Торта има, кифли има, мафини има, абе се има. Да сме живи и здрави само. Убав градот многу, малку гужвичка нормално, сепак милионски град, ама вака ми е еден од поубавите градови кај што сум била. За детево, јас купувам на старо најчесто, подобро зачувани ако се земам, и стварно ми е ок. Нека се износуваат алишта. Имам и од моето, нешто што било на ново земано, абе скоро па ново си останало. Ќе почувам уште година време, две, ако даде Бог да можам да родам уште едно арно, ако не ќе раздадам низ деца. Нека ми е живо и здраво и ова што го имам, преблагодарна сум за неа. Ама ете нели за чевлички и за во градинка, си велев новички да и земам. Тие од чибо ги видов во Едека, со лесно полнење, изгледаат ок, ама не се разбирам бе. Гледав и гумени чизми имаа, ама бројче немаше за моето. Тие како чирапче што се топлинките, со ѓон од доле, и се изместуваат од нога, па не ми се за во градинка. Овие од декатлон може да ги пробаме. Инаку уште не оди мрзла моја, ама нон стоп си е во движење. Ме пукнаа бабите оти не одела, да сум и покажувала. Како бе да покажам. Скоро 14 месеци е. Толку ли е страшно? Јас немам некој дечарски/мајчински инстинкт. Не знам, некако гледам да правам што е правилно, ама толку не ми иде природно, како да не знам што да правам ми е некогаш. Некои луѓе едноставно се по дечари и муабет знаат што да им прават. Ја мојата еве да брои ја учам . После ќе почнам формите и боите и така. Шнола и венче никогаш не сум и ставила. На @Dancewere девојчето се е надотерано, моето со земјосани палтолони се шета. Шишките и ги сечам. Склетчија невидено. Ова у погрешна тема сум со муабетот знам. Друго гледам дека човек кога сака да мрчи и маани да наоѓа, во се ќе најде. И некогаш стварно одбираме да сме несреќни. Леле сега со филозофии почнав да ве замарам . Ама оти вака инспирирана од свекрвите сум. Не е дека ние не сакаме да им угодиме, повеќе е дека они некако не дозволуваат да им се погоди. Друго што ќе кажете. Од вечер дожд кај нас. Денес да идеме до центар, белки ќе нема толку гужва. Да прошетаме на раат.
@јolene нема правилно не правилно, секој прави како што мисли. На почеток бев многу по несигурна сега правам како јас мислам дека треба и се уште се плашам дали правилно постапувам, дали добро го воспитувам и мислам секогаш ќе биде така. За одењето како што знам дека до 18 месеци е нормално. Не се сите деца исти ако прооди порано нема никој плус за понатака во животот. Мојот баш рано прооде ама затоа со зборењето си го кркав стравот. За топлинките од декатлон уште еден задоволен јас оние обичните црни му земав од кога тргна во градинка и се уште еве и за школо земав ама само до 32 број се па ќе треба наскоро замена да барам. Сега нарачав и од најобичните патики нивни за спорт. И јас да се пожалам од времето, за Einschulung си купив нова гардероба за детето и за мене и сега гледам прогноза тој ден прогнозата највисока тт 10 степени. Па не е нормално сабајлето и пониска ќе биде сигурно сега да барам во последен момент нешто за него да докупам за себе ќе си носам нешто старо што да правам.
@јolene Среќен Роденден ти посакувам се што сакаш да ти се исполни . Имај убав ден со најблиските . Сега се освестив дека ти на Партиотски ден си се родила . Детето ќе преоди кога ќе и дојде време. Значи до година ипол е границата. Мене свекрва ме замараше за дубак, демек затоа не ми одела да ја ставам одма ќе преоди. И касно преодела на 13 ипол месеци незнам по кој стандард е касно демек сите ние пред годинката сме преоделе. Ние баш тој период бевме во мк и малата место да биде на земја ми беше во раце затоа што од сите плачеше, не дај боже да ја видеа бабите дека е на плочки одма ја зимаа дека ладно во јуни месец Кога отидовме на преглед во јули докторката рече може и утре да преоди и така и беше. Ете кај нас тема е што мочка уште во памперс абе не сум јас спремна да и го тргнам . Само што и го тргнам таа ќе се помоча без да каже. Може треба поупорна да бидам, а може и на неа и треба време да укопча. За гумени чизми секако нема да знае да оди во нив. Јас за зима и зедов скафандер од лидл тоа лани сега ќе видам оваа год и др деца имаа скафандери. Чизми елефант а сега има од тему. Некако најнеискористени ми се за малечки не им ги облакаат секогаш колку пати со лом патики ја враќаат.
Колкаво е твоето? Моето 3 год и 3 мес и уште е со памперс, мајката абер нема, ама затоа свекрва Мк одма памперс му соблече и на туту го седна. Дури сега почнува знаци да има дека може памперсот да се тргне. Вчера вика сакал и он во вц да иде. А јас не мајка не знам дали за мочкање треба да седи или да стои??? Од кога сакам да прашам и заборавам. Секој нека си прави како што мисли дека е правилно! @јolene Моите двете проодеа на 16 или 18 месеци не знам ете и тоа сум заборавила ако мислам 18 дека беа, дека на 16 малиов тргна во градинка ама сеуште не одеше. Педијатарот гледа ако не е проодел, а има 16 ама во друго е понапреден, значи е ок. Малава нит одеше до 18 нит збореше до 2ипол години ама интелигенција на ниво колку беше итра и опасна. И јас не сум дечарка ама сум најдобра мајка. Најнезгоден момент ми е кога мајка со деца зборува убаво со моиве деца, а јас не знам да вратам на нејзините ниту со зборови ниту со гестови. Уште од мала не сум сакала деца затоа што го кажуваат тоа што го мислат и на повеќе пати се имам повредено од некое мало дете додека сум имала од 6 до 18 години отпеилика хаха и отсекогаш избегнувам деца цел мој живот Пред некој нешто ја скарав малава и ми вика следново: немој да мислиш дека си многу убава, пудрата ти е многу темна и накај портокалово, стомакот ти е голем и џабе мислиш дека газот ти е голем од вежбањето, многу ти е мал… ете зошто не сум дечкарка
@gjoker4e мојата е 2год и 3 месеци , ама нели и нас веќе на година не ставале на нокшир , но тогаш кој знае какви пелени користеле. Безнам за машко но по некоја логика нели треба да стои . И мојата абер нема од зборување но затоа многу е итра ако правиме муабет јас и маж ми таа во др соба се слуша и носи одма. Ја возиме во количка и коментирам на маж ми за патиките дека сите си купивме нови , таа одма крева нозе се врти покажува со раце накај нејзините патики абе чудо. И јас не сум некој дечар кога одиме некаде сакам да одморам од неа а не да занимавам др дете. Децата се најискрените суштества на светот , по муабетот на ќерка ти треба да се замислиш
И кај тебе свекрвата да не е дојдена на гости . Јас еве проја правев, абе растур. Вака домаќинка не сум била не знам колку време. Туку почнаа кај мене дождови, и ќе трае. Како ќе се поднесеме со мали и големи низ дома, не знам. Фала ви инаку. Да ви се враќа на сите со убаво .
Од второ септември е исчезната Според профилот нејзин , не е девојка него жена , има фамилија и мало дете . Жално , како може да исчезне .. без трага.
Зарем толку долго е исчезната? Кај сопругот од исчезнатата има слика постирана пред три дена со ќеркичката во опис пишува мамо ми недостасуваш. Дај боже да ја најдат жива и здрава.
На крај ќе испадне сопругот ја убил така? Мајка не се ни дели од своето едногодишно бебе. А баш има еден статус за ќерката дека ако ја допре некој он ќе го допре и ќе има Pflegestufe 5… И статусот колку низ ред да пројде му е. Не треба да обвинуваме ама ајде посилно е од мене…
Најчесто фамилијата е прва осомничена . Најблиските, сопруг , дечко итн . Да се најде жива и здрава само . Греота . Ептен ме вознемири веста , незнам ...
Тоа ли е скандалот од Германија што го најувуваше една феминка овде, само не се сеќавам на која тема беше... Искрено, истото го помислив и јас.. самата фаца некако така му делува... се надевам дека грешиме и дека ќе има позитивен исход приказнава...
Толку многу ми е тажен светот во кој живееме. Знам дека од секогаш имало и војни, сиромаштија, убиства и секакви гнасотии, ама моментално не можам никакви лоши вести да поднесам. Особено тажни вести каде што жени, млади жени, девојчиња се жртвите. А ги има толку многу. Ми се надкрева желудникот, ми се повраќа, тешко ми е. Не можам да разговарам, не сакам да читам, не е здраво да се изолирам во балонот, да игнорирам и да се правам дека се е розово. Знам. Ама тоа ми е некој одбранбен механизам. Не знам како да ја заштитам од светот. Како да ја научам да избере правилно. Како да верува на мажите, ама не на сите. Толку тешка задача е да истраш девојче на прав пат во денешно време. Ова пак не е за овде да се напиша, ама пак на други места и не ми се пишува. Од другите теми. Кај нас дојде есен, а и зима ќе дојде како тргално. Се надевам златен октомври ќе блесне и ќе стопли, да поуживаме уште малку на сонце. Грејната сезона е многу веројатно да ја почнеме од неделава, ако стварно паднат температурите до 7 степени. Гледав од цела Германија, кај нас најладно ќе биде. Ама глупо не пресметано од мене, Алпите скроз ги изумив. Желба да живеам на екваторот секое зимо ми се враќа. За 20 години, вајда ќе ја реализирам. Маж ми на секое превртува очи, обично ми ги толерира глупостите, ама изгледа оваа не му се свиѓа баш. Нема врска, до тогаш може ќе се предомисли. Некој друг од вас, вака да се обидува да планира нешто што не може да се испланира?
Каков скандал и кога е најавен? Стварно е жалосно ова што се случува . Искрено се надевам дека не е настрадана бидејќи со работата е како обезбедување ( по слики што видов)а секакви будали има на овој свет. Само да се најде жива и здрава заради детето.
Затоа никогаш не сум сакала деца да имам. Имав решено дека нема шанси да родам дете во овој свет ама непланирано останав бремена и не сум некој кој може да абортира. Ги сфаќам тие што абортираат и тие што не сакаат воопшто деца да имаат. Од кога сакав да ви кажам една вработена во градинка нема деца и кога имаше вирус ми вика и ќерка ми го фати. Јас цела прашалници. Откако отиде малиов од таму, јас заследив една на инстаграм па оваа мене ме заследи и гледам слики и сториња со куче и пишува мојата ќерка, мајка ќерка време… Тоа треба нормално да е? И сфатив дека за кучето рекла ќерка ми. Ако може куче стомачен вирус да има…? Јас имам и порано слушнато мама да викаат на куче ама овие се во поголема љубов од мајка и вистинска ќерка. Туку сакав да кажам дека и јас многу често се прашувам. Во градинка и школо до сега е ок ама од 5то натака не очекувам да биде ок па се до почеток или завршување на Аусбилдунг. После на работа е пак поинаку. Ама тој период од 10 до 20 години отприлика ич не ми се свиѓа. Мене дури кога почнав на факултет ми беше ок животот. Во основно и средно катастрофа. Да бев од богато семејство и тогаш ок ќе беше. Значи треба богата да сум за од една страна поок да се децава мои. И ти велиш ќерка, а јас и за син ми исто се плашам само на поинаков начин. Ама без разлика дали женско или машко, за двајцата исто е. Можеби треба само да визуелизираме и нив да ги научиме дека животот е убав. На претходната работа се оболи колешка, плачеше секој ден, син и 16 години, девојка му 18 бремена. Па ја тешевме дека Господ знае најдобро и еве 5-6 месеци има бебето. Неа и многу и беше дека тие муслимани, а девојка му католик и како сега со религијата и плус на 16 години татко и од ведро небо стана баба колешкава. Каков мир имам во моментов. Сама сум дома. После шест недели (де маж дома, де деца, де маж и деца) ова е НЕПРОЦЕНЛИВО. И мм ме прашува што ќе сум правела. Му викам секако дека ништо. Абе со прст нема да мрднам. НИШТО во буквална смисла на зборот. Актуелно имам еден проблем: јас сум тивка, а една шефица е гладна. Значи 100 шефа има што се еден над друг. И оваа шефица од доле нагоре е 4та фактички. Цело време седи или се снима за тик ток страшно е заразена и доаѓа 5тиот шеф и му вика кога се вратила таа од одмор се тргнало, се било средено, ова направила она направила, и шефов Германец глуп се и верува, а верувајте цело време видеа за тик ток прави. А јас се што правам исто како да не постојам нели. И сега мене тоа ме нервира што лаже и глупи Германци веруваат. 4тиот шеф гледам не е толку глуп. Треба да останам ваква или да почнам и јас како неа? Бидејќи таквите успеваат во животот. А утре сакам и децата успешни да ми се. Врти сучи подобро е да се лаже и гласен да си, а уствари ништо да не правиш.