Тој доктор е учел 6 години општа медицина што не е ни најмалку за потценување, и не е баш туку така стануваат доктори има и овде процедура мора да имаат Ц1 и полагаат плус нешто друго на Германски незнам точно како се вика. Значи процедурата е долга доколу се учи и јазикот.
Јас купувам во СиА но моите се сеуште бебешки незнам дали детските се добри. Материјалот ми е многу убав.
C&A има синко неколку пара пери дери . Преубави се. Инаку и кај ќе најдам на акција зимам и ос Woolworth имам зимано и летно и зимко летните му се погодија топ . И тоа лани на распродажба земав комплет за 3€ . А најчесто мојте од МК му праќат пижами обавезно по кој и да иде од мк.
Страшно, многу е лошо. Седи си таму, не ни пробувај овде. Сите сме или чистачки или мажите ни се на градежништво, друго нема. Лажеме само дека ни е арно. Ете гледаш и од темава ќе бегаме, ќе се селиме на друго место. Ај те молам, ако немаш искуство не ги давај информациите од ракав. И за заболекар и за доктор, процедура е скоро па иста. Зависи од која земја иде дипломата за каква ќе биде нострификација. Апробација, плус јазичен им е посебен, не е вообичаен ц1. Тешко е ептен, сите кои успеале како доктори да се вработат од кај нас, капа доле. Исто за наставници е. Време и енергија еден куп треба да се вложи. Не знам ама оти повеќето си мислат, ете ќе одиме Германија или кај и да е, и оп право директор ме ставаат. Не дека треба да се помачиш малку. Не е и странство за секој. Зависи какви ти се намерите и амбициите. Јас некако повеќе немам желба да правам и да трчам по кариери, работа некоја само по прикладна да најдам доста ми е. Некако нит ми се работи после работа, нит работа ко порано што дома си носев сакам. Сега за сега де. Оти некоја мрза ме фатила, понатаму може пак ќе сменам.
Прво тие што ги бие лош глас во Мкд не вредат. Затоа ги бие, пошо некој друг полагал за нив. А моментално е скоро невозможно да се земе виза. Бараат да се положат нивните испити, па чуда глупости. И не е за потценување, најтешко е од пред година и пол да се замине. Иако викаат дека од наредна година за докторите ќе ги укинеле визите, баш затоа што моментално е претешко/читај невозможно
Моментално надвор ја гледам нај нај нај нај најгерманската работа шо до сега ја имам видено во Германија. Комшијава германец си ги донесел големите контењери тука пред зграда и си ги мие со црево и средство.
Тешко е , мене на почетокот ми велеа ехе во Германија на секој чош работа има,само да ти се работи.Мада не е така,прво јазикот што не е лесно треба да се совлада одредено ниво во зависност од професијата ни со Б1 неможеш се најмалку Б2 бараат.Плус и да имаш искуство и диплома треба пак да доочуваш бидејќи образованието тука и во Македонија не е исто.Јас профисијата што ја работев во Мк со средно образование,тука пак морам аусбилдунг 3 години и плус Б2.и кога ќе видиш првите 4 /5 години треба само да учиш ако сакаш да работаш тоа што сакаш.Тука и во маркет бараат аусбилдунг и во сите професии.Не е воопшто лесно како што си мислев на почеток.Ем на јазик,нова култура на подруги стандарди на се треба време да се вклопиш.
Јас на секое ја миев нашата црна канта со шампон и вода. 60 литарска, во претходниот стан Во новиов има голема заедничка за 4 згради, таа е затворена ама не може да се мие Може црвите од летото го мие човекот
Чоече, оваа не е канта, ова е голем контењер и не едниот, туку соте три. Страв ми е сега да одам да фрлам ѓубре
Ма какво перење канта. Тој што ја извалкал, тој нека ја пере. Планирам да почнам да одам на курс. Ама се мислам од кое ниво да почнам. Дали од почеток или од Б1
Сакаш да кажеш дека вие не фрлате ѓубре воопшто? Ние перевме канти кога имавме кервохе. Може сега оти заладува, па да не се гадни преку зима. Или го плаќаат за тоа. Или просто си е совесен човекот и знае дека ќе мора да го направи некој, па се нафатил.
Јас како што сфатив од А2 е најдобро. Јас директно на Б2 отидов. Ама онлајн јас. Зависи колку долго си тука ама сигурно веќе ја имаш основата. Јас ни Б2 го немам довршено ама зборувам многу подобро од тие што учеле од А1 до Б2 затоа што цело време имам контакт со некој. Кога ќе кажам на некој дека никаков сертификат немам се чудат. Некако многу ме заинтересира јазикот и сите зборчиња и фрази ги знам и користам како Германците. И секој ден обавезно посветувам на германски 10 минути. @јolene Треба да добиеш? Или свекрвите те напнаа? На работа имам една колешка така што зборува и многу ја сакам.
Фрламе ако најдеме место. Едната канта комшијата од доле си ја присвои. Па во другата зависи. Некогаш маж ми остава голем картон и таму фрламе. А само јас да ја чистам, а другите да не се замараат, тешка работа. Никако не им текнува да се договориме за средување на кантите и на дворот напред. @gjoker4e јас сакам да слушам со физичко присуство. Мислам дека така повеќе ќе научам. Јас знам, ама сакам да го усовршам јазикот. Фали само маж ми да го убедам да оди.
Маж ми, оти сега јас готвам пак. Инаку он требаше да први ручек, време е за вечера. Сите сме гладни вајда, освен детево. Он од дома ко демек порано да заврши, а уште е на работа. Два пати правеше пауза, и двата пати свекрвите не беа дома, шетаа надвор. Дали добро објаснив . Инаку ја немам круна на глава, и се можам да работам ако треба не е проблем.
Да не е некоја у снег затрупана? Иначе, Па не може ко кај нас и ќоро и сакато и плус што не знае јазик да работи одговорна работа, па уште и некоја појака позиција... А за продажба никогаш не сум чула да бараат аусбилдунг, али бараат искуство. Мене стварно не ми е јасно како се жали некој оти морал јазикот да го учи? Па зашто плус аусбилдунг или пракса? Затоа што многу со купени дипломи им одат, ете затоа. Па затоа мораш да преведуваш во Германија и плус нострификација трае минимум 6 месеци... А па да не праам муабет за конкретно оние што им е скап животот оти мораат кирија да плаќаат оти не живеат дома кај мама и тато, или па депресија ги фаќа оти немаат време секој дена кафиња да сркаат и по кафани да акаат... Ја сум рекла, Германија ти е за мирни луѓе, домаќини. За акачи и скитачи не е. Со добри факултети почеток полесен, али за сите има надеж и шанса. @SummerGirl, ќе ти прават тест и ќе ти кажат од кај да почнеш... Ако не знаеш граматика и основни ствари, и плус имаш време и живци, почни од а1 или а2.
Не знам како ќе бидам сфатена. Често читам и слушам како немало живот овде. Има живот ако знаеш како да го живееш. Ама народот во Мк е научен да работи работа од типот клати врата, зимај плата. Да бара од мама и тато за храна и сметки. И да оди секој ден по кафичи. Е тие луѓе не сакаат да дојдат. И тие се враќаат назад. Тешко им е овде. Е па, тешко им е затоа што треба да ја скратат чергата. И затоа што мислат дека мајтап ќе си тераат на работа.
Епа затоа на пораѓај им удираат шамари на родилките, дека без никаков труд влегле на работа. Не е секој за Германија Се напнав
Леле за пораѓај, е бабица не знам да работам, тоа не се нафаќам. Читав у мк докторка без завршени студии, и специјализација направила. Па тек од после се дознало. А како и текнало на докторкава вака да направи? Сигурно некој ја поддржал, не дека сама фалсификувани документи пратила и никој не видел ништо. Смешки де. Бабицата инаку супер беше. Сите три смени што се пораѓав беа супер. Само оваа со епидуралот дојде покасно, а она докторката од комшии беше, Бугарка. Многу родилки имаше тој ден, рекорд мислам дека рекоа. А за свекрвите, абе вчера откако двапати излегов од дома, научиле кое каде стои и кај има јадење. Денеска не чекаа да поставам. Малку беа лути од сабајле, ама ја не им замерувам. Им оставив дете, да соберам нешто и онака не се појавив пола саат, па одма им текна дека треба надвор да го носат . Епа треба, ако се вртка околку мене, нормално не ги замара нив. Или па некна не сакаа да ме остават сама дома, да не викнам некој швалер си мислат. А они не знаат дека ја ни симпатија немам. Што друго да кажам, еве за 2 мин вадам манџата од рерна и маж ми се појави од работа, многу изморен . Абе после ко ќе прашам друг пат оти ми ги толерира идеите, еве ми одговор.
Ситно броиш со гости ќе здивнеш кога ќе си отидат се ќе се врати на свое место. Потоа нема да сакаш очи да им видиш А и таа твојата па ако намести маса ако раскрене да не се шине . Прво помислив стари се но штом на другите чува деца и готви значи може. Нели го жали син и цел ден работи па и да готви потоа ? Како права мк мајка. Ти со дете цел ден па и нив да ги угостуваш. Мојата сезона на гости не е почната. Најчесто Ноември/Деќемви доаѓаат. Но не сакам буквално никој сега хормоните ми дивеат.