Даден ми е со позитивниот ама веројатно има некаква грешка. Секако пробав и со 0 и без и со бројот на земјава и без, не ме конектира никако. Не знам дали може онлајн ама пишав меил на дечкото што ми ги среди документите па ќе видам што ќе ми одговори.
Да да вртев сеа конечно фати ама никој не крена. Маж ми ми пиша дека звони сеа да вртам, пошто двајцата пробувавме, не конектираше претходно никако. Сега ќе си вртам дур добијам некој.
Конечно закажав термин и тоа следна недела. Што пие кафана? Не знам за вас, ама мене ми здосади летово. Едвај чекам поладни денови. Едит. Уствари што сакав да ви кажам што сум позитивно изненадена. Ќерка ми имаше роденден средина на распустот, па не мислев дека ќе слави и во градинка. Прв ден враќање во градинка имаше плакат со Среќен Роденден и името нејзино, ама ние не знаевме и ништо не бевме спремни. Додуша јас мислев може мислеле пред распуст да прослави, ама таа недела беше болна и не ја пуштив во градинка. Следниот ден учителот ни кажа дека за секое дете обележуваат без разлика што имало роденден за време распуст, секое дете си има и свој ден во градинка па ако сакаме да донесеме нешто за децата. И така гз преку глава спремив набрзина нешто, па кај за децата тука и за учителите нешто да ги почастиме кога веќе… и така минатата недела си прослави роденден и во градинка, по цели 3 недели од роденденот и дете пресреќно.
И јас едвај чекам да залади. . Пукнав со другаркиве жива вода сум . Кај нас Ausländerbehörde го преместиле во Rathaus ..поима си немав се до пред една недела кога одев да мењам картица. Сега со синко сме раат . Инаку за бебињава ми ги пишале бугарки/германки у Bürgerbüro и не ми дадоа визи да им правам па ќе им вадам Германски пасс сега глупости .
Здраво,деновиве првпат почнувам со пракса за работно место тука.Бев на интервју и се договоривме да почнам со две недели пракса, ништо не ми кажаја да се пријавам во Агенција за вработување.Не сум сеуште пријавена како барател затоа што до скоро учев и го завршив Б1 успешно со сертификат.Но сепак не мие јасно немам Аусбилдунг а професијата бара,но имам искуство од Македонија и средно училиште.Сепак прифатија, но две недели за мене се сепак премалку за уклопување бидејќи се е подруго тука.Им реков дека месец би било одлично да научам повеќе, ми рекоја може само уште две недели да се продолжи праксата но,ќе видиме прво почни.Мислам дека сакаат само да ме испробаат да видат нели,а после ако ми ја продолжат праксата значи дека ме вработиле или? незнам прашалници сум цела,гледам дека има некој закони и за праксите тука колку траат.Ако може некој поискусен да не просветли ❤️
Тоа може да се смени ако сакаш. Јас сакав и малиов да биде исто како малава и кажав македонски пасош и виза. Инаку автоматски иде бугарски пасош да има како мм ама кажав македонски и нема никаков проблем. И во групиве имам читано, ти како сакаш фала, автоматски им се внесува по таткото ама ако сакаш ти македонски ќе им кажеш и ќе го сменат, нема никаков проблем.
Мислам дека нема тука пракса без пријавен да си. Мора одма да те пријават во Агенцијата за вработување и многу е строго во поглед на тоа. Германци се или балканци/ Турци? Ќе пише некој што има искуство со пракса.
Тоа у Bürgerbüro да им речам? Јас закажав наредна недела за пасоши. Мада ќе морам секои две год. да им мењам визи. Хаос.
Не можам да се сетам дали на пораѓајот запишаа или во Rathaus кај нас се оди за се кажав македонски пасош и виза. Јас уствари направив термин онлајн и кога отидов на терминот рекоа дека треба бугарски пасош и не треба виза ама им кажав дека може и македонски и виза и дека така сакам и се јавија некаде (да прашаат дали може така и можеше секако ама мораат да прашаат бидејќи и тие не ги знаат сите правила, најразлични држави и поединечни случаи има) и поднесовме за виза со македонскиот пасош, во Rathaus, Ausländerbehörde е во на многу места. Bürgerbüro сеуште немам никаде прочитано. На малиов уште сега ми е две години, па после и на двајцата по четири. Значи 2 пати е 2 години, па после е 4 години. Уствари 3 пати е 2 години ама јас и со првиот и со вториов пасош каснев по повеќе од 6 месеци и испаѓа 2 пати кај мене. Ако касниш таман само 2 пати ќе треба да продолжуваш по 2 години па 3тиот пат на 4
Да германци се,еднаш прашав ама не ми одговорија ништо,веројатно дела е неплатено незнам ни јас.А спомнаја дека ако ми се продолжи повеќе од две недели ќе биде платено.Можно е они да ме пријават автоматски или треба јас лично да одам ништо не ми спомнаја баш мие чудно.
Од пракса е не платено.Нема што да те пријават .Тие ќе видат колку знаеш и ако разбираш и се вклопуваш ќе имаш секако разговор со нив и ќе те вработат ако им одговараш .Со среќа.
Јас мислам дека нема потреба да си пријавена во агенцијата за да можат да те вработат. Малку е различно за разлика од Мк. Не те "превземаат" од агенцијата. За да те пријават, најбитно е да имаш Sozialversicherungsnummer и Steuer ID. Се е поврзано со тие два броја.
Абе и јас кога пишував за изводите да ми пратат и за пријава на адреса и у болница секаде ги пишав и оставив на мм мк пасош . Она таа госпожата од Rathaus кога ми кажа бугарки германки ми се заврте свеста и и покажав емаилпвитр околу презимето беше по мк или по бг закон да ги пишат па као требале да бидат ВА а не СКА и тогаш им пишав да бидат у мушки род СКИ као татко им и мојто презиме. И секако по Мкд закон они пак по нивно ...
Ја само набрзина да ви промрчам нешто за Визз. Свекрви дојдоа, не им купивме седишта, оти безобразно ги направија по 1500 денари. И ај случајно да им избере. Е ама сабајле, на аеродромот им рекле да чекаат последни, значи ги викнале на страна и пази АКО имало место ќе летаат, ако не, не. Секако од предходно чекирани и карти купени од пред мин месец време. Не се сеќавам точно. Па добро бе, кој закон е ова, каква компанија е ова, да правиш стресови на луѓе, нит мејл ни стигна ни ништо. Повеќе продадени карти имало отколку места. А ви мрчев нели за давачките нивни, па стај бе ко секоја компанија цена за седиште и куфер и не смарај. Да ти пиип глупата работа. За моите некна купив во ноември. Картите по човек од правец 1050 ден. Вкупната цена на крај која ја плативме беше 11000. Седишта, такса и куфер значи плус 100 евра. Цената пак е пристапна, не јадам трици за неа, помалку од 200 евра повратна е супер, ама стај бре 50 евра карта и без стрес да лета човек. А вака уствари те принудува да купиш седиште. Па од утре што и со купени седишта ќе нема место. Без врска компанија значи. Како ќе ти биде среќата, така.
Незнам дали ја следиш sihame_home баш сега промовира на стори на бисел една правосмукалка ако е таа што мислам околу 180€ е , ама е предобра ја гледам и кај mothercould a користе често
Ако треба да те пријават тие ќе те пријават. Не знаев дека постои неплатена пракса или непријавена пракса ама еве погоре викаат дека да. И јас во болница дадов македонски пасош од Мк ама во општина рекоа бугарски пасош треба да извадиме и им кажав дека не е така и се јавија расчистија дилема видоа дека може македонски. Ако не купиш седиште не е прв пат да речат дека ако има место ќе летаат, ако не нема. Затоа и најдобро е да се купи седиште. П.с. Си ја знае визз работата. Мислиш дека одма не им текнало дека свекрви и сигурно снаата се моли да не дојдат
Wizz se teski sra.... moze da ne se kacis, moze da cekas so saati, moze drug den da poletas . i sto e najtragicno vo posledno vreme ne se ni eftini pa da zamizi covek.