Кој имаше пишано дека 80-90 евра платил за Aufenthalt или нешто слично? Пред една година платив 40 пишав нели и сега гледам на страната од општина 96 евра пишува! Ама дупло да го покачат не е нормално. Во 11:00 имам термин. За 3ца се скоро 300 евра. А догодина и за двајцата мора пак нови пасоши и нови Aufenthalt па пак скоро 200 евра. Во превод нефарбана ќе останам. Денес бев бомба ама симпатијава мој толку е германистичен што ако му се пуштам сигурно ќе ме пријави за сексуално насилство на работа. Не ми е јасно како вакви ги бирам. Дури ми иде да му речам директно ми се свиѓаш и да ме отера у пм и да знам барем крај дека е официјално. Мм вика затоа германкиве се со кратка коса, нефарбани и депресивни, дека мажите се ко мојот симпатија. Малава има страшен талент за цртање. Што треба да правам? Немам ориентација. Се црта исто и како живо да е. Ќе прашам и во школо што со ваков талент. И малиов исто црта кола уште од две години и цели цртежи на кои ретко нешто се познава ама он знае што е што. Само кола и дожд се препознава ама целиот цртеж е склопен на пример врне дожд и човек трча по скали со чадор, багер, диносаурус, бебе плаче…
Абе ова вака инстантно и непланирано е. Како идеа е само де. Ама се изненадив оти стварно скоро гледавме. А не се ни ферии, ни ништо. Бош дати во уште побош денови. Мене кај виз е тоа ме нервира само, кога ја гледаш цената не е само таа цена. Од горе и аш уште куп давачки. Ама така ќе е. Кога нема и нема ни да има избор со друга компанија. Ама не можеш бе со домашни да се оправиш, се они до последно не знаат што сакаат и како сакаат. Пет пати се премислуваат. Едит, да кажам за визите и ауфентсхалт карти. За тоа пишав дете Дојч и ич не ми е криво. По мачно ќе ми беше секоја година да вадам пасоши и визи. За ние да аплицираме за дојчовски, многу сме зафатени ( не мрзи). А и онака се чека со години, па ќе биде де, кога и да е.
Ние сакавме да идеме за Мк со авион. Ама цените Требаше да платиме 1400 евра повратни карти, ама само со ранец Затоа маж ми одлучи да идеме со колата. Јас разбрав дека Визер не добивале субвенции. Затоа ги покачиле цените. За офенталот платив 37 евра. А за децата по 22.80 евра.
Јас оваа година сменив македонски пасош , сменив картичка за престој и имам раат се додека важи пасошот да сменам и картица, значи 10 години . Многу ме прашуваат зошто немам земено германски пасош а живеам веќе неполни 15 години овде ? Зашто немам потреба . Ги имам истите права како и Германците . Се додека е така нема ни да сменам пасош
Абе кажи си ти јас сум македонка у крви и верата ќе ја дадам ама пасошот не. Ама ауфенхалтот иако ти е неограничен ти важи мислам 5 години.
Кога е неограничен важи колку што ти важи пасошот. Значи пак врти сукај, еднаш на 10 год ќе мораш да менуваш. Мојата не ја сменив во Штутгарт. Маж ми проба на 3-4 пати да оди да фати ред, па после ние со малата да отидеме. Замисли во 5 сабајле последно беше и се беше фатено. И не отидовме веќе, ме фати инат, оти си странец, ама си човек. Што ги чини да направат со термини. Ама не Штутгарт бе. Овде може со термин, ама исто си пишува дека ако го носиш стариот пасош, кој е важечки, само по некоја основа обновен, може да ги носиш двата пасоши и да си патуваш така. Евентуално за некои земји би имала проблем, ама за Европа и Балканот не. А мене и америчката виза ми е на тој пасош, што значи и за Америка ако летам, морам да си го носам. Паси патувам со два пасоши и фактички сум легална, се додека не ми речат дека не смее. Ми е гајле бе. И адреса нова залепивме на оваа картичка. Отеков од сабајле, се наспавме сите тројца и зен сме денска .
Значи ме станав од кревет за да видам дали важи до истекот на пасошот .Стварно во 2033 истекува мојов.Јас изгледа на големата сум го гледала нејзе пасошот и се менува на 5 години и затоа неограничениот престој и важи 5 години. Немам сила да ги коментирам во Ауслендебехурде оти од нив само нервози имам.На оваа раб сум 2 години ама мислам 7-8 пати имам слободно земано.Кај нас е со термин ако најдеш после 3 месеци .Ама колку почесто гледаш можеш да најдеш. За Де пасош мојава мала имаше одма право ,ама немаше термини ради корона без персонал итн.Почнав да правам и додека зберам еден документ друг ми поминува валидноста и баталив.Пак кога собрав храброст шефицата на одмор.Сега пак е на одмор и так после ќе заборавам .
Да Баерн сум, ама повеќе мислам дека е политика на градинката, отколку на Бундесланд. Не знам, може грешам. И они една од друга се различни, пр. во првата после тт, мораше 48 часа пауза да прави пред да оди во градинка, во втората доволно беа 24 часа. Никогаш не ми го вратиле назад, дури и размрсулавен, кашла, кива, ми викаат - немај гајле, ниту едно не е фит. А на колешка, на 5км од нашата градинка, нон стоп и го враќаат назад, буквално за еден мрсул и го враќаат. Така да и ова со потврдата, мислам дека е одлука на градинката. Мада ако не ти кажале на Елтернгешпрех, тогаш не треба.
10 години важи колку пасошот сега баш проверив . Последно бев во центарот за странци во март или април и по ново имаа обезбедување на вратите Ама сепак беа фини тие на шалтер, кога им збориш германски одма подруго те гледаат . Инаку од сабајле бев по маркетиве . Два пара џинс пантолони си купив и две блузи. 36 ме собра и сум многу среќна . Ептен таман ми е се . Плус многу убаво лежат . Оддамна немам пазарено по маркетиве облека . Ова спонтано беше . Се изненадив пријатно , за тие пари се опремив
Јас таман сакав да ги испофалам Rathaus односно Auslenderbehörde ќе дојде по ваше, кај нас е во Rathaus. За една минута завршивме работа. Термин направив онлајн од Мк само што го зедов пасошот во раце. Толку е се брзо и олеснително. За разлика од пасошот што требаше Мк да го подигнеме перипетии, нервоза, стрес, безредие, не се знае ни кај треба да чекаш ни кој каде чека, ни колку со врски и кеси со газиран сок и благо ќе бидат пред тебе. Во МВР таа после нас имаше три кеси, во секоја по еден газиран сок и благо. На следниот што дојде мислев да му речам кај ти е тебе кесата како ќе влезеш вака внатре. Во МВР пасошот по грешка ни го пратиле во Берн. Најверојатно без сок дека бевме. Сигурно викаат овие странци е полни ко брод и ништо не носат, а македонциве ем помалку имаат ем носат. Јас сум презадоволна од Немачка. 22,80 за дете платив Можеби за време на короната и се јавувале 3-4 години траеше тоа нели? И да кивне се јавуваа. Во wild градинка на пример сигурно за ништо не се јавуваат. Кај малите до 3 години се јавуваат повеќе отколку кај големите над 3 години. И истата работа да е ако е под 3 ќе се јават, ако е над 3 нема да се јават. Кога е за џабе обавезно носам дете на педијатар па директно назад во градинка. Кога беше исфрлена малава демек сипаници биле, а се знаеше дека е од тт што имаше и се исфрли по неколку дена и од работа со дете на педијатар со потврда дека е здраво директно назад во градинка и јас на работа пак. Многу пишувам…
Kaj nas koga dobivame potvrda za gradinka deteto ne go pregleduvaat samo potpolnuvaat potpis plati i cao.Taka da ne ni znam zosto voopsto se bara. Kaj nas vo gradinka i da kivne se javuvaat, za da ne gi zarazelo vospitackite zatoa sto imalo nedostatok za personal.
Ја неам поплаки за ауслендер биро овде. Во ратхаус е. Онлајн термин. На термин отидов 20 мин порано. Уште им беше пауза. Си седнав пред врата. Ама излезе дечкото од внатре ме праша што чекам, му кажав дека имам термин ама сум порано па ќе си почекам. Ми рече ок, не може одма да ме прими. Јасно. Знаев и сама дека е пауза. Ама ме прими за 10 мин. Ми ги спремил сите документи, само се потпишав, отпечаток, платив и завршив одма работа. Треба неделава да се јавам за термин за подигање. Еве си повторувам што и како да кажам на германски и на крај знам дека ќе зборам англиски пошто нема ништо да ги разберам по телефон. Многу ми е полесно да разберам кога ги гледам во уста. А цела конверзација си направив во глава. Е кај мене крипе е невозможно на пример и тоа ме фрустрира. Син ми не доби место во градинка ниту сега на 2 години, а запишан е пред една да наполни. Исто беше и со ќерка ми и таа со полни 3 почна и син ми исто ќе почне. Епа нема се совршено.
За криппенплатц барем кај нас многу влијае дали се родителите во работен однос. Не знам дали е така насекаде, ама нас ни бараат да однесеме потврда од работодавец дека работиш и дури и има ливче за цела недела, да ти напишат какви смени одиш. Не знам дали си во работен однос, да знаеш дека има шанси поради тоа да е. Ние добивме одбивница првото аплицирање, ама бидејќи имавме потврда дека сме на фулцајт, самиот Ратхаус не упати каде да го запишеме во приватна, а он остана на варте листа за државна и после неколку месеци ни се јавија дека има место и го префрливме во државна.
Да да знам. Башка во градинката секако има и голем недостаток на персонал, плус од оваа година се без уште 3 учителки. Да не пишувам ново мислење, ќе се едитирам овде. Како стојат во градинкиве сега на почеток со сипаници… овчи… морбили.. и такви ствари??? Многу голема паника ми се.
И кај нас за крипе мора и двајцата родители да работат фолцајт. Јас на секое носам потврда дека работам тајлцајт 30 саати и мини џоб и се важи исто како фолцајт. Прво требаше за малата кога почна крипе, па за малата кога се префрли кај големите за и таму да добие целодневна, па малиов кога почна крипе, па малиов кога се префрли кај големите. Мајката е цело време со 30 саати + мини џоб па откако го примија и кај големиве целодневна дадов отказ на мини џоб, не заради тоа нели ама и заради градинка за место потребен ми е мини џоб дека не сум фолцајт и нема ни да бидам
Тука нели вакцинирани се и од варичела, во 3-4 години кај нас само еднаш имаше едно девојче варичела, морбили кај нас немало во градинката до сега.
Да, нели сега почнаа нова година. Вакцинирани се тие, јас за мене се плашам. Еден од поголемите стравови ми се сипаници во животов ништо немам прележано како дете.
Мене страв ми е да пишам било што дека и за вошките само што пишав дека никогаш не сме префатиле и утредентна вошки имавме. Спојлер ништо никогаш За после одмор како само за маген дарм ми е. Ама до сега немало ништо специфично на почеток. Секој почеток нешто различно како и преку цела година. Пекол е ама морам да се наканам да вежбам.