Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.586
    Допаѓања:
    7.077
    Пол:
    Женски
    Ама не можеш туку така да кажеш кој шампон не ти чини, треба и кој ти чини. Леле бе, значи свашта сте.

    За деца нејадачи немам што да кажам,поима немам дали ќе јаде. Ама што станува секоја ноќ и ме нервира веќе , ај ќе ќутам. Може ќе проди некогаш и па ќе спие.

    Туку @Dea85 ти ко мене може треба да почнеш. Моите мафини изгледаат како мафини, ама на вкус не се знае што е. Така маж ми вика де.
    Уставари здрави мафини со овошје, зеленчук, семиња, житарки. Така јас мафини и палачинки, кифли давам, ама се е со цело зрно и без шеќери. Нит изгледа вау ни па се експлозивни на вкус, ама сите дома така јадеме.

    @Chantal се надевам ќе се среди со првачето.

    За јадење ако збориме, јас почнав да јадам многу многу касно. До кај 20 години па и повеќе и јас само макарони јадев. И тоа беше така оти секогаш имав избор што да јадам. Разгаленост од мајка ми во однос на јадењето.
    На моето не му нудам втор избор, ако не си го изеде гравот сега, после пак ќе и се понуди. Не мора партал да направи, нормално некои јадења ќе се повкусни од другите, ама мора барем 10лажички да касне. И јаде ручек од вчера, оти и јас јадам.

    Леле уствари заборавив оти сакав да пишам на прво место.

    @Ava.84 да си среќна и весела, здрав и жива и да си славиш уште многу многу многу години. Наздравје :d:
     
    На Dea85, Ava.84, gjoker4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.971
    Допаѓања:
    36.182
    Пол:
    Женски
    И мојата така вика сеуште 7 години има. :D Вика само што седнеле да јадат одма завршувало. И викам 100% се 30 минути, вика не, немало време за јадење. :D
     
    На Dea85, TutiFuti и joana18 им се допаѓа ова.
  3. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    7.974
    Помина денот,па да здивнам.
    Многу брзо ми лета времето.Додека се свртам,веќе е вечер.
    Многу ми е напорен периодот.Обврски еден куп.

    Документи еден куп имам,ту се расипало нешто,па вади гаранции или последно открив дека сум плаќала осигурување 8 години без врска,за кола што не ја имаме од 2017 година.

    Купив машина за перење Бош.Ич не ми прави кеиф,финкции нема,а доста скапо ја купив.
    Демек гермаско производсто(за мене германски ср*ње),ми го утепаа фалејќи во Медија Маркт.Наредната ќе биде дефинитивно Самсунг,на неа имав функции кои оваа ѓи нема,а од пред 10 години беше купена:!:

    Од сабајлето бев на ласерска депилација,па купував поклон оти сум утре на роденден кај пријателка.Ќе одиме на касен доручек во еден ресторант.
    После дома правев бурито со пилешко.Му беше вчера изминал рокот,ако не го направев ќе требаше да го фрлам.А,мислев да купиме сите кој што сака за ручек,па во последен момент сменив план,да не фрлам храна без врска.
    Па брзав зедов дете од школо,ручавме на брзина,па продолживме на еден фест од школото.
    Се запишав да продавам пуканки,последен пат држев тезга кога синко беше 1 оделение.Сега знам дека ми е минат редот.Дури подогодина може пак да се пријавам.
    Јас сум министер за меѓучовечки односи во фамилијата.
    Маж ни го интересира тоа,ни па се труди.
    Оваа недела го пратив со еден татко да ѓи носи децата на пливање со еден татко,со намера да се запознаат подобро децата и да се мениме со носење и земање оти треба да се оди минимум 2 пати неделно со пливање,чекање да се истушираат и пат,фаќа добри 3 саати.Па некогаш после работа пијам кафе и носам дете на пливање и се враќам дури вечер,а сум станата од пред пет сабајле.
    Знаев дека тие се малку леви оти и он и жена му се психолози и се типични германци(ост дојч што и мене ми одат на нерви со нивните сфаќања),ама па маж се утепа жалејќи како катастрофа си минал.
    И така еднаш го пратив и ја усра работата:D

    Инаку купив карти за Дино Мерлин и тоа прв ред,само уште не сум организирала каде да го пратам детето на спиење.На хрватката не може да и го дадам оти и она ме викаше да одеме заедно и она има карти и требаше да бидеме женско друштво.
    Е,јас и реков дека планирам да одам со маж ми:angel:
    Ќе треба да ја фатам германката да ми чува дете.
    Утре синко пак кај нив требаше на роденден на средното девојче да им оди(како придружник за најголемото,на секој роденден вика по еден другар за другите деца да не се чувствуваат сами).

    Се пријавив и за македонска забава што ќе се славни во ноември.
    Сакав да прашам како е кај вас,организираат ли и дали одите по такви забави?

    Ние во последно време се организираме фамилијарно.Имаме екипа- децата играат,ние уживаме :$
    Порано не ми се одело,оти ме нервирале некои фаци што ги знам.Ама вака со друштво друго ми е.
    Имаме група жени направено - сега сме женска сила,дури ние сме главни организатори за фамилијарни прослави:rofl:

    Да одам да досредам уште нешто по дома,па да си ја пуштам очајни домаќинки,до уште малку 7 сезона ќе ја почнам.
     
    На Ava.84, јolene, Chantal и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.971
    Допаѓања:
    36.182
    Пол:
    Женски
    @fairy88 Дали ќе може да ми објасниш за ласерска депилација? На кои места, колку пари, колку време нема влакна?

    На забави македонски, балкански не одам.

    Машината кои функции се чудам, единствено што знам од функции е 30-40-60 степени и 600-800-1200 вртежи. И кога ја чистам со средство 90 и 1400. :D

    За ништо не се пријавувам од градинка/школо! Некако уште тоа ми фали во животот, а на крај краева е бескорисно. Нека се пријавуваат тие што земаат социјално и не знаат веќе што со себе дома од досада.

    Термин имам за тироидната од 2022 направен. Знам само октомври 2024 дека е. Се надевам нема пак да заборавам да се јавам да прашам за саат и датум. Кога бев итен случај ме примија од денес за утре ама сега ни за на лекар не сум ама сепак да се контролира демек. Само тумор рак да не ми речат аман. Може и затоа не ми се оди по доктори од страв дека ќе откријат нешто па отиде све у курац, а вака супер ми е само со еден проблем во животот.
     
    На Tajnaotrovna, fairy88, Ava.84 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.971
    Допаѓања:
    36.182
    Пол:
    Женски
    Горната уста ми се суши веќе 4-5 дена не знам што да правам почнува страв да ми е да не ми е нешто? Секакви креми ставам и пак ми се суши ова не ми се случило до сега и вода пијам многу и џабе се
     
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.951
    Допаѓања:
    179.575
    Земај витамин ц и мачкај со мед. Или со рицинусово масло. Шо е тоа мачкање крем на уста:smirk:
     
    На gjoker4e и јolene им се допаѓа ова.
  7. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.586
    Допаѓања:
    7.077
    Пол:
    Женски
    @Biljarkata не е билјарка ако не препорача нешто природно значи :rofl:. Името да не и е за џабе бе.

    По знам @gjoker4e од веледа скин фуд балсам за усни или бепантен за очи и нос што е. Или обичен бепантен пробај ако имаш дома од деците.

    Убав пост на Фери супер што пиша. Ме потсети да прашам нешто. Јас баш се радувам кога пишувате по нешто, да не ни е темата глува.
    На собиранки не одиме. Никогаш не сме. Еве ова ми е формата на дружење најчесто, пишување.

    Градов полн со наши, абе кај и да отидам на наш наш јазик слушам. На едни само се запознавме и тоа оти деците се здружија, па на мајката му се обрати на мк. Зедов контакт, ама не сум се јавила уште.

    Денеска бев и на купување за малото за зима, ама на старо нели. Најдов во комшии една жена на ибеј па отидовме и зедов некои нешта. Ми фалат уште, па утре на фломарк да идеме за деца, и онака ладно и нема кај да се дружиме. Важно мачхозе сега зедов розови и тоа, и полнети. Јакнички две, некој пар палтолони и блуски за цели 35 евра. А и чорапи, книги и игри :D. Што разбира она сега ново/старо. Зачувани се и нови, нека носи. Кога ќе почне да бара ново и сама да си бира ок, ама сега мајка и скржава.

    И после отидовме во маркет и дадовме 100+ евра за храна :bandit:. Онака само. Пошто не сум била одамна на неделно пазарење, а и не купивме се де, да не ни заостанува месо оти не стигаме се да зготвиме, пак ќе се докупува. Друго ми беше, бреј инфлација, последниот пат околу 60 чинеше ова, а пред тоа па да не зборам. Леле како стара баба звучам..


    Прашањето пак од @fairy88 инспирирана. Ми идат два родендени на многу многу блиски луѓе.
    Е сега да прашам за идеа некоја невообичаена ако имате. Или уште подобро што би сакале вие да добиете. Оти како новчаник, ташна, алка и сл е ствар на вкус и јас некогаш нема да си погодам. Ама може некоја идеа онака што би имале желба да добиете.

    Една идеа ми е некој ваучер спа. Реков многу блиски нели, ала мајка, сестра нешто.
     
    На Tajnaotrovna, danichap, gjoker4e и 4 други им се допаѓа ова.
  8. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.735
    Допаѓања:
    33.981
    Пол:
    Женски
    Изледа само нашите фемински деца ,,НЕМАШЕ ВРЕМЕ ДА ЈАДАМ" ја користат таа реченица .
    Мојот како вчера да беше израсна со палента на секаков начин кога ќе ми кажеше само палнта ќе јадам и нема друго.
    Вечен нејадач беше и си остана. Како шпагета е во висина расте а слаб е едвај 21кг има . Носи веќе 134/140големина . Скоро секој ден враќаше од киндергартен доручокот имаат таму ручек во 12часот и околу 14часот ужинка.
    Сега пак на училишт е катастрофа кога ќе каже брзо ѕвони нема време да јадем. Косата ми се крева бидејќи не појадува наутро дома ништо едвај стане додека се облече мора да тргнеме сга па и бебињава морам да ги мкнам со мене з до школо двапати на ден.
    Комшиите се чудат како сама функционирам со две бебиња дете 8г. и куче . Жена мајка краљица .
     
    На gjoker4e, fairy88, Ava.84 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.586
    Допаѓања:
    7.077
    Пол:
    Женски
    Искрено и јас се чудам. Секоја чест на организацијата!
     
    На Chantal и arontt им се допаѓа ова.
  10. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.735
    Допаѓања:
    33.981
    Пол:
    Женски
    Остај тоа одам како од поплава исфрлена 8). Косата строго во плетенка .
    Туку за алишта и јас најчесто за деците така земам .
     
    На Chantal и јolene им се допаѓа ова.
  11. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.788
    Допаѓања:
    175.905
    Пол:
    Женски
    Фала ви на сите :sun: Само убавини да ви се враќаат. :l:


    На понеубавата страна, само што прочитав дека ја нашле мртва исчезнатата Македонка што се објавуваше цело време низ ауслендерските страници. Наводно се работи за убиство и уапсен е сопругот кој е прв осомничен засега. Точно на фаца му се гледаше и мислам сите го помисливме истото.


    Ова со апаратите по мое искуство е како ќе ти се погоди. Ние кога дојдовме овде 3 дена пред нова година, почнаа попустите и се беше земено или резервирано. Апарати бирав така, на тепка, машина, сушара и шпорет. Ништо не ми е со сите плусови, оти тие што ги сакав требаше да ги чекам со месеци. Машината особено ми е погодена. Топ пере. Флеки вади и на 40 степени и не би ја сменила дур не ми откаже. Дури и струја не троши многу. Има опции стандард, ама само 3-4 користам.
    Дај и време дур ја научиш, или врати ја назад па земи си по мерак. И јас сум фан на Самсунг. :)
     
    На fairy88 и Gosh им се допаѓа ова.
  12. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.813
    Допаѓања:
    39.636
    Пол:
    Женски
    И јас прочитав дека ја нашле Македонката , само не знаев кој е осомничениот ? Зарем бил 20 години постар од нејзе ?
    Жално , млада девојка, мајка
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.735
    Допаѓања:
    33.981
    Пол:
    Женски
    Јас уште ноќеска прочитав и цела ноќ ми се поремети. Уште орв пат кога го видов на лик се посомневав во него.
    А и не е ниту чудно на фаца му се гледа дека е мафија човек .
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.780
    Допаѓања:
    33.666
    Пол:
    Женски
    Сваќе децава стварно погодени за маж и жена исти(facepalm).
    Кога ќе прашав зш не си јадела,па додека почнала учителката рекла паузе ист ворбај и она немала кога да јаде|(.А за спремање најспорото дете на свет,леле секој ден живци со неа кинам на крај ќе трча оти во 7:15 ја чекаат другарките доле и ќе заборави саат ,клуч,јадење:envy:.

    Од колегите добив пирс-обетки:dance:.Многу се израдував иако претходно си порачав па сега имам за менување^_^.Ваучар од ДМ за шминки да сум си купила и други еден куп ситнурии.
    Зависи од човекот што сака.За мене вуншгутшајн е секогаш супер.
    Обетки секогаш би ме израдувале или ланче.Мм ми вели сама да си одбера е тоа многу ме нервира оти не се потрудил ни 1%:@.
    Исто и цвеќе не му прифаќам:envy:.

    Ние на колегите кога збираме од цела фирма пари во различни форми им виткаме или еве вчера на еден колега му испринатавме глобус и го исековме и одоздоле ставивме различни шарени пари во рамка за слика.
     
    На TutiFuti, gjoker4e, Dancewere и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.619
    И јас пишав едно рефератче зашто ми беше сомнителен мажот, али си го избришав да не трчам прле пред магаре.

    Не знам што да кажам, ко да не постои развод мме. Али тоа ти е, маживе поарно у затвор да лежат него ли алиментација за детето да си плаќаат...

    На ,, поведри ,, теми, конечно залади малце па можам да функционирам без да се топам. Од друга страна, сезионална депресија куца на вратима. Д3 и К2 добитна комбинација.

    За еден месец полагам Б2, слушање и читање сите поени, зборење скоро, али пишење мајко мила... Као можам истото точно граматички да го кажам, али не и да го напишам?! Овца бе, тоа ти е...

    Ама, моите колеги имаат поголеми проблеми мислам... Место да ја прашуваат наставничката дер, ди, дас, акузатив, датив они јадните не знаат разговор на пауза да направат, или решение за некој проблем на работа да најдат. Јас гледам и не верувам...

    Али тоа ти е коа си начукал 30 у гзот и имаш една година работен стаж...

    Се вари два литра компир манџа со стекче, кари и малце сенф, не планирам два дена да готвам.
    Се токмев вчера за денес да идам Ајвар да си купам, Јованти ме настрви, али ме мрзи... Може да не требаше да се нашминкам и косата да си ја стокмам за да излезам од дома, и ќе отидев. :bandit:

    Ќе зеам ќе зачистам, ќе си дослушам подкастот за Џипси Роуз, ќе помрчам на форумов и после или книга или некое филмче.

    Кој прочита, кисче, кој не прочита :*
    .
     
    На Tajnaotrovna, danichap, Dancewere и 12 други им се допаѓа ова.
  16. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    7.974
    @gjoker4e @Yowannty
    За мене машната е добра ако има и додатни опции.
    На пример старата машина по завршување на перењето,секогаш вртеше една минута полека во двата правци за да ѓи разреди алиштата и да не се туткавец направени.
    Друго автоматски се гасеше кога е готова.Оваа треба јас да ја изгасам.
    Исто не сум сигурна дали ѓи мери алиштата пред да почне да пере.
    Старата покаживаше на дисплејот дека ѓи мери алиштата пред да почне да ја користи водата.

    За перење пери,не дека не,ама и фалат ситници кои ми недостигаат од старата машина.

    Прочитав дека Самсунг е иновативна фирма,а Бош биле за нијанса поиздржливи(Разлика во оцената им беше 0,2)
    Јас многу сакам да споредувам пред да купам нешто.

    Јас се одлучив за Бош,оти новите Самсунг имаа многу сензори и ми беше страв да не се расипе за кратко.
    Пред 2 години купив Самсун фрижидер и сум презадоволна.

    За депилацијата што прашуваше @gjoker4e на почетокот одев секој месец или на месец и пол после проретчив.Чекав да почнат да растат влакна,па одев.Влакната што растат потоа се фини и не се темни.
    Колку пати малку подрасната сум носела кратко оти речиси и не се познава.
    Инаку таму кај што одм ме фаќа по правило 150 еу за интима и нози комплет.Цените им се качени од лани.
    Ама дека сум долго време кај нив и им давам пари на рака,ми наплаќа 140 еу и плус пазувите се гратис.

    @Jolene ние купивме гутшеин од трговски,каде може во било која продавница таму да си го искористи.
    Исто би можело кино гутшеин или ласертаг(ако се за адреналин).
    Се зависи до луѓето.Јас би се израдувала многу ако добијам гутшеин за качување по дрва или ласер таг.
     
    Последна измена: 28 септември 2024
    На Yowannty, Ava.84, gjoker4e и 2 други им се допаѓа ова.
  17. joana18

    joana18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    771
    И јас многу сакам кога ќе станам со првото кафе да си читам , како денес едвај ве исчитав сите. На другите теми не сум баш активна .
    На мк забави не одам, ниту па се организираат овде , луѓето се поделени а и јас не се дружам.
    @Ava.84 Среќен нека ти е роденденот да си жива и здрава .:^: Што носеше на колегите на работа за частење?
    @јolene шампон не е некој посебен што го користам но најмногу ми одговара хеад анд шолдерлс класик .
    @Gosh ти држам среќа за полагање. Имаш време да извежбаш до тогаш и пишување. Ете мене пак полесно ми е да се изразам во пишана форма него ли да зборам. Кога зборам секогаш ми фалат зборови, а сега дека и долго сум дома и тие зборови што ги знаев ги заборавам и неможам да ги употребам во комуникација.
    @TutiFuti браво за организацијата, се восхитувам на мајки со 3-4 деца. И тоа без помош од никого. Ги жалам многу имаме пријатели во мк сите се жалат со едно дете кога ќе дојдат на гости кај нас па неможат да го истрпат па нервози. А во мк имаат помош од сите страни, ретко кој и готви дома. Секој викенд излезени без деца , децата оставени на спиење по баби. И пак незадоволни. Е не ги можам.
     
    На TutiFuti, Yowannty, Gosh и 7 други им се допаѓа ова.
  18. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.971
    Допаѓања:
    36.182
    Пол:
    Женски
    Кога ќе отидете на второ ќе сфатите дека со едно дете е најтешко! Ама стварно најтешко! Со две деца сега исто како да немам деца. Цело време сум нашминкана, фризура, читам книги, вежбам… :rofl: кафе на раат пијам секогаш, нема веќе ладно кафе како со едно дете :D 8)

    Им верувам на тие со 3-4 деца дека нив им е уште полесно ама сега за сега не сакам 3то…

    И кучето прави уште уште полесно нели :D дека многу мајки со 3-4 деца што ги знам имаат и куче и до градинка/ школо носат 3-4 деца и кучето секогаш со нив

    @јolene не кажа дали блиските се во Мк или тука? Мене ми треба локација прво за да ти дадам идеи :D

    @fairy88 секој месец треба да давам 150 евра за депилација?

    Мм вика од фризер да не сум излегла вез веѓите да ги направам и ми рекоа 2 термин а треба по 200 евра и 4-5 години ќе ми стоеле и сигурно нема 400 евра за веѓи да дадам.

    Јас со пишување и Ц1 (демек де :D) можам ама зборување од паника грешам. Уште уплавот од почетокот на работа ми стои во мене. Без јазик почнав и милион пати се имам обрукано ама храброст моја и издржливост, ниту еднаш не се откажав и ете научив. Наместо цреши викав црква и така јасно ви е се :D на почеток па предност е што не разбираш кога те оговораат :rofl:

    На душава многу ми стои, на фемина толку. :D
     
    На Tajnaotrovna, joana18, јolene и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.780
    Допаѓања:
    33.666
    Пол:
    Женски
    Фала ви на честитките:).
    Носев доручек што го спремав утрово во 5ч .Правев дома Eiersalat со 16 јајца.Плус и чизкејк колач со мандарини.
    Правев еден колач ама не ми испадна нешто се ронеше и после барав друг колач и најдов еден со мандарини.Му направив на рецептот скрин шот и тркнав купив мастрав.
    Си дојдов дома го пуштив претходно зачуваниот јутуб рецепт почнав да го правам и почнав да се чудам .Зошто сега тестото го става во фрижидерот ,а преска тавата со тестото ај изгледа не го видов тој дел.Чекај сега зошто вика 3 дози мандарини ,а јас имам две знам дека две беа.На големата и викам на шега сигурно друг рецепт правам :sweat:.Продолжувам и ставам 1 кесичка пудинг.Пак се чудам зш сега 1 кога требаше 4:D.Продолжувам и стигам до делот Sahne, леле 20:30 јас немам зане т.е имам ама не доволно.Да трчам да купам не ќе ставам колку има многу ми е гајле.Вадам 1кг кварк и шманд и читам во рецептот нема шманд.Го земам скрин шотот и гледам друг рецепт:rofl::rofl:.
    Арно ама си продолжив по овој што почнав.Испадна супер колегите рекоа дека е вкусен :whew:.

    Џоки јас ден денес најмачни два збора ми се Küche и Kuchen не можам у -то да им го погодам.Па кога треба да кажам колешката е во кујната викам во просторијата каде е фрижидерот:rofl::rofl:.
     
    На mKdevojce, joana18, јolene и 4 други им се допаѓа ова.
  20. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    7.974
    @gjoker4e па ако не ти се дава не мораш да правиш:D

    Некој ќе рече скапо е, ама ако пушам цигари и тоа е луксуз.За други е потреба.
    Секој треба да си одлучи што му е важно во животот.
    За мене лично ова е една од најдобрите инвестиции што ги направив.

    На почетокот е почесто после е еднаш или максимално два пати годишно.За вечно ништо не е вечно, треба да се повторува од време на време третманот.
    Од прилика првиот пат кога се прават третманите почесто, фаќа 1000 еу.
     
    На Chantal, MacenceEna, joana18 и 3 други им се допаѓа ова.