Ќе се трошиме бе, нели за тоа се боревме-да имаме, да трошиме Поарно е од домашно, јер домашно само не се праи. Многу љубам да ми готви кафана, тух кај ми текна сега, нели смак света иде, не ќе се излегува од дома утре Ќе издржиш ко се броени денови - помалку од 5
Само седам и чекам да помине алармот. Па и алармот од школото ќе се активирал што значи многу гласно ќе биде во школо. За градинка не добив такво известување не знам. Жал ми е дека можеби некои стари луѓе немаат слушнато и може ќе се исплашат. Па 11:45 ќе имало звук кој означувал крај на предупредувањето. Малава плачела претходниот пат. Ги предупредуваат ама сепак и мене ми е страв сама сум дома. Да излезам надвор може уште пострашно ќе ми е. Претходниот пат баш во еден трговски бев и многу малку се слушаше ама ете не ми текна до сега таму да се скријам.
Последен пат кога ѕвонеше алармот се уплашив. Гледав филм и кога почна да пишти Сакав да му се јавам на маж ми. И децата се уплашиле во школо Гости да ми идат И трошок и малтретирање.
Од гости доаѓа само мајка . Без малтретирање, шетање . Спонтано ако излеземе добро ако не може и дома да седиме . Готвам како за нас , ништо посебно . Да треба некој да пречекувам и шетам искрено ќе немам нерви
Остани во темава дека секако наскоро и ние ќе мораме таму па темава во Македонки во Канада ќе ја преименуваме.
Лелееее алармивее. Телефониве не беа ни проближно страшни како алармите од надвор. Прочитав пред неколку дена дека ќе има проба, ама скроз забораив и неспремна ме фатија.
Што системи ќе беа та веќе со години, на неколку месеци ги тестираат. Кој стрес и непотребен страв само трпи населението...
А овие од надвор од што доаѓаат? Мене овој од надвор ме исплаши. И двата телефона ми беа во другата соба се полнеа, па не ги слушав толку гласно, ама прозор отворен до мене, и звуков што доаѓаше од надвор беше страшен.
Јас му реков на маж ми Гости само моите и твоите. Друг никој. Еднаш имавме гости. Пријатели од Мк. И они живеат во Ге. Една ноќ спиеја кај нас. Тоа се трпи некако. Ама повеќе денови не би можела да издржам. Да им спремаш јадење, па да ги шеташ наваму натаму. Немам нерви за тоа Едвај издржав тие два дена. А не па една недела да се занимавам со гости. Се селите во Канада? Алармите слабо се слушаа. А телефонот го оставив на вибрации. Идам да ги земам децата. Надвор
@SanelaS Секоја чест за храброста. Со среќа. Јас мислам веќе не би можела да поднесам уште еден почеток од нула. Ако дојде ред да мора да бегаме од тука, единствена дестинација ми е куќата на село во Мк. Ќе си одгледувам храна и ќе имам мир барем. Многу работи почнуваат да ми снемуваат смисла општо во модерниов живот..
А ем ни кажа вчера. И јас ко демек ќе дремев до малото, ама ме разбуди од ходник телефонот. Од надвор ништо нема. Чика Владо ми кажа се жалел овој од горе и кај него. Е сега го чекам следен пат да ми тропне, па да идам да му кажам да викне полиција и мирно пред сведоци да се разреши драмата и да им објасни на нив, како може бебе да лази прегласно. И така. Чика Владо, наш хаус мајстор, нормално на страна ќе го оставам од муабетот,ама со него сите трачови во маалото ќе ги научам. Плус збориме на наши јазик, ќе ни се фатат. Друго, дете носев од сабајле на лулашки. Не ли било ладно. Викам па е, ама уште поладно ќе стане. Осеќам веќе како полека од досада со бараат закачки, значи утре негде кулминација и сабота нема да ми зборуваат, недела си одат, а во среда ќе ми се јават на телефон, малото да го видат и се ќе е во ред. @Biljarkata да каже дали дојде потопот на светот кај вас, ја ќе одам со стил да го дочекам во молот, ќе си земам кафе и сладолед, и ќе седнам пред прозор, од прв ред да го гледам. Со гумени чизми нормално . Денес мене ме фати инат од сабајле, нит готвам ни принесувам. Нека има што да се пожалат после на маж ми, да не им е за џабе доаѓањето.
Сега читам дека кај нас што не се слушал алармот значи не функционирал. Значи кај и да е ќе има пак проба. Мораше од школп да ја земам стомак ја болел многу. Знаев дека е од алармот. Бледа беше и исплашена. Вика многу гласно било и сите прозори биле отворени. И повторивме сто пати да не се плаши ама џабе е се, самиот звук ти создава паника. Го мразам алармов значи. Барем некој да кажеше што кога навистина ќе се пушти? Мм вика требало да бегаме. Е му викам од кај ќе знаеме на каде, може баш накај катастрофата да трчаме. Не ми е денов…
Хм, интересно прашање, на кај да бегаме . Овие гермамциве сигурно се тренирани за тоа па ваљда знаат. Јас планирам во подрумот да бегам. А во најлош случај, ќе гледам на кај ќе фати овој комшијава германец, па јас по него