Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.971
    Допаѓања:
    36.182
    Пол:
    Женски
    Кај нас, јас одам со гол стомак, таа не сака. :D
     
    На fairy88, Chantal, јolene и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.781
    Допаѓања:
    33.667
    Пол:
    Женски
    H&M и купив повеќе блузи на пролет . Има една што и е гол стомак ама нонстоп ја терам мајца да носи или фармерки со напред дел за да не и се гледа стомакот.
    Кај нас има многу педофили затоа јас цело време дрнкам:bandit:.

    Јас Џоки си имам убави нежни стриички од второво на стомак , а од првото околу папок затоа не носам толку куси маици.
    Плус симпатијата ќе си каже оваа старкава откачила ептен :rofl::rofl::rofl:.
     
    На mal.ecka, Gosh, fairy88 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.955
    Допаѓања:
    179.617
    Ти може, таа не треба. Таман сте:D
     
    На Gosh, Chantal, Ava.84 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.588
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Цел ден врне. Цел. Никаква прилика да излеземе надвор. Глава ме боли и да температурата надвор уште е 8 степени.
    Едвај денов го поминавме,среќа што дојде братучетка ми да ја почува, па преживеавме и јас успеав да свртам два- три телефони.

    Чекајте само да ви кажам колку сум летната со умот. Нели цело време дрндлам дека сум на елтернцајт до октомври. Епа круши, до септември сум била, до четврток.
    И у сабота вечер, кога зедов да средувам работната соба, видов до кога сум.
    И гледам од тк не ми пратиле известување за осигурувањето уште, а треба нели кога ти истекува.
    Па ај пријавивме онлајн за фамилијарно, сабајле ѕвонев и ок е, го одобриле. И после тоа и мејл ми стигна дека ми истекло од елтернцајт :D. Абе како можам до толку да сум заборавена. Страшно.
    И до заклучок дојдов, дека ако раѓам уште едно, се пишам од сам старт две години дома. Со која амбиција ја не знам после 14 мес на работа ќе се враќав, а немаш кој дома да ти се најде да идеш да мочаш на раат.
    Па ко ќе ми текне дека маж ми и година време ми викаше само да останам дома, абе што сме си мислеле еве да ми е да знам.
    Па конечно и овие од АА ги контактирав и им велам па нешто не можам да асе најавам, да се пријавев порано. И оваа ми вика, да да, сменивме систем и ќе ти пратиме нова лозинка :rofl:.
    Ми кажаа сум имала право на 340 дена од прилика на арбеитслозен гелд:D. Од кај толку денови ми се собрале поима немам. Ама не се бунам. Како што не знам колку време ќе ми треба да најдам работа, бар да ми капнува по нешто.
    Рече уште сега да си поднесам, па ај да видам баш дали и така едноставно ќе ми одобрат.
    Што ќе кажете друго? Јас две недели не сум спиена ко што треба, веќе едвај сум будна.

    А и визз замислете сега ги намалил цените за тие дати што ги гледав некна, за крај септември и средина октомври. И тоа за 50% во правец едната, другата за 75%. Прекасно за мене оти купивме за ноември. Веќе не проверувам стрикно за одредени датуми, штом вака без врска цени дава. Глупости.

    За ќеќе кога ќе порасне, се надевам ќе сврти уште еднаш модата и висок струк ќе е пак на ред :bandit:.
    Низок струк беше кога јас бев тинејџ.

    За другото, ви реков еднаш дека страв ме фаќа од денешната младина и идните генерации. Се надевам само ќе успееме да им пренесеме вистински вредности. Ако воопшто знаме што е правилно веќе.
     
    На mal.ecka, Gosh, Ava.84 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.971
    Допаѓања:
    36.182
    Пол:
    Женски
    @јolene Висок струк е во мода. Или па јас да сум грешка. Ама немам никој со низок струк видено.

    Јас па за второто сакав уште порано од првото да почне во градинка и јас на рабога. И порано почнав и не се каам. И мм и јас викаме трето дете само ако се вратам по 2 месеци на работа. Оди на второ побрзо за се да ти биде полесно. :P
     
    На mal.ecka, Ava.84, Chantal и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.588
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Поима немам, ова некна во молот децата сите беа со ниска половина. Мислев се вратила веќе..кој ќе ти каже :D. Не се разбирам многу од мода, купувам од аутлет, веќе немодерно што е :D.

    Ај не ме зезај и ти. Ја сила немам да се истуширам и машина да пуштам. И како време мине, се плашам и желбата да не ми одмине. Башка што не сум баш во цутот на младоста:drunk:.
     
    На Ava.84, Chantal и Biljarkata им се допаѓа ова.
  7. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.781
    Допаѓања:
    33.667
    Пол:
    Женски
    Пред да залади одам на работа во канцеларија 33 степени јас во несвест паѓам (трудната кол толку не се жалеше).Велам луѓе изгледа во климакс сум ептен напади на жештина добив.Колешките се смеат и ние сме во климакс:D.
    Другиот ден доаѓам во волнена блуза и шефицата ми вика нели бевте во климакс денес да не ви е ладно?Викам едната кошула немаше копче,друга земав да пеглам скината остана само блузава да не мора да ја пеглам:rofl:.Не кажав дека ми е ладно^_^:bandit:.

    @јolene и јас многу заборавав .Има феномен труднечки мозок ама мене ме држеше 2 год по пораѓај:tmi:.Големата е 8 изгледа уште ме држи:P.

    Сега во куси ли да одам или во долги?:?:
     
    На Chantal му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Dancewere

    Dancewere Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.428
    Допаѓања:
    16.725
    Пол:
    Женски
    Еј и мене ова прашање ме мачи, во куси или долги. Ја за мене не можам да измислам а морам и за ќерка ми да мислам.
    И јас сум целата заборавена а поминаа повеќе од 3 години, изгледа засекогаш вака вејка ќе си останам.
     
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.971
    Допаѓања:
    36.182
    Пол:
    Женски
    Вчера од 17:00 до 20:00 само на телефон седев. Што правев не прашувајте.
    Две деца имам, знаете де ама да повторам, се изнаиграа, креативност до небо, и во 20:00 им текна доста седеше на телефон сега ти тањири да измиеш, а тие другото ќе чистеле, и бришеа кујна од надвор, под, маса, фрижидер, абе се… мене на моменти ме плаши целава ситуација, дали со сите совети од интернет и фемина, нормално мудро избрани, децава вакви пораснаа. :D
    Кога идеме да купуваме нешто се знае дали ќе е една играчка или може се што сакаат.,. Ќе допишам
     
    На mal.ecka и Ava.84 им се допаѓа ова.
  10. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.588
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Ама Џоки ние тука на Фемина сме се најмајки и тоа не се однесува на нашите деца. Нашите најрани се, најумни и највоспитани. Тие таму надвор што не се тргаат од местото наменети за мајки и трудници, тие што седат, а стари баби стојат во автобус, тие што се буткаат во деца и таквите.
    Еве јас специјален бондинг со мојата правам, гушкам додека спие. Па и ја дремнав малку. Уште ладно кај нас, да кренам ролетна, може и сонце излегло.
    Ја не можам да се изнарадувам сега на раатот дома и дека не морам да принесувам. Не дека не знаете де, да ви кажам само.
     
    На mal.ecka, MacenceEna, Ava.84 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.352
    Допаѓања:
    8.663
    Пол:
    Женски
    И ние си грееме, а печката расипана е некој проблем јавува се надевам нема да цркне додека дојде мајсторот другата недела ( и после уште недела дена додека дојде со делот иако мм им кажа што јавува треба да знаат кој дел отишол) .

    Било нечие дете болно втор ден школо? Ми се јавуваат вчера од хорт само што си дојдов синко стомак го болело, накај дома Новата ( ова намерно со голема буква) кола ја поврати па мм си жалеше за колата јас за детето. До вечерта секоја голтка вода ја поврати па го однесов на итна таму ајде што си почекавме три сати ми рече уште е ок, нема потреба инфузија ако стане неконтактибилен дојдете обавезно (facepalm). Среќа последен пат поврати одејќи накај дома. Денес ќе се молиме да јаде. Него учителката ни даде број рече да и се јавиме слободно дека апп не и реагира секогаш па да ја бараме на тел, ама мене ми беше незгодно на апп и пишав, сабајле мм кога се јавил во секретаријат му рекле преку апп да пишуваме за кранк. Денес ќе треба да допишам дека и утре не оди се мислам дали да се јавам? Мене уште ми е глупо ама па со викам ќе можам и за домашни да прашам, како правите вие?
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  12. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.971
    Допаѓања:
    36.182
    Пол:
    Женски
    Преку апликацијата само и за градинка и школо.
    Ако не им стигне, тие ќе ти се јават. Ама најдобро е преку апп, фактички за да не ги замараме телефонски.
    Домашната ќе му ја дадат во школо кога ќе отиде.
    Побрзо оздравување. :hug:
     
    На јolene и Chantal им се допаѓа ова.
  13. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.781
    Допаѓања:
    33.667
    Пол:
    Женски
    Wow App:o.Ние со мејлови во школо и јавуање во секретарјат(facepalm).
    На учителката и пишувам да и го прати домашното по другарка и девојчето ни го носи.
    Кај големата исто има маген дарми во школо ,има и во градинка.

    За роденден веќе ми испланираа :P.
    Сигурно мислите колегите ќе ме остават на само со симпатијата:devil:.
    Нееее грешка сте , имам елтернабенд|(.
    Па колешката предлог ми даде во чајот да си ставам нешто појачко и да одам и да вика ву ву ,да не ми пропаднал роденденот:bandit:.Така нема поголем малер на овој свет од Ава:rock:.
    Ниту пак деца слушаат за чистење пфф што е тоа.Ај да дрмнам нешто пред да полудам.
     
    На gjoker4e, јolene, SanelaS и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. **hippyyy

    **hippyyy Активен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2024
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Zdravo na site
    Prvo izvinete so pisuvam latinica.

    Imam nekolku prasanja.
    Od kolku godini se pocnuva prvace vo germanija?
    Dali mora da znae jazik za da se zapise vo skolo?
    Opsto zemeno se vo vrska so prvacinja ako moze nekoj da mi objasni kako odi.

    Isto i za gradinka koi se uslovite?
    Fala vi mn
     
  15. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.781
    Допаѓања:
    33.667
    Пол:
    Женски
    Треба да си провериш на нет оти има година таа и таа до тој и тој месец. Околу 6год.Моите се тука родени и затоа не знам како е за деца што ќе дојдат и нормално различно е кај секоја покранина .Мојата доби покана за да ја пријавиме во школото што е за нашата улица.Пишуваше кога треба да ја пријавиме и имаше документи да се пополнат.Пошто уште беше воршул кинд и одеше во градинка доби покана и за шуларцт и бевме да видат дали е спремна.
    Мојата не одеше во вилкомен класе пошто одеше 5 години градинка.
    Ама има деца што одат по една година за да понаучат јазик.
    Одговорив погоре одат во вилкомрн класе и учат дојч.

    Како кои се условите?Во секоја покраина е различно.Кај нас градинките се скоро бесплатни .Ама има покраини каде е многу скапо и уште потешко е за работното време каде не се нуди 9ч шанса за посета на градинка.Градинката работи до 13:30|(.Јас кога се пријавив за првото ми рекоа дека добивам место оти сакам да работам,затоа почна мојава и на 14 месеци.Имаат првенство родители што работат иако од 3 години донесе сенатот решение да им се дозволи на сите деца да посетуваат градинка без разлика дали работат родителите или не.
    Нешто слушнав дека за мигранти задолжитено е последната година пред школо во градинка.Ама имам заборавено.
     
    На **hippyyy и Selena01 им се допаѓа ова.
  16. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.321
    Пол:
    Женски
    Berlin calling
    Bitte :D da prasam nesto vo Lp
     
  17. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.971
    Допаѓања:
    36.182
    Пол:
    Женски
    Имаш термин? :P
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.321
    Пол:
    Женски
    Каков термин :D
     
  19. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.735
    Допаѓања:
    33.981
    Пол:
    Женски
    За прашање термин 8)
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.321
    Пол:
    Женски
    Аа
    Имам. Во 20ч :D
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.