Ве читам чат пат ама одамна не сум пишала во темата, откако почнав со работа. Сега ги прочитав последните страници. После 6 месеци работа со полно работно време се префрлив на 25 саати неделно, пет саати на ден. Работата не ми е поврзана со професијата ама си се пронајдов некако и ми е убаво, посебно сега откако скратив работно време. Само што на работа во мојот оддел се зборува само англиски и тоа ми е проблем, заостанав со учењето јазик. Секој ден вежбам на Дуолинго, пратам профили на инстаграм ама не е доволно. Препорачајте некој онлајн курс, морам да запишам нешто. Вода пиеме од чешма, пластика не доаѓа во предвид. И некако верувам дека од чешма е подобра, сега ме заинтересиравте за бокалот со филтер, можеби треба да истражам за таа опција. Колку се филтрите и на колку време или литри се менуваат? За кантите и јас се прашував дали и кој треба да ги исчисти, посебно таа за био не ми се отвара.
Јас сакав да купам филтер од големите што се на три нивоа филтрирање и се ставаат под умивалникот.Ние имаме многу стара кујна каде нема место и требаше се да се преместува. Се решив ако ја обновуваме кујната, ќе направам место за филтер. Па се одлучив за понормална варијанта да ми стои филтер на помошната и поврзан со чешмата. Претходно имавме мал филтер монтиран директно на чешмата. Од водата од леитунгот мене почна да ме боли желудникот. На работа имаме стакло и е убава,ама ни бранат на вработените да ја користиме во зимен период.Шпар мазнаме. Пациентите мора да користат само флаширана вода,заради можна инфекција од легионели и други бактерии. Спојлер: Филтер
На некои модели брита, се фаќаат овие од Росман и дм нивните. Вода ја и од чешма овде пијам, во Штутгарт беше незамисливо од чешма, водата е ептен бигорлива а и на цефки ми мирисаше. Купуваме секогаш вода, мене како ми дојде така пијам, дете и маж се свилени. Брита имавме, го скршив некако. Треба нов. Ама и тоа ми е со филтрите, шо знам, да не се усвојува вода па бетер. На васеркохерот гледам и тука се прави камен одма. Мозокот за работа ми е закржлавен, стварно страв ме фаќа како ќе работам и дали ќе можам да работам нешто. Вака глупо одамна не се имам осеќано. И многу заборавам. Свекрвите ќе си одат фала богу, ама стварно нефер се спрема мене. Маж ми се нанервира, рече не ги викал веќе да дојдат. Ништо ама баш ништо да не помогнаа. Он не ми вика, ја не им викам, на нив не им текнува и така. Вака луѓето стварно олинклузив си беа, фалеше само уште када да им полнам секоја вечер за 5* да бев. Пак у кујна од сабајле главев и смрчев на маж. Па после и они осетија, ама искрено се исто ми се фаќа. Ќе викнам жена неделава да ми исчисти и тоа е тоа. Ја утре имам купишта по телефон да средам, најверојатно и бејбиситинг ќе ми треба неделава. Така. Вреќи од дм. Ц+А некако се тесни за мое дете, не и одговара кројот. Имаа стварно убави лани како бебе. Сега ќе видам од каде. Пиџамите од дм се лити некако, на друго место не сум видела. Ама може не излегла цела зимска колекција. Ќе почекаме. На старо пиџами ептен се излитени од перење, нормално нели, па не е практично.
Vertbaudet за добри шлафсеќе со ноџиња, не ни знам дали имаат сеуште, моево има од пред две год, уште ги носи. Машала сум земала голем број Ама не сметаат и да се поголеми, дека на ногавиците се стегнати, така да вишок должината од ногавиците само паѓа од страна. Ама објаснив Во принцип Vertbaudet ми имаат одлични ствари, како облека, така и ситни парчиња мебел за во детска и до сега се ми се има покажано одлично. Sterntaler да не ги заборавам. Мислам дека они се врв за вреќи за спиење, мада мене цените нивни ми се пресолени. Темава за вода, дури срам ми е да кажам. Како рекламана на Цацко - пица за нас жено, да не им го јадеме гравот на децата Мали пие од чешма, јас флаширана Маж не ни пие вода, он одма се погерманчи по тоа прашање и не се дели од пивото Мене ми е полесно со флаширана, некако нон стоп е шишето пред мене и така пијам поголема количина, минимум литар ипол, вака од чаша, дали ќе испијам една чаша во текот на денот, не знам зошто, ваљда заборавам. На работа пијам или од чешма или полугазирана во стакло. Онаа од автомат ми е премногу ладна. Инаку маж порано работеше во една фирма за кафе машини и имаа некои капки за тестирање на квалитетот на водата и количина на бигор, нешто како на основа на тоа да се подесуваат машините и знам дека дома тестиравме флаширана вода и вода од чешма и беше исто, можеби мн мала нијанса разлика во поглед на квалитет и количина бигор. Ама ова беше сигурно пред 5 год, сега може е сменето.
Маж ми сакаше да купи апарат за газирана вода, ама не му се исплати. Вика Исто ми се фаќа. Он купува медиум газирана вода од Норма или од Лидл. Јас не пијам ништо газирано. Бокалот за прочистување го купивме од Алди. Мислам дека цената беше 15 евра. Тогаш и филтри купивме. Последниот пат филтри купивме од Филипс. Брита бокал има во Едека, ама цената му е солена.
Се сеќавам кога напиша дека тестирале и дека скоро па исто било и баш од тогаш ич немам грижа на совест што пијам вода од чешма. Јас веќе шест години тука пијам вода од чешма. Мк само во Скопје тие 5 години што живеев не можев никако од чешма ми мирисаше на цевки и асфалт.
Ние сме баш пијачи на вода еднаш пробавме да купуваме тоа беше хаос од шишиња дома. Дома Брита користиме иако знам да наполнам шише од чешма ако ме мрзи да ја чекам да се цеди. На работа пластични шишињ или тоа автоматот што е мраз ладна па од шише си пијам.
Пуштате парно? Кај нас ладно у ПМ, цел ден врне и ќе врне. Денов од 6 нормално почна, ми се спие ми се плаче, работа еден куп. Не можам да телефонирам пред неа, само кога спие. А дремна пола саат само, значи уште на варте бев. Се јавив од сабајле до Арбеитсамт, ме префрли во НРВ негде. За џабе уствари чекав и зборев, пак мора тука да се јавам. И ќе чекам втора дремка сега. И криво ми е што не си купив некна реген хозе, оти очигледно ми требаат, ќе излезевме бар наоблечени. Сега ми е ладно и ме мрзи, па и ко ќе ми текне дека ќе бидам мокра, не ми се излегува. Ќе збеснеме дома. Ние пуштаме парно веќе три-четири дена. После ќе стопли пак, ама сега сакаме да ни е млако.
Не пуштаме парно. И овде е ладно. Цел ден врне. И дува. Маж ми вика да сме почекале до октомври Поголемиот син пред некој ден заспал со отворен прозор. Па после почна да шмрка со носот Сабајле ги носев децата во школо, ама не си земав чадор. На враќање цела бев мокра
Не пуштаме. Од среда ќе е 22 степени па до наредна среда до 19 и нема да пуштаме. За понатака не знам. Освен што пуштив парно за едни панталони од малава да ги исушам на него… Ништо не и се свиѓа од лани облеката како за мали деца и била, а таа била голема. За џабе сортирав лани. Не знаев дека вакви фази идат. Сега сосем друг стил на облекување има за разлика од лани. Нема веќе фустанчиња, нема розево, нема Лила, сега портокалова и била омилена. Па дури и косата поинаку ја носи. Што мислеше ти џокерче до 18 дека со розево фустанче и две репчиња ќе биде. Да не знаете пудра дали може да се врати во Müller? Ме мрзи да се јавувам или да отидам. Многу е скапа, а ме прави како стара баба. Само два пати ставив од неа. Ќе ја објавам и на ибеј сега. Не ми се верува шминки да може да се вратат.
Пробав да пуштам но нема притисок патното на 5кат Ќе морам да ја прашам комшиката дали има кај неа ако нема и кај неа таа веднаш ќе срипа да се јави во Gwh мада сеуште не е сезона . Не е страшно
Значи само јас богаташка од сите, парно пуштам. Ама падна температура дома на 20 степени и се осеќа ладно. Башка и свекрвите нели стари коски. Кај нас секако и најладно е де. 8 степени мислам дека е денес цел ден. И веќе трети/четврти ден нема повисока темп од 15 степени. Се излади ептен.
Пуштам парно веќе цела недела и овде е 10 степена , ладно е и внатре. @gjoker4e мојта уште сега прави такви испади за облекување па бира, не сака. А можам да замислам тек кога ќе порасне. А овие од арбеитсамт многу се досадни чекаш 30 мин за да се јави некој, па додека му објасниш што како па те префрла кај друг врабоотен. Многу мразам кога треба да барам овде корисничка поддршка. Врв беше кога снемав интернет па незнаат ни да префрлат на правиот човек.
Јас парно не пуштам оти ни е топол станот нема потреба, ама да пуштав што ќе беше… Вчера ни стигна сметка за небенкостен. 1000 евра за парно од кои 550 се Grundgebühr а 450 сме потрошиле, како сме ги потрошиле тие 400 и нешто евра ич не ми е јасно само неколку пати во цела зима парното беше вклучено . Џабе си очекував дека многу пари ќе ми вратат, само 100че назад. Мојата сега блегува во шема, до сега не прибираше, ама сега мора се да е розево, розева маица, гаќи, облека, патики. Па дури ни лижалка не сака ако не е розева
Ти и јас. Мене не ми ни текнува да ги затворам радијаторите, ако има централно греење-греат. Греат веќе 4 ти ден.Ко ќе стопли, нема Моево дете од бебе пребира облека . Сеуште е розева, фала богу, не дека можам да смислам розева, ама поарно отколку скинато, црно и фарбана во косата. Деца од 3 то, 4 то одделение фарбани, со екстензии розеви во плетенки, значи свашта
Мојта е баухфрај филм.Ама јас не и давам да оди со гол стомак на 8 год.Стара мајка и заостаната. Ние неаме парно пуштено ,од утре 26.
Абе да, треба млади и модерни да бидеме за деца од 8 години, 10, па и 12 да носат гол стомак. Ги гледам продавнициве со алишта, и годинава немаат абер да олабават со ,,модата,,. Веќе проблем станува, од кај да се купи нормална облека. Ќерка ми исто ко мене не ги бендисува, вика грозна продавница, ништо убаво немаат, се надевам ќе ја затворат пошто никој ова нема да им купува. Ај уште малку, па во нормално S да ја облекувам, белки ќе има поголем избор Џоки, последно во Тако најдовме нормални кратки ракави летово. Ама напорно е дур најдеш