Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.830
    Допаѓања:
    39.894
    Пол:
    Женски
    Луѓе затоа да читаме помалку хорор приказни, да гледаме што се случува кај нас .
    Мене ми сметаат такви вести и не отварам воопшто , тик ток е ужас . Секакви информации и потребни и непотребни ќе слушнеш таму .

    @gjoker4e зарем од работа се снима колешката?
     
    На Chantal, Ava.84, gjoker4e и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    3.018
    Јас мислев дека малово кога беше бебе беше тешко, ама сега како расте, сите тие мисли со правилно воспитување, па како треба, како не треба ме убиваат...демек па јас сум толку паметна и знам, како па да не. И јас сум скроз изгубена, само си повторувам дека треба да дишам, да се едуцицирам цело време и да се молам да го извадиме на прав пат. Нормално и неговиот карактер ќе има голем удел во сето тоа, а он е малку терсене и тврдоглав и тоа многу ме плаши.

    Од тема немир, и те како го носам во себе, некако се ме потресува, а порано не бев таква. И дали колку повеќе земам на срце, толку повеќе слушам околу мене тажни судбини, болести и што уште не. Мудов ми е, убиј Боже :D Најмногу рикам пред Божиќ кога Антенне Баерн имаат Шпендентаг и споделуваат тешки животни приказни. Мада и јас се трудам што помалку да гледам и слушам такви работи, тоа тик ток и социјални мрежи немам.
    Времево ќе да е, што сум ваква :x
    Сабајле кочан ладно, малово со чизми и јакна го пуштив во градинка. Од сите планови за чистење дома, се подвиткав под јорган :rofl: Чисто е, маж фатил вчера нешто потсредил.

    Инаку @gjoker4e тие се тие животни неправди и ако она му мачка добро очи на шефот, а шефот не сака да види и битно му е некој да му прави политика, тешко дека нешто би се сменило. Увидов дека многу од Германците сакаат многу кога некој им се упикува и им веруваат на тие, без многу да ги интересира вистината. Кај мене се дешава нешто слично на работа, ни сменија раководство и новата директорка и новиот шеф се дечко и девојка (Бони и Клајд ги викам јас :D) и те како му мачкаат очи на сопственикот,а тој па толку му годи тоа, не погледнува подалеку од нив. Голема фирма е додуша, слепо им верува, ама се ќе пукне еден ден. Јас исто работам на висока позиција, фактички само они тројца се над мене. Не можам против нив, не ни пробувам. Често ги скокам, користам обиколни патишта, кога ми треба нешто да добијам, се правам дека се работи за нешто ситно, а често и калкулирам и им правам политика, посебно на шефот :D Со господична на прв состанок кога се запознавне, очи ќе ми ископаше за нешто што се спротиставив и ја избегнувам :x Така да, не можеш да му отвориш очи на некој што не сака, најверојатно се ќе излезе на виделина, ама обично е прекасно тогаш.
     
    На Chantal, Gosh и gjoker4e им се допаѓа ова.
  3. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.174
    Допаѓања:
    15.489
    Пред некој ден имаше една членка во една тема напишано: "Деновиве очекувајте еден скандал од Германија..." нешто така. Мислам дека и таа живее тука, може знаела унапред бидејќи жената е веќе цела недела исчезната.
     
  4. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    3.018
    Во Гевгелија :D Ако зборуваш за истото мислење во темата 40+ од една членка беше напишано.
     
    На mal.ecka, Gosh и Ambitious им се допаѓа ова.
  5. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    36.304
    Пол:
    Женски
    Шефица е. Како станала шефица јасно ми е. :D Да, во тек на работно време иако има строго правило дека не смее ни телефон со нас, а не пак видеа за тик ток, се едно исто се снима, пее игра малку со музика во позадина, и како болест, милион обиди додека да и испадне како што треба, и поминало работното време. Ама со сите е добра и затоа никој не ја кажува.
    Петокот и дала на колешка со нејзина шифра да работи, колешкава не е глупа да речеш ама мислела за да ја контролираат, а јас знам дека е за да покаже дека нешто работела. И тоа е строго забрането ама ајде. Кога лице им прави, кој ќе се посомнева во неа. Освен јас! Од прв ден знаев дека не е таква каква што ја опишуваат и таа ме примети дека не и верувам. ]:) Тоа школо уште во Мк го имам поминато :D а германциве за 100 години очигледно ќе научат колку еден ауслендер може лице да прави :rofl:

    И сега фактички ако станам како неа одма ќе имам поголема плата :D тоа ме мачи мене. А лесно е.

    Инаку имаше наш шеф број 5 :D од Балканот ама во Њујорк демек живеел небитно ама одма ја препозна и лом се направија и овој отказ даде само еден месец беше шеф, сега е нешто уште повеќе ама подалеку од нас :D и сега нов е Германец оваа одма очи му замачка

    и така :D
     
    На Ava.84 и Marge им се допаѓа ова.
  6. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.799
    Допаѓања:
    33.736
    Пол:
    Женски
    Џоки поголеми лицемери од германците нема!

    @јolene маката што те мачи тебе не мачи сите мајки во каков свет живеат и ќе живеат нашите деца.Пред некоја година истиот пост како твојот пишав и сите го имаат истиот страв.Јас уште не сум го победила и ми е се поголом оти мојата почна сама да се движи,за малата уште не се плашам оти си е до мене.
    Јас вести одамна не гледам иако ги има секој саат на работа не ги слушам.Колку вести не гледам ќе ти кажам една случка.
    Кога бевме во Мк и со другарка бевме на кафе во кафичот гледам познат лик и и викам еј кој беше овој многу ми е познат, ама помлад од нас.Почна со сите да се поздравува и она се врти и го гледа и вика градоначалникот:rofl::rofl:.Таа не живее исто во Мк и ми вели го знам оти ми е рода:rofl::rofl::rofl:.
     
    На SummerGirl, arontt, јolene и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Kaley

    Kaley Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    1.306
    Допаѓања:
    3.037
    Пол:
    Женски
    Фала ви за одговорите на сите.
    Се одлучив за Лидл чизмички.

    Кога спомна алишта за пресоблекување, да и тоа ми е во листата што ми е дадоа за во градинка што треба да однесиме, па сакам да прашам што се се носи дали е доволно од се по еден пар пример гаќички, маичка, пантолончиња, блуза ? И тоа си им стои во градинката така ?
     
  8. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.748
    Допаѓања:
    33.996
    Пол:
    Женски
    Мојот имаше само два пара ѓаќи се др шо еден пар и имаа како торбички закачени со нивни имиња напишани и секогаш кога беше одмор зиме лето ни ги даваа за дома да провериме што е мало големо.
     
    На Kaley му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.886
    Допаѓања:
    177.028
    Пол:
    Женски
    Морген либес :)

    Вчера ја земав визата. Супер брзо беше за среќа, оти бев сама со двајцава џамбази. Арно ама ми го ставиле истиот датум на истекување како и на минатата виза. :doh: Па така, минатата виза ми беше на 4 години, сега ми е на две. Ја сменив порано иако важечка, оти нели вадев нов пасош. Нигде немам прочитано дека ова е пракса, па претпоставувам дека јас сум таа среќа да треба пак да се бавтам со ова по 2 години. ]:) Пффф… се разочарав па дојдов да се пожалам… :wasntme:
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    36.304
    Пол:
    Женски
    Така оди тоа. :D
    Таман си е
    За 2 години треба нова виза

    Значи си имала виза на 4 години. Поради нов пасош мораш да ја промениш визата. На визата се менува само бројот на пасош. Не се менува и важноста на визата.
    Исто би било на пример адреса доколку смениш и адресата ако ја пишува на визата значи треба да ја промениш визата и на визата ќе е променета само адресата, важноста ќе остане иста. :)
     
    На Gosh, јolene, Chantal и 3 други им се допаѓа ова.
  11. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.748
    Допаѓања:
    33.996
    Пол:
    Женски
    Зошто на 4 години? Обично даваат на 5 години оние што се нон еу и еу . После тоа оди на неограничено (но важи според рокот на валидност на пасош.) Ние сега ги менувавме нашите на неограничени а на малите утре ќе вадиме ДЕ пасоши неќат да дадат визи . :@
     
    На Chantal, Yowannty и SummerGirl им се допаѓа ова.
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.886
    Допаѓања:
    177.028
    Пол:
    Женски
    Ич не знам зашто на 4 години. И јас мислев 5, така имав читано и така сите ми имаа кажано. Пасошот беше валиден до 2029та, со старото име, морав да го менувам. Не знам стварно од каде пресметаа 4 години.
     
  13. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    36.304
    Пол:
    Женски
    До кога точно ти важи визата?
     
  14. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.886
    Допаѓања:
    177.028
    Пол:
    Женски
    2026та
     
  15. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    36.304
    Пол:
    Женски
    Ако е декември е таман дека
     
  16. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.886
    Допаѓања:
    177.028
    Пол:
    Женски
    Октомври.
     
  17. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    36.304
    Пол:
    Женски
    Епа скоро таман :D
    5 години без еден месец :rofl:
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.886
    Допаѓања:
    177.028
    Пол:
    Женски
    Ако ми ги важат и месеците дур ми ја издадоа визата. Пошто 9 месеци чекав. :D
     
  19. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.611
    Допаѓања:
    7.184
    Пол:
    Женски
    Па се бројат, пошто додека си чекала фактички имаш право да седиш.
    Ама твоето не е виза виза, дозвола за престој е. Смееш да шеташ и додека чекаш да ти излезе, само треба да приложите дека си во процедура и да патуваш со маж ти, оти за него ти е поврзан престојот.
     
    На Chantal и SummerGirl им се допаѓа ова.
  20. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    36.304
    Пол:
    Женски
    Да да. Од сам почеток се важи. Значи на 5 години ти е.
    Не постои виза на 4 години.
    Ти тука сакаш да не ти ги важат тие 9 месеци и плус сега со новиот пасош да ти додадат нови 3 години. :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: Леле на мм ме потсети. :rofl: Он така бара се според негови пресметки.
    На неа го пишува датумот од кој важи, датумот до кој важи, и мора да се точно 5 години.

    @јolene Не смее да се излезе од државата! Додека не добиеш Aufwnthalt во раце, не смееш во никој случај.
     
    На Ava.84 и SummerGirl им се допаѓа ова.