ретко пишувам но ве следам. Јас изнајмив од росман бесплатно само средство купив од 25€ и за три дена мораш да ја вратиш. Не се исплаќа да купуваш за два пати во година кој кога прави генералка.
И јас сакам да изнајмам таква машина за чистење кревет , тепих. Тепихот ми е тргнат цело лето неможам да го гледам колку е гаден , значи го чистев трлам со една паста и не ми прави ќеиф. Секој ден го усисувам влакна трошки. За гарнитурата нејќете да знаете, не ти кафе , не ти вода , капне нешто одма флека . Веќе не го трлам си реков ќе изнајмам машина. Последно го залепив со пегла, ич не ми е криво секако сакаме да го мениме. Кај нас за потврда од градинка имаше во договорот од градинката и докторката ја прегледа печат потпис не е некоја процедура. За малата немаме услов за Германски пасош, но кога ќе фати секако ќе и правиме, значи на секое одење во мк ние вадиме пасоши по брза постапка , па визи еден куп пари. За др дете ако е се во ред не ни вадам македонски. Инаку и во нашата градинка ако и тече носот ќе кажат нека седе дома. Изност на градинката се намалува во зависнот колку деца имаш. Дали децата треба да одат во иста градинка за да се намали износот или нема врска тоа ?
Мора да се во иста градинка. Кога тргна малава во школо, за малиов плаќаме без попуст. За двајцата плаќавме 505 евра, малава до 14:00 малиов до 16:30 Па за него 447 евра. Добар попуст Мора во иста градинка и во исто време.
Ако не поднесеме до 2.9 за данок не може да се поднесува повеќе? Ми излезе едно видео вика значи сте ги поклониле парите… нњ поднесовме ние, многу брзо дојде септември
Аво мори, ја а уста отворам, само мудрости кажувам, верувај ми на зборот . (Се шалам) Колку сабајле бев зен, еве ме ваква веќе. . Сила немам за ништо, мозокот ми го запали последните два три саати. И возејќи се преска во автобус, ми текна дека уствари Октоберфест е сега и затоа се картите скапи до Минхен..абе ко точак палам. Страшно. За ауслендербехорде од Штутгарт имаше и на тв и по весници. Имаше луѓе што буквално кампуваа и на лошо време, за да завршат работа. Е до толку се безобразни. Оправдание им е, немале капацитет. Е што ќе смени ако со термини ги прават? Пак исто толку луѓе ќе обработуваат на ден. Сега за државјанство на децата ептен се усовршиле. Ако дете има право на државјанство,ако е родено тука де, проверуваат одма мислам, не мора ни рентеферлауф да прикажеш, директно ти праќаат писмо и со тоа одиш само во општината и тоа е тоа. Не можам да си замислам со бебе да чекав за престој да и правам. Фала му многу на тој што измисли законот за државјанство на деците. За градинки тек ќе зборам, поима немам како ќе биде. Друго ме изнервира свекрва по телефон, којзнае како ќе биде ко ќе сме под исти покрив. Море да морав со свекрва да седам ич не се мажев. И ова не директно за свекрва ми, туку општо. Многу сум криво дрво и не ми се погодува, ни сама не си погодувам некогаш. Симпатија уште ми е маж ми. Ја извади да ми одмори глава малку, пред да почнам да се тепам за да ја облечам за спиење.
Се надевам нема многу да седат една недела според мене е ок. А инаку секогаш имаат нешто да искоментираат. Мојата се стега чека да и каже син и да дојде, но добро ни беше ова лето без гужви. И се сили цело време на камера леле баба ко ќе дојде , а јас па не сум тој тип да и кажам епа дојди Ме нервира да се стегаме и да морам да и го објаснувам секој мој чекор. Кога се роди малата седеше доста долго без потреба , значи еднаш не ја успа, не и промени пелена , само ја бањаше а јас ја правев водата тоа не е помош според мене. Еднаш излегов сама до пошта се задржав пола час да ги пратам документите за елтернгелд и киндергелд, па потоа кога шетавме ме праша каде е поштата . Може не мислела ништо лошо но со хормони до плафон сешто ќе помислиш. И многу ме нервираше кога доев а таа ми стоеше над глава.
Јас бев таа иначе. Јас обратно, од мака што ми земаа толку пари, си ги порачав lacoste патиките што ги меркав одамна . Ова излегува, од една страна ќе стискам а од друга страна ќе ми ги земат без врска, затоа кад је бал, нек је бал.
Ти како мм. А јас само кратам. И овој четврток сме слободни и јас и симпатијата. Се мислам да го прашам дали има планови или заедно да одиме некаде. Постоеше женско- машко пријателство? Ако ми собере мислењево 10 лајкови минимум ќе го прашам. Ништо не губам. Освен да морам отказ да дадам во петок. Страв ми е да не имам некоја дијагноза… ама ептен ми се разговара со него. За ништо друго не си одговараме, он е истетовиран со костури, јас слушам латино. Еве не знам како да си помогнам. И не знам дали како на шала да го прашам или како на вистина и не знам како точно да го формулирам прашањето за да не може брзопотезно корпа да добијам.
Сериозна ли си ? Јас цело време мислев се зафркаваш . Ако толку сакаш да седнеш со него немаш ли можност после работа неколку колеги заедно да седнете на кафе или за време на пауза што знам немам симпатија Сите сме со проблеми деца , работа , градинка само ти се жалиш на симпатијата .
Јас ако би бирала ваков живот би избрала: симпатија единствен проблем да ми биде во животот. Мм вика да легнам се гледало дека сум уморна и да го прашам за да таман нова поплатена работа да најдам. Јас и таму ќе си најдам симпатија не е проблем ама тешко ми е да се разделам од овој. Као демек заедно сме де. Има време пред работа, на работа, на пауза, после работа, ама јас упорно го избегнувам. Само едно морген и чус што имаме и тоа без во очи да се погледнеме.
Ја каква сум станата бушава во коса, ни маж ми нема да ме сака веќе, тек па симпатии. Сега додека најдам фризер, ќе шетам со антени. Па од пораѓајот уште тие бебешките, како трапез у главата. Роденден ми иде, т.е еве го неделава, јубилеј, ама изгледа вас овде ќе ве терам да ми честитате. Сите се или на одмор или зафатени, свекрвите они "ненамерно" ми го забораваат секоја година . Ја нивните не ги заборавам и честитам, па им правам незгодно да им е . И така на секое идење, првиот ден свекрва ептен многу ме сака и на последниот ден, не ми зборува повеќе. Психички се спремам, немој да треба после да идете у темана кај свекрвите да ме советувате. На работа ем ми се трга, ем не. Е за едно сум сигурна, не ми се чисти воопшто веќе. Мрзла бе.
Ќе ти честитаме во недела за јубилејниот роденден (30 така ), со торта со се што треба @јolene Да треба свекрва ми да доаѓа кај нас на гости уште втор ден нема да ми збори, ама мојата живее овде и е Германка . Терсене жена . На одмор е уште една недела и ќе се врати и ќе спамува со слики со новиот дечко . Дедово ми рече еднаш, вие имате три деца, доста ви се . Сега пазете да не ја утнете. На золвата која со години се бори за дете , ја прашува зошто нема деца , што чека ? Треба да и пишам на свеки да се пазат и они да не се вратат тројца. Братче или сестричка за маж ми Мада знам дека сум злобна со шаливе. Они двајцата имаат заедно 140 години Инаку и мене не ми се чисти . Една машина испра , спружив надвор да се сушат. Па да спремам дете за утре , 10 дена екскурзија. Ќе кампуваат на Ostsee.
Ме изнасмеа за годините Има многу луѓе што немаат осет за чуствителни теми. Колку години има детето? 10 дена се некако многу за помало дете...
@Masnickaaa седмо одделенци, по 12 и 13 години се . Не се мали веќе. Екскурзијата е веќе од 6 одделение во план . Таман се за да издржат 10 дена . Само времето да се погоди , да не врне . И најинтересно е што децава се поделени , машки посебно , женски посебно . И во автобус и во камп .
Нели реков пријатели де. Иако сме многу различни, многу сме слични. На пауза сум ама ништо од бизнисот… Мм знае дека симпатијата имам уште откако се запознавме. Оваа 6171772 симпатија по ред ми е…
Мене ми иде за 2-3недели исто јубилејен роденден.Уште сега мислам што да им направам на колегите доручек или колач.Околу 50 души .Ептен ми е стрес кога треба да спремам ,дали ќе погодам , дали ќе стигнам итн. Свекрва ми јас штом ќе тропне глупост одма ја сечам и и кажувам.Вика кога бевме, најпаметно ми е кога си траам.Само што кажа и одма отвара уста да го критикува зет и, јас одма и реков нели рече ќе траеш што збориш сега.Се збрка кога рекла. Золвичникот е мирен си трае и се насмеа само.Он и трае ама јас и него го бранев.Ама она не само што мене ме критикува еј и ќерка и си ја критикува.Јас пак само ќе и се насмеев и ќе и кажав абе нели е поарно да си траеш и така поминавме.Јас не се жалам од неа ептем ми помага, сега што збори ја игнорирам или и контрам . Ама стари што може да очекуваме како деца се. За чистење исчистив исправ цел стан вчера и папсав .Вечерта па пеглав за оваа недела и окапав.Наредно чистење за Н.Г .
Девојки сите вие што живеете во Немачка дали знаете некоја страница или продавница од каде би можела да купам фен и прреса за коса ама малку по професионалнисо не толку астрономска цена де
Од секаде. Амазон отто… Моето фигаро е од 100 евра на 30 евра на попуст мм го видел на Амазон и го порачал и огромна разлика има од едно што го имам 15 евра од Росман Фенот ми е од Алди и шеста година му е ова мислам дека 15 евра беше отприлика ама многу е јак и квалитетен Мислењето 9 лајка ми имаше па затоа не го прашав де Сабајле доаѓа еден саат после мене, и на влегување излегување и се правам дека не сум го видела и излегувам со грб и он вика хај џокерче (можеше и ништо да ми рече баш на брзање бев ама како ме приметил чудо) и јас му реков морген џокеру мој После тоа еднаш ме погледна од далеку После јас нешто замислена во главата си правев филмови за со него и ете го се појавува од нигде и никаде и ме гледа и се смее и по втор пат ме погледна да се осигура дека стварно не сум нормална И единствено што му реков е дека кога ќе има одмор јас само по 2-3 саати ќе идам на работа дека не можам без него да работам вие ме сфаќате ама он секако дека не ме сфати и се смееше и кога ме гледа детално ме гледа и само јас си мислам леле сега пудрата којзнае каде ми е размачкана и ми се блокира мозокот Уште утре има прилика да го прашам дали има планови за четврток Пријатна вечер имајте
Ох за 50 души..па вие не сте нормални. Ние сме носеле така ситни чоколадца, кафе, чај во кујна ќе оставиш и толку. Ама па и ти колку треба да спремиш. Колач ако печеш, два ти требаат ..се надевам барем поклон ќе добиеш. Или класика бутер бреце. Ама сите ли така спремате? Ние гледаш ај што сме генерација, па и во исти месец, ако ти е годината од името . @MacenceEna 40 . Колку сум само изморена, ова не е нормално, сигуно ми фали нешто. Да искористам свекрвите, да идам да се проверам, ако најдам матичен, да не мкнам дете во болници со мене. Мојата свекрва е од тој тип, незгоден, со неа не можеш ни да се нашалиш ни поговорка да употребиш, она во се ќе си најде навреда. Треба да мислиш што ќе и кажеш, како ќе и кажеш, абе психички ќе се измориш. И така, она секако ќе си драми. Маж ми ќе е на работа од 7-17 нормално, јас дете за гледање си имам и они двајцата исто ќе ми бидат деца. Помош аш кај мене. Ќе се изненадам ако добијам. Да е жив и здрав маж ми, па се одменуваме.