Дозвола за престој, да. Па нормално. За виза аплицирав два пати. Првиот пат во Февруари средина негде. После почна војната во Украина, настана хаос и ми ја изгубија апликацијата. Аплицирав пак средина на Август и тогаш беше готова за брзо. Мислев ќе важи од моментот на аплицирање и да бидам искрена освен годината не ни запамтив до кога важеше. Во меѓу време имав документ кој не беше врзан за датум, туку важеше до моментот кога ќе ми ја издадат визата. Сега кога аплицирав за промена, прашав дали смеам да патувам, ми рекоа нема проблем и дека ништо не ми треба освен двата пасоши да ги носам со мене.
На мене ми дадоа Фикцион. Ама не го искористив затоа што во јули имав термин за офентал. Мојот пасош е со важност до 2033, а офенталот до 2028.
Кога се менува виза смее да се патува. Кога за прв пат треба да се добие виза (дозвола за престој де ама многу долго е) тогаш не смее да се излезе од државата.
И јас имам нс пет години покрај сопругот,мојата истекува во 2027. Се надевам дека наредна ке биде на неограниченотогаш и пасошот мие за промена исто,валиден ке ми биде 10 години.
Смееш и тогаш да патуваш со фиктионот ако ти е штиклиран под третото квадраче каде што пишуваше нешто ,,сеуште има виза со важност " или дека е во процедура сеуште. Ние на 31 јули беве во почеток на септ. Ги земавме картичките офенталот де. Пред 5 г. Ова.
Смее смее . Луѓе уште некој ден, ама ми се спојуваат жичките. Изгледа ја и на македонски кога зборам, на германски зборам. Идеата нели беше да досредсм што имаше и да завршам бирократија. Поголем хаос е отколку кога беше, оти фактички за повеќе луѓе купуваме и готвиме. Муабетот накај 11, да извадите дете на игралиште, да посредам малку. Ладно е да се стопли малку. Во 11 инаку сонце и малку ветер, најтопло од цел ден. Во меѓувреме дете хранам, преоблекувам, готвам. Она сака надвор. Да извадите дете малку. Сака надвор. Па ако треба да го извадиме . Како кажеш. Па да не треба ќе ви речам ли. Ајде натегање, за пола саат круг надвор бе. Аја сабајле у 8 еднаш веќе ја шетав. Зошто не разбираат дека она би цел ден надвор. Ја облакам за ветер и им реков да земат од нас јакни, ветер дихт. Нормално не зедоа, утре очекуваме да се болни. Ќе ме полудат значи. Треба да молам/наредувам за дете да извадат, не им текнува ништо самоиницијативно. Ај да не грешам душа, многу сум криво дрво, ама многу па и не барам. Игралиште инаку преку тераса се гледа, е толку е далеку. Едит. Заврна надвор, ги чекам да се врата. Е толку 5 мин беа надвор. Оти морам да се натегам значи. Оти морам.
Disi izdisi pravi si, kako jas da se citam imam i jas vakov post nekolku meseci nanazad. Jas izgleda za brzo vreme ke ja napustam temava, se resiv za cekor napred i za edna preselba.
Па тие се дојдени на одмор зошто дете да шетаат се зезам . И јас бев лани така дојдоа на гости јас заборавив и документите и се што требаше. Седнав еднаш на лап топ ќере нормално доаѓа кај мене без да се потрудат да ја земат да ја занимаваат. Ја земаа само за слика да се сликаат. Сабајле стануваме јас право и менам памперс соблекувам пижами , тие ја грабаат да се сликаат чекај малку ејј има ред овде . Што не речеш дај јас да ти помогнам ти заврши си нешто работа. Кога и е време за спиење па треба да им се објаснува дека е време за спиење. ТВ не се гасеше никако. Па за готвење колку беше процедура . Многу сум одвикната од луѓе од нив. Па да ги шеташ … Издржи уште малку тоа е.
Јас па ќе се налутам самоиницијативно ако го извадат. Мислам дека веќе научивме дека само ние најдобро ги чуваме, од друг не можеш да очекуваш да го чува како ти. И од кај знаат они за јакни отпорни на ветер. И јас не знаев додека не почна во градинка. Јас сум од вчера болна, затоа што носев елече и станав жива вода, а дуваше ладен ветер. А моиве сеуште што одат по кратки од горе во градинка… И кога ја зедов малава од школо сега многу деца имаше по кратки и во дворот сите играат на дожд, нит капа нит ништо. Еве јас сеуште не можам да го соџвакам тоа некако и да сфатам. Така да не се нервирај за џабе, во градинка и школо на дожд и ветер ги шетаат и ако некое не сака капа нема со сила да му ја стават.
Ќе ни фалиш. Како и да одлучиш, ви посакувам многу среќа и успех. Чувај се. Знаеш како велат, среќата ги следи храбрите. Умна си, храбра си, борбена си. Биди малку потолерантна само кон себе. Се ќе биде во ред. Ама тамам работа. Нека си одморат луѓето, ќе се вратат надзат ќе чуваат внуци од девер ми. Ми рекоа многу ни било кротко девојчето. И ние ко Џоки, и на нас ни се падна така. Не дека работиме со неа. Не молам јас, ни па барам нешто. Еднаш ако речам и тоа ми е мака. Е затоа си прилегнав со неа, за втората дремка, сега ќе станам и ќе правам ручек. Ако некој е гладен во меѓувреме, не ми е гајле. Се одморив за кога ќе дојде маж ми да може да изнесе дете, а ја да приберам малку. И така. Има решение за се. Не се расправам и не се карам за глупости секако. Ама да така е. Да се прошетаат, да се зготви, да се раскренам, дете да се угпди и на кај ни мејл не стигам да отворам. Башка што сум одучена од луѓе. Саможивец.
Јас со фамилијата се немам видено повеќе од 10 години. На моменти жал ми е и си викам некогаш да ги соберам сите во кафана ама како прво до тогаш дали и некој ќе сака да ме види, а како второ најникаквиот ден во животот ќе ми биде. Што викаш одучена од луѓе. Ама така и треба. Така е најпаметно. Што ќе ти се собиранки цела фамилија, само да те изнервира некој и после тоа секој за секого збори и многу е селски и некако само на сиромаштија води. Ептен ретко се погоди некој од фамилија да биде како сродна душа со некој. Јас ич не сум лицемерна и затоа не ме ни бидува со луѓе. Нема шанси да се правам добра со некој па после да го оговарам. Е затоа и не ме бидува во животот де.
Само јас ли ја запослувам свеќи во кујна кога ќе дојде ? И реков да не мие садови на рака ги пуштам во машина не сакаше, да ми помогнала ок миј тогаш на рака. Ручек можам да направам кога ке дојдат инаку таа прави. Но 100 пати ќе праша што да прави. Некогаш ќе каже да мачкаме нешто, но како може за ручек да мачкаме нешто Јас од малата не ни можам нешто да направам бидејќи е прелепена за мене кога има некој друг дома. А не се ни трудат да и се доближат некако. се седи само на телефонот и се допишуваат како тинејџери. Бидејќи водам грижа за малата 24/7 кога доаѓа некој на гости се надевам дека ќе здивнам малку, ќе завршам некои обврски или ке ме одменат, но секогаш се разочарувам , но овде и мојата е проблем што бега од сите.
На мојот фикцион и на тие на децата квадратчињата се празни. Важност имаат една година, односно до април наредната година. Читав дека не смее да се патува ако се штиклирани првото или второто квадратче. А што значат тие две? Цел ден дува и врне. Децата почнаа во новото училиште. Задоволни се овие два дена.
Јас готвам кај нас, она готви кај нив. Повремено може да зготвиме ние таму или она тука. Мене ме нервира тоа што, ако јас не принесам, нема да јадат цел ден. Сто пати сум им рекла, знаете кое кај стои, па отворете и земете, не ме чекајте. Обврска ми е, не можам така. Ама не, на крај ќе седат гладни и ќе чекаат. Тоа ми прави огромен притисок, дека морам да стигнам да направам нешто и да принесам. А дете имам што јаде 6 пати на ден. И фактички денес, еве сега излегов од кујна и сум цела напукана склтетисана. Кажав, 5 мин од цел ден беа само надвор. Абе не можеш на раат да прднеш е работава. Сега врне и ќе врне следните 4 дена. Детево сакам да ги дружи и да има убаво време со нив. 70 години се, нема да се вечно тука, нека им се радува. Они се витални фала богу, и затоа и мрчам што девер ми наместо да ги поштеди малку, да одморат и да можат повеќе, они деците му чуваат и ги изморува. Сите вируси ги лежат со неговите деца, по сто пати антибиотици пијат после ради секундарни инфекции. После постојано се жалат дека се изморени и пак и пак одат и со месеци готвар, чистат и трчаат по тодлер. Другото им е бебе, сега ќе го учат да јаде. Ама ако залегнат, девер ми сигурно нема да ги гледа нив. И така сега мрчам, оти маж ми до касно остана на работа, надвор врне, а не успеав ништо да приберам и дупло повеќе имам и ќе имам работа. И не успеав работната соба да ја средам, бар да направам катче за читање, да се одмори човек малку. И овој од горе ми тропа кога малата лази погласно .
Не знам колкумина ти се на гости, ама или договорете се кој што готви или јадење надвор. Кај мене еден по еден идеа, дури беше моево бебе, и или бабите готвеа за возрасни, или ко беше татко ми, ручек понекогаш во ресторан. Или тејкавеј. Никој нема да умре за јадење сигурно. За девери и слично ич не ми чуе. Таму си се, возрасни се, нека си се договорат. Знам, криво ти е што некој не знае да живее раат, ама пак ќе кажам-возрасни се, кој како си го сфатил животот.
Двајцата се само, свекор и свекрва. Ко три деца да имам. Едно бебе и двајца тинејџери. Ова Билко ќе се договориш со некој кој не бара скриени пораки во секој изустен збор. Тоа ме изморува и баталувам. Јас сакам директна и едноставна комуникација. Еднаш се договараме и толку. Они иако од вечер сме се договориле нешто, сабајле пак и после уште осум пати ќе чекаат да им кажам. Уствари додека не каже маж ми, оти нели он им е дете, та за него се овде. А ко ќе размислам, уствари јас секогаш поминувам повеќе време со неговите отколку он. Значи како ме мести, мајке му . Ако речеме да купиме нешто, одма е леле деца немој не се трошете, па којзнае какво е, па не е исто со домашно... Подобро да стиснам заби и уште три дена да издржам, (ако успеам де), отколку да се натегам без врска и онака се гледаме три пати во годината. Реков саможивец, маж ми и детето се максимум луѓе со кои можам да живеам, сите други, вклучувајќи и мои ми сметаат после пет дена. За другото во право си. Секој со свој камен по глава.
Јас те имав сфатено двете свекрви дека ти се на гости. Јас нит таму нит тука готвам. Сите се такви маани да наоѓаат на се, а јас не сум професионален готвач. Или како беше она, најдобро е да викаш не знам. И мм секогаш зема слободни денови и е дома, а јас сум на работа. Па затоа и ме немало да се жалам на фемина кога дошле.