+1. Толку нагли промени на температурата ме шашнуваат. Дете има пукнат капилар у око од синоќа навака. Сега пратив слики кај педијатар, може не е ништо, ама ја да си прашам. Овие бабиве германски изгледа и они чуле дека потоп ќе има и цел кафич го фатиле. Немаше место за нас две, ама па и потоп нема, така да ок си е. Утре ќе пробаме пак.
Ние кај нас на секое ги чекаме бабите да станат. И така две баби кога платија кафето, други две баби одма седнаа до нов за да не им ја фати масата, а ние бевме на ред. Абе само баба да си тука. Нашминкана, дотерана, намирисана и на кафе на ресторан. Речи добро е додека не почне и во диско да ги има. Кај моиве окото такво било од ветер.
Данке. Вчера од сабајле па и цел ден имаше ветар. Она беше со мене сабајлето нели подолго надвор и плус на лулашки бевме. Можно е од тоа.
Пази уште еднаш сега за исто те цитирам. Нешто капки или крема си мачкала /давала? Мене ми врати на мејл, не е демек инфекција да дадам фенистил некои капки и ако има мака да се јавам пак нели. Ја знаев секако дека не е биндехаутентциндунг. Глупости. Ем реков капилар е пукнат, дали може кон нешто да води, не дека е воспалено. Дали само да ја набљудувам или да ја носам на доктор ми беше.
Од надвор не се слушаше кај нас. Кај големата имало исто во школото ама било тивко не било ништо страшно. Мене лани ми се погоди земјотрес да има кога бев во Мк.Кога почна прво еден звук,па прозор да тропа ,па кревет ,јас осетив и срепав мм и другите ништо не осетиле и ми стига аларм земјотрес точно во нашиот град.Не беше силен ама звукот од земјотресот беше страшен и гласен.Во 1 ч по полноќ.Кај да одиш кој знае.
Може да и се вцрвенат очите ако и тече носето и да има гурли.Ако и се залепат и пак и пак и се лепат мора антибиотски капки. Ако е капилат ништо страшно.Можеш со солен раствор да ги бришиш очите. Колку пати и биле жар црвени очите на малата ништо не и е може во кита.стварно и поминувало.
Дали и како сте задоволни од животот во Германија..и дали може да се добие некоја работа по струка но само со англиски јазик. И што најчесто работаат нашите Македонки таму
Спојлер Јас сум некој што лек само кога мора давам. Помина само од себе. И секогаш прашувам прво дали мора одма или може да почекам па ако не е подобро да дадам и еве сега ќе видам што ми стои неотворено за тоа. Почекај до утре, може преку ноќ да го снема.
Прашањето е многу општо. И на темава не има од незадоволни до презадоволни. На темава има маж од феминка што доби работа само со англиски ако не се лажам, ќе се јави. Од чистачка до највисоките позиции. Знам дека не ти помогнав. Ама прво треба да се прашаш дали сакаш да одиш затоа што сите одат или навистина сакаш? Бидејќи на некој му е поубаво во Мк отколку во Германија. Се е до тебе. Јас тука го живеам животот од соништата. Имав другарка нецела година, од Србија, во депресија падна, маж и анксиозност, се вратија назад.
Кажете ми каде да побарам убави детски пижами. Да не се тенки, ама да не се ниту предебели. Пижами сум секогаш мањак, ама секогаш.
Јас сум задоволна од животот тука. Работа има. Ама ако сакаш да работиш по струка треба да знаеш германски. Бараат сертификат. Во градов кај што живеам така е. Тие што ги знам работат во болница или како хигиеничарки во некои фирми.
А пример во болница освен хигиеничарка друго може....па нашиве доктори што работаат таму...тие за тука не се спреми како таму одма се снаоѓаат...или таму е здравството "лошо" и секој може да е доктор?
Може, ама ако имаш сертификат. Бараат Б2. Може и со Б1, ама ќе земаш помала плата. Тука земаат поголеми плати. Ама за доктор треба да знаеш Ц1.
Дада но медицински сестри и болнички не е исто со доктор и докторки тоа ми беше прашањето. Се разбравме некако , фала ти.