До кревет си чувам бисквити, крекери, банана… освен што качив цело кило за месец дена друга разлика не видов.
Џоки од ландото пука устата .Цел живот ми е испукана и не можам сув кармин да ставам оти и 20 кога имав ми изледаше како стара ,а имам полна уста.Затоа користам сјај кармин за да ми биде помека. Ланолин помага за испукана уста пишува и на него ех сеа дали имаш.
Јас исто земав Карибан против повраќање и ми помогнаа за тоа, ама од нив цело време ми се спиеше, изгледав ко наркоман. Затоа ги сопрев полесно ми беше да повраќам отколку таква да сум. Јас имам две прашања: 1.Што користите како замена за урда? 2.Имате ли некоја фитнес апликација од која сте задоволни? Едвај го откажав фитнесот. И покрај навремена одјава автоматски го продолжија на една година. Среќа типчето што работи таму напиша демек негова грешка е, па не' одјавија од централата. СДК внимавајте многу со договорите за фитнес! За да не паднат под закон за договори гу прават демек е договор за давање на сала и опрема под наем. Ужас!
фитнес апликација не сум ја користела но многу ја фалат по групите фитнес anny. Па јас секако изгледам како наркоман. Бледа како крпа. Сува уста, подочнаци. Да не пишувам како се осеќам. Лошо чувство во устата. Немам желба апсолутно за ништо. Едвај чекам да помине овој прв триместар . @gjoker4e и мојта е сува ставам постојано вазелин. Но ова е од ладно , ветер.
Епа трудно мече. Инаку, таа сум, слаба, висока, ЕндиМекдауел помлада Само зошто побогу би ми зборела руски на кучето? Не е мачка Мачкај масло и хидрирај се внатрешно. Ништо не се суши туку така, па и не е толку ладно. Ај признај дека си претерала со шминките и дома мачкај масло а надвор хидрирачки кармин, ко што ти рече Ава. Еве ти едно мече
Да, во Калиненград му зборам руски на кучето, во Париз на француски @MacenceEna зошто па сега шишки? Спојлер: Спојлер
Сори , те смешав со една друга актерка. Многу немам познавање во тие работи , ретко гледам филмови и серии
Секој забар знае навлаки да става? Си имам замислено дека мора некоја голема модерна клиника да е, а гледам пишува Krone на секоја страна од забар. Изгледа паднат ми е имунитетот. Мислам дека имам и уринарна инфекција. Устава веќе знаете каква ми е. И сега и забите ми сметаат, непцата ме болат. Енергија 0. Во последно време многу слабо јадев и од тоа мислам.
Почна мочниот меур да ме боли и чувство како цело време во вц да ми се оди… што може друго освен многу течности? Сабајле ќе мора на матичен. Некако омалаксана сум немам сила ни вода да пијам. Да пијам ибупрофен смее? Или парацетамол? Никогаш до сега сум немала уринарна инфекција. Се чувствувам како да се распаѓам…
Смееш за болка и парацетамол и ибу, ама со мочниот нема да ти помогне. Д маноза прашок ако имаш дома или увин чај. Брусница е џабе извикана не ми помогнала никогаш. Увин подобар е. Ако немаш увин може било кој кој помага за мокрење, кантарион, магдонос, коприва. На доктор мораш утре да ако е уринарна за антибиотик. Имаш и на природна база за цистите, ако е почеток може и ќе помогне де. Цистинол акут се вика. 3*2 се пијат. На темава со уринарни стварно ќе напишам дисертација уште малку. Последно кога се вративме од мк добив, порано на секој пад на имун. Во последно време се поретко, фала му на Бога, многу многу грдо нешто. За забар да сите ставаат кроне и тука и кај нас и секаде. Ама пак најдобро ќе ти погоди некој кој стварно си има осет и го бива. Оти та најди го де кој е. Далеку си, ви кажував дека си имам забар за кој и 200км патував, ама кај друг не одам. За непцата орал б некоја паста за непца што е барај. Сега на нив се префрливме и сме задоволни. Некоја про цанфлајш ако има. Предходно и меридол, аронал, елмекс сме користеле, овие сега ни се поок. Ама може и сме се презаситиле од другите. За уста ти рече Ава, заборавив ланолин стварно помага. Овој од дм за брадивци што е нивниот, е ок. Не мора најскапиот.
Многу течности, чај од брусница или како и да се вика. И топло меѓу нозе, термофор, шише, и топло на стомак. Нели ти реков дека си дехидрирана, пред 3 поста. Втор ден сум иста, преминувам на напреден левел бабски лекови. Али битно испив 16 чаеви, денес и нов ми купи мажот, да не пијам со поминат рок
Е гледаш во право си била, а јас бев убедена дека не сум дехидрирана. Ваква болка немам осетено до сега. Не дека силна туку чуден тип на болка, нов, не Р глава или заб. Не знам како ќе спијам ноќеска. Ќе се напијам парацетамол не можам да издржам.
Фит плус, ама од Verbraucherzentrale ми рекоа оти повеќето така прават. Значи фитнес договор во Германија, никогаш повеќе.
Јас пак сум работно, ама денеска имам среќа,чист луксуз,дури 3 сме на смена. Имам колешка и колега на еинарбеитунг.Го завршив мојот дел со апчињата,другото они (колегата треба да проба се сам под надзор да направи)Јас сум само додаток за ако нешто тргне наопаку. @gjoker4e течности не смета,ама ова твоето ми стои дека е за антибиотик.Сигурно ќе ти дадат Фосфомицин да пиеш,како сокче е. Јас си го имам дома за резерва,среќа од дамна не сум го имала овој проблем. Ама знам кога дојдов во Германија не одев на доктор и чекав оти осигурањето ни на маж ми ни моето не беше средоно.Прво ми помина болката и печењето по два три дена(мислев дека чаевите ми помогнаа),ама оно се искомплицирало,се качила инфекцијата нагоре и качив 40 температура.Не ме печеше после,а имам температура.И викам некој грип ме фати сега.Па после видов не видов се полошо и завршив на брза помош и одма добив антибиотик за 7 дена. @kikikikirika германците се многу безобразни кога се работи за договори.Само гледат да те одерат.Исто е и со осигурањата. До сега на двапати ми се има случено со договор со ситни редови да ме одерат,оти немам секогаш време да ги проверувам извештаите од банка. За киселини помага многу морков. Кога бев бремена имав многу проблеми со желудникот и заради тоа само моркови јадев. Друго не земав оти не ми се пиеше апчиња додека сум бремена. Туку зедов едни како патика чизма лани и ги облеков еднаш и нозите ми станаа лом.Оти сум со дебели глуждови и широки нози,едвај се вратив дома. Кога ги носев 5/10 минути по дома не ме толку болеа,а и се надевав дека ќе опуштат. Ептен сум проблематична со нозите. Тешко да најдам обувки. Ако земам висока чизма до под колената мора да ги пробам,оти има шанса да не можам да ги закопчам. Многу се изнервирав оти ептен ми се свиѓаа на изглед. Сега ќе мора да ги продадам.
Се јавив за тироидната, терминот ми е кога маж ми не е тука, а градинка и школо се затворени и таму не смее со деца поради зрачењето. Ѕвонам на матичен, од 26.09 до 30.09 на одмор се, замена за итни случаи, ама и за неитни да беше немаше да одам кај замена, значи до аптека морам. Сега уште нов забар да изберам и да ѕвонам… Инаку еднаш исто бев за ова ама отпосле сфатив дека раната од царски ме боли од времето. И иако беше урината ок ми дадоа антибиотик за секој случај кој јас како јас не го ни зедов од аптека. Матична германка ама и кај педијатри многу лесно се добива антибиотик јас кај што живеам. Кажав уствари сто пати до сега.
Zdravo zenski pak jas so milion prasanja vo glava Ne deka konkretno moze nekoj da mi gi odgovori i resi site bubacki vo glavata ama sepak ste so godini tamu upateni ste vo mn raboti pa moze znaete. Za gradinka skolo takvi raboti dobivme konkretni informacii iako nie uste ne sme ni zaminati E sega vaka nie cekame viza.Maz mi ustvati firmata so go bara mu sreduva dokumenti zosto e strucen kadar i naporedno se pravat dokumenti za spojuvanje na semejstvo.Zapoznat li e nekoj so vakva situacija? Kolku vreme od prilika se ceka dali zaedno zaminuvame od koa ke dobie viza ili sepak kako i drugi slucaevi treba da se ceka odposle za spojuvanje? Mnogu konfuzno deluvam znam ama tolku sum zbrkana cela tolku mi e se izmesano vo glava ama ako mi veruvate nisto ne mi e jasno. Procedurata e pocnata od pred mesec ipol odprilika.