Формулата: 1. Јас и по природа сум многу брза. Се брзо правам. И за спиење скоро открив дека побрзо се наспијам ако ми е топло ако сум добро со ќебе покриена па ако имам 4-5 саати за спиење на пример земам две ќебиња. 2. Живееме во населба до град. Од дома до градинка има 5 минути. Школото е до градинка. Мојата работа уште 5 минути право ама на работа одам директно од дома и така се само 5 минути. На 5 мин ми се маркети, забари, општина 2 минути со трамвај… 3. Којзнае колку книги имам прочитано во кои има за менаџирање на време. И најмногу ме има изиритирано она дека вежбање е 10 минути, книга читање 10 и дека всушност многу нешта траат по 5-10 минути, а ние имаме изговор дека немаме време и тоа ме испровоцира да вежбам секој ден 10 минути а за читање книги читам од основно/средно и за тоа секогаш имам време 4. Со две деца имаш многу повеќе време отколку со едно. Можеби на почеток само треба да се потрудиш да бидеш на страна на двајцата за да останат смирени и да продолжат да играат. И Мк ни рекоа блазе си ви за децата какви ви се и сакав да им речам, а сите книги и подкасти, фемина, јутјуб и мојот труд не се сметаат, децата такви на среќа ми се паднаа а кој ги гледа се чуди ама некои знаат која енергија ја имам вложено и дека секоја вечер се жалев реферати на фемина и стварно слушај те ги советите МОДЕРНИ, плодовите можеби покасно се собираат ама се долготрајни
На претходната работа не плаќав данок дека плаќаме со мм заедно ама сега на оваа плаќам и гледам пишува класа 4 фактор постои сеуште 4 без фактор? И што значи факторот Јас внесов дека сум 4 без фактор
Да, 4ка без фактор си постои. Со фактор нешто значеше дека попропорционално ќе се подели месечниот данок, во стил на крај на год ако треба да доплаќаш, да не ти дојде премногу, него во тековните месеци е поделено. Немам поим дали беше вака, пред мн год читав, можно е да сум ги измешала лончињата Нека пише некој поупатен Инаку ние со 4ка класа, никогаш немаме доплатено, секогаш ни враќале
Сега пак ќе речеш ти одам контра ама нема врска само еднаш или два пати ти имам пишано од друга перспектива знам еднаш за живот во Хрватска беше и друго не ни памтам. Слабо пишувам зошто немам што да кажам, немам симпатија, а на прашања одговарам само кога знам одговор. Одмор па спремање првачето за школо тоа е нема ништо посебно кај мене. @gjoker4e како бе читање книга 10 минути, ако не се задлабочам утре ќе треба од почеток да почнам, плус да оставам книга по 10 минути ама ич не ме заинтересирала па нема ни да ја земам утре пак истата. Јас со тајлцајт и едно дете едвај стигнувам тука да пишам.
Па фактички дека не може да рече некој дека немал време за книга да чита. Дека може да одвои 10 минути дневно и 10 по 10 ќе ја прочита книгата и плус навика ќе стекне па после ќе види дека и 15-20 минути има во денот за читање книга. Јас на 2-3 пати читам книга. Секогаш Мк по две книги купувам и за помалку од еден месец ми се прочитани па продолжувам после наредни 11 месеци на германски. Ете сега ми текна дека треба романи да читам. Еее зошто не ми одело со симпатијата. А јас само психологија читам. Колешката што му се свиѓа изгледа е трудна, па сакал нејќел му преостанува само јас да му се свиѓам.
Сега ги проверив сите платни листи и на сите пишува 4 со фактор После 8 месеци открив зошто данок ми одбиваат на новава работа Ама нели класата само ние може да ја смениме? Отсекогаш сум класа 4 без фактор. Од каде се појави факторот сега ќе се јавам утре
72,70 Eur платив за промена на пасошот северен во визата а ми рекоа дека ќе чини 42 Eur . За оние што имаат потврда дека примаат одреден вид на парична помош цената е 0 Eur. Погодете кој плаќа на нив. Нормално тој што наместо 40 ќе искешира 70 и кусур. Е затоа се повеќе ми доаѓа желба да си седнам дома, ем нема да се вкочанувам на биро и да се ѕверам по цел ден во екран, ем ќе ме плаќаат и се ќе ми биде бесплатно а и ќе ми го платат умшулунгот од 30к што веќе одамна го имам на пик. Толку за овој систем кој не знае каде тера...
Сестро златна, еве дома ќе седнам за месец време, ме следува арбеитслозен гелд1, и тој нема да ми го дадат да знаеш, се нешто ќе измислат. И да седам дома, пак ништо не ме следува, оти маж ми доволно печалел по нивно. А да плаќаме и надплаќаме даноци не е проблем. Пред две години доплативме една моја цела плата. Значи цел еден месец јас рмбав, за да доплатиме данок, а сум штојер 5, ми се плаче на секоја пресметка. А од друга страна, даваат социјални станови на здрави, прави и работоспособни. И тоа нови градби, ако имаат деца, во приватни градинки, за да се уклопат, па после влезници за разнимити зоолошки и паркови и сл. што ти плаќаш по 50 евра за фамил. карта и така. До кога ќе оди и како ќе оди, не знам. Наскоро имам чуство дека бродот ќе тоне. А тоа што се преполни Германија, и се освен германија веќе друго дваесет е. Да почнувам ли да се жалам, или не. Друга држава не најдовме, ама сега си мислам дека идеата на маж ми за Грац подобра беше. @Chantal абе и пост ќе пишеш само да ме исконтраш . И Минхен има хрватска амбасада нели?
Германија е рај за сиромаси. Ако ти е доста државата да те рани, супер. Ако одиш да работиш, да ти делкаат скоро пола плата за данок, осигурувања, и да треба касата да ја полниш за на овие првиве да имаат да им дадат, тогаш боли. Среќа има вонгелд, киндерцушлаг, баш за оние што работат и имаат тон трошкови, па малку од малку да се помогне. Ама математиката дека некој бесплатно добива се, плус и останува нешто за живот а друг рмба цел месец и на крај пак му останува толку, не е фер. Ние арни. Баерн почнуваат на 10ти со школо. Ич не прашујте како со четири деца дома за време на распуст.
И јас ти реков Грац, ама ти не Заебанција на страна, секој пат се пострашен ми е градот. Во принцип, исти цурац
Значи вие не сте биле Мк летово. За сите по една карта од мене. За назад сами одлучувате дали ќе купите. Треба позитивно да мислиме и да го гледаме она што го имаме. Со данокот не ги плаќаме само нив, плаќаме и работи што нас ни го прават животот убав и лесен. Да беше нивното подобро ќе бевме на нивно место нели? Подобро 3-4 деца и да рмбам и да плаќам за овие вторите отколку да сум социјален случај со 3-4 деца. Мм секогаш се жали за данокот (мислам дека од фб и инстаграм му е) и сега кога бевме Мк вика тродупло ќе плаќал само да се вратиме Германија. Еее викам да видиш што се плаќаш. All inklusive @mKdevojce Мт е со бг пасош? Ние требаше нов Aufenthalt дека нов пасош и отприлика беше 40 евра. Малиов после година и пол пак има нов пасош сега и пак треба 40 евра или за деца изгледа и поефтино е нз точно. Па за година и пол пак и двајцата треба нови пасоши и пак 80 евра пасоши 80 евра Aufenthalt
@јolene замисли те тагнав, Гугл вика дека има и Минхен конзулат, не сме биле. Мм само збори да почнеме процедура за германски ама никако да дојде ред
Како не те следува Arbeitslosengeld? Ако си била осигурана и си плаќала Arbeitslosenversicherung мислам дека тогаш нема врска колку се примањата во фамилијата. Ти следува 67% од нето одреден период. Никој не те прашува колку трошоци имаш а за Wohngeld и Kinderzuschlag границата на заработка е многу ниска, секако не не' фаќа нас кои работиме. Треба еден само да работи и тоа многу ниски примања да има и плус да има повеќе членови(деца) во фамилијата. И јас никогаш не сум сакала да бидам корисник на таквите видови на социјална помош. Шест години сум тука и немам ниту евро од државата земено. Ама во последно време се фрустрирам и ми се гади од џаболебарите кои се во се' поголем број и се поголем терет на работниот народ. На Б1 курсот имаше две Сиријки, млади, прави по пет години веќе тука(во 2020 беше тоа), по трети пат го слушаа курсот оти не можеле испитот да го положат (или така им одговара). Па расправаа земале по 500еур со маж и плус станот платен. Ама пак не им беше погодено, мал им бил станот за нив двајца, ќе барале да им дадат барем двособен со поголема спална соба. А за Украинците па и да не спомнуваме. Иначе да, со (еу) фамилијарна виза сум. Помалку платив кога поднесував за продолжување на визата (околу 50 еур мислам) отколку сега за промена на пасошот само.
Ме следува, да. Ама пази, ме следува ако се пријавам арбајтзухенд и ако и детето има кој да ми го чува. Значи градинка. Градинка од ноември, јас од октомври средина без работа ќе сум практично. После со преселбата, ќе измислат шпере да ми стават, оти кога си на елтернцајт Цајт фактички те одјавуват од системот. И ќе биде сега натегање, ко демек не сум се пријавила навреме. А може и ќе ме изненадат. Ќе се јавам деновиве да се распрашам и да си закажам термин. Последно арбеитслозен глед земав 1 недела. И тоа оти ме фатија празници и не се обработи навремено новиот договор за работа. Ми пуштија тогаш пари, а сто пати ме малтретираа за таа објавата од работодавач што е. Сега па можам да си замислам. Јас секако ќе си барам работа за од јануари, ама ко ме следува придонеси и здравство и пари до тогаш, што сум плаќала последните години, па и колку и мала да е сумата оти бев на 50%, заработени ми се.
Леле да се докажам, немој недоречена да останам, па да фаќам третата смена. Утре у 6:30 ќе плачам секако, ама ќе легнам со две ќебиња сега. И твоето точно е, влечкав три -четри ствари од по 5-10 мин што немав време и така саат ипол си отворив работа. Успат се надишав од тие средствата за дезинфекција. Сега ми е мачно. Малку претерав изгледа. Друго да кажев де, ја уште не си сменив картичката, а граница неколку пати минев . Ама теоретски со стариот пасош е валидна и така, не ми рекоа ништо на влез со авион. Има има, ко гледавме стан, имаше еден одма до неа. Е сега дали работи, вајда работи.
@јolene мене ми рекоа дека од Елтернцеит немора да се пријавуваш 3 месеци унапред во АА, но јас се пријавив. Прво ќе се јавиш се пријавуваш телефонски па потоа ќе ти дадат термин , ќе кажеш дека ќе се менувате со маж ти во смени или дека имаш баба помош. И обавезно дека можеш воллзеит, бидејќи ќе ти ги намачат примањата. Колку голема плата и да зима маж ти тебе ова те следува ти што си работела затоа не грижи се . Барем додека да најдеш работа. Како што ти реков работа секаде бараат работници еден исти оглас по 100 пати го пуштат а од старт ме одбиваат. Или јас сум таа среќа. @gjoker4e алал да ти е , јас еве дома седам па еднаш ако излезам, потоа не ми се излегува па да спремам дете, количка, па билно многу жешко…Сите викат со едно е потешко одколку со две деца ни дали во реалноста е така ќе видиме. @TutiFuti како се справуваш со близнаците дали е напорно, имаш ли помош од некој? Многу се плашам кај мене да не се близнаци (имало шанси од страната на свеќи незнам кое поколение, и од тогаш во фам нема близнаци) . Па можно е јас да бидам среќниот добитник. Неможам да го дочекам терминот за на доктор.
Знам дека арбеитслозен глед не е поврзан со примањето на маж ми, туку зборев дека и да седнам дома, пак нема да ме сл дува дополнително вонгелд, или киндерцушуц оти доволно средства имаме. Муабетот ми беше, врти сучи, само да се плаќа данок. И тоа многу данок, додека работоспособни се шетаат нашминкани и надотерани во сред бел ден, детците згрижени и нешто на црно и нема гајле, ги следи социјална помош. Инаку кога станува збор за арбајтслозен гелд, стварно се безобразни, и тоа нервира. Се нешто им фали, се нешто не е комплетно, и сл. Барем од искуство од околу. Ќе известам баш дали и која рачка ќе ми ја најдат. Втора шанса со умшулунг, на какви профили луѓе нудат, неверојатно е дури. Од авион се гледа дека ништо нема да направат, ама демек ќе се сменат, ќе стекнат работни навики. А тие 30+, 40, 50 год начукале, еден мејл што треба учтива форма да користат, немало смисла да пишат, ќе работеле. Оти математика им требало, само проценти требало да знаат, шо сега морало пропорции да се работат. Бетер од четврто оделение изговори. Не им се работело за минимум. Ама еден текст во ворд не знаат да напишат. И тие добиваат умшулунзи од 10+к, а мене ме убедуваат да останам на професија оти многу таков кадар им фалело. И моја нострификација ќе ги чинии помалку од 1000 евра, со услови како да учиш факс уште еднаш. Епа ја неќам веќе по диплома да работам, ете прегорена сум за таа струка, немам нерви, сакам да сменам. Сега овде во Баерн секако не се признаваат дипломи од трети земји, лас унс уберашен што ќе ми понудат. За тебе, може во мотивационо писмо или цв нешо не е како што треба. Не знам дали у твое градче има, ама ако ти платат од аа можеш да отидеш некој да ти го среди како што треба. Мислам во ДАА имаше такви што нудат услови, а последно и во Академија Уберлингер во Штутгарт имаше советници. Дали конкретно уште е таму дечкото вработен, не знам само. Е само да се допишам, ако ме прашат следно од агенцијата што работа сакам, ќе им кажам еве вашата. И онака индиректно искуство имам, еве зборам јазици, сенародно дете, ќе посредувам за работа. Чисто да видам што ќе ми одговорат .
Да не е фер, Германија помага на избеглици , а тој што сака да работи не му даваат можност . Дава секаква помош на сириијци, украинци, авганистанци, одат бесплатно на курсеви им плаќаат стан, а ние да продолжиме виза еден куп документи, ако менуваш пасош , ја менуваш и визата и тоа со полна цена место да биде нешто минимално. Данок пола плата оди на данок немаш мотивација никаква. ЦИвито ми го провери мојата бератерка во АА ми кажа што да сменам, а мотивационо напишав со помош на chat gbt. Мислам дека не е до тоа градот е за никаде мало место нема избор, а не сакам да патувам да барам во околните градови. Правам муабет и со др што после неколку месеци наоѓаат работа , но секој е со својата среќа. Еве на пример и да сакам работа со полно раб време немам можности затоа што градинки за цело дневна има само две. Едната од нив немале персонал и сега е до 13:30. А се многу скапи. Ако сакаш да мениш професија биди упорна и ќе добиеш тоа што го сакаш. Ако веќе имаш желба за некој умшулунг стој на своето и берстерот ќе попушти.
Нешто поодвратно од ААнема. Кога бев трудна со големата се пријавив и кажав не сакам пари .Арно ама пошто платата на мм не стигаше после 3 месеца се пријавив за пари и што ми рејоа каснеш.Затоа ми скратија по 100 евра од месец.А толку одвратен однос имаа што кога излегов си реков "Господи те молам никогаш веќе да дојдам кај овие". Ама јобцентар ги титри овие крлеживе ама ти ако работиш има пак да рмбаш. Мене не ми дадоа умшулунг демек види колкав град и пазар сигурно ќе најдаш работа. За државни институции мислам бараат де пасош и обично се германци освен ауслендебехурде.