Ние кога идевме за Мк на таа граница чекавме 1 час. Се надевам дека и за враќање ќе биде исто. Дома се осеќам во Германија. Во Мк не сакам да седам. Едвај чекам да се вратам назад.
Ова е стикот кој го зборев Спојлер: Амазон стик Јас го купив и реков,ако не ми ги исполни очекувањата,одма го враќам.До сега сите сме задоволни,а синко се радува на опцијата каде може со говор да се управува телевизорот. Колку поинаку го перцепирам филмот кога го гледам повторно.Некои сцени кои ми беа смешни или безмислени,сега на оваа воздраст ми се со длабоко значење и ме растажуваат.
@јolene не се сеќирај во градинка ќе се научи да средува, и мојата така дома не сакаше , па ни таму , ама гледајќи ги другите деца почна и таа. И дома веќе практикувам и купив неколку играчки кои не и се на дофат кога сака бара игра завршува со игра дига се па просолжува со друго. Функционира а и не сакам коцки низ дневна. Во нејзината соба не си игра само носи играчки во дневна . Па така кога сака нешто прво ќе среди па ќе добие. за кола во мк ни треба многу немаме наша . Но секако во мк немаме ништо наше . Многу имам желба да си купиме овде наша куќа па да ја уредиме како сакаме . Овде купувавме нови работи но сакам стилски да биде не ради реда. Може некогаш и ќе ми се оствари сонот. Да ви се пофалам бев на интервју за работа па може ќе ми се постеќи овој пат, сите беа многу фини мислам дека добро поминав но и во септември ќе имале термини со др кандидати така да незнам што ќе биде.
Дечки дали некој сега во скоро време средувал за фамилијаена виза, се чека уште термин или директно се приложуваат документите?
Во Мк нема шанса наредна година ова го кажа мм.Јас секогаш го слушам кога ми одговара. Рента канта е најдобар збор за изнајмување на кола во мк.Двапати канти добивме . Никогаш веќе нема да одам на одмор преку мк агенција.Хотелите се македонски сандард , оброците исто. Со деца планирам да одам на одмор пак кога ќе наполнат 18 ако сакаат да дојдат.Секоја година хорор не фала поарно ми е дома да си седам. За одмор со друшто исто никогаш повеќе поради друштвото имаме ваков смештај.На крајот не дојдоа со нас. Така едвај чекам на раб да идам не знам дали ради симпатијата или ради колешките. Леле каков типац сум видела на плажа .Чоколаден со убаво оформени контури и така заборавив дека имам симпатија и одма намрштениот го сменив со овој исунчаниот.40 степени ми се видоа како 400.Го манијачев скришно оти ми беше ептен блиску.Што нација е не разбрав оти ништо не кажа.Ама ако го видам ќе се удрам во него или минимум една топка ќе му удрам. На крај сигурно ќе е геј .
И ние лани така, заради друшто променивме дати , презакажав милион термини само за да одговара на сите. Отидовме на одмор на есен , локација променивме бидејќи не им одговараше . Па хотели триста глупости и на крај ни откажаа во последен момент..
Иначе, го пишав мислењево у Мјф или Миб, кој кринџ... Шо да ви кажам, ми паѓа косата задњиов месец ко да сум пу пу пу болна... Ме фаќа страв, ќе пишувам меил утре за термин на лекар... Кај вас како е? Викаат од водата било, многу бигор... Друго, мислам дека почнувам да согледувам што ми се јаки страни вака карактерно, и други што ми имаат кажано периодов, па се стеснува изборот за која професија да правам аусбилдунг. Али прво да положам. Е сеа, малце помрсничко, иам двајца симпатии... Тој првиот од курс, вака симпатичен, со тетоважи цел, чита Кафка, али не ми беше нишо вау додека не почна да ме зјапа ко аутистичен. И престана да ми биде до толку симпатија, оти престана да ме зјапа од коа примети дека приметив дека ме зјапа. Другиот ми е од работа, работи на шанк миниџоб, баш ми е маче. И плус може ќе ми се исполни желбата да се удадам на море у Хрватска. Прво, чоекот е многу стабилен вака у комуникација со други, особено мужи, не се понаша ко сељачиште, друго ми пружи рака да се запознаеме ( ова ми се нема десено од наш две години), и трето цело време кисне у кујна коа сум таму, почнаа да го бркаат, а тој јадниот само по име ме вика. Прошлиот пат 7 пати името ми го спомна, и пратил конобарката да се распрашува за мене кај готвачиве, али овие одма ја издадоа. Па уште и тој еден разведен со три деца шо прца све шо ќе стигне, шо сум му симпатија оти мисли дека ќе му перам и чистам ако ме земе, оти педантно си работам, ми вика за неа прашува, лезбејка е, да не сум се радувала... Му реков ахам важи, и отидов да си го пијам пивцето што ми го донесе симпатијата. Само нешо разбрав демек ќе работел до Септември, или до крај Септември, нели наравно. Не за џабе ми е симпатија... И така...
Не ми збори за косата, до скоро цела се "митарев" што би рекла , мада уште се митарим ама не толку. Најверојатно ми е од што секој ден ми е со стегач врзана. Од водата на почеток имав многу првут и многу ми се мрсеше. Сега колку толку ми се врати у нормала.
Ја таман се израдував почнаа бебешки влакна да ми растат од кога престанав да ја носам фатена, и види сеа цела ми испопаѓа...
Кажете германски лек бре за испопаѓана коса . Бев се проверив на доктор, се ми е ок. Ме испратија како да лажам. А косата уште си паѓа ли си паѓа . А од бебешките влакна глава неможам да кренам, антени насекаде, сите програми ги фаќам.
Од Октомври може од Хрватска ќе пишуваш. Колку сум напната ниту еден симпатија немам. Пробувам симпатијата симпатија да ми биде ама не оди… ама ќути таман ако престане симпатија да ми биде конечно ќе размениме по некој збор и ќе се зближиме Се почесто се прашувам лезбејка да не сум…
Ви кажав колку имам јас среќа нели ? Барајќи работа јас добив позитивен тест . Работата нема да биде толку иронична , но јас сум под АА и примањата ќе ми завршат уште овој месец. Незнам дали да се радувам на бебето или да плачам. Но плачам цел ден…
So lesno neka ti e, rabota sekogas mozes da najdes.Mlada si ima da rabotis cel zivot. Bebenceto ti e blagoslov.
Ако најдеш одма работа можеби ќе имаш примања цела бременост и после 12 месеци 67%? Не знам точно да ти кажам, но можеби знае некој. Па после 2-3 месеци ќе кажеш на работа дека си трудна и не смеат отказ да ти дадат колку што знам. До 3 месеци, кај некого и повеќе, не се ни познава стомак. Значи три месеци имаш време да почнеш со работа и отпосле ќе кажеш. Не си знаела дека си бремена и никому ништо. Јас само што почнав на новата работа бев трудна и одма кажав на шефот ама се договоривме да ми помине пробецајт па да после да однесам потврда од гинеколог. Сакав на сигурно да бидам и не сакав дома да седам. Од тогаш (на толку мислење и главоболие што како ќе биде ) 4 години поминаа до сега и се за џабе било ама во моментот ај не мисли што како.
Честитки и со лесно! Немој да плачеш и да се нервираш. Во право е Џоки. Јас бев 3 месец трудна кога ме вработија на новото работно место. И тоа кажав одма па ме вработија, им се брзаше со еден проект, да се разработи им требаше некој кој исполнуваше услови, единствена таква бев и ме вработија. Дури шефка локална не сакаше со управата да сподели, ама после кажа.. Работев до последен ден и си земав после породилно. Дури и на определено работно време да те земат, се смета за породилно после. Само гледај договорот да ти е најмалку до дтата за мутершуц. Ќути си. Ако те земат, ќе кажеш таму после некое време и не смеат секако да те отпуштат. Абе луѓе какви ги има, по цело време се болни се пишуваат. Уживај. Знам и јас се нервирав како ќе биде, нема да биде фер бла бла бла. А на крај уствари се разработи проектот и се вработија по мене уште 4 луѓе. Така да, од сегашна гледна точка супер искуство беше. Гушки гушки гушки, леле многу се радувам за сите трудници . Откако родив, скроз поинаку ги дожививам.
Се надевам дека ќе најдам нешто овие месец два, највеќе ми е заради примањата во бременоста, ќе морам и малата да ја отпишам од градинка , бидејќи со една плата за каде сме. Прво да видиме бебчо како е дали е во ред да отидам на доктор , но термин ќе ми дадат сигурно после 3-4 недели. Ви благодарам на поддршката ми значи многу
Ma apliciraj za wohngeld, za kinderzuslag ili kako i da se vikase i se ke bide dobro. Plus 300 evra ona osnovniot elterngeld, po nekoe vreme ke najdes i mini job i ke ispadne poubavo od sto se imas nadevano.Samo pozitivna misla se ke dojde na svoe.
Честитки! Да си имаш лесна бременост. Се убаво ти кажаа другите, друг совет моментално не ми иди на ум. Почетокот на мојата бременост беше баш стресен поради работодавачот ама брзо се среди. Се ке биде во ред немој да се нервираш. Сакам да те прашам колку време си под АА и како се справуваше со понудите за работа што ти ги праќаа, дали мораш да ги прифатиш или дали смееш да одбиеш? @gjoker4e тебе ти се погодил многу добар шеф.