Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.898
    Допаѓања:
    177.128
    Пол:
    Женски
    Еве ти 10 лајк. Ако не е доцна, ама сега те прочитав. :D Се гледа дека ти пушта водичка дечкото, директно кажи му. Може и тој ќе сака па ќе се пле*нете, чим имаш амин од маж и мерак ќе ти помине. И ја мислев се зезаш. :D


    Дали има негде да се пријави кола паркирана стои цели 2 месеца и кусур и цеди нафта. Маж ми рече уште првата недела као поминува служба секаде ќе ја видат и ќе ја соберат ама не, цело лето е тука. |(
    И дали прскате нешто во био кантите? Сеа како затопли се појавија многу црви. :puke:
     
    На mal.ecka, Gosh, joana18 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.799
    Допаѓања:
    33.736
    Пол:
    Женски
    Да 2х20;).
    Носат 90 % од колегите или колачи или фруштук, некои и двете.Има колеги што ептен се посветени со декорации со се.Двајца колеги имаа заедно роденден па колешката направи ептен убава торта со М+М почетните букви од нивните имиња со конфети наоколу.Ептен убаво и интересно беше.Имам колега штом видам како со имиња е декорирано знам дека има тој колега роденден.Шефицата секогаш за нејзиниот роденден е на одмор и носи доручек секогаш по одморот.Еднаш од Австрија си дојде и донесе некои австриски меса ептен вкусни беа.Шефот пак донесува модерни колачи во чашка ама мене се ми се погодува децата да ми се болни и никогаш не сум пробала што носи.Некои носат од тоа меленото месо со кромид:puke:.Некои и купечки торти нормално за сите да има.
    Поклон обочно збираме од оделот кај што работиме и ја украсуваме масата кај што седи славеникот, со балони , конфети според возраста .За некој 60 или 65 год збираме од цела фирма.
    Добиваме исто од фирмата ваучер од 20 евра за тие над 60 год мислам 60 евра.
    Убавото е дека сите колеги доаѓаат и ти честитаат па кажуваат смеи и така да се дружиме.

    За умор исто сум била уморена кога беа и двете во фаза на проодување .
    Не е лошо крв да си провериш.
     
    На Gosh, joana18, Masnickaaa и 3 други им се допаѓа ова.
  3. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.018
    Допаѓања:
    36.313
    Пол:
    Женски
    Сега и последните искри ми ги разгори Yowannty :D а таман планирав да се откажам.
    Прв пат кога ме виде се заљуби на прв поглед во мене и од сам почеток очите му светеа кога ме гледаше :D ама јас ни слика ни тон, декември беше, викам барем 2-3 месеци да поминат, па ајде 6… и сиротиот појма нема што си мислам јас за него :rofl:

    Па од 80 души на прославата за Божиќ се погоди он спроти мене да седи, не беше возможно значи (fingers)

    Ама проблемот е што е Германец, слуша toten Hose или како и да е, целиот е истетовиран со костури и страшни работи, а јас барам некој романтичен, латино тип :drunk:

    Ќе му речам на шала утре па таман да ме откачи еднаш засекогаш и си имам јас друга симпатија на чекање :bandit: проблемот е што само втора смена оди другата симпатија па подобро да останам на оваа што е само прва смена :drunk: вторава само два пати ја имам видено, 6ти јануари на прославата се уби гледајќи ме ама јас бев затрескана во овој, и кога дојде по нешто на работа пред месец дена

    Подобро да земам роман да напишам да ми се исплати трудов :lol:

    И затоа вчера прашав што мислите за машко женско пријателство? :)
    Најидеално би било пријатели да сме. Јас и онака немам ниту една другарка и ниту комуницирам со женски. Само со колегите ми оди муабетот. Колешките скоро сите против мене се дека не сум јас тип што зборува и оговора

    е не ви кажав дека таа русинката за пудрата што ми рече ми рече дека со косата напред фатена во реп горе сум била како frische Mädchen и требало пуштена да ја носам и да личам на малку постара. Сакаше да ме навреди ама за мене сепак е комплимент бидејќи јас и сакам да изгледам помлада. Не знам дека ако имам две деца треба како стара жена да се облекувам и коса така да правам. Како 25 да имам изгледам и така и се однесувам богами. Не за џабе вежбам, пијам колаген и сите пари на маски за лице ми одат, квасец ставам на лице, белка од јајце, жолчка и кафе на коса, сода на паста за заби, крема имам што мириса на латино заводничка, со гол стомак сум секогаш и косата горе во реп ми е само горниот дел

    Синоќа со хулахопки ја виткав тик ток тренд (немам тик ток, на инстаграм ми излезе) и сабајле многу убава ми беше

    едит: за колата ако пријавиш треба ти да платиш, прави се дека не ја гледаш и ти
    Кантата испрскај ја со Essig и црн бибер Pfeffer со вода помешани и од внатре и од надвор и на подот
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_2653.jpeg
      IMG_2653.jpeg
      Големина на фајлот:
      196,6 KB
      Прегледи:
      55
    Последна измена: 3 септември 2024
    На Yowannty, joana18, Ava.84 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.181
    Допаѓања:
    36.605
    Пол:
    Женски
    Јас имам уште 3 години до јубилеј. Во јули ми беше роденден. Тој ден му реков на маж ми Кога ќе наполнам 40 веќе нема да ги бројам годините :D Денес на помалиот син му е роденден. Полни 2 рачиња. :inlove: Една девица, еден рак, една вага и еден стрелец. :lol:

    Од Росман го имам депилаторот. За тие пари добар е. И фенот за коса ми е од таму.

    Времето денес пекол :sweat:
     
    На Gosh, Dancewere, joana18 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.839
    Допаѓања:
    40.088
    Пол:
    Женски
    @Yowannty пријавете за колата во Ordnungsamt . Дека стои долго време така . Може ќе го бараат сопственикот.

    @јolene јас славам 40 за 4 години , во јануари инаку ми е роденден .

    За родендени и славење , обично земам слободен ден . На колешките и така не ги гледам често не ги ни частам.
    Криво ми падна од 6 колешки после пород не им текна една честитка да напишат . Поклон добив од фирмата инаку за бебе .

    На работа ги частев колешките за новата работа по едно благце и кафе .

    На новата работа денес ме прашаа дали сакам масажа да добијам . Од фирмата плаќале . :wasntme:
    20 минути пред работа , плус и масажата спаѓа во работно време.
    Нормално дека се пишав на список .
    Плус има и Betriebsausflug , ќе одам со една колешка. Шефицата се радува дека ќе дојдам . И тоа спаѓа во работно време :wasntme:

    На другата работа добивам масажа од таа главната, кога ќе почне да ме масира со глупаво задачи :wasntme:

    Мм е на родителска од Kreiselternbeirat и сега сум сама со 3 деца . Треба да ги спастрам и легнам . Мразам кога сум сама , зашто малото е најтешко да го скротам навечер . Плус со татко му спие само :worried:

    Ама ајде , собирам сили и одам
     
    На Gosh, Yowannty, joana18 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Dancewere

    Dancewere Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    16.813
    Пол:
    Женски
    Еј и мојот следен роденден е јубилеен,30 ќе полнам! Колешките не ги частам, и они не частат 8) торта за себе обавезно си правам оти обожавам торти да правам! Во недела ти е роденден тебе @јolene ?да беше во Штутгарт и на тебе една торта ќе ти направев.
     
    На Gosh, joana18, MacenceEna и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.082
    Допаѓања:
    180.496
    Јас сега разбрав дека по хороскоп сме у љубав со @јolene и @Ava.84 , тоа е, нема друго:hai:
    Поздрав колешки8) :D
     
    На Gosh, joana18, Ava.84 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.612
    Допаѓања:
    7.189
    Пол:
    Женски
    Нешто Билко ретроградно да не има некоја планета, последниве неколку дена ептен вака шашнана сум. Дали па од возбуда што свекрва ми торта ќе ми прај, не знам.

    Туку јас да земам да спремам тоа трпезите за утре, да се пречекаат луѓето како што треба, со печена кокошка, со зелници и салати. Пфф другата снаа ќе ми се фати на прстот, има јас да сум поснаа.

    Леле денес бе паника без врска. Бев од сабајле, дете шетав, нешто Едека и се враќам се ок, таман се релакс уживам у тишина, дете успеав. Ми текнува за список да направам за втора тура купување и оп не можам да си најдам новчаник.
    И така у паника проверувам во количка нема, се јавувам до Едека и таму не е. Нормално на маж, он па ме откачи двапати, ја и говорна му пуштив. И после ми светна уствари оти ко преоблекував дете, го оставив на комодата, оти штом влеговме таму отидовме. И пак на маж ми порака, направив смеса за палачинки испив кафето у тишина и светот има смисла. Сега може да будам мадам и да одиме пак надвор.

    @Dancewere и јас многу сакам торти да правам. Не треба да ги јадам, ама и мене ме релаксира тоа. За декорација не ме бива баш, ама вкусни ги правам.
    Маж ми вика сум немала криза ја, да си печам кифли и торти ќе сум имала секогаш работа.
    Е сега пошто нели на се те натерува судбина, уште појака ми е идеата, да печам само со цело зрно брашно и без шеќер. Маф ќе правам, има сите дијабетичари да ми идат како муштерии, ама огромен проект е, нит искуство имам ни па знам како да ја реализирам идеава. И уште една идеа имам, ми треба само партнер, за деца чување и филм продавање на богати Германци.
    Трета идеа ми е да сум негде сахбеарбајтерин и да ги нервирам луѓето. Абе се некои филмови. А може и лото ќе ми се падне, ако уплатам барем еднаш.
     
    На Gosh, Ava.84, arontt и 4 други им се допаѓа ова.
  9. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.018
    Допаѓања:
    36.313
    Пол:
    Женски
    Може отказот да го напишам и петок да го дадам. :whew:
     
  10. Masnickaaa

    Masnickaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2011
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    932
    Пол:
    Женски
    Се случи нешто со симпатијата? :|
     
  11. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.839
    Допаѓања:
    40.088
    Пол:
    Женски
    @јolene купи си tile tracker .
    Секогаш ќе знаеш каде ти е телефонот или новчаникот. Или телефонот .
    Еднаш во денот ги барам клучевите од кола. Со ова одма знам кај сум ги затурила.

    Сабајле станавме во 10 за 5 . Спремив дете за екскурзија, ја однесов со синко . Он почна да плаче , сакал со нејзе да оди , па скандали правеше :worried:

    Сега сите дома , две од три деца . Мм на пат негде , ќе се врати вечер .
    А ми се спие , очи ми паѓаат . Ама неможам да затворам очи , синко може да летне негде надвор па да го барам. Порано кога бев до двете , на негова возраст можев да дремнам , деца некој филм да гледаат , сега таков луксуз немам
    Ќе легнам порано денес , само да завршам обврски , да бидам таксист :(
     
    На mal.ecka, јolene и Ava.84 им се допаѓа ова.
  12. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.018
    Допаѓања:
    36.313
    Пол:
    Женски
    Цело време смрштен беше (како и секогаш де) и го прашувам дали има планови за утре, и ме гледа прашално, и викам дека и јас сум слободна и се изнасмеа и му викам сакав само да те насмеам :tmi:
    И рече утре Haushalt му било на ред |( и му викам каков хаусхалт ти си сам нема ни што да средуваш :^) и вика 83 квадрати имал стан :rofl: што му требал толкав стан еве не знам, може за мачките треба поголем простор не знам, колку што знам 10 црни мачки има

    Се одјавувам :D

    Срам ме фати сама од себе што рече Haushalt, а јас женско и утре сум слободна ама ни на крај памет не ми е да средувам нешто. Кога сум слободна сум слободна буквално од се. ]:)

    Ќе земам некој филм ќе пуштам и таму симпатија ќе си најдам :rofl: филм немам гледано од далечната 2010та година сигурно :D немам живци јас да седам во место подолго време

    шала на страна многу е добар човекот и многу ме цени и мене дека и јас сум добра, секогаш јас подобри задачи добивам ама не дека му се свиѓам туку дека го цени мојот труд
     
    Последна измена: 4 септември 2024
    На mal.ecka, Masnickaaa, k.frosina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    3.018
    Да прашам, пошто интернетов баш ме збуни. Дали ако поседуваш второ возило, значи еден сопственик да има две возила, плаќаш нешто повеќе, во поглед на данок, поскапо осигурување и слично?

    Ме убедува еден колега на работа дека се плаќало повеќе, него му се поклопиле две возила да има на негово име, па ми тврди дека одма му скокнал данокот на првото :^) Па кога го продал, му вратиле дел од парите.

    Интернетов вика дека не е така, дури и за второто можеш да добиеш и добар попуст при осигурувањето.
    Ако знае некој точно инфо околу ова, би била баш благодарна :f:
     
  14. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.018
    Допаѓања:
    36.313
    Пол:
    Женски
    Колегава е љубоморен што ќе купиш уште една кола, а тој ја продал. :D
    Затоа и му ги вратиле дека погрешна пресметката била. Се се израмнува на крај тука. Прашај го тогаш зошто му ги вратиле парите?
     
    На Marge му/ѝ се допаѓа ова.
  15. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.072
    Допаѓања:
    5.772
    Nema vrska deka se zgolemuva, kaj nas dvete koli se na ime na maz mi pa toj ima nekoj popust i na osiguruvanjeto deka ima dve koli.
     
    На gjoker4e и Marge им се допаѓа ова.
  16. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    3.018
    Е гледаш, за љубомора ич не ми текна :D
    Него му ги вратиле, затоа што многу брзо после тоа ја продал старата, а нели влечат данок на годишно ниво и фактички него му вратиле, на новиот сопственик му повлекле, според кажувањето негово.

    @SanelaS фала ти најмногу, вакво инфо од прва рака ми требаше
     
    На SanelaS и gjoker4e им се допаѓа ова.
  17. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.565
    Допаѓања:
    8.017
    @Marge како што знам ако имаш две возила имаш две различни
    Schadenfreiheitsklasse,затоа е поскапо.Една класа не можеш да ја користиш за две возила.
     
    На Marge му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    3.018
    Налетав и на тоа, читам од прееска, ќе го убијам маж ми за неговите луди идеи :@

    Чепкам уште по нет и ми излезе опција за Wechselkennzeichen. Бидејќи секако не би се возеле двете возила истовремено, ова изгледа како идеално решение, само да прочепкам уште малку, да видам дали има некоја замка со ситни букви што не сум видела :D
     
    На fairy88 и gjoker4e им се допаѓа ова.
  19. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.898
    Допаѓања:
    177.128
    Пол:
    Женски
    Девојки, кога аплицирав за ауфентхалт ми дадоа лист со бројче да се јавам да закажам оти стои дека без термин не можам да ја подигнам картичката. Овие два три дена се обидувам да се јавам ама цело време ми вика дека не постои конекција со бројот што го барам. Што да правам? Каде да се јавам?
     
  20. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.018
    Допаѓања:
    36.313
    Пол:
    Женски
    Кај нас може и онлајн. Пиши Rathaus и твојот град и Termin или Ausländerbehörde ако е кај вас
    Или бројот погрешно го читаш или треба со 0 без 0, или ти го дале бројот без позивниот од твоето место па напред додади позивен
     
    На Gosh, Yowannty и SummerGirl им се допаѓа ова.