да ти држат, ама да се разбереш со соученици секако ќе се разбереш.
Моиве сами средуваат без да им речам. Никогаш им немам речено. Малава еве сега пред спиење само што ја среди дневната без некој да и рече било што. Завчера сум заспала околу 18:00 она кујната ја средила, избришала усисала. Малиов омилено му е со ножици да сече и на крај собира се и фрла во канта. И јас сум така настината. За каков стик станува збор? @Andzelka23 Во класот можеби и Македонци ќе имаш. Ако не Македонци тогаш сигурно некој од Балкан. Ако не на англиски. Јас сум од оние што не знаат англиски сега. Се допишувам со клиника во Турција и само на германски ми работи мозокот. А англиски 10ка имав и перфект знаев и еве не знам сега откако научив германски како да го активиран англискиот. После мислење од една минута ми текнува зборот. Дома малава го учеше малиот за прегледот у7а и педијатаров без да знае вика колку сте се извежбале со сестра ти дома она се му кажа колку е убаво, колку е докторот добар, дека треба да седне и да одговора, дека ќе го мерат, дека може и на стомак треба да го пипнат и може рацете ладни ќе се ама и ќе скокотка… и педијатарот вика прво дете од 3 години што соработувало до толку