Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.586
    Допаѓања:
    7.077
    Пол:
    Женски
    За тука. Јубилеј 60 г и 31 другата.
    Ги оставив да се вратат дома пеш, јас останав уште малку да разгледам низ молот. Малата збесната беше секако, времето де врне де не.
    Влегов у Росман и разбрав дека прв пат после година време не морам да се брзам и да тргам количка, да не направи некоја бејла. Боо кое чувство :D.
    Сега се возам у автобус оти ме мрзи да одам пеш и тука, тишина не морам никој да занимавам и можам на раат да си скролам.
    Телефонот ми откажува ептен, не знам дали ќе дочека Блек фрајдеј.
    Колку поклони збравте од дм и Росман. Ние пошто секој ден сме во дм, еден куп глупости зедов. Ама некои и стварно ми се погодија.
     
    На TutiFuti, joana18, Dancewere и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Dancewere

    Dancewere Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.428
    Допаѓања:
    16.725
    Пол:
    Женски
    @gjoker4e и јас кога работев во Мек на времето како студент, продавав сладолед од црква наместо од цреши :sweat:
    Ја Höher избегнувам го изговарам, ич не го можам.
    И јас еденкуп глупости од дм собрав и до сеа се убави и корисни работи ми се паднаа, само еден концентрат за чистење немам што да го правам.
    Ја се продразболев малку еве пак сум со кашлица, минатата зима на неколку пати ноќна кашлица ме фаќаше и доста ми траеше, еве сеа пак. Толку ли ми е крш имунитетот, ќе мора да одам на доктор.
    На собири не одам, интроверт сум. Ама имам неколку мајки што сме се запознале на шпилплац и близу живееме, па одржуваме контакт, и децата македонски зборат.
    Ама мојата ептен сака на германски да си збори повеќе и лежи, знае и македонски и настојувам нашата комуникација да е на македонски ама ја гледам дека дојч повеќе и лежи. Ја за пишување гајле немам плус имам време да измозгам и да скоцкам, па ако chatgpt замеша прсти, е тогаш без грешки пишувам. За зборење знам ама знам и да се заплеткам оти сум брзоплета.(facepalm)
    @Yowannty Glückwunsch
     
    Последна измена: 28 септември 2024
    На kikikikirika, Chantal, Gosh и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.780
    Допаѓања:
    33.666
    Пол:
    Женски
    @gjoker4e што биде со машината за тепих од дм не сподели искуство?
     
    На gjoker4e и joana18 им се допаѓа ова.
  4. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.788
    Допаѓања:
    175.901
    Пол:
    Женски
    Кои се овие што се нарекуваат last generation?? Цел град во застој денеска ради нив, се лепеле со лепак за земја. :?: Полиција на сите страни, сообраќајот хаос само не пренасочуваа. Ништо не сфатив.

    Ајвар не најдов. Изгледа само кај мене нема. :doh:


    @joana18 со лесно нека ти е до крај. :f: Дали имаш мачнини и дали нешто ти помага? Не можам веќе.. ова чувство дека ќе повратам во секое време, нон стоп ми стои во уста. Во аптека ми дадоа некој микс на Б витамини ама не ми прави никаква разлика. Па ако користиш нешто, сподели. :)
     
  5. joana18

    joana18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    771
    И јас бев решена за ласерска депилација мислев да отидам па потоа можеби да си купам ама тоа ќе го оставам за догодина здравје. Вака со депилатор многу поткожни имам, пилинг не помага.
    @gjoker4e има поделени мислења за тоа дека со две деца е полесно. Сите викаат дека со едно има забава со второ забавата не престанува. Но твоите се веќе израснати самостални и верувам дека е полесно . Кај мене ако се е во ред ќе бидат 3 год разлика па секако 3 год ќе биде забава барем според мене. Со оглед на тоа дека ќерка ми уште е лош спијач навечер. Не чека голем предизвик.
    Маж отиде со дете на пазар, тој се спремаше и таа почна да плаче да облекува патики. Мене во дуќан ми се лоши па отидоа сами. И така сама дома :D
     
    На Ava.84, Yowannty, gjoker4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.951
    Допаѓања:
    179.571
    Фанови на Грета- еколошки активисти демек(heidy)
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  7. joana18

    joana18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    771
    @Yowannty да имам мачнини и тоа уште од 6 та недела . Матичниот ми препиша Cariban се пијат максимално 4 . Јас еднаш испив 2 навечер така стое во шемата, но многу ми се спиеше др ден. Сега пијам едно навечер, сабајле подобро се осеќам. Но треба да пијам и едно поручок, бидејќи и тој период од 18-19 часот имам мачнини. Вчера од ручекот киселини. Со првото имав мачнини кои почнаа во 8 недела , киселини не знаев што е . Пијам и јас Б комплекс некогаш. Од витамини прво купив феми бејби од дм но многу ми беше лошо , нети кисела вода, кока кола, спрајт, вода со ѓумбир и лимон ништо неможев да пијам. Обична вода не ни можев да пијам. Многу ми беше лошо, ги преќинав тие витамини купив фемибион . Има разлика, ги пијам навечер и едно од тие за лошење. Ако прескокнам од тие за лошење утре сабајле за добро утро се гушкам со шолјата. А лошото чувство во устата го имам но се издржува. Разговарај со твојот матичен може ќе ти препише нешто. Се надевам дека ќе ни престанат мачнините… :*
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  8. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.971
    Допаѓања:
    36.182
    Пол:
    Женски
    4ти октомври имам термин. 5ти треба да ја вратам.
     
    На Ava.84 и joana18 им се допаѓа ова.
  9. Dancewere

    Dancewere Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.428
    Допаѓања:
    16.725
    Пол:
    Женски
    Честитки и со лесно и на тебе :sun:
    Јас не сум бремена ама кога бев за мачнини најмногу бејкролс ми помагаа.
     
    На joana18 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.971
    Допаѓања:
    36.182
    Пол:
    Женски
    IMG_2815.png IMG_2822.jpeg
    Првата слика ми е од една фб група. Втората е јас што зедов денес конечно.
    Играчката е за роденден гратис.

    Од фб групата што ви ја кажав два пати до сега имаше линк даваат гратис лењири или љенири у пм, распореди, тефтери, нотеси, стикери… и се што најдов порачав по 3-4 пати за да подари и некому во школо ако сака и за неколку дена цел пакет ми стигна. :D Не верував баш и обично не порачувам ако не ми треба иако е гратис ама сега за љењирот ми беше најмногу па ајде се порачав. :D

    Некако немам време да следам што е гратис, а социјалните случаи имаат нели и они се земаат гратис и следат попусти. :D

    Ви Тако редовно одам со купоните до сега беа 5 купони, 30% 25% 25% 20% 20%, овој пат се само 4, ама и на мм му направив апликација па имам 8. :D И плус од работа имам плус 15% месецов. Секој месец имаме различни попусти ама кој да ги следи и искористи.

    Се ми беше поефтино во росман ама дм ми е поблиску, немам време за Росман. Или немам живци. Денес ете сфатив дека јас веќе не сум за трговски. На 30 години изгледа нагло се менуваат многу работи. Од сега само во Лидл ќе пазатам. Да влезам во трговски па во маркетот во него, па успат и аптека имам, па влезеш за облека, па дм, ааа не е веќе тој живот за мене, само нешто набрзина.

    Инаку почесто следам последно време видеа за шминкање и денес една колешка ме прашува дали сум ставала ботокс или што сум правела на лицето. :D А фактички на инстаграм риилс видов прво maybeline течна пудра па од горе maybeline коректор и прекрасно изгледа. Под очите maybeline коректор ама точно нанесен, значи се според правила нашминката и како друго лице да имав денес немаше кој не ме загледа. Извинете ако претерувам :D
     
    Последна измена: 28 септември 2024
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Shekjer

    Shekjer Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2015
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    660
    Пол:
    Женски

    1727549285477.jpg
    Доcта ги фалат, не се штетни во бременост, за мачнини,киселини и постојан нагон на повраќање колку толку помагаат. Прашај си го матичниот за нив.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  12. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.586
    Допаѓања:
    7.077
    Пол:
    Женски
    Јас немав мачнини во бременоста, никакви. Ама на пораѓај се убив повраќајки, чинам тоа ме истошти ептен. Едино ко осетев дека не ми е добро,најчесто беше кога бев гладна. Такви со експандиран ориз барови што се, исто помагаа.

    За киселини, е тука пола бременост во седење ја преспав, е до толку. Едино добро ми беше кога се движев, значи исправена и ладна вода. Умрев од киселини. Нема што не пробав и уствари ништо не помага.
    Рени ги џвакав на почетокот кога почнаа, помогнаа малку ама после не повеќе. Имаше гелови за пиење од аптка, и поевтина варијанта во росман/ дм исто дејство беше. Малку ќе ублажеше и толку. Абе блажена состојба :inlove::inlove:

    Уф некој и повеќе од мене собрал, јас немам толку многу :D.
    Од апликации само дм и росман, други немам. Од дома не ми даваат и за тие имав лекција де.

    Ја не им се замарам инаку како ќе изговорам некој збор, се доедека се разбираме. И искрено ич ама ич не ми дреме, ако не изговорам некој глас правилно, или ако згрешам некој род. Порано се комплекисрав да, ама некао со тек на врмеето сеедно ми е.
     
    На Chantal, Gosh, gjoker4e и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Shekjer

    Shekjer Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2015
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    660
    Пол:
    Женски

    Ја со првото стандарт ,до 8ма недела ми помагаа печени солени бадеми..али сега во оваа бременост ни Cariban, некои на В врска немам ништо. Свако чудо за три дана шо би рекли.
    Со тодлер уште позабавно.
    Али нели.. блажена состојба :angel:


    Што е за зборење исто, ич не се комплексирам како ќе изговорам се додека се разбираме што сакам да кажам.
    *Ми се смееше една колешка на почетокот кога дојдов како сум го изговарала ä, ö
    па се погоди на работа со клиент за нарачка да знае само Англиски таа незнаеше на бекне!:!:
    Ако Karma ist a Bitch! 8)
     
    На Selena01, Chantal, Gosh и 3 други им се допаѓа ова.
  14. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.735
    Допаѓања:
    33.981
    Пол:
    Женски
    Сваќе мојот сеуште чека на мене а 8г има хаос
    Исто кога треба негде да појдеме 100пати ајде А... побрзај абер си нема ....
    Се надевам дека еден ден ќе се смени...

    Искрено сама подобро се снаоѓам дури и кога е маж дома е хаос .
    Доле у мк бевме 5 недели мене минсе смачи . Ај што изгоревме на 40+ степени плус и сите околу тебе се знаат подобро од тебе. Хаос
    Дека долго очекувани бебиња се па се ми е полесно. Синко секое утро го носам до школо со кола на земање знам и пешки да се прошетам но 80% е пак со кола земан . Најтешко ми е кога морам сите три да ги оставам дома јас кучето да го симнам до пред зграда да се измоча. :@ маж уште во 5 ч не е дома веќе . Секој ден станувам во 5 и легнувам у 22 меѓувреме се будам пп 3 пат кај двете за млеко. Хронично ненаспана.
    Но ако вреди бидејќи по 8г конечно имам пак бебе(бебиња во мојот случај)
    @Yowannty пробај ладна кока кола само тоа ме спасуваше цела бременост дури и пред да ме породат дома добро се напив кока кола . Пошто ја не бев тргната за пород туку да видат што се случува дека прокрварев . 8) и оп ајде итен царски у 21ч сабота вечер .
     
    На danichap, joana18, јolene и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.780
    Допаѓања:
    33.666
    Пол:
    Женски
    Со второто до 17 недела повраќав Карибан и мене ми препишаа ама не земав ни едно оти прочитав многу лоши работи на нет и не се осмелив.
    За киселина со второто немав ич,ама со првото одкако престанав да повраќам ми почнаа 15 недела.Мене сода ми помагаше.Од мк мајка ми ми прати 1кг мислам 5год ја користев(facepalm).А после дознав како да ја најдам тука.Мене втората бременост ми беше не толку лесна и фала Богу што помина мојот период за раѓање :rock:.
    Другарка на големата си доби сестра сега и големата го виде бебето и кажува колку мали рачиња имало.Треба сега да измислам нешто за поклон.Ама прво еден проблем да решам ако не дојде друг ќе барам нешто убаво:inlove:.
    На раб колешката ја чекаме на крај на октомври:inlove:.Леле колешката купи картичка ,шефицата купила картички со нетрпение го очекуваме бебето да дојде на посета:D.Јас и реков да дојдеш јас ќе го држам иако со бебеиња си раскрстив веќе ама твоето од ќеф и низ фирма ќе го шетам:rofl::rofl:.
     
    На joana18, јolene, Yowannty и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Shekjer

    Shekjer Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2015
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    660
    Пол:
    Женски

    И мене мајка ми ме тераше сода да пијам ама гадно ми е.. вкусот ми е бљак. И си трпев мачнини:Dторлак.
    Ја родив дете у 42+6 ме измачија 5 дена и на крај завршив царски и излезе дете од равно 5кила спремно за krippe ,а бабицата ме убедуваше дека макс. ќе биде 3.200.
    Со второво ќе видиме.. што би рекол маж ми НИЕ носиме 10 месеци деца8)
     
    На Gosh, joana18, јolene и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.788
    Допаѓања:
    175.901
    Пол:
    Женски
    Кока кола првите недели ми помагаше, сега не можам да ја смислам. Имам 3 различни видови на бадеми, непечени, печени и несолени, печени и солени, дури и бадеми со чоколадо некое…
    Исто мачнини имав и со првите две бремености и сите ми почнаа во 6та недела и си ги носев до крај. Само што претходните два пати многу повраќав од почеток до крај, за киселини да не зборам :envy: а сега немам уште повратено, ама мислам во грло ми стои цело време. Мастики цело време пикам во уста ама и од нив веќе ми се гади. Знам дека ништо не помага.. џабе само прашувам. (facepalm) Чекам малку од малку енергијата да ми се врати, пошто само до вц да отидам да мочам се осеќам ко маратон да сум трчала. :whew:

    Да се едитирам. Гледав каталог на лидл од утре ќе има труднички хеланки на која и требаат нек си ѕирне.
    И цуцли што мерат и тт на бебе. Што не ќе измислат. :D Ама не знам колку се и навистина функционални. :)
     
    На joana18, јolene, TutiFuti и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.951
    Допаѓања:
    179.571
    А имаш пробано бисквита да лапнеш одсабајле на гладно? Јас го применував, и освен што бев мече никакви проблеми немав, ама не знам дали од бисквитите, дали плацебо или нешто трето.
     
    На joana18, Chantal, јolene и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.780
    Допаѓања:
    33.666
    Пол:
    Женски
    Биљи никогаш не сум те замислила како мече:$.Секогаш те замислувам како висока,слаба стил Кери Бредшоу,нормално многу помлада и со куче .При шетањето на кучето му збориш на руски:rofl::rofl:(facepalm).
     
    На joana18, Chantal, јolene и 3 други им се допаѓа ова.
  20. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.971
    Допаѓања:
    36.182
    Пол:
    Женски
    А јас како мече ја замислувам. :D Има една жена како што ја замислувам Зорица се вика. :D

    Ставив мед на устата и во моментот помага ама после иста ми е устата уствари на полошо оди ќе морам во аптека утре. Не е нормално ова… купив витамин ц пиев, ќе испијам се што има дома.

    Имам weleda крема за пеленска регија кај бебе. Ќе има логика да намачкам тоа? :tmi: Нема да можам на работа да отидам ваква. Ме потсеќа на она кога некој ќе рече нешто и некој му вика устата да ти се исуши. ]:) :lol:
     
    На joana18, јolene и Ava.84 им се допаѓа ова.