Леле темава колку ми е криво при крај на елтернцајт ја прашувам братучетка му на мм која работи во АА дали ме следува арбајтлосгелд да се пријавам ми вика џабе ќе се малтретираш детето не ти е во градинка запишано. Место твој да те посоветува она ме одврати божем нејзини пари ќе ми дадеше, во друг град живее и работи ама тие се правилата. Другарка моја искористи и најдоа они место во градинка на малата што она сама неможеше. За другите помош и умшулунг не ми се почнува. Ништо немам ни пробано да земам, нема лоша плата мм ама не е незнам нешто огромно, сме живееле само од негова плата ок без расфрлање. Јас све мислам дека киндерцушлаг не ни постои во БВ? Може и постои ама кој да знае
Незнам зошто цело време мислев дека нема кај нас, некој така ми имаше кажано најверојатно, а и никогаш не сум се распрашала подетално
Постои. Ама примањата не ги сметаат според тоа дали треба да си купиш три пара гаќи овој месец. Сметаат само дали имаш доволно за кирија, сметки и храна. Сигурно братучетка му на мт Имам забележано дека многу наши кажуваат “лажни” имформации несакајќи затоа што не сфаќаат дека тоа што важи за нив не важи и за некој друг. Едноставно за секој е различно. По “правило” нели се потребни три платни листи. Деновиве некој во темава пиша дека со две платни листи се споиле. Ние со ниедна платна листа се споивме. Значи нема правила. Правилата ние во нашата глава ги создаваме. Спојлер: Не сум само јас на иста мака Не сум јас оваа ама како знак од Универзумот ми излезе на фб Денес бев слободна. Утре не знам дали и каков знак да му дадам. Колку сакав четврток да сум и јас слободна и ете ме. Не знам што да му речам утре. Дека сум го сонувала? И он ќе помисли за работа нешто. Само за тоа му е програмиран мозокот. Совет? Кифли правев и полоши кифли немате видено во животот. Не знам дали е поврзано што денес на лоша вибрација вибрирам. Уште коса да испеглам ми остана и ќе спијам. Ако можам да спијам. Не сакам и утре без знак да помине. А да го поканам пријателски на кафе? Ќе му кажам дека мм мирен човек е и смее пријатели да имам. Ќе скренам леле. Или пак следната сум веќе.
Јас завршив со смените,сега да поуживам дома.Детето го пратив малку во Хорт,оти немам сила денес да го анимирам После ќе излеземе да се рашетаме заедно до трговскиот.Сега ми е план да завршам нешто документација,ако успеам нешто да расчистам дома и може некоја рудна пак да поспијам,оти главата ме боли. @Chantal и јас знам дека арбеитслос не даваат ако немаш градинка Објаснување е дека не си достапна за работниот маркет-немаш кој да ти го чува детето. Јас седев 2 Месеци без примања,додека синко не почна и додека да се навикне на градинка. Јас сакав да поднесам исто арбеитслос и ми рекоа дека зависно од примањата на мм,можеби ќе ме следува некој додаток(Харц 4),ама не и арбеитслос. И заради работи е нефер во Германија.Тие што се мрзливи ги пумпаат со пари,а оние кои плаќаат данок ги лупат.Си работил си плаќал и место да ти помогнат кога ти е тешко и ти треба помош, гледаат да те одерат. Секогаш викам Харц 4 треба да е ограничен, а не неограничен.Така немаат мотивација да излезат од него. Исклучок ако се болни, стари или покрај ако работата имаат ниски примања(има професии каде не заработуваат многу и им треба финансиски додаток). Познавам луѓе што свесно се договараат да добијат отказ и после добиваат помош од државата,а работат на црно.Така се исплаќа многу повеќе. Жените не мора ни да работат,оти на овој начин си обезбедиле две плати. Порано не сум сакала помош од државта,сега ич око не би ми трепнало да искористам. Секогаш викам,ако работам за пониска саатнина,тогаш поубаво ќе седам дома и ќе ја цицам државата.Не сум ни прва ни последна што би ја искористувала. Баш вчера тоа беше тема на разговор на работата.Една колешка германка вика ако работиш за минималец,земаш само 200еу повеќе од некој кој зима социјална помош.И на некој начин се рекламира овој вид на помош во Германија.
Јас разбирам кога се мали децата , да се седи дома ама кога децата се во градинка, школо , може да се најде работа . Било каква.. неколку саати на ден . Свои пари да се заработува А не да се лежи на грб на државата . На жал многу го искористуваат системот и живеат така . На работа гледам нон стоп вакви случаеви, се шлаат по трговски цел ден . А децата битно им се по цел ден во градинка. Секој кој е работоспособен треба да најде работа и да заработува свои пари . На тик ток гледав видеа баш за градинките и мајки што седат дома , иако децава им се во градинка по цел ден . Од која причина го оставаш детево цел ден од 7 до 16 часот . Па коментарите беа што да ти кажам. Сакам време за мене, имам термини ( кој има секој ден термини жити се ) и ред други изговори . Јас завршувам со работа и одма одам дете земам. 14 30 најкасно ако заглавам на работа . За децата тие 6 или 8 саати градинка се напорни . Гледам што побрзо да си дојдеме дома , да се прибереме. Да ручаме заедно . Да поминеме време заедно .
Ова е вистина и не смее некој што работи да има исто пари како некој што зима социјална помош . А има многу што работат за минималец и се утепуваат плаќајки даноци . Треба промена да има . Зашто не е фер према тие работат
Имав еден колега од Еритреа на работа, ни се газеше од смеење дека сами сме си плаќале стан. На курс за јазик кога одевме со маж ми, од група со 20тина луѓе, бевме единствените што си плаќаа сами. Дури мислам дека и единствените што положивме од прва, другите мислам дека веќе по неколку пати го одеа курсот. Цент немам искористено од државата, еден ден откако сме дојдени со маж ми не сме останале без работа и порано нон стоп викав - кој сака нека живее на грб на државата, ние ќе си работиме, не ми е гајле кој каква помош зема. Ама ова веќе почнува да преминува граници. Се јавив еднаш во Агентур фур Арбеит само за Бератунгстермин, за маж ми, бидејќи во фирмата кај што работеше ги пуштија на Курцарбеит, па чисто да ме советуваат што можеме и дали можеме нешто со дипломата негова од средно и да не упатат во некој смер. Кога слушнаа дека сепак е во работен однос, ми спуштија на сред разговор. Мислев се исклучило, се јавив уште еднаш и пак ми спуштија. Крајно безобразно! Малово почнува во Киндергартен од понеделник сега, си беше во Криппе и таму плаќавме по 400 евра месечно. Си викам, фала Богу сега во Киндергартен ќе се намали сумата. Кога, ми даваат фино лепо табела и ми викаат - зависи од примањата. Тие што имаат мали примања, по некои 50тина евра месечно, може и помалку, а ние будалите пак над 200. Лудост, лудост. И почнувам веќе стварно да се револтирам од системов, може не сум била толку слаба со нервите порано, па не ми сметало Како и да е, се повеќе ми е на мисла да си дадам отказ и да им се закачам на грб на Агентур Вчера со маж ми одлучивме да аплицираме за државјанство и му викам - прво што ќе направам кога ќе земам, одам под Џоб Центар
Во последно време доста ми излегува реклама за поратлов https://mein-now.de/. Како што можев да прочитам Forderung за Weiterbildung можат да добијат и оние кои се вработени. Се мислам да направам термин во АА ама не знам, имам чувство дека ќе ме откачат набрзина оти не сум невработена а барам да ми финансираат умшулунг. Ама како па да давам 400+ еур месечно а некој да го добие лесно без пари..
Мора и без градинка да може Arbeitslosengeld. Инаку испаѓа дека детето само на мајката е. И за таткото ли без градинка нема да може А? Значи 100% може само ме мрзи сега дс гуглам за доказ. Нема шанси да не може. @Marge Кај нас градинка е за сите исто. Да не си во Швајцарија ти? Во некои кантони така се плаќа според примањата. Јас 317 плаќам сега ако ти е за утеха. До јуни 447 плаќав
Treba da si dostapna za niv, tie prasuvaat i tatkoto kako raboti.Ama ako nemas zgrizuvanje za deteto ne dobivas pari.Toa im e edno od prvite prasanja i baranja kako si dostapna. Na temava da iskomentiram otsekogas rabotev i po edna i po dve raboti i sekako, koga se porodiv so prvoto odma brzav da se vratam na rabota ( kako da propadne svetot bez mene). Sega posle tolku godini da go pominyvam istoto bi bilo sosema drugo,se sto bi mozela bi iskoristila.Bi glumela ludilo bi barala doobuki ke pagam vo nesvest ako treba od glumenje...I za jazik koga ucev samo jas plakav nasabajle odev na kurs popladne ili noke rabotev, site se vozea nakaj kurs vo mercedesi jas po 1 saat odev vo pravec nekogas i posle rabota. Sega dodeka nekoj si pijat aperolce pokraj ezero jas po 3 l kafinja se nalevam za da me ima sekade taka da....zivela Nemacka
И овде градинката е исто за сите . Само ако немаш работа неможеш да добиеш целодневна и над 3 год е 300 со јадење плус 100-150€ и не е фер за некои делови од Германија воопшто не плаќаат или плаќаат симболична сума. Но на овој свет нема правда, така да или ќе го прифатиме системот или ќе се нервираме.
Јас генерално имам ок искуство досега со АА. Ми одобрија курс Ц2, е арно ама курсот не се одржа . Ми платија за преводите и така. Сама работа си наоѓав, они не ми посредуваа. Ама тогаш за арбеитслозен гелд, малку ме изитираа. Јас не им кажав дека чекам договор да ми пратат додуша, ама ко ми се опнаа за таа пријавата. Тоа Крај декември, до 7 јануарни никој не работи, оти та оти не била пратена од работодавец. Шпере ќе ми ставеле, стресови нешто. А ја трудна и да не остнанам без придонеси, да не одам преку маж ми беше. Они таман одобрија, ја им пратв дека сум се вработила. Поима немам колки пари зедов. Џепарац, а после ми пратија корекција уште 0,23 евра на сметка . Е сега ќе видиме. Чекам свекрви во текот на неделата, па да оправам бирократии. Исто се надевам сме се опаметиле со свекрвите, оти уште драма ми треба, се друго оправено ми е.
Не сум, каква Швајцарија, во јужен Баерн сум си Инаку за Криппе и кај нас беше исто, ама за Киндергартен ни бараа да поднесеме листи со приходи од мене и маж ми за цела 2023та и на основа на тоа да направат пресметки колку да се плаќа
Јас мислам дека се зафркавате вие. Од една страна се обидувам да ве сфатам ама од друга никако не можам. Би биле посреќни кога не би се споредувале со другите (со оние што земаат социјална помош и А1 А2 и сл.) Кога работиш имаш своја слобода. Може и едниот мини џоб да најде некој период ако е некоја криза. Може минус во банка, кредитна, кредит. Може куќа/ стан, кола да се купи. Правиш што сакаш со парите. Додека пак доколку земаш нешто од државата ти си ограничен. Не напредуваш. Не можеш ништо од ова погоре што набројав. И покрај данокот што се плаќа (за нивното социјално и А) пак има доволно. Толку од мојата симпатија. Се мислам и работа да сменам. Битно ќе е само да е уште подобро платена и Кубанци да работат неколку таму.
Средата бев нервозна нели дека симпатијата ќе биде втора со колешката што го свиѓа и денес кажува симпатијата дека само прва смена ќе работи. Си викам еххх Универзуму фала ти. Една мува помалку. Сега уште другата колешка да е трудна и само јас останувам, сакал нејќел мора јас да му се свиѓам. @IronLady фала ти не приметив Сако три саати имам спиено не знам кај терам веќе
Home sweet home - endlich zu Hause. Што да ви пишам за хорор одморот или за нешто убаво.Ај за нешто убаво . Имавме само убав и брз лет, меѓу први дојдовме на пасошка контрола, завршивме брзу за 30мин имаше после нас 2-3авиони.Волку полн го немам видено аеродромот. Знам дека полицајците многу тупеа луѓе што туристички дошле ги задржуваа по 10мин.Мислам треба да отворат шалтер за туристи од трети земји како Мк,Срб,Ко,Ал, оти туристите од Канада не ги задржаа не повеќе од 1 мин.Изгледа дека нешто како визи имаа.Ама сепак не фер ми изгледа. Спојлер: Мрчење Реков со Мк туристичка агенција на одмор никогаш повеќе.Отидовме и по патот само се чудев на некои луѓе.Кога законот си кажува 90дена може да си надвор од Мк после треба толку да си одседиш зошто некој луѓе пробуваат дупки да најдат и да се протнат и да ги прелажат граничарите. Мене ме нервира што мене ме задржуваат, а нив секако ги вратија. На враќање една мајка .Детето бесно се дере скока мајката збор не кажа.Моето се утепа повраќајќи , а ова застанало над неа ја гледа и после ја имитира.Бабата и уште едно девојче му се утепаа смеејќи како добро глуми.Не знам мене ме учеа на болен не се смее може да ти се навее.Ок не е битно они си знаат.Пак детето лошо сите го смируваат само мајката мртва ладна не кажа А. Почнав да мислам дека тоа не му е мајка сигурно така седи само до "кутрата" жена и ја нервира.Се до моментот кога детето го вклучи мобилниот интернет и на мајката не и дојде сметка од 1000 денари.Кога почна да се дере тепа лом го направи детето со вреѓање со се.Толку ми беше одвртно, што сакав да и дадам 1000 денари за да престане да го тепа.Се смири некако после детето пак нешто направи па кога пак го подбра го истепа за сегашната грешка и пак за 1000 денари.Леле зарем уште постојат вакви луѓе. Како што кажа Џоки кој се жали од тука во Мк нека отиде минимум 1 месец одма ќе се предомисли Позитивно што прочитав денес дека од кај нас дури 2 афганистанци вратиле назад или вкупно 27 од цела Германија силувачи и насилници. Важно почнале. Им дале џепарац илјадарче. На бегалците во бегалските кампови им ја намалуваат помошта, а немаат ни право за работа.Сега ќе почнат да крадат.
Само кај мене пишува 37 фатиле на граница во еден ден и прво ги носат некаде па после назад и дека буквално секој ќе се проверува.
Овие се некои престапници што биле веќе овде регистрирани азиланти од Авганистан и нивното однесување било еднакво на тие џихадист или како и да се викаат.