3-4 год. сум во Германија. Имам завршено магистерски студии, но со тој смер овде скоро па ништо. Средно ми е медицинско, со тоа ако нема др. што, тогаш би работела. Дали е запознаен некој што др би можело овде да се прави. На пр некој курс да се изоди, па да се работи? На пр. некој курс за фитнес и потоа со него да работиш... Глупаво прашање знам. Но незнам каде да се обратам, веќе не ми се седи така. Сакам некаде да одам, да направам некои контакти, па некој можи ќе те насочи кон нешто. Сакам сега додека сум со бебе, барем да научам што како би можело....
Мислам дека можеш и курсеви за козметика да завршиш тука само доста поскапи се од Мк . Јас сега сум во план таков да запишам па здравје ќе видиме како и што.
Можеш да правиш Weiterbildung во која сакаш професија.Најчесто џобцентарот им ги плаќа на тие што се под него, ама сите можеш приватно исто да ги правиш и да плаќаш на рати.Па да враќате во Einkommensteuererklärung-гот како фортбилдунг костен. А можеш и да прашаш во Џоб Центарот дали можат да те унтерштуцт Само треба да знаеш што сакаш да работиш и бараш школо на интернет и си прашуваш за приватно.Траат 2 години со пракса.Прва година е 3 дена пракса , втората година ти е 2 дена пракса 3 школо.Полагаш испит и готово одиш и работишЗа некои курсови ти бараат Б2, а а ретко Ц1. Можеш и на факс или постдипломски да се запишеш ама ти треба цертификат Ц1 или пак на англиски да учиш
Немаш ли некакво работно искуство? Па со тоа да аплицираш негде и со препораки. Јас сум со магистерски од 2009година на смер монетарна анализа кој во Германија е скроз различен монетарен и налик правниците одново треба да учиш. Дипломата не ми вреди али дојдов со работно искуство над 10 години од највисока позиција во логистика зборам течно повеќе од 3 јазици во тогашно време со слаб германски кој ми е 5ти и немав никаков проблем да најдам работа во струката во која работев. Се разбира не на иста позиција без германски јазик. Во меѓувреме завршив програмирање на https://m.sgd.de/?referrer=S_GO_SM_...MInJCs_efd5wIVRrTtCh2FQg_sEAAYAiAAEgJkZvD_BwE насока која никад не ми легна иако е најпрофитабилна така да немав никаква желба нешто да работам со текот на времето мислев да ми е дополнителна работа али веќе и заборавив што учев. Завршив и курс на шпански јазик. Од работа имав можност да бирам што сакам за дообука на јазик одбрав јапански. Прашај ме оти не знам да ти кажам тогаш сакав да живеам во Јапан. Не знам да гугнам патем на јапански џабе време трошев на хи шу мо ју. Сега ќе запишам академија за ивент менаџер која трае 14 дена и сум убедена дека од сега ако менувам професија ќе идам само со брзи курсови на академии. Не можам веќе да учам ме мрзи цел живот над книга ми помина. Овде животот е флексибилен и зависи што карактер си можности има милион. Зависи и што сакаш и што талент имаш. Зависи и колку сакаш да работиш. Медицинска сестра секогаш ќе бидеш али е тешко и у три смени. Оти тоа би му го направила на децата? Да, пари има али и мама ќе ја нема ноќе. Знам како е сама со ноќи со лице од медицина. Одеше на работа во петок си идеше во недела. Јас сама не знам шта са собом. Заеби такви пари, а беа многу пари дежурствата. Многу за овде. Веднаш сменивме оти не се гледавме. Мојата работа бара да бидеш достапна 24/7 нема викенд празник во логистика. Кренав раце после десет години здравјето ми се зема реков доста е. Фамилија така не се крева со дијазапами. Си најдов друга работа логистика во интернационална фирма. Животот ми се смени еј и така се живеело. Дојде и бебе. И сега ако ме прашуваш никад во таква сфера само лабаво како германците. Нив никаде ги нема на овие стресни места. П.с.Ова го пишувам за да ти покажам како ми се одвиваше текот овде со истото школо кое го имаш, а не да се пофалам иако овие лични ствари кој колку знае се увек во графата на пофали гз. Сакам и да те мотивирам имаш две дечиња да не ја правиш таа грешка туку можеш да најдеш било што и да живееш. Во меѓувреме земи курс што ти лежи на срце. Фотографија, сликање, музика, драма. Било што те исполнува. Пари има во се овде. Да правев на шанк коктели посреќна ќе бев, верувај. Келнер има плата и бакшиш милина. Не се стегај да се докажуваш пред светот со магистерски што работиш во Германија ху де фак ис кер? Никој не му чуе за тебе за јадење гурабии е се. Гледај си здравјето и децата. Да го имав овој памет пред десет години ќе бев поздрава денес. Ама пак сум добра на време се освестив.
Девојки ви благодарам. Споделивте идеи за кои можи да се размисли и да се побара нешто. @TutiFuti имам фат што де вика за шминкање, па можи да се види и тоа. Колку време трае курсот знаеш? После мораш да работиш кај некој или можиш и самостојно? @Ava.84 за на факултет не ни размислувам, не можам допрва да учам толку време а овие за надоградба можи да ги видам, ќе одам во агенција за вработување ако кажат нешто. Под џоб центар не сме. @FreeMind за постигнатото. И не е фалба, факти се тоа Ќе го читам твојов пост секогаш кога ми е потребна мотивација. Од средно директно факултет, после тоа не најдов раб веднаш и заминавме Германија. Јас трудна...па чекај градинка овде. И никакво работно искуство. Така ми помина времето. Веќе 30 ги имам. На моменти си викам допрва нешто, ама пак од друга страна повеќе дома не ми се седи ич, па што сака нека работам. Со медицинава знам како е. Мм е доктор и уште јас фали да одам толку на смени. Сакам готвење, вежбање, шминкање и работа со документи... Ќе ги разгледам идеите ваши и се надевам нешто ќе успеам да постигнам...
@FreeMind ако можи уште едно прашање, доколку имаш време да ми одговориш... Интернет страната што ми ја посочи (fernstudium) , се работи за онлајн учење?
Да. Си имаш план и програма и полагаш испити онлајн. Зависи од струката само как компјутерските техники се полага завршниот од дома, кај сите останати ќе добиеш датум да полагаш како испит класичен пред професори. Дипломата е признаена, односот со професорите е доста коректен, љубезни и секогаш достапни онлајн (тоа е како платформа за разговарање меѓу себе и колегите). Книгите ги добиваш семестрално се функционира одлично. Јас сум задоволна. Недостаток траат по година две три. Ова е добро ако не можеш од дома да искачаш. Иначе има курсеви и кај ихк тие се со посета на настава физичко присуство е неопходно. Зависи што сакаш нели и како ти е полесно. Има и академии што зборев претходно. Тие се по седум/14 дена во друг град чинат малку поскапо и интензивно имаш предавање. Ова е за струки како хоби ивент менаџер, сап систем, селс техники, презентации, итн. Динамично со примери практични и уверение дека си завршила на крај со полагање на тест. Јас на третово би одела сметам дека ако е за дообука е најбрзо решение и не влагаш во школо систем повторно кој е многу тежок после 30та.
Додека ми е пресна информацијата која ја добив да споделам за мкд не знам дали ја има, али овде да. Менингокока вакцина Б не ја ставајте доброволна е. Само менингокока Ц која е основната за градинка и треба да се стави. Најновите истражувања покажаа поврзаност помеѓу пад на имунитет во следни шест месеци од вакцината Менингококи тип Б. Плус германското здравство сеуште ја нема ставено на листа и сеуште е во фаза на тестирање.
Ако мoже мислење или совет. Живееме во зграда, каде сите се германци. Има една жена, млада, живее само со еден куп мачки и досега двапати се симнуваше кај мене(околу 20 часот) и ми велеше како сме многу гласни, демек детето многу трчало. А син ми, 2 години, стварно некогаш знае да биде напорен, тантруми пуштени на најјако, па де ќе падне, де ќе се чукне некаде, како и сите деца, плаче, вика, се смее....Заспива најкасно во 21 часот, а ја сум скоро по цел ден сама дома, маж ми работи. Е сега ни стигна дома писмо дека некое лице не пријавило и во понеделник имаме термин, посета дома. Претпоставуваме дека таа жена не пријавила, затоа што со ниеден друг комшија немаме проблем, ако се видеме во влез, ќе се поздравеме, ќе му зборнат нешто на детето.. Зборев со една познаничка, долго време е овде и ми вика дека тоа не е убаво, сега контрола ќе дошле дома. Не знам што да правиме, каква е таа посета? И бесна сум, ама и исплашена А во влезот има закачено куќен ред и јас си го преведов, дека не ми е добар германскиот, пишува дека од 22 до 07 да нема бучава, тропање, музика, а таа два пати дојде во 20 часот. Извинете на долгиот пост
Најгорливата тема во Германија/ комшии Знаат да бидат толку луди што не можеш ни да замислиш. На таа жена се и смета и сите над неа ќе и сметаат. Нека пријавива до утре слободно. Треба да води правилник 30 дена кога детето било гласно и тоа и да го докаже ао саати и слично. Но тоа е дете и законот вели да седне да се одмори. Али нема да ве остави на мира нон стоп ќе ве пријавува додека не се иселите. И тие после вас и така натаму. Ќе ве посетат и толку. Ние во сопствен стан добивме писмо дека кучето ни лаело. Потпис нема од никој само комшии. Секој ден после тоа им оставав писмо на сите до еден што мене ми смета кај сите комшии Функционирам на принцип ист како нивниот додека не ги полудам. Видоа не видоа кренаа раце. Моето куче си лае како и секое и јас не можам да му забранам да лае. Ама бидејќи човечки нема да се разбереме идам на нивниот принцип. А верувај и мене ми сметаат многу работи, но молчам. Така да фитка фитка
Имам читано за исфрлање од стан ама дали е можно не знам.Имам и слушнато за жалби ама исто одговор дека додека плаќаат ќе седат во станот. Имаше исто пред 2 години убаво писмо од комшиите на интернет.Некој комсии ги пријавиле и овие напишале цел реферат па како детето од што му биле мали незете продувало бавно и паѓало често па правело галама... на крај завршија па луѓе сме заборавивме ли меѓусебе да комуницираме. Само ќе кажам себичнаци големи се.Особено некои старци што немаат деца се им смета дури и во автобусот ако стоиш со количката на местото за колички им сметаш Ние живееме во зграда каде сите со деца .Па мислам и затоа се толерира.70%германци. Куќен ред пазевме многу на почеток.Од 13-15 исто имате руе цејт кога не смеете да галамите.Ние го пазиме вечер од 20 часот .Во недела цела недела внимаваме да сме тивки.Ако скока малата ја терам да скока на кревет.Сабота сме лабави малку ама не премногу. Во претходниот стан беа се старци им сметаше и крцањето на вратата А кога незнаеш јазик уште покомплицирано е.Среќа бебето ни се во сегашнипт стан инаку во Убанот ќе спиевме изгледа
Проблем ми е јазикот, само година е два месеци сме во Германија, нови сме, можам да разберам делумно што ми зборат, ама мноогу тешко јас да кажам нешто И затоа не можам ни да се расправам ни да се правдам Само се надевам дека лесно ќе поминеме со посетата. Фала ви Ме утешивте колку толку.
Знаеш англиски? Ако не знаете земи вечерва на лист напиши што сакаш да кажеш дај им на пријатели нека ти преведат и стави го листот пред себе. Или дај им го. Раскажи го твоето секојдневие, како го пазиш редот, како немаш проблем со комшии, досега си немала никаков проблем во Германија. Кратко писмо. Последна реченица сори не знам течен германски. Ако знаете англиски само на аглиски враќај.
@FreeMind англиски знам многу добро, така и се снаоѓаме досега. Ама еднаш на еден термин, прашуваме дали зборите англиски, германскиот не ни е баш добар? И добивме одговор, вие живеете во Германија, не во Англија. Белки нема да ми се погоди некој таков и сеа..