@Gosh баш така . Ме нервира она , абе нема таму живот . Каков живот сакаш човече, фамилијарен човек кога си . Да акаш по кафеани ко ерген . Е за така нема . Јас после работа не сум способна за ништо . Посебно на оваа работа со народ , ми треба пола саат мир дома , да си дојдам при себе . Гледам јас на Инстаграм моја братучетка , секој викенд тоест не е ни викенд , од среда до недела се шета . А деца ко моите две , без едно мало . Како има желба после работа да се собира по кафичите. Ама јас викам дека е не изработена на работа . Вчера едино што излегов со другарка на кафе , ми требаше попладне една дремка , за да бидам способна за муабет . Инаку ретко во работни денови се договараме . Сите со работа , фамилија , обврски . Немаме овде баба , да и треснам деца да чува за да шетаме . Мада не ни сакам , сакам да си поседам со децава . Ќерче си дојде од екскурзија, после 10 дена . Се вратив таман од работа , они отидоа по јадење па да се пречекаме дома . Ова го направив , татко и направи торта . Поклон и спремив и едвај чекам да ја испрашам како било , како поминала . Ќе спијам со нејзе вечер , ќе си правиме муабет до касното, осеќам
Јас имам неколку познати што се доктори во Германија. Специјализраа таму, работа ептен, ама ете ги сега специјалисти по болници. Баш капа доле.
Потопот на светот само вакво пречекување признавам 2CELLOS - The Show Must Go On [OFFICIAL VIDEO] (youtube.com) Еве два дена врне, јас два дена не можам да се логирам со аутдејтиран браузер. Ама ништо не апдејтувам, вчера морав службениот лаптоп да го рестартирам, аутлук ми го снема после. Технолошки и цивилизиски напредности, то е.
Ако сакате да се информирате за состојбата на пазарот на труд во Германија или општо за економската ситуација не барајте подалеку од македонските портали и коментаторите одоздола. Вие што живеете тука нема шанси да знаете толку колку што они знаат. А многу од нив би дошле тука да работат ама само под услов да не очекува фирмата од нив многу да се испотат. Најголема цел на просечен македонски работник е да се извлече со колку што може поминимално вложена мака ама да се земе добра плата за тоа .
Леле маж ми се уби од жалење дека пиеме вода од чешма, не успеваме да купиме, и ја дојдов од работа он одма отиде в маркет, и само што влегува дома од другата страна излегува комшијата Германец ја гледа водата и вика има рукруф на водата пишете на интернет и проверете го рокот. И пишав и стварно има, да зел од плавата вода со овој датум немало да смее да ја пиеме. А вие пиете вода од чешма??? Јас пијам или од чешма или од стаклено шише (2-3 пати годишно де од стаклено). Од пластично не ми е убава. Водата од Penny Norma и Rewe мислам беше третиот маркет, си пишува точно која вода со кој рок.
Вода пиеме од чешма, ама прво ја ставаме во бокал да се прочисти. Пред да го купиме бокалот, купувавме вода од Норма. Ама од најевтината.
Да, пиев еден месец, и фатив камен на бубрегот... Од коа се пораѓав 4 саати на шоља, реков више никад! Па пак се влечев со шишиња. И после си купив Брита бокал, си точам одма у стаклени шишиња од Кауфланд по евро што се, и директ у фрижидер. И мала дигресија, не ми ни текна на крај памет филтерот за мене да го купам, него ли за цвеќињата... И после ми текна абе ќе купам Брита, дека и ја можам да пијам, нели? Овца бе, тоа ти е... Затоа и се килавев скоро две години со шишиња... И никад не ми достасуваа... После си купив и тоа за газирана вода праење, па и матча со лимон си правам...
Од чешма пиеме. Купуваме некогаш, обично маж ми си купува за него оти страв му е од водата од чешма . Абе ајде, ќе се секирам за вода. Нема чиста вода никаде.
Ние пиеме од чешма неколку години веќе откако овој мојов остаре и не може да мкне води до 4 спрат.Ама оваа од чешма почна многу повеќе да ми се допаѓа. На работа пијам полуминерална во стакло и прво ја нишам за да ја одгазирам.Имаме сега нова во пластично шише не газирана ама одвратна и ми горче дури и затоа пак си ја зимам оваа во стаклено малку газирана и пак ја тресам.За надвор кога шетаме имаме мали шишиња купечка. Нашта вода од чешма е ептен чиста забиберена од Тесла фабриката.Добро ја проверуваат редовно и ни лепат лист на таблата во влезот.Топлата вода има бактерија и затоа не готвам од неа туку си ставам ладна добро истечена.
Вода само од Алди земаме мене ми е топ. Од чешма пиеме кога баш у моментот немам( за готвење да ја користам од чешма дорбо истечена) инаку кога не померам една недела шампон на кадата околу него има црвено од водата после тоа се утепам рибајќи ја кадата кога чистам. Користевме и Брита бокал али ме фаќаше киселина имаме и sodastream јас си го користам често. Никој др не пие газирана вода.
Мислам дека од еден месец не се фаќа камен на бубрег. Каменот значи од Мк си го носела. Прв пат слушам за Брита бокал, а sodastream сеуште не успеав да прогуглам што е поточно.
C&A имав земено пижами за ќерка ми пред 2 години неколку пара. Ама тенки, лити, уште толку се излитија со перење. И најдов едни вчера во тк макс, денеска најдов и во C&A само едни беа такви поубав материјал, другите такви лити. За син ми целосни земав, многу поубав беше материјалот. Уште ми требаат, ќе гледам неделава потопло е па да поминам и други места. Шлафсак користите? И од каде? Многу ми се свиѓаат од ДМ ама никогаш не можам да начекам негов број плус со нозе, да не е класична вреќичка. Првата година си купи маж содастрим и еден куп различни сирупи, ама ја не бендисав ништо. Пиеше тој ама брзо му помина мерак и ете го сеа само простор ми зафаќа. Вода купувавме на почеток после си зедовме Брита бокал. Сега гледам има и Брита филтер за на чешма што се става, ама не знам колку се исплаќа. Ако има некој искуство нека сподели. За децава редовно до пред месец им земав вода од Росман. Одлучив да ги префрлам на Брита и нив и им купив шишиња. Син ми 4 шишиња пукна за месец дена, ако продолжи вака поише ми се исплаќа вода да му купувам. @gjoker4e за правење сода е. Ја прави водата газирана. И има разни вкусови, во вид на сируп се, како Пепси, фанта и сл. си правиш сам дома газирани пијалаци. На нашите евентуално рокот им помина и ги фрлив. Сеа скоро спомна маж ми дека сакал пак да го користи, ама чисто се сомневам.
@Yowannty искрено пижами од мк. С анд А имаа квалитет, ама сега барав за мало дете, баш е сегде лош квалитет. Или НКД ако има за деца, дел од тоа за возрасни е ок.
Па и за мк не знам од каде? Пред точно 3 години овој период земав од Ваикики за ќерка ми, многу убави за ич пари што се вика, ама со перење почнаа да се прават флеки. Не знам оти така, не ми се десило со ништо друго тоа. Еве ќе доаѓа мајка ми, искрено појма немам кај да и речам да погледне…
Прашај мајките во мк кај купуваат. Продавници што продаваат мк и турска роба, долен веш и пижами. Не баш стружанка ама нешто слично.
На Брита филтрите се многу скапи. Водата е биогорлива и треба филтер ама ова филтрите незнам што волку скапи се . Купувам од време на време . Инаку од кога се вратив од работа , се пуштив во домашни активности . Средив ходникот , колку една соба е голем . Куферот уште вчера го испразнив. Исправ се што имаше. Мм ми донесе нова обврска, да перам трико од фудбал на цел тим . Ќе оставам он да се грижи за нив . Се качив на таван да ги барам свеќите со батерии . Сега во секоја соба имам свеќи (на батерии) И толку енергијата ме напушта. Да се измијам лице и ќе си легнувам . Имам або на bookbeat и таму слушам книги , ама немам некоја желба да најдам некоја книга да слушам .. порано само со слушалките бев и цел ден книги слушав ..
Јас нон стоп од Алди зимам. Смрт немаат, прошлата недела имаше на Angebot со ногавици, материјалот премек. (2tog) Има и во Kaufland ама потенки се .
Другата сабота моево село организира по втор пат Flohmarkt. Пред секоја куќа може секој да си извади работи кои сака да ги продава . Оваа година незнам што да ставам да продавам . Пред две години имав извадени детски , бебешки работи , книги и слично ама ретко некој да се заинтересира за моите работи . Повеќе барања стар накит , касети , плочи и слично . Се надевам оваа година ќе има повеќе народ , ќе бидат повеќе од рекламите што беа ставени и ќе има народ .
Бев и јас до Алди специјално по шлафсак видов на каталог, ама во моево Алди тука немаше такви само вреќи. Имаше и пижами кои беа како пешкир материјал и не бендисав ништо. Ќе проверам и Кауфланд, не сум приметила таму дека има.